Еден од начините за прилагодување на целосната експозиција на сликата е менување на брзината на блендата на вашиот фотоапарат. Промените можат да се искористат и на креативен начин, овозможувајќи ви да го контролирате нивото (или отсуството) на заматување на движењата во вашите слики.
Овде ви нудиме пет совети што ќе ви помогнат да ја совладате брзината на блендата и да преземете поголема контрола врз начинот на кој фотографирате движења, без разлика дали фотографирате училиштен спортски ден со Canon EOS R100 (со брзина на блендата до 1/4000 сек.) или диви животни со Canon EOS R7 (што нуди голема брзина на блендата до 1/16.000 сек.).
Како да ја усовршите брзината на блендата
Canon EOS R10 нуди големи брзини на блендата до 1/4000 сек. (механичка бленда) или до 1/16.000 сек. (електронска бленда), што се доволни за снимање остри слики од брзи движења, како спортови или животни во движење. Снимено со Canon EOS R10 и објектив Canon RF 70-200mm F2.8L IS USM со избрани 100 mm, 1/2000 сек., f/2,8 и ISO 320.
Што е брзина на блендата?
Брзина на блендата е временски период во кој блендата на фотоапаратот е отворена, односно колку долго сензорот е изложен на светлина. Колку подолго е отворена, толку повеќе светлина навлегува кон сензорот и толку е посветла сликата.
Брзината на блендата е една страна од триаголникот за експозиција - трите фактори што ја одредуваат експозицијата на сликите. Другите два фактори се решетката и вредноста на ISO. Решетката одредува колку е широк или тесен отворот на објективот, што исто така влијае врз количината на светлина што навлегува кон сензорот. Вредноста на ISO ја контролира чувствителноста на светлина на сензорот - повисока вредност на ISO резултира со посветли слики, но честопати по цена на поголем шум на сликата.
Голема брзина на блендата, како што е 1/1000 сек., значи дека блендата останува отворена само една милисекунда и може да го замрзне движењето на субјектите кои се движат брзо, како на пример, мотоциклист кој патува со голема брзина. Меѓутоа, со голема брзина на блендата, во фотоапаратот навлегува помалку светлина, па затоа треба да ја проширите решетката или да ја зголемите вредноста на ISO за да добиете слика со добра експозиција. Многу мала брзина на блендата, како на пример, 1 секунда, ќе предизвика заматување на мотоциклистот во движење.
За директна контрола на брзината на блендата, поставете го фотоапаратот во режим за приоритет на блендата (Tv) или во рачен режим (M).
1. Контролирајте ја брзината на блендата
Повеќето фотоапарати EOS имаат режим за специјални сцени „Спорт“ што автоматски ќе ги прилагоди поставките за експозиција и фокусирање на фотоапаратот за да фотографирате субјекти во движење. На тој начин ќе добиете одлични резултати, но може и да преземете поголема контрола доколку сакате да бидете креативни, да создадете одреден ефект или да се прилагодите според специфични околности, како на пример, кога фотографирате рачно некој субјект што се движи брзо од голема оддалеченост.
За директна контрола на брзината на блендата, поставете го фотоапаратот во режим за приоритет на блендата (или Tv, што значи вредност за време). Потоа може да ја поставите брзината на блендата со ротирање на главното вртливо копче на фотоапаратот или преку екранот на допир што е составен дел на многубројни EOS-фотоапарати, вклучувајќи ги и EOS R50 и EOS R8. Вашиот фотоапарат автоматски ќе го прилагоди отворот на блендата за да создаде стандардна експозиција. Ако сакате да имате целосна контрола, преминете во рачен режим (M) и изберете каква сакате комбинација на поставки.
Најголемата достапна брзина на блендата е различна во зависност од моделите, но и во зависност од режимот на блендата што ќе го изберете, доколку е достапен избор - механичка бленда или електронска бленда. Механичката бленда кај фотоапаратите Canon EOS нуди брзина до 1/4000 сек. или 1/8000 сек., а електронската бленда кај напредните модели со EOS R-систем без огледало се многу побрзи - до 1/64.000 сек. кај EOS R3. Најбавната брзина на блендата што може да се постави автоматски изнесува 30 секунди. Ако сакате подолги експозиции, на пример, за снимање огномет или фотографирање траги од светлина, може да го користите режимот за сијалица. Во овој режим, блендата се отвора кога ќе го притиснете копчето за блендата и останува отворена сè додека не го притиснете повторно.
Користената брзина на блендата од 1/3200 сек. беше доволно брза за да се замрзне движењето, но сепак се забележува малку заматување, на пример, околу стапалата на танчерот. Меѓутоа, благодарение на оптичката стабилизација на сликата на објективот, елементите во сцената што не се движат се извонредно остри. Снимено со Canon EOS R10 и објектив Canon RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM со избрани 18 mm, 1/3200 сек., f/4,5 и ISO 400.
Колку повеќе зумирате, толку повеќе се зголемува проблемот со тресењето на фотоапаратот. Сепак, оптичката стабилизација на слика со 4,5 чекори на објективот RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM ефикасно го минимизира овој ефект и му овозможува на фотографот да користи брзина на блендата што не е многу голема, како 1/2000 сек., а притоа да ги долови дури и капките вода со голема острина при фокусна должина од 100 mm. Снимено со Canon EOS R10 и објектив Canon RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM со избрани 100 mm, 1/2000 сек., f/6,3 и ISO 500.
2. Избегнувајте тресење на фотоапаратот
Треба да земете предвид две работи кога ја избирате брзината на блендата: дали брзината е доволно голема за да се избегне заматување предизвикано од движењето на фотоапаратот при рачно фотографирање - познато и како „тресење на фотоапаратот“ - и колку брзо се движи субјектот.
Брзината на блендата што е потребна за да ги избегнете ефектите од тресењето на фотоапаратот зависи од повеќе фактори, вклучувајќи и колку е ветровито и дали користите објектив или фотоапарат со вградена стабилизација на слика. Но сепак, најважниот фактор е фокусната должина на објективот. Колку повеќе зумирате, толку позабележително станува тресењето.
Општо правило за елиминирање на овој проблем е да се обидете да користите брзина на блендата што ќе биде еквивалентна на инверзната вредност на ефикасната фокусна должина или поголема брзина. На пример, за објектив од 50 mm треба да користите брзина од 1/50 сек. или поголема, а за објектив од 200 mm треба да користите брзина од 1/200 сек. или поголема. Потоа треба да ја земете предвид и брзината на субјектот - продолжете да читате.
Снимена со брзина на блендата од 1/200 сек. за која би помислиле дека е многу голема, оваа слика создава одличен приказ од субјект во движење што минува низ кадарот, но притоа не ги доловува деталите од моторот или возачот. Снимено со Canon EOS 90D и објектив Canon EF-S 10-18mm f/4.5-5.6 IS STM со избрани 11 mm, 1/200 сек., f/14 и ISO 1250.
Снимена со брзина од 1/1000 сек., оваа слика го замрзнува движењето. Имајте предвид дека решетката е проширена до f/5,6 за да се добие правилна експозиција. Снимено со Canon EOS 90D и објектив Canon EF-S 10-18mm f/4.5-5.6 IS STM со избрани 18 mm, 1/1000 сек., f/5,6 и ISO 1250.
3. Доловете ги движењата со голема брзина на блендата
Брзината на блендата што е потребна за да го замрзне субјектот во движење зависи од тоа колку субјектот е оддалечен од фотоапаратот, правецот во кој се движи и неговата брзина, но најверојатно ќе ви треба поголема брзина на блендата отколку што мислите. Со брзина на блендата од 1/250 сек. може да замрзнете субјект што се движи бавно, како некој човек кој пешачи, но ќе бидете приморани да ја зголемите брзината до 1/1000 или дури 1/4000 сек. за да добиете остри фотографии од побрзи субјекти, како птици во лет или брзи автомобили. Бидете подготвени да ја зголемите вредноста на ISO за да добиете правилна експозиција кога користите поголеми брзини на блендата, особено кога фотографирате спорт и диви животни.
Лошата страна на замрзнувањето на движењата е тоа што се добива впечаток дека нема движење. Сликите од субјектите во движење најчесто изгледаат подинамични ако субјектот е остро фокусиран, а заднината заматена. За да го постигнете овој ефект, проверете дали брзината на блендата е доволно мала за да добиете заматување, а потоа движете го фотоапаратот заедно со субјектот, со истата брзина со која што се движи субјектот. Тоа се нарекува поместување - дознајте повеќе во нашиот практичен водич за поместување.
Користењето релативно мала брзина на блендата додека го поместувате фотоапаратот за да следите субјект во движење ќе ви овозможи да добиете остар субјект наспроти заматена заднина, а движењата ќе изгледаат подинамички. Снимено со Canon EOS R7 и објектив Canon RF 100-500mm F4.5-7.1 L IS USM со избрани 363 mm, 1/160 сек., f/10 и ISO 100.
Усовршете ја техниката за поместување на фотоапаратот бидејќи е неверојатно практична за фотографирање секакви движења, почнувајќи од спорт па сè до диви животни. Најважно е да одолеете на желбата да ги замрзнете движењата. Наместо тоа, користете брзина на блендата што ќе биде доволно бавна за да создадете заматување, а притоа следете го субјектот кој се движи со иста брзина како неговата. Снимено со Canon EOS RP (сега е заменет со новиот EOS R8) и објектив Canon RF 24-105mm F4-7.1 IS STM со избрани 26 mm, 1/30 сек., f/16 и ISO 100.
4. Брзина на блендата за видео
Кога снимате видео, општо правило е да поставите брзина на блендата од приближно 1/2R, каде што R е стапката на слики со која снимате. На пример, ако снимате во 4K 60p со Canon EOS R10, тогаш идеалната брзина на блендата е приближно 1/125 сек. - над двапати повеќе од брзината од 60 fps со која снима фотоапаратот. На овој начин се избегнува заматување поради премногу мала брзина на блендата, а се спречуваат и прекини во снимените материјали, исто како да користите поголеми брзини на блендата.
Кога фотоапаратот е прицврстен на статив за да биде стабилен, користењето долга експозиција (мала брзина на блендата) овозможува сите движења - како овој водопад - да се заматат, давајќи ѝ на водата класичен млечен изглед. Снимено со Canon EOS R5 и објектив Canon RF 14-35mm F4L IS USM со избрани 35 mm, 1 сек., f/22 и ISO 100.
5. Користете мала брзина на блендата за да ги заматите движењата
Користете релативно долга експозиција - на пример, бавна брзина на блендата што е подолга од една секунда - за намерно да ја заматите сликата или да ги заматите само подвижните елементи, а притоа да добиете остра сцена. Меѓутоа, на овој начин може да предизвикате прекумерна експозиција на сликата, а за да го избегнете тоа треба да користите помал отвор на блендата (поголем f-број, како f/16 или f/22), помала вредност за ISO или ND-филтер за да го ограничите количеството светлина што влегува во фотоапаратот. Сега ќе можете или да го поместувате фотоапаратот за време на експозицијата (што ќе ја замати целата фотографија) или да користите статив за да го фиксирате фотоапаратот и да ги заматите само подвижните делови на сликата. Пробајте ја втората техника за да добиете помеки бранови и помеко течење на водата во некој пејзаж или за да ги заматите возилата што се движат и толпите луѓе во некоја градска сцена.
За експозиции подолги од 30 секунди треба да го користите режимот Сијалица. Некои фотоапарати од Canon имаат опција „B“ на вртливото копче за режими, а кај некои треба да го изберете режимот „M“ (Рачно) за да се прикаже режимот „СИЈАЛИЦА“ во листата со брзини на блендата. Употребата на далечински тајмер или жичен далечински управувач е многу корисна бидејќи го елиминира ризикот од потреси предизвикани од притиснување на копчето за блендата. Може да ја користите и апликацијата Canon Camera Connect за да го контролирате вашиот фотоапарат далечински преку паметен телефон.
Кога ќе научите како функционира брзината на блендата и како да ја контролирате, ќе можете да извлечете максимум од вашиот фотоапарат и објектив, за да снимате одлични слики во секоја прилика.
Напишано од Marcus Hawkins и Pete Wolinski
Слични производи
-
Фотоапарати без огледало
EOS R7
Истражете ја дивината со фотоапарат што нуди неверојатна брзина и квалитет на слика во преносливо APS-C-куќиште дизајнирано за иднината. -
Фотоапарати без огледало
EOS R8
Преминете на фотографии и видеозаписи во формат за целосна слика и остварете ги вашите креативни амбиции. -
Фотоапарати без огледало
EOS R10
Преземете ги следните чекори во фотографирањето и снимањето со фотоапаратот без огледало EOS R што е дизајниран со сензор со големина APS-C. -
Фотоапарати без огледало
EOS R50
Снимете ги вашите најдобри содржини со овој фотоапарат без огледало EOS R, од остри фотографии до 4K-видеоснимки и проследување во живо. Сè во еден наменски уред. -
Фотоапарати без огледало
EOS R100
Создајте совршени спомени во извонреден квалитет со интуитивниот фотоапарат EOS R што е секогаш подготвен. -
Објективи RF-S
RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM
Стандарден објектив со APS-C-зум од серијата EOS R што е совршен за секојдневни ситуации како фотографирање членови од семејството, животен стил, портрети и одмори. -
Објективи RF-S
RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM
APS-C-објектив од серијата EOS R со опсег на зумирање од широк агол до телефото што е совршен за фотографирање патувања, диви животни, спорт и животен стил. -
Стандарден објектив
RF 50mm F1.8 STM
Компактен, тивок и лесен примарен RF-објектив од 50 mm, со широка решетка од f/1,8, што е совршен за реализирање на вашата креативна замисла. -
Објектив со телефото зум
RF 100-400mm F5.6-8 IS USM
Повеќенаменски, компактен и лесен RF-објектив со зум од 100-400 mm и стабилизација на слика со 5,5 чекори за фотографирање диви животни и движења.