Пространите пејзажи може да бидат навистина прекрасни. Сепак, често се чини дека нешто се губи во преодот помеѓу тоа што окото го гледа и тоа што фотоапаратот го доловува. Постојат две главни причини за тоа. Прво, човечкиот вид има хоризонтален агол на гледање од приближно 210°. Спротивно на тоа, стандардниот објектив со зум нуди широк агол од приближно 75° или помалку. Второ, очите природно гледаат 3D-приказ на пејзажот, додека фотографиите се дводимензионални.
Добрата вест е тоа што, со правилниот избор на објектив и техника на фотографирање, лесно може да компензирате за овие проблеми. Уште подобро, Canon нуди палета на примарни објективи и објективи за зумирање по поволни цени што нудат одлични перформанси и квалитет на слика. Да погледнеме како фотоапаратот влијае врз вашиот избор на објектив.
Најдобри објективи од основна класа за фотографирање пејзажи
APS-C-формат наспроти формат за целосна слика за фотографирање пејзажи
Фотоапаратот што го користите за фотографирање пејзажи ќе влијае врз вашиот избор на објектив, па затоа прво ќе ги разгледаме разликите помеѓу фотоапаратите за целосна слика и фотоапаратите со APS-C-сензор за фотографирање пејзажи. За секој конкретен број на мегапиксели, фотоапаратите за целосна слика имаат поголеми „електронски кола за откривање бои“ што се изедначуваат со поединечни пиксели. Кај фотоапаратите за целосна слика како што е Canon EOS R6 Mark II, може да очекувате поголем динамички опсег за задржување на деталите во светлите површини и во темните сенки. Дополнителен бонус е намалувањето на шумот на сликата, заедно со поголемо задржување на фините детали во случај да имате потреба да го зголемите параметарот за ISO во услови на слабо осветлување.
Фотоапаратите со APS-C-сензор, како Canon EOS R10 и EOS R7, имаат фактор на отсекување од 1,6x што нуди поголема длабочина на поле за секоја „ефективна“ наспроти реална фокусна должина. Тоа може да биде корисно за фотографирање пејзажи со подеднаква острина во преден план и во заднината. Добар совет за проширување на длабочината на поле со кој било фотоапарат е да се фокусирате на точка на длабочина од околу една третина од пејзажот што го опфаќате во кадарот. Апликацијата Canon Photo Companion нуди калкулатор на длабочина на поле и хиперфокусно растојание што може да ви помогне да бидете сигурни дека поголем дел од вашиот кадар ќе биде остар.
Кој вид на објектив е најдобар за фотографирање пејзажи?
За класичните пространи пејзажи што доловуваат широка снимка на погледот, живописни неба и одрази во езера, ќе ви треба широкоаголен објектив кој ќе ви овозможи да опфатите повеќе во кадарот за да создадете поинтересни и привлечни фотографии.
Меѓутоа, широкоаголните објективи не се единствениот избор за фотографирање пејзажи. Понекогаш се исплати да бидете селективни и да ја обликувате вашата композиција околу релативно мала област. Стандардните објективи со зум, како што е Canon RF 24-105mm F4-7.1 IS STM, може да ги задоволат сите потреби за овие ситуации, доколку фотографирате со фотоапарат за целосна слика како што е Canon EOS R6 Mark II. Истото важи и за користење на Canon RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM со фотоапарат со APS-C-сензор како што е Canon EOS R7. На пократкиот крај од неговиот многу разновиден опсег на зумирање, сѐ уште ќе може да опфатите голем дел од пејзажот.
Може да биде тешко да направите избор помеѓу објектив за зумирање или примарен објектив за фотографирање пејзажи. И двата имаат многу да понудат. При фотографирањето пејзажи, погледот може да ви го блокираат разни предмети како што се ѕидови, огради, ридови, реки и езера, а непристапниот терен може да ви го попречи движењето. Можноста за надминување на неповолната позиција на фотографирање со едноставно завртување на прстенот за зумирање може да биде неверојатно корисна.
Меѓутоа, како и во повеќето случаи, „објектив за зумирање или примарен објектив“ не е еднострана одлука. Голем број професионални фотографи на пејзажи претпочитаат да фотографираат со примарни објективи. Фиксната фокусна должина може навистина да ви помогне да се фокусирате на композицијата и да се движите наоколу за да се позиционирате на совршеното место во кое елементите во преден план, во средината и во заднината најдобро меѓусебно се вклопуваат. Почестото менување на позицијата ви нуди и дополнителна предност - откривање нови агли за фотографирање и различни начини за нивно снимање.
Големината и тежината се важни при изборот на објектив за пејзажи. Лесниот објектив нуди многу придобивки. Сите компактни и извонредно широкоаголни објективи во овој водич имаат неверојатно компактен и лесен дизајн. Може да го минете денот во фотографирање пејзажи, а со себе да понесете куќиште на фотоапарат и само еден или два вакви објективи во мала торба, без тие да ви тежат.
Уште една причина за малата тежина е и тоа што нема да ви треба статив, кој често се смета за неопходен дел во стандардното фотографирање пејзажи. Повеќето наши препознатливи објективи имаат многу ефикасна оптичка стабилизација на слика, чии перформанси се подобруваат уште повеќе кога работи заедно со вградената стабилизација на слика на фотоапаратите како што се Canon EOS R6 Mark II и EOS R7. Ќе може да фотографирате рачно дури и во „синиот час“ при самрак, а сѐ уште да снимате јасни фотографии.
Најдобар објектив од основна класа за фотографирање пејзажи: RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon
Од неверојатни пејзажи до најситни детали и сѐ измеѓу, повеќенаменските опции како RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon ќе ви овозможат да ја доловите целата приказна. Тој нуди широкоаголен потенцијал при најкратката фокусна должина. При стандардни фокусни должини од приближно 35-50 mm, ќе добиете многу природна перспектива што ви овозможува добар преглед на просторот, растојанието и врската помеѓу предниот дел и заднината на сликата. Кон подолгиот крај на опсегот на зумирање, телефото фокусните должини имаат ефект на компресија на перспективата, со што прават предниот дел и заднината на сликата да изгледаат доближено. Тоа е обратно од ефектот што се добива со широкоаголен објектив и може да понуди интересна и алтернативна верзија на креативното фотографирање пејзажи.
Најдобри широкоаголни објективи од основна класа за пејзажи: Canon RF 16mm F2.8 STM, Canon RF-S 10-18mm F4.5-6.3 IS STM
Избирањето на извонредно широкиот објектив Canon RF 16mm F2.8 STM ви овозможува целосно нов поглед на пејзажите, бидејќи снимањето при 16 mm го зголемува аголот на гледање од 84° на малку повеќе од 108°, што во практика претставува огромна разлика.
Проширениот агол на гледање е извонредно корисен за фотографирање пејзажи, а корекцијата во самиот фотоапарат нуди резултати без изобличување. Исто така, нуди практична и ефикасна фокусна должина од 25,6 mm кога се користи со Canon EOS R10 со APS-C-сензор, а Canon RF-S 10-18mm F4.5-6.3 IS STM нуди уште „поефикасен“ опсег на зумирање од 16-29 mm кога се користи со фотоапарати за целосна слика. Тој е и еден од најдобрите објективи за снимање видеоблогови од Canon, бидејќи ви овозможува да говорите пред фотоапаратот и истовремено да доловите огромен дел од сцената зад вас, што е идеално за пејзажи и видеоблогови за патувања.
Благодарение на дизајнот со вовлекување, Canon RF-S 10-18mm F4.5-6.3 IS STM е мал и лесен објектив со широкоаголен зум и тежина од само 150 g. За фотографите за пејзажи што користат фотоапарати со EOS R-систем и APS-C-сензор, овој објектив е совршено дополнување на стандардниот објектив RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM и нуди непречен пристап до потенцијалот за широкоаголно зумирање.
Во придобивките што ги нуди Canon RF-S 10-18mm F4.5-6.3 IS STM спаѓа оптичка стабилизација на слика со 4 чекори што може да се користи со сите фотоапарати со Canon EOS R-систем (може да се користи и со фотоапарат за целосна слика во режимот за отсекување APS-C). Ако го користите со фотоапарати како Canon EOS R7 што имаат вградена стабилизација на слика, ефикасноста на стабилизацијата се зголемува до 6 чекори, овозможувајќи ви да фотографирате рачно со сигурност во речиси потполна темнина. Исто така, може да го изберете режимот за рачно фокусирање и да фотографирате на екстремно мала оддалеченост со макро зголемување до 0,5x. Тоа е идеално за истакнување мали детали, како цвет зад кој ќе има пространа заднина.
Широкоаголните објективи може да доловуваат пространи пејзажи, но тие исто така премногу го нагласуваат ефектот на перспективата, така што сѐ што не се наоѓа во преден план изгледа како брзо да исчезнува во далечината. За да се постигне 3D-изглед во широкоаголните слики од пејзажи, најчесто најдобро е да се изберат интересни објекти во преден план што ќе го водат окото на гледачот низ кадарот. Поставувањето тесна решетка со вредност од f/11 до f/16 ќе ја зголеми длабочината на полето, овозможувајќи ви остар фокус за блиските предмети во преден план па сè до далечниот хоризонт.
Најразновиден широкоаголен објектив за зумирање за пејзажи: RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM од Canon
Нема подобра опција од широкоаголен објектив за зумирање како што е RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM од Canon кога станува збор за разновидноста за фотоапарати без огледало за целосна слика. За разлика од многу други широкоаголни објективи за зумирање, овој објектив е неверојатно компактен и лесен, со тежина од само 390 g, а нуди совршен опсег на фокусни должини за фотографирање пејзажи. Освен што ви овозможува извонредно широк максимален агол на гледање, тој се одликува и со макро функција со зголемување од 0,52x за снимање слики одблиску и стабилизација на слика со 5,5 чекори што овозможува јасни рачно снимени фотографии дури и при услови на слаба осветленост.
За DSLR-фотоапаратите од APS-C-формат, објективот EF-S 10-22mm f/3.5-4.5 USM од Canon е исто така одличен избор, а ако немате искуство со фотоапаратите без огледало, сепак можете да го користите овој објектив со фотоапаратите како што е EOS R10 од Canon преку адаптер за монтирање објективи EF-EOS R од Canon.
Примарни објективи за креативно фотографирање пејзажи: RF 24mm F1.8 MACRO IS STM од Canon и RF 35mm F1.8 MACRO IS STM од Canon
RF 24mm F1.8 MACRO IS STM од Canon ги комбинира корисниот агол на гледање и брзата решетка од f/1,8. Тоа ви овозможува да ги задржите поголемите брзини на блендата дури и при слаба осветленост ако сакате да го доловите движењето на лисјата и другите елементи во пејзажот што се движат пред налетите на ветрот.
Брзата решетка може добро да се комбинира и со навистина краткото минимално фокусно растојание и со тоа да понуди мала длабочина на поле. Тоа може да биде одлично за фотографирање мали објекти во пејзажот и нивно изолирање пред заматена заднина, притоа задржувајќи ги сите прекрасни бои на природата во сцената.
За поумерен агол на гледање со истите поволности, одличен избор е RF 35mm F1.8 MACRO IS STM од Canon. Благодарение на целосно природната перспектива што ја нуди при фотографирањето пејзажи, тој е особено погоден за рачно фотографирање на екстремно мала оддалеченост, кога може да го искористите факторот на зголемување од 0,5x на објективот. Брзата решетка од f/1,8 ви нуди и мала длабочина на поле што може да ја користите при снимање одблиску за ефективно да ја заматите заднината.
Спектакуларната убавина и впечатливост на прекрасните пејзажи може многу да му понудат на секој фотограф. Со соодветните фотоапарати и објективи од Canon, ќе може да ги доловите во сета нивна убавина.
Напишано од Matthew Richards