Кога условите за осветленост работат во хармонија со сцената или субјектот пред вас, резултатите можат да бидат сензационални. Учењето како да се препознае најдобриот извор на светлина, без оглед на тоа дали истата ќе биде природна или вештачка, може да понуди огромни придобивки. Најдоброто од сè е тоа што не ви треба скап комплет за осветлување за да извлечете максимум. Ви треба само око за добра светлина. Штом ќе почнете да ја барате, ќе ја откриете секаде околу вас.
Следат осум совети за усовршување на фотографирањето со достапната светлина.
8 совети за максимално искористување на достапната светлина
1. Искористете го периодот од денот во ваша полза
Напладне на јасен ден, сончевата светлина доаѓа одозгора, со ладна боја, создавајќи непожелни сенки долж речниот тек на Порто. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon со избрани 44mm, 1/125 сек., f/10 и ISO100.
Кога се ближи самракот, нискиот агол на сончевата светлина ја прави потопла, помека и поамбиентална. Светлината обликува детали, истакнувајќи го опкружувањето со привлечна игра на светли тонови и сенки. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon со избрани 24 mm, 1/100 сек., f/10 и ISO640.
Земјата секогаш се врти, така што аголот и квалитетот на природната светлина постојано се менуваат. Напладне, под силно сонце на чисто небо, светлината ќе доаѓа одозгора и ќе биде силна, што ќе произведе слики со силен контраст. На фотографите најчесто не им се допаѓа ваква светлина, но може да функционира доколку целта е да се вклопи сончевата светлина во сцената.
Кога сонцето се спушта пониско на небото, светлината треба да патува подолго време низ атмосферата на Земјата. Помалите бранови должини на спектарот на бои, како што се сината и виолетовата, се расфрлаат од честички во атмосферата, така што боите стануваат помеки и потопли. Затоа, вечерната светлина и зајдисонцата се обоени со живописни црвени и жолти бои и времето непосредно откако сонцето ќе изгрее и непосредно пред да зајде се нарекува „златен час“.
2. Искористете ги максимално временските услови
Облаците и маглата ќе ја омекнат и дифузираат природната светлина за да постигнете амбиентални резултати. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 35mm F1.8 MACRO IS STM од Canon со избрани 1/160 сек., f/7,1 и ISO250.
Магливата светлина во зимско утро е идеална за доловување амбиентални слики од сцени од рурални средини.
Временските услови имаат големо влијание врз квалитетот на природната светлина. На облачен ден, облаците ја дифузираат светлината и сенките се намалуваат. Маглата и дождот можат на сличен начин уште повеќе да ја омекнат и оладат светлината.
Годишното време исто така има удел. Зависи каде се наоѓате во светот, но, општо во зима, закосеноста на Земјата значи дека сонцето е подалеку, што го прави аголот на светлината поостар. Тоа значи дека, иако деновите се пократки, суштински имаме повеќе насочена светлина на располагање. Од друга страна, за време на летото, апогејот на сонцето е повисок на небото, што значи дека светлината повеќе доаѓа одозгора и е помалку соодветна за фотографирање околу пладневните часови.
„Вашиот избор на сцена може да е потежок за управување во зима, при фотографирање снег или облачни неба“ - вели амбасадорот на Canon Sebastien Devaud. „Подобро е малку да ја зголемите експозицијата во споредба со поставката за автоматска експозиција, за снегот или небото да изгледаат повеќе бели отколку сиви. Црно-бело фотографирање е добар начин за истакнување на драматичната страна на ова годишно време, додека маглата, ниските облаци или водата исто така им додаваат особен амбиент на зимските фотографии“.
3. Искористете ја достапната светлина за портрети
Позиционирање на субјектот до голем прозорец или тавански прозорец е идеалниот начин за искористување на достапната светлина. Лево од фотоапаратот се наоѓа еркер, којшто создава привлечна ризница од мека, природна светлина. Можете да експериментирате со завеси или мрежи за дифузија на светлината за да се постигне посакуваниот ефект. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1/200 сек., f/2,8 и ISO500.
Силната сончева светлина што се излева низ ролетните е искористена за да се постигне подраматичен ефект, формирајќи суштински елемент на сликата. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.2L USM од Canon со избрани 1/1500 сек., f/2 и ISO200. © Javier Cortes - амбасадор на Canon
Веројатно е дека ќе има џепчиња прекрасна природна светлина која може да ја снимите во повеќето затворени опкружувања. Прозорец нуди ризница од мека светлина, на сличен начин како и придушен рефлектор во студио. Затоа, ако фотографирате луѓе во затворена просторија, замолете ги да застанат поблиску до прозорец и исклучете ги сите вештачки светла.
Исто така, можете да искористите рефлектор за да ја одбиете светлината однадвор кон вашиот субјект. Како рефлектор може да искористите нешто многу едноставно како големо парче бел картон или алуминиумска фолија. Рефлекторот ќе создаде мека и природна светлина што ќе можете да ја насочите на ист начин како и светлината од блицот.
Едноставен рефлектор може да се искористи за портрети во сончевите денови. Овде, директната сончева светлина создава непожелни сенки. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1/250 сек., f/5,6 и ISO100.
Во сликава, рефлекторот е искористен за да се одбие светлината кон сенките и да се намали контрастот. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1/250 сек., f/5,6 и ISO100.
Квалитетот на светлината прави голема разлика во вашите портрети на отворено. Силната сончева светлина знае да биде мошне непријатна за лица, бидејќи создава непожелни сенки и предизвикува субјектите да ги подзатворат очите. Облачни услови се совршени, бидејќи меката светлина ги намалува сенките.
Ако сонцето сјае и не можете да почекате покривка од облаци, може да се обидете да снимите портрет во сенка од дрво или зграда, бидејќи светлината е помека и попријатна за лица. Исто така, може да се обидете да ја контролирате светлината со рефлектор, или со засенување на субјектот, одбивање на светлината во сенките, или со користење на панел за дифузија. Ефикасен и евтин 5-во-1 рефлектор е совршен. Имајте го предвид тонот на кожата на субјектот кога одбирате боја за рефлекторот.
Во овој случај, рефлекторот е употребен за да се засени неговото лице од сонцето, за да се постигнат помеки резултати. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1/250 сек., f/5,6 и ISO640.
За споредба, панелот за дифузија од 5-во-1 рефлектор ја омекнува сончевата светлина за да се постигне поурамнотежен портрет. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1/250 сек., f/5,6 и ISO100.
4. Искористете ја слабата осветленост во ваша полза
Вградената стабилизација на слика (IBIS) во фотоапаратите од серијата EOS R, како што е EOS R6, ви овозможува рачно фотографирање при слаба осветленост, со мали брзини на бленда за кои се потребни неколку секунди. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon со избрани 27 mm, 2 сек., f/11 и ISO100.
Како што сонцето заоѓа зад хоризонтот, преостанатата природната светлина ги прима ладните, сини бои на самракот. Може да го искористите тоа време за да излезете со вашиот фотоапарат. Но, бидејќи нивоата на светлина се толку ниски, потребен ви е фотоапарат со добри перформанси при слаба осветленост. Фотоапаратите со поголеми сензори можат да доловат повеќе од природната светлина што се намалува, особено кога се користат во комбинација со објектив што има широка максимална решетка.
Во самрак, може да е потребно да ја намалите брзината на блендата за да дозволите повеќе светлина да помине до сензорот на вашиот фотоапарат. Фотоапаратите без огледало од серијата EOS R од Canon нудат револуционерна вградена стабилизација на слика, така што можете рачно да го држите фотоапаратот за експозиции од секунда или подолго, без грижи дека тресење на фотоапаратот ќе ја уништи сликата.
5. Изберете ги најдобрите поставки за вашето опкружување
Објективи со поширока или „побрза“ решетка, како што се RF 50mm F1.8 STM од Canon, или пак, RF 24mm F1.8 MACRO IS STM, се идеални за фотографирање при слаба осветленост.
Обидете се да го употребите рачниот режим (М) со автоматско ISO за слики со природна светлина, за да можете да ја контролирате брзината на блендата и решетката.
Ако сте подготвени за поставување на брзината на блендата и решетката, тогаш еден од најдобрите режими за експозиција за фотографирање при природна светлина е рачниот режим (М) со автоматско ISO. Фотоапаратот на ваков начин го пресметува најдоброто ISO за достапната светлина. Добро општо поставување на експозиција при дневна светлина е брзина на бленда од 1/200 сек., решетка од f/8 и автоматско ISO. Навечер, кога нивото на светлина е пониско, отворете ја решетката до f/2,8, или друга најширока вредност, за нивото на ISO да се спушти за поостри слики, со помалку шум. Тука се прикажува непроценливоста на објектив со брза максимална решетка, како што е RF 50mm F1.8 STM од Canon.
Слабата осветленост честопати значи дека фотографирањето мора да се изврши со високо ISO, што може да доведе до зголемен шум на слика. Автоматскиот фокус исто така може да биде предизвик. Но, кога користите фотоапарат со добри перформанси при слаба осветленост, како што е EOS R6 или EOS R7 од Canon, можете да добиете јасни резултати со високи ISO вредности, како 3200 или повисоко. Дополнително, системот за автоматско фокусирање е водечки во својата класа и функционира во речиси потполна темнина.
6. Усогласување на балансот на белата боја со температурните услови
За боите да бидат прецизни, поставките за баланс за бела боја треба да соодветствуваат со условите.
Освен што треба да размислуваме за квалитетот на природната светлина, мораме да ја земеме предвид и бојата. Таа може да се смени во текот на денот. Наутро е мошне топло. Напладне е поладно, а навечер е повторно топло. Ова се мери во Келвинови степени, така што промената може да варира од 2000 К на изгрејсонце до 7000 К при целосна дневна светлина.
Боите исто така можат да станат поладни доколку стоите под сенка или облачна покривка. Доколку е така, поставете ги вредностите за балансот на белата боја на таков начин на којшто ќе се совпаѓаат со условите, користејќи еден од однапред поставените режими. Ако се сомневате, фотографирајте во RAW-формат, бидејќи може да изберете кој било баланс на белата боја при уредување на сликите во софтвер за обработка на RAW-датотеки и уредување слики, како што е бесплатниот Digital Photo Professional од Canon.
7. Фотографирајте со долга експозиција навечер
Долгата експозиција ги заматува облаците што се движат бавно. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon со избрани 29 mm, 137 сек., f/22 и ISO100.
Може да ја користите апликацијата Canon Camera Connect за да ги активирате и деактивирате експозициите со светилка преку вашиот телефон; навистина е едноставно.
Поставете го фотоапаратот на стабилна површина или на статив, што ви овозможува да доловите сцени во самрак, или пак, при месечева светлина, што значи дека може да фотографирате со многу мали брзини на бленда од неколку секунди или повеќе. Ако го впарите фотоапаратот со апликацијата Canon Camera Connect, може да го искористите вашиот телефон за да ја активирате решетката, да ги активирате и деактивирате експозициите со светилка и да фотографирате далечински. Ова е корисно доколку вашиот фотоапарат се наоѓа на место кое ви го отежнува прегледот на LCD-екранот, или за фотографии во кои дури и најмалото движење предизвикува заматување или го уништува ефектот.
8. Внимавајте на субјектот и околината
Користете негативна компензација на експозиција за да ја намалите експозицијата на предниот план за создавање на забележителни силуети наспроти заоѓачкото сонце. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon со избрани 24 mm, 1/250 сек., f/16 и ISO100.
Заматените улични светилки овозможуваат амбиентална заднина за овој портрет снимен при слаба осветленост. Снимено со EOS R од Canon и DS-објектив RF 85mm F1.2L USM од Canon со избрани 1/160 сек., f/1,2 и ISO800.
Различни квалитети на природната светлина може да бидат соодветни за одредени субјекти. На пример, суптилна светлина од прозорец може да биде идеална за амбиентални, помирни портрети. За разлика од тоа, директната сончева светлина е совршена за изложување живописни бои и текстури како крзно или пердуви при фотографирање диви животни. Долгите сенки можат да бидат одлични за архитектонски и улични сцени, а осветлувањето одзади од зајдисонцето е идеално за доловување силуети наспроти живописното небо.
Исто така, можете максимално да ја искористите достапната вештачка светлина, како што се уличните светилки, столните ламби или сјајот на логорски оган или јама со оган.
Има прекрасен избор на достапна светлина секаде околу нас, па затоа, кога и да сте надвор со вашиот фотоапарат, запрашајте се: дали е светлината тврда или мека, силна или слаба, топла или ладна, одозгора или од страна? Совладајте ги овие основни принципи на осветлувањето и можете да бидете сигурни дека вашите фотографии ќе излезат одлично, без оглед на условите.
Напишано од James Paterson
Слични производи
-
Фотоапарати без огледало
EOS R6
Без разлика што фотографирате и како фотографирате, EOS R6 ќе ви овозможи да бидете креативни на начини што никогаш досега не сте знаеле дека постојат. -
Фотоапарати без огледало
EOS R7
Истражете ја дивината со фотоапарат што нуди неверојатна брзина и квалитет на слика во преносливо APS-C-куќиште дизајнирано за иднината. -
Фотоапарати без огледало
EOS RP
Мал, лесен и интуитивен фотоапарат без огледало за целосна слика што е дизајниран за секојдневно фотографирање и фотографирање при патувања. -
Објективи RF
RF 24-105mm F4-7.1 IS STM
Идеален објектив за секојдневна употреба за фотоапарати за целосна слика без огледало наменет за ентузијасти. Практичниот објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM е лесен, компактен и подготвен да го однесе вашето фотографирање на повисоко ниво. -
Објективи RF
RF 35mm F1.8 MACRO IS STM
Макро објектив f/1,8 од 35 mm со брза решетка за широкоаголна перспектива, кратко растојание на фокусирање и хибридна стабилизација на слика. -
Стандарден објектив
RF 50mm F1.8 STM
Компактен, тивок и лесен примарен RF-објектив од 50 mm, со широка решетка од f/1,8, што е совршен за реализирање на вашата креативна замисла.