Piotr вели дека снимањето фотографии со траги од светлина е многу едноставно. „Ви треба само стандардна опрема за фотографирање, статив и добра локација“ - вели тој. „Снимањето ваков вид на фотографии не е сложено, а резултатите што ќе се прикажат на вашиот LCD-скеан секогаш ќе изгледаат фантастично. Понекогаш не треба ни да ги уредувате ваквите фотографии бидејќи изгледаат одлично такви какви што се“. Снимено со EOS 5D Mark IV од Canon и објектив EF 16-35mm f/2.8L USM од Canon (сега е заменет со новиот EF 16-35mm f/2.8L III USM од Canon) со избрани 18 mm, 25 сек., f/11 и ISO1000. © Piotr Skrzypiec
Туристички водич преку ден, фотограф за слики со траги од светлина преку ноќ - Piotr Skrzypiec го користи неговото знаење за прекрасни локации и техники за долга експозиција за да создаде неверојатни фотографии од пејзажи во Словенија и надвор од неа. Затоа не сме изненадени дека беше прогласен за победник на свечениот Redline Challenge на Canon.
Целта на натпреварот во фотографирање беше да ги тестира вештините на аматерските фотографи на темата „светлина во темнината“. Три од сликите на Piotr влегоа во конечниот потесен избор на судиите, а неговата амбиентална фотографија од вијадукт прекриен со магла беше избрана како победник.
Piotr употребил долга експозиција за да ги претвори острите фарови на возилата што се движеле во заоблени ленти во боја. Долга експозиција значи фотографирање со мали брзини на блендата, почнувајќи од неколку секунди па сè до неколку часа, што резултира со заматување на предметите во движење. За оваа техника не е потребен специјален фотоапарат или објектив, а резултатите може да изгледаат неверојатно. Освен за заматување на движењата, долгите експозиции се одлични и за максимално искористување на светлината што навлегува во фотоапаратот со цел намалување на вредноста на ISO, што резултира со поголем квалитет на слика.
Тука, Piotr ги разгледува локациите кај што ги снимил своите слики и ви нуди совети како да снимате слични фотографии со траги од светлина.