Зората и самракот се волшебни времиња. Тоа се моментите кога фестивалите живнуваат, расположението на градовите скокнува на следното ниво и се укажува изобилство од можности за фотографирање. Но, доловувањето на деталите не е лесно кога осветлувањето е слабо - особено ако ја користите камерата на вашиот паметен телефон.
Во ситуациите кога осветлувањето е слабо, креативните режими на фотоапаратите без огледало или напредните компактни фотоапарати ќе ви помогнат да добиете остри и детални фотографии што инаку се тешки за снимање. Следат неколку совети за тоа како да снимите прекрасни фотографии при слаба осветленост.
7 најдобри совети за фотографирање при слаба осветленост
1. Користете широка решетка (мал f-број) за да пропуштите колку што е можно повеќе светлина
Објективите со пошироки решетки пропуштаат повеќе светлина кон сензорот за слика, овозможувајќи поголеми брзини на блендата со кои може да доловите повеќе детали и да ги замрзнете движењата без потреба да избирате премногу високи вредности за ISO што го зголемуваат ризикот од појава на шум во сликата. Снимено со Canon EOS 6P и објектив Canon RF 24mm F1.8 MACRO IS STM со избрани 0,3 сек., f/1,8 и ISO 100.
Ако имате фотоапарат со можност за рачни поставки, тогаш можете да ја контролирате неговата решетка со помош на режимот за приоритет на решетката (Av). Со поставката за решетката му кажувате на фотоапаратот колку светлина да пропушти во неговата внатрешност. Во услови со слаба осветленост треба да пропуштите колку што е можно повеќе светлина за да добиете одлична експозиција и да ги доловите деталите во сцената. За да го направите тоа, треба да користите широка решетка (мал f-број). Ако експозицијата на вашата слика сè уште не е доволна (премногу темна), може да користите и помала брзина на блендата за да пропуштите повеќе светлина преку зголемување на времето на експозицијата, но постои ризик од заматување - погледнете го делот подолу за задржување на острината на сликите.
Поставката за решетката влијае врз многу повеќе фактори освен експозицијата. Широката решетка може да предизвика и мала длабочина на полето - односно, со мал f-број, само мал дел од сцената ќе биде остро фокусиран. Ова може да биде идеално ако снимате портрети пред изгрејсонце и сакате да добиете пријатно заматена заднина, но ако сакате да ги доловите специјалните тонови на градските пејзажи во самрак, на пример, тогаш користете потесна решетка (поголем f-број) за да добиете поголема длабочина на полето, со цел да фокусирате поголем дел од сцената. За да добиете добра експозиција ќе треба да користите помала брзина на блендата.
Се разбира, некои објективи имаат поширока или „побрза“ решетка. Во одличните компактни опции за фотоапарати без огледало од EOS R-систем спаѓаат Canon RF 24mm F1.8 MACRO IS STM и RF 16mm F2.8 STM за широкоаголни снимки од градски пејзажи навечер и други сцени со слаба осветленост. Canon RF 50mm F1.8 STM нуди постандардна перспектива (слична на човековото око) и е идеален за прекрасни улични фотографии снимени навечер, а RF 28-70mm F2.8 IS STM нуди разновидност како стандарден зум за различни ситуации со слаба осветленост.
2. Зголемете ја поставката за ISO за да ја зголемите чувствителност на светлина
Доколку сте користеле широка решетка, но сметате дека сликата сè уште не е доволно осветлена, тогаш обидете се да ја зголемите вредноста за ISO на вашиот фотоапарат. Со тоа ќе ја зголемите чувствителноста на светлина на сензорот, што е многу корисно и кога фотографирате во темнина без блиц. Колку вредноста на ISO е поголема, толку поголема ќе биде и чувствителноста. Фотоапаратите без огледало и напредните компактни фотоапарати од Canon имаат поголеми сензори, па затоа создаваат подобри фотографии со високи ISO-вредности во однос на фотоапаратите со помали сензори, како што се камерите на паметните телефони.
CMOS-сензорите за целосна слика што се вградуваат во фотоапаратите без огледало од Canon, како што се EOS R8 и EOS R6 Mark II, им овозможуваат да создаваат извонредно квалитетни резултати со високи ISO-вредности и малку или незабележително малку шум. Сензорите во APS-C-фотоапаратите од Canon – вклучувајќи ги и EOS R7, EOS R10 и EOS R50 – се малку помали, но сепак испорачуваат детални слики со мал шум, дури и при многу високи ISO-вредности, поради што тие фотоапарати се идеални за рачно фотографирање навечер.
3. Сликите треба да бидат остри
Ако фотографирате рачно при слаба осветленост, можно е да добиете заматени резултати. Тоа најчесто се случува ако користите подолго време за експозиција (помала брзина на блендата) за да доловите повеќе светлина. Еве уште една придобивка од користењето поширока бленда: колку повеќе светлина ќе навлезе во објективот, толку поголема брзина на блендата ќе можете да користите. Ова е важно бидејќи поголемите брзини на блендата можат да ги замрзнат движењата, а колку е побрзо движењето што сакате да го доловите, толку поголема брзина на блендата треба да користите за да спречите заматување. Во услови со добра осветленост, релативно статичните субјекти можат да се доловат со брзина на блендата од приближно 1/50 сек., за субјектите кои одат треба малку побрза бленда од приближно 1/250 сек., а за побрзите движења треба да користите брзини на блендата од 1/1000 сек. или поголеми. Во услови со слаба осветленост се потребни поголеми брзини на блендата.
Режимот за ноќни сцени во фотоапарати како што е EOS R50 ќе ви помогне рачно да фотографирате при слаба осветленост и навечер со тоа што ќе снимите неколку фотографии и ќе ги комбинирате за светли резултати без заматување.
Освен движењето на субјектите, мора да го земете предвид и тресењето на фотоапаратот - колку е поголема фокусната должина, толку потешко е да се избегне тресењето на фотоапаратот кога фотографирате рачно. Општо правило е да почнете со вредност за решетката што ќе биде реципрочна вредност од фокусната должина, па затоа за објектив со фокусна должина од 50 mm, треба да користите брзина од 1/50 сек. или поголема, а за објектив со фокусна должина од 600 mm треба да користите брзина од 1/600 сек. итн. Користењето објектив со оптичка стабилизација на сликата (IS) овозможува користење помали брзини на блендата и добивање резултати со иста острина.
Некои фотоапарати со EOS R-систем од Canon – вклучително и EOS R7 и EOS R6 Mark II – имаат систем за вградена стабилизација на слика (IBIS) кој работи во комбинација со објективи со IS за неверојатно остри долги експозиции при рачно фотографирање. За да го намалите тресењето на фотоапаратот може да го искористите и вашето опкружување: потпрете се на ѕид или ставете го фотоапаратот на стабилна површина. Доколку имате статив, употребете го за да добиете максимална флексибилност.
4. Искористете ги максимално опциите за баланс на белата боја
Прилагодувањето на балансот на белата боја е креативен начин за значително менување на конечниот изглед на вашите слики. © Marcus Hawkins
Во оваа верзија од истата слика, балансот на белата боја е променет за да се добијат поприродни бои на камењата и небото да добие потемна сина нијанса. © Marcus Hawkins
Функцијата за автоматски баланс на белата боја кај фотоапаратите од Canon нуди резултати со доследна прецизност при фотографирање на дневна светлина и не дозволува намалување на перформансите кога фотографирате при слаба осветленост. Меѓутоа, со користење поинакви однапред поставени параметри за баланс на белата боја, може да внесете уметнички ефекти во вашите слики снимени при слаба осветленост и да ги збогатите со одреден амбиент.
Ако фотографирате под светлината на уличните светилки во самрак, на пример, тогаш опцијата за вештачка светлина на балансот на белата боја ќе создаде неутрална температура на боите во вештачки осветлените површини, а ќе ја засили и темно сината боја на небото. Или, пак, ако сакате да ја нагласите топлината на вештачкото осветлување, изберете ја опцијата за дневна светлина на балансот на белата боја.
Сите фотоапарати со EOS R-систем од Canon можат да фотографираат во формат на датотека RAW. Изберете ја оваа опција за да можете да го промените или прилагодите балансот на белата боја кога ќе ги обработувате сликите по снимањето, со помош на софтвер за обработка на RAW-датотеки по ваш избор, во кои спаѓа и моќниот и бесплатен Digital Photo Professional од Canon.
5. Ефекти на осветлување
Долгите експозиции се идеални за претворање на ноќниот сообраќај во траги од светлина, односно да ги претворат обичните сцени во прекрасни креативни слики. Снимено со Canon EOS R6 Mark II и објектив Canon RF 28-70mm F2.8 IS STM со избрани 13,2 сек., f/14 и ISO 100.
Долгата експозиција ни овозможи да ги снимиме ѕвездите на небото кои светат сјајно наспроти темните силуети на дрвјата. Снимено со Canon EOS R6 и објектив Canon RF 16mm F2.8 STM со избрани 25 сек., f/2,8 и ISO 6400.
Внесете динамика во ноќните слики со создавање траги од светлина, користејќи сè што можете, почнувајќи од задните светилки за сигнализација на автомобилите во движење па сè до панаѓурски атракции осветлени со неонки. Ќе ви треба долга експозиција ако сакате да го доловите движењето на светлината низ вашата фотографија, што значи ќе треба да изберете брзина на блендата од неколку секунди или повеќе секунди доколку го поставите фотоапаратот на статив или друга стабилна површина. Експериментирајте со различни времиња на експозиција. Користете го тајмерот на фотоапаратот или функцијата за далечинско фотографирање за да бидете сигурни дека нема да предизвикате тресење на фотоапаратот кога ќе го притиснете копчето за блендата. Сите фотоапарати со EOS R-систем од Canon се опремени со Wi-Fi, а тоа значи дека може да ги менувате поставките и да ја активирате блендата преку вашиот паметен телефон со помош на апликацијата Canon Camera Connect.
6. Пробајте го секвенцијалниот режим
Континуираното фотографирање, или секвенцијален режим, е совршен за фотографирање субјекти во движење при слаба осветленост и ви овозможува да го доловите совршениот момент во секоја прилика. Снимено со Canon EOS R8 и објектив Canon RF 100-400mm F5.6-8 IS USM со избрани 200 mm, 1/250 сек., f/7,1 и ISO 100. © Mara Leite
Дури и во слабо осветлени места со остро осветлување, секвенцијалниот режим може да ги замрзне субјектите во движење со остри детали. Снимено со Canon EOS R5 Mark II и објектив Canon RF 28-70mm F2L IS USM со избрани 28 mm, 1/256 сек., f/2 и ISO 3200.
Режимот за континуирано фотографирање (нарекуван и режим за групно снимање на одредени фотоапарати) снима брза секвенца од слики за само неколку делови од секундата. Тој е практичен за фотографирање субјекти во движење или движења што траат дел од секундата. Затоа, ако е достапен во вашиот фотоапарат, вклучете го и пробајте го - тој ќе ги зголеми вашите шанси за снимање извонредни фотографии од движења во услови со слаба осветленост.
7. Најдобрите фотоапарати за фотографирање при слаба осветленост
Без разлика какви се вашите потреби и вашиот буџет, ние секогаш ви нудиме голем избор на фотоапарати што се идеални за фотографирање при слаба осветленост. И статив може да се користи за да се намали тресењето на фотоапаратот за време на подолги експозиции или за да се усовршат снимките со забрзани движења. Снимено со Canon EOS R8 и објектив Canon RF 100-400mm F5.6-8 IS USM со избрани 1/80 сек., f/6,3 и ISO 6400. © Mara Leite
Canon EOS R6 Mark II
Фотоапарат за целосна слика без огледало совршен за фотографирање при слаба осветленост
- Вградена стабилизација на слика со голема ефикасност (IBIS)
- Системот за автоматско фокусирање е водечки во својата класа и функционира во речиси потполна темнина
- Импресивен квалитет на слика при високи ISO-вредности
Canon EOS R8
Моќен и економичен фотоапарат без огледало со сензор за целосна слика
- Сензор за целосна слика што нуди неверојатен квалитет при слаба осветленост
- Напредни перформанси за автоматско фокусирање при слаба осветленост
Canon EOS R50
Лесен фотоапарат без огледало кој е совршен за надежни креатори на содржини
- Компактен фотоапарат без огледало со импресивни можности при слабо осветлување
- APS-C-сензор со голем опсег на ISO, совршен за фотографи-почетници и видеоблогери
Canon EOS R10
Повеќенаменски APS-C-фотоапарат без огледало
- Нуди креативна контрола со компактен дизајн за улично фотографирање при слаба осветленост
- Одличен квалитет на слика со напреден автоматски фокус
Canon PowerShot SX740 HS LITE
Мал и елегантен, а сепак моќен
- Со огромен оптички зум до 40x и неверојатна 4K-резолуција за снимање видео
- Мал, а сепак висококвалитетен CMOS-сензор од 20,3 MP
- Процесор на слика DIGIC 8 за снимање фотографии со висока резолуција
- Голем број режими за фотографирање навечер, вклучително и рачно снимање на ноќни сцени
Canon PowerShot V10
Компактна камера за снимање видеоблогови со функции за слаба осветленост
- Дизајнирана за видеоблогери со вграден држач за стабилност во слабо осветлени опкружувања
- Доловува светли и стабилни снимки при слаба осветленост
Напишано од Matthew Richards и John Marshall