Фотографирање храна одблиску

Откријте и доловете ситни скриени светови во секојдневни предмети со помош на извонредната острина на макро објективите од Canon.
Макро слика одблиску од две овошни пастили, при што големо парче шеќер прави форма на солза што ги преклопува двете слатки, фотографирана со Canon EOS R10 и објектив Canon RF 100mm F2.8L MACRO IS USM.

Кога размислувате за макро фотографирање, храната често може да се изостави од разговорот за да се даде предност на потрадиционални субјекти како инсекти и цвеќиња. Меѓутоа, фотографирањето храна е неверојатно достапно и има голем избор на субјекти што ви се на дофат во вашиот дом. Исто така, не мора да се потпирате на убаво време или да се надевате дека субјектот ќе седи мирно за да добиете одлични резултати.

Но, не е секогаш лесно да добиете нешто што ги воздигнува вашите слики на ново ниво со една снимка од вашиот ручек. Можете да користите макро објектив за нова перспектива во фотографирањето храна и да се доближите многу блиску, создавајќи прекрасни апстрактни фотографии што ќе го фасцинираат гледачот. Можете да пробате техника како спојување фотографии со различен фокус - што е сега полесно од кога било, благодарение на иновативните функции во некои од најновите фотоапарати од Canon, како што е Canon EOS R10.

Го предизвикавме макро фотографот Matt Doogue да проба фотографирање храна. Тој е навикнат на макро фотографирање на терен, а специјалност му се инсекти, растенија и габи, поради што можноста да фотографира субјекти во својата кујна беше возбудливо искуство што му ја смени перспективата за макро фотографирањето.

Овде, тој споделува што открил.

1. Барајте текстури, форми, бои и шеми

Макро слика одблиску од рабовите на лист од жалфија што ги прикажува сите детали на вените, фотографирана со Canon EOS R10 и објектив Canon RF 100mm F2.8L MACRO IS USM.

Matt беше во можност да ги долови сите детали на вените на листот на жалфијата со фотографирање храна одблиску. Фотографирано со Canon EOS R10 и објектив Canon RF 100mm F2.8L MACRO IS USM со избрани 1/60 сек., f/6,3 и ISO 400. © Matt Doogue

Разнобојна макро фотографија од слатко-кисели гумени ленти, фотографирани со сооднос на зголемување 1:1 со Canon EOS R10 и објектив Canon RF 100mm F2.8L MACRO IS USM.

Претходно, Matt не размислуваше за фотографирање храна одблиску. „Секогаш барам нов предизвик за инспирација во моето фотографирање“, вели тој. „Фотографирање други макро субјекти многу ме инспирира, поради што помислив да пробам фотографирање храна“.

Секоја храна со интересна текстура, шема, боја или форма е добар субјект за макро фотографии снимени на извонредно мало растојание. „Сѐ што е покриено со шеќер изгледа прекрасно бидејќи шеќерните кристали личат на дијаманти кога ги фотографирате одблиску“, вели Matt. „Многу слатки имаат текстури, форми и испакнатини што добро функционираат, а исто така, слатките често имаат живописни бои - црвена, жолта, розова и зелена.

„Освен тоа, зеленчуците како што е карфиолот, зелката, па дури и кромидот, имаат интересна структура. Колку е поприроден производот, толку е подобра симетријата, а изработените слатки може да произведат подобри апстрактни резултати“.

2. Земете го осветлувањето предвид

Осветлено одозгора

Осветлено од страна

Matt смета дека осветлувањето игра важна улога во неговото работење со макро, но храната е многу поинаква од неговите вообичаени субјекти. „Не морав да ја дифузирам светлината толку колку што би морал за нешто блескаво, како бубачка“, вели тој.

За овој проект, Matt купи мал и евтин придушен рефлектор за студио, иако вие можете да пробате да направите свој. Исто така, тој употреби LED-светилки за да ги истакне елементите на субјектот.

„Можете да создадете серија во која секоја слика изгледа сосема различно“, додава Matt. „На пример, на сликите од шеќерни цуцли се гледа круг со црна дупка, но ако ги осветлам од различни агли, изгледаат потполно различно, дури и ако го користам истиот фотоапарат и истиот објектив“.

Ако немате достапно осветлување, можете да работите со природна светлина – особено ако можете да фотографирате храна покрај прозорец и да работите со дневна светлина. Рефлектор, дури и домашно направен од кујнска фолија, може да проектира светлина на вашиот субјект.

3. Изберете го соодветниот макро објектив за фотографирање храна

Макро слика одблиску од малина што ги прикажува ситните стебленца на секоја семка, фотографирана со Canon EOS R10 и објектив Canon RF 100mm F2.8L MACRO IS USM.

Слика одблиску од свежа малина фотографирана при целосно зголемување, осветлена од горниот десен агол и малку од задната страна за додавање на сенки и форма. Matt првпат фотографираше со Canon EOS R10 и е многу импресиониран од неговите способности. „Квалитетот на сликата е извонреден за фотоапарат со толку ниска цена“, вели Matt. „Неверојатно е“. Фотографирано со Canon EOS R10 и објектив Canon RF 100mm F2.8L MACRO IS USM со избрани 1/60 сек., f/7,1 и ISO 1250. © Matt Doogue

Иако можете да фотографирате храна со секакви објективи, побарајте објектив со ознака „макро“ за најдобрите резултати со најмногу детали.

Има опции за различни буџети и стилови на фотографирање. Објективот Canon RF 85mm F2 MACRO IS STM е фантастична опција што се одликува со лесна тежина и кратко фокусно растојание. Соодносот на зголемување е 0,5x, но сепак можете да создадете слики со многу детали, како и да се оддалечите малку за да прикажете повеќе контекст, ако сакате. За оние со поголем буџет што сакаат да се приближат што е можно повеќе, RF 100mm F2.8L MACRO IS USM е извонреден избор што нуди зголемување од 1,4x за апстрактни, „вонземски“ слики.

Погледнете ги нашите водичи за најдобрата почетничка опрема за макро фотографирање и најдобрите објективи од Canon за фотографирање храна за повеќе совети. Можете да ја искористите и практичната алатка за пребарување објективи од Canon што ги приспособува препораките врз основа на вашиот фотоапарат, жанрот во кој сакате да фотографирате, како и функциите кои ви се најважни.

4. Пробајте да споите фотографии со различен фокус

Макро слика одблиску од медењак што ја прикажува густината на воздушните меурчиња, фотографирана со Canon EOS R10 и објектив Canon RF 100mm F2.8L MACRO IS USM.

Парче чоколаден медењак фотографирано при целосно зголемување, осветлено од горниот десен агол и малку од задната страна за да се додаде сенка и контраст, фотографирано со статив и спојување фотографии со различен фокус во самиот фотоапарат за гарантирање дека секој дел од сликата ќе биде во фокус. „Храната е одлична алатка со која можете да вежбате спојување фотографии со различен фокус“, вели Matt. „Дома, можете да експериментирате колку споени фотографии (слики) ви се потребни за посакуваната длабочина на поле“. Фотографирано со Canon EOS R10 и објектив Canon RF 100mm F2.8L MACRO IS USM со избрани 1/60 сек., f/7,1 и ISO 1250. © Matt Doogue

Макро слика одблиску од медењак осветлен од задната страна што дава ефект на тлеење на жар поради воздушните меурчиња, фотографирана со Canon EOS R10 и објектив Canon RF 100mm F2.8L MACRO IS USM.

Уште еден медењак, осветлен од задната страна за да се даде впечаток на блескав оган и повторно се користи спојување фотографии со различен фокус во самиот фотоапарат. „Спојувањето фотографии со различен фокус со EOS R10 значително го олесни процесот“, вели Matt. „Обично рачно спојувам, но беше лесно како песна со EOS R10. За една минута, можам да завршам нешто за кое обично би ми требале неколку часа“. Фотографирано со Canon EOS R10 и објектив Canon RF 100mm F2.8L MACRO IS USM со избрани 1/50 сек., f/7,1 и ISO 250. © Matt Doogue

Спојување фотографии со различен фокус е техника во која се спојуваат слики снимени со различни фокусни точки. Ова можете да го извршите рачно со помош на алатки како што е алатката за спојување повеќе длабочини на поле во софтверот Digital Photo Professional (DPP) од Canon, но модели како што се Canon EOS R10 и EOS R7 ви овозможуваат да го извршите тоа во фотоапаратот.

„Тоа ќе ми заштеди многу време“, вели Matt. „EOS R10 ми овозможи да спојам 100 фотографии со различен фокус за само една минута, а потоа сликата се обработува во фотоапаратот. Кога порано ја пробував оваа техника, морав да купам нов компјутер од висока класа за да се справам со датотеките и да ги спојам во софтвер за уредување слики. Сега, EOS R10 ги спојува сликите и брзо работи со единечна слика, што навистина ме поттикнува почесто да ја пробувам оваа техника.

„И не само тоа, туку и фотоапаратот ви ги обезбедува поединечните слики. Тоа е одлично ако подоцна решите дека не сакате „целосен спој“ - на пример, ако сакате помек преден план. Пристапот до сите датотеки ви дава слобода и креативност да ги приспособите нештата на начин на којшто сакате“.

Сите фотоапарати со EOS R-систем се одликуваат со опција за издвојување со рачен фокус на екранот, што користи светли бои за да ги означи областите што се во фокус на вашата слика.

5. Истражете различни субјекти

Макро слика одблиску од шеќерните кристали на површината на овошна пастила, фотографирана со Canon EOS R10 и објектив Canon RF 100mm F2.8L MACRO IS USM.

Со гледање на субјектот низ макро објектив, Matt беше во можност да ја цени убавината на неговата структура. Површината на овошната пастила е целосно непрепознатлива при целосно зголемување. Фотографирано со Canon EOS R10 и објектив Canon RF 100mm F2.8L MACRO IS USM со избрани 1/60 сек., f/7,1 и ISO 250. © Matt Doogue

Макро слика одблиску од три слатки овошни пастили, средната е осветлена од задната страна за да изгледа како да свети, фотографирана со Canon EOS R10 со објектив Canon RF 100mm F2.8L MACRO IS USM.

Оваа слика е создадена со три овошни пастили, двете отстрана ја преклопуваат пастилата со задно осветлување одоздола. „Прво пробајте макро фотографирање на неживи предмети“, вели Matt. „Навикнете се на осветлувањето и начинот на кој работи фотоапаратот. „Пробување фотографирање храна дома е совршено“. Фотографирано со Canon EOS R10 и објектив Canon RF 100mm F2.8L MACRO IS USM со избрани 1/60 сек., f/7,1 и ISO 250. © Matt Doogue

Ако сте почетник во фотографирањето храна, забавувањето и работењето на пообмислен начин може да ви изгледа тешко. Но, тоа може да ви даде нова перспектива кон вашиот субјект, што ви дава можност да создадете нови слики и да истражите повнимателна страна на вашето фотографирање.

„Целото искуство ме воодушеви, особено фотографирањето слатки од овошни пастили“, вели Matt. „Се загубив во светот на храната. Сите овие мали нешта што ги земате од супермаркет - ги земате, ги ставате во кошничка, ги јадете; не ги гледате навистина и не ја цените сложеноста и дизајнот, особено на природните производи. Голем дел од уметноста црпи инспирација од природата, а тоа се гледа кога фотографирате одблиску и ги гледате овие прекрасни дизајни и структури создадени од самата природа“.

6. Создајте интересни слики

Макро слика одблиску од лист црвена зелка, фотографирана со Canon EOS R10 и објектив Canon RF 85mm F2 MACRO IS STM.

„Никогаш не сум размислувал за храната како субјект за макро фотографирање, но отсега дефинитивно ќе размислувам така“, вели Matt. „Некои од шемите, текстурите и апстрактната уметност што можете да ја создавате навистина ме воодушевија“. Фотографирано со Canon EOS R10 со објектив Canon RF 85mm F2 MACRO IS STM со избрани 1/60 сек., f/7,1 и ISO 250. © Matt Doogue

Создавање апстрактни слики одблиску ви дава супер моќ - можноста да плените и будите интерес со вашите фотографии. Можете да создадете своја игра за „погодување на храната“ со вашите пријатели, семејството или следбениците на социјалните медиуми.

„Ја пратив сликата од овошната пастила [сликата на заглавјето] на двајца геолози“, вели Matt. „Ги замолив да ми кажат кој камен сметаат дека е на сликата. Мислеа дека е розов кварц и други нешта. Дури започна и мала дебата за тоа кој камен е на сликата!

„Кога фотографирав зелка, некој во моето семејство рече дека никогаш повторно не сака да ја јаде поради деталите што ги откри сликата одблиску“.

Исто како и која било друга уметност, фотографирањето има за цел да предизвика емоции кај гледачот, без оглед на тоа дали се работи за изненадување, глад, или, во овој случај, гадење. Ако предизвика силни емоции, тогаш задачата е успешно извршена.

Фотографирањето храна ги отвори очите на Matt кон креативните можности. „Дефинитивно сакам да вклучам повеќе природни елементи и повеќе симетрија на растенијата, лисјата и цвеќињата во моето фотографирање“, вели тој. „Поубаво ќе ги погледнам и печурките и лишаите, како и шемите на дрвјата и кората. Ако можам да направам овошна пастила да личи на уметничко дело од кристали, тогаш сигурен сум дека можам да создадам нешто извонредно и со своите типични субјекти“.

Matt одржува работилници и часови, а соочувањето со овој предизвик му даде нови идеи. „Секогаш советував да се купуваат цвеќиња за вежбање во домашни услови, но отсега ќе препорачувам и храна бидејќи бев вчудовиден од нештата кои ги видов“.

Напишано од Astrid Pitman

Слични производи

  • EOS R10

    Преземете ги следните чекори во фотографирањето и снимањето со фотоапаратот без огледало EOS R што е дизајниран со сензор со големина APS-C.
  • RF 85mm F2 MACRO IS STM

    Објективот RF 85mm F2 MACRO IS STM нуди разновидни опции за фотографирање одблиску со дискретна телефото компресија и стабилизација на слика со 5 чекори, вградени во компактно и лесно куќиште.
  • RF 100mm F2.8L Macro IS USM

    RF 100mm F2.8L MACRO IS USM е професионален макро објектив RF што е совршен за рачно снимање слики и извонредни портрети со зголемување до 1,4x од реалната големина, со квалитетот на серијата L.

Слични статии

Најдобрата почетна опрема за макро

Избирање фотоапарати, објективи и дополнителна опрема за детално макро фотографирање.

Задлабочете се во деталите со макро

Четири креативни совети за вовед во макро фотографирањето, со користење обични предмети за да добиете извонредни слики.

Спојување фотографии со различен фокус за почетници

Фотографот Matt Doogue објаснува како алатките за спојување фотографии со различен фокус на Canon може да ви помогнат да доловите макро снимки и пејзажи со сеопфатна острина.

Како да снимате висококвалитетни видеоснимки од храна како професионалец

Jessie Bakes Cakes има повеќе од 100 илјади следбеници благодарение на нејзините неверојатни видеоснимки од храна. Овде таа објаснува како да го усовршите снимањето видеоснимки од храна.