Создајте празничен календар

Како што се ближат божиќните празници, празничните календари се неизоставен дел од овој период. Со печатачите од Canon и Canon Creative Park, можете да направите свој - еве како можете да го постигнете тоа.
A handcrafted paper Advent calendar sits on a wooden table next to a Canon PIXMA printer, with some Canon paper and other Christmas themed papercraft behind.

Одбројувањето до Божиќ е ценета традиција во многу култури. Ако имате празничен календар, со отворањето на секое прозорче за да откриете слатки и пораки, секој изминат ден до настанот станува сѐ повозбудлив.

Се разбира, можете да одбројувате до многу нешта - родендени, Рамадан, венчавки, Кинеска Нова година - а советите овде ќе ви бидат корисни за создавање на секаков календар за одбројување. Со печатачите од Canon и Creative Park од Canon - вклучувајќи и кои било печатачи од палетата PIXMA, како и SELPHY CP1500 за да го приспособите со налепници - можете да создадете свој персонализиран празничен календар.

За почеток, да ја земеме наједноставната опција предвид - печатење на празничен календар со шаблони со помош на Canon Creative Park. Доаѓаат во неколку форми и големини - вклучувајќи и елка и празничен календар во форма на куќа.

За да отпечатите празничен календар во форма на елка од Creative Park од Canon со помош на печатач PIXMA, прво посетете ја веб-страницата на Creative Park и најдете го соодветниот шаблон. Откако ќе го најдете шаблонот за празничниот календар, преземете ја PDF-датотеката на вашиот компјутер. Проверете дали вашиот печатач Canon PIXMA е подготвен, со мастило и висококвалитетна хартија. За најдобри резултати, следете ги упатствата на видот на хартијата и користете мат фотохартија од Canon или сјајна фотохартија од Canon, која ќе обезбеди живописна и издржлива завршна обработка за вашиот празничен календар.

Можете да ги отпечатите упатствата на обична хартија, за склопувањето на шаблонот да биде полесно за вас и вашето семејство. Отпечатете ги потребните страници, како и структурата во форма на елка и обележаните отвори за секој ден.

По печатењето, следете ги упатствата за внимателно да ги отсечете и склопите различните делови. Залепете ги компонентите заедно за да го оформите празничниот календар во форма на елка, која потоа можете да ја наполните со мали подароци, налепници или пораки. Откако ќе завршите со изработувањето, вашиот празничен календар ќе биде подготвен за изложување.

Мало дете посегнува по плик на домашно изработен празничен календар во форма на елка, направен со црвени и зелени хартиени пликови. Пликовите се закачени на конец кој виси на ѕид. Овој проект користи шаблон од Canon Creative Park за печатачи PIXMA.

Можете да го најдете шаблонот за овој домашно изработен празничен календар на Creative Park од Canon. Вклучува мали црвени и зелени пликови, секој од нив обележан со бројка за одбројувањето. Пликовите се закачени на конци со мали штипки.

Приспособување на празничниот календар со налепници

Canon нуди голем број шаблони и опции за прилагодување кои ви овозможуваат да користите различни печатачи за персонализирани резултати. Откако вашиот календар ќе биде отпечатен и склопен, можете да го приспособите уште повеќе со тоа што ќе отпечатите налепници со SELPHY CP1500. На овие налепници може да има празнични елементи, како елки или ирваси, или пак модерни дизајни како геометриски шеми или значајни цитати. Оваа комбинација од печатачите PIXMA и SELPHY ви овозможува лесно да создадете уникатен празничен календар кој го одразува вашиот стил.

Можете да додадете лични детали на вашиот календар со тоа што ќе вклучите ваши слики - независно од тоа дали тие ќе бидат од забавни моменти со семејството, вашите сакани миленичиња или впечатливи слики од одмори. Со помош на SELPHY CP1500 и хартијата за налепници од Canon, можете да користите налепници внатре и надвор од календарот - поради што создавањето ќе биде уште позабавно за најмалите.

Ако размислувате за тоа како можете да го користите календарот на забавни и возбудливи начини за целото семејство, можете да вклучите мини изненадувања зад секоја врата.

Тука може да спаѓаат:

  • Пораки од срце: вклучете убави зборови или позитивни пораки за да ширите топлина и радост секој ден.
  • Дневни квиз-прашања: започнете пријателски натпревари со факти или загатки за да ги предизвикате сите.
  • Фотографски спомени: додајте лични фотографии, како времеплов од семејни моменти или значајни настани за чувство на носталгија.

Печатач Canon PIXMA на украсена маса, опкружен со божиќни украси и модели, а во заднина има елка.

Печатењето висококвалитетни фотографии ви овозможува лесно да го персонализирате секој празничен проект, со што прославите ќе бидат уште поспецијални. Создајте празнична магија во домот со печатачите од палетата Canon PIXMA во комбинација со Canon SELPHY CP1500, кои се совршени за изработување, вклучувајќи и печатење на приспособени празнични украси.

Завршни детали за вашиот календар за одбројување

Покрај аспектот на дизајнирање, можете да додадете возбудлив елемент на вашиот календар со подвижни делови. Ова вклучува јазичиња кои може да се повлекуваат, скриени џебови и интерактивни врати кои може да го направат вашиот дизајн повозбудлив, повпечатлив и поличен. Canon нуди и голем број на опции за хартија, што значи дека можете да го приспособите календарот за да ја остварите вашата креативна визија.

Зошто да не направите забавен настан за семејството од избирањето слики и процесот на дизајнирање? Тоа претставува одличен начин да ги споите сите, и децата, и возрасните. Со вашиот печатач од Canon, можете да видите како оживуваат вашите дизајни покрај значајните пораки.

Презентацијата е клучна. Откако ќе го создадете идеалниот календар, имате можност да го дотерате со други празнични додатоци. Од ленти до орнаменти, овие последни детали го украсуваат вашиот календар. Можете дури и да го додадете довршениот празничен календар во сезонска кошничка или кошничка со подароци. Овие мали детали го прават вашиот календар позначаен и поличен - навистина специјален подарок. Боите и формите може да се совпаѓаат со други предмети, како божиќни честитки за севкупно интересен пакет.

Календар за одбројување до Ноќта на вештерките, секоја кутија е украсена со страшни слики, како вештерки, духови, черепи и тикви, во црна, портокалова и виолетова боја.

Забавувајте се со празнични календари и во други годишни времиња! Почувствувајте го духот на Ноќта на вештерките со овој страшен календар за одбројување од Creative Park од Canon. Секоја страшна кутија открива уште пострашно изненадување, од вештерки до духови, со што одбројувањето до Ноќта на вештерките е возбудливо. Наполнете ги со слатки за забавно и празнично доживување.

Календар за одбројување до Ноќта на вештерките во форма на куќа опседната од духови.

Овој календар со куќа опседната од духови, со страшно забавни кутии, е полн со трикови, слатки и морничави изненадувања. Преземете ги шаблоните кои може да се отпечатат од Creative Park од Canon и користете го вашиот печатач од Canon за да го направите овој совршен проект за изработување за деца.

Одбројувајте цела година со приспособени календари

Печатачите Canon SELPHY CP1500 и Canon PIXMA се фантастични за создавање празнични календари, но тие претставуваат само мал дел од можностите. Без оглед на годишното време, тие се фантастични за создавање календари за одбројување до секоја посебна прилика.

На пример, можете да создадете персонализиран календар за одбројување до роденден полн со спомени и пораки. Секој ден до главниот настан, можете да отворате по една вратичка за да откриете скапоцена фотографија, порака од срце или забавно изненадување, градејќи чувство на возбуда. Висококвалитетните отпечатени материјали од печатачите Canon SELPHY CP1500 и Canon PIXMA гарантираат дека сликата ќе сјае со максимална јасност, со што роденденското одбројување станува уште поспецијално.

Бесплатни алатки за секој календар за одбројување да заживее

  • Creative Park: само за сопственици на печатачи од Canon, Creative Park од Canon е полн со шаблони за креативни проекти. Добивате пристап до голем број приспособливи дизајни кои може да се отпечатат, вклучувајќи и календари, честитки и украси. Creative Park нуди шаблони за празнични календари кои можете да ги персонализирате со ваши фотографии и теми, а потоа можете да ги отпечатите со вашиот печатач Canon PIXMA.
  • Апликација SELPHY Photo Layout: оваа бесплатна апликација обезбедува практични алатки за создавање приспособени распореди на фотографии. Можете да ја приспособите големината и положбата на вашите фотографии, да додавате текст и да применувате филтри за да ги усовршите сликите отпечатени со печатачите SELPHY.
  • Canon Easy-PhotoPrint Editor: оваа бесплатна апликација за мобилни уреди и компјутери ви овозможува да создавате приспособени отпечатени материјали. Се одликува со многу различни шаблони и распореди, вклучувајќи и календари, колажи и честитки кои можете да ги персонализирате со ваши слики.

Дизајнирани за едноставност и функционалност, овие апликации гарантираат беспрекорно и креативно доживување при дизајнирањето за да создадете совршен календар.

Имате моќ да ги преобразите вашите скапоцени спомени во прекрасни отпечатени материјали додека споделувате значајни моменти со вашите најмили. Започнете да ги истражувате бесконечните можности со печатачите SELPHY CP1500 и Canon PIXMA и персонализирајте ги вашите прослави.

Mabinty Taylor-Kamara

Слични производи

  • SELPHY CP1500

    Печатете материјали со извонредни бои и голема издржливост за само неколку секунди со овој практичен и компактен печатач за фотографии.
  • PIXMA TS7650i

    PIXMA TS7650i

    Брз, висококвалитетен печатач што беспрекорно се вклопува во вашиот дом благодарение на неговата компактна големина и едноставното користење.
  • PIXMA TS7750i

    PIXMA TS7750i

    Брз, висококвалитетен печатач што беспрекорно се вклопува во вашиот дом благодарение на неговата компактна големина и едноставното користење.

Слични статии

Печатење божиќни честитки

Направете сопствена празнична фотосесија и отпечатете уникатни божиќни честитки.

Зимски предизвик за изработување модели од хартија

Од украси што стојат на врвот на елката, до снегулки и лампиони, создајте празнични хартиени украси со печатач PIXMA и Creative Park.

Декорации од хартија за маса

Направете прекрасни декорации за маса за сите пригоди со Creative Park.

Направете календар со фотографии

Создадете и приспособете календар со фотографии што ќе го исполните со драгоцени спомени.