Од скривалиштето Dani и Jonty успеаја да доловат како семејството ветрушки се расправаат меѓу себе. Овде, младенче бара храна од мајка си. Снимено со EOS R7 од Canon и објектив RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM од Canon со избрани 150 mm, 1/6400 сек., f/6,3 и ISO2500. © Jonty Clark
Младата британска фотографка Dani Connor професионално се издигна за време на пандемијата на Ковид-19, откако заглави во шведска Лапонија. Dani волонтираше во резерватот за диви животни во провинцијата кога поголемиот дел од светот влезе во карантин и го искористи времето во своја полза градејќи блиска врска со тамошните диви животни – конкретно мала група црвени верверички.
„Ми се виде како одлична можност да ја започнам кариерата“, вели таа. Си реков дека ќе си дадам шест месеци и ако не постигнам ништо, ќе се вратам на работата во Природонаучниот музеј во Лондон“. По само половина година посветен напор, Dani се здоби со 60.000 следбеници на Instagram, YouTube и Twitter, а финансиски ја поддржуваа претплатниците на Patreon кои се навлекоа на нејзината работа.
Ја замоливме Dani да сподели некои од своите врвни совети со студентот по фотографија Jonty Clark, кој сакаше да дознае повеќе за фотографирање животни во дивината. Jonty го снабдивме со EOS R7 од Canon, којшто Dani го користеше на фотосесијата на диви животни во Шпанија, па ги сместивме во скривалиште за фотографирање од каде што сигурно ќе забележат птици грабливки што брзо летаат.
Ова е советот што Dani го откри дента, како и избор од најдобрите фотографии што ги направија со Jonty.