КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

„Мојата прва година низ отпечатени фотографии“: прославете ги важните моменти на вашето бебе со SELPHY CP1500 од Canon

Првата година во животот се случува само еднаш, но отпечатените фотоалбуми може да траат доживотно. Фотографот за портрети Jemella Ukaegbu ги споделува своите најдобри совети за снимање и овековечување на овој специјален период.
Човек лепи отпечатени фотографии во албум со колажи, а неколку отпечатени фотографии се поставени покрај SELPHY CP1500 од Canon.

Првата година од секоја специјална врска е исполнета со незаборавни моменти, како што е првата насмевка на вашето дете или првата прошетка со вашето ново кутре. Дури и нервозата што ја чувствувате на првиот состанок со личноста со која ќе го поминете остатокот од животот. Настаните како овие навистина вреди да се запомнат и да се прославуваат.

Фотографот за портрети Jemella Ukaegbu, позната како Mellz, знае како совршено да го долови моментот. Во нејзиниот професионален живот, таа фотографира свадби, крштевки и роденденски забави за своите клиенти, како и портрети на двојки и новороденчиња. Таа се вљубила во фотографирањето како дете, разгледувајќи ги фотоалбумите и отпечатените фотографии што ги снимиле нејзините родители. Од нив можела да види како се одвивал животот во периодот пред нејзините најрани сеќавања.

„Обожавам фотоалбуми бидејќи тие раскажуваат приказни со и без зборови, кои секој може да ги следи ако се задлабочи во нивните страници,“ вели Mellz. Откако се навратила на фотографиите од првата година на нејзината ќерка, Mellz знаела дека сака да се сеќава на неа низ повеќе од дигитални слики, па затоа создала фотоалбум со помош на SELPHY CP1500 од Canon. Овде таа ги споделува своите совети што ќе ви помогнат и вие да го сторите истото.

Започнување: процесот на избор

Девојче разгледува семејни фотографии со својата мајка.

Избирањето фотографии за вашиот албум е многу забавно и нешто во што лесно може да ги вклучите вашите деца. Апликацијата SELPHY Photo Layout од Canon може да го поедностави процесот бидејќи ви овозможува да ги печатите омилените слики директно од вашиот паметен телефон.

Човек ја користи апликацијата SELPHY Photo Layout од Canon на својот паметен телефон за да создаде колаж од четири фотографии.

Апликацијата SELPHY Photo Layout од Canon има вградени шаблони што ви овозможуваат да подредите повеќе слики во едно печатење и да вклучите повеќе фотографии во вашиот семеен албум.

Веројатно не би имале време да ги разгледувате сите дигитални фотографии што сте ги снимиле во првата година на вашето дете. Додека се обидувате да го документирате секој скапоцен момент, дигиталните албуми на вашиот телефон и во мемориските картички на вашиот фотоапарат неизбежно ќе се исполнат со илјадници слики. Меѓутоа, со физичкиот фотоалбум или албум со колажи, тоа не е така. Со избирањето на најдобрите фотографии од илјадниците снимени фотографии и нивното печатење, постои многу поголема можност дека повторно ќе им се навратите на овие моменти. Самиот процес на избирање исто така може да биде убаво доживување.

„Јас сакам да организирам во секции,“ вели Mellz. „Месеците се полесни од достигнувањата, бидејќи галериите [на паметните телефони и лаптопите] може да се пребаруваат според месецот, со што ви се олеснува избирањето на фотографиите.“ За почеток, добро е да изберете неколку фотографии што најдобро го резимираат секој месец.

Ако ви е тешко да изберете, апликацијата SELPHY Photo Layout од Canon ви овозможува да подредите и до осум слики во едно печатење, така што дури и ако сте купиле само 50 листови хартија, не сте ограничени на само 50 слики. Таа исто така ви овозможува да додавате текст, налепници и рабови на вашите фотографии за да внесете уште поголема живописност во нив. Откако ќе направите папка со вашите омилени фотографии, време е да го приклучите печатачот.

Поставување на SELPHY CP1500

Раце вметнуваат картриџ во SELPHY CP1500 од Canon.

SELPHY CP1500 од Canon се испорачува со стандардна касета за хартија (PCP-CP400) за печатење со големина на поштенска картичка. Касетата за хартија PCC-CP400 за печатење со големина на кредитна картичка и печатење квадратни материјали и налепници, како и мини налепници, може да се купи дополнително.

Поставувањето на SELPHY CP1500 од Canon е едноставно. Прво, преземете ја апликацијата SELPHY Photo Layout во вашиот паметен телефон. Откако ќе ја инсталирате, користете ја апликацијата за да го скенирате QR-кодот на печатачот. Ова безжично ќе ги поврзе телефонот и печатачот, по што ќе ви преостане само уште една задача: да вметнете хартија и мастило.

SELPHY CP1500 поддржува повеќе типови на хартија, од хартија со големина на поштенска картичка (RP-108 и KP-36IP) до мини налепници (KC-18IL), а меѓу нив се и хартијата со големина на кредитна картичка (KC-36IP и KC-18IF) и хартијата со квадратна форма (KC-18IS). Секое пакување со хартија вклучува картриџ за мастило наполнет со точната количина на мастило.

Откако ќе вметнете хартија и мастило, може да изберете фотографија од вашиот паметен телефон преку апликацијата SELPHY Photo Layout. Ако повеќе сакате да печатите од компјутер или од фотоапарати од Canon1, може да го сторите тоа така што ќе извршите поврзување преку Wi-Fi или преку USB-C-кабел. Печатачот има и вграден читач што поддржува SD, SDHC и SDXC-картички.

Откако ќе го завршите поставувањето, потребна е само 41 секунда за да се отпечати фотографија. Малиот и лесен SELPHY CP1500 нуди висококвалитетно печатење од удобноста на вашиот дом, чиј квалитет е на ниво на фотолабораторија.

„SELPHY CP1500 го прави печатењето фотографии повозбудливо. Тој е доволно компактен за да го поставите во кујната, а кога ќе го здогледам, сакам да отпечатам повеќе. Поврзувањето со телефон и можноста за целосна контрола од апликацијата е неверојатно едноставно,“ вели Mellz.

Распоред на вашите фотографии

Раце држат фотографија отпечатена со SELPHY CP1500 од Canon, а печатачот стои врз маса, опкружен со повеќе отпечатени фотографии.

Пред да ги залепите, секогаш е добра идеја да ги наредите фотографиите за да го пронајдете редоследот што ви одговара. Ако отпечатите повеќе од што ви се потребни, поставете ги во рамка, испратете им ги на членовите на семејството или – ако печатите со хартија за налепници – одлепете ја задната страна и залепете ги на рамните површини во вашиот дом.

Човек лепи отпечатена фотографија од мајка која држи бебе во албум со колажи.

Печатењето на хартија за налепници ви нуди можност да ги залепите фотографиите во вашиот албум или колаж, без потреба од дополнителен лепак или селотејп. Навистина не може да биде полесно од тоа.

„Би им посоветувала на сите што прават фотоалбум од првата година на нивното дете да го сторат тоа во хронолошки редослед. Така и јас ги изработувам моите фотоалбуми, бидејќи сакам повторно да го доживеам целото патување, онака како што се случувало,“ вели Mellz.

Mellz го почнала албумот со фотографии од бременоста и вклучила слики од скенирањата направени пред раѓањето на нејзината ќерка за да го долови целосното доживување. Ако сакате да го следите нејзиниот совет и да го отпечатите целото патување, добра идеја е прво да ги отпечатите вашите фотографии и да ги подредите во хронолошки редослед пред да ги залепите во албумот.

Обидете се со поинакви распореди и бидете креативни со целата палета на типови на хартија, приспособувајќи го вашиот распоред на секоја нова страница. Ако сакате да вклучите документи, како што е изводот од книгата на родени на вашето дете или картичките со кои ви го честитале неговото раѓање, едноставно фотографирајте го документот и отпечатете го со SELPHY CP1500 од Canon за да го запомните секој момент и да додадете разновидност во вашата фотокнига.

Планирајте однапред: албумот за следната година и понатаму

Човек користи ножици за да исече отпечатени фотографии за да може да ги залепи во албум со колажи.

Откако ќе наредите повеќе фотографии на едно парче хартија за налепници, може да ги отсечете за да го претворите отпечатениот материјал во повеќе помали налепници. Пробајте комбинации на различни големини на хартија за да внесете разновидност во вашите албуми.

Жена му помага на своето дете да залепи фотографии во албум со колажи така што ги води неговите раце.

Разгледувањето фотоалбуми со вашето семејство е забавно, но изработувањето фотоалбуми од фотографии е уште позабавно. Не плашете се од валканите прсти: отпечатените материјали на SELPHY CP1500 од Canon се обложени со специјален слој што овозможува да траат до 100 години 2 .

Откако ќе го изработите првиот фотоалбум, може да употребите малку поинаков пристап за следниот. Може да одвоите малку повеќе време за да ги доловите моментите за кои знаете дека ќе се најдат во фотоалбумот, па дури и да користите соодветни реквизити, како што се роденденските торти или балони, за да ги означите специјалните моменти, а може да одвоите и малку повеќе време за да размислите за осветлувањето и композицијата во фотографиите од првиот училишен ден или семејните портрети. Еден совет за фотографирање од Mellz е да запомните дека „фотографијата е само цртање со светлина, затоа обидете се да ги доловите важните моменти во најдоброто време од денот или во добро осветлени простори“.

Откако ќе ги снимите вашите слики, не мора да ги печатите само за фотоалбумите. Фотографиите може да се сечат и да се лепат во албумите со колажи за да се постигне поголем уметнички впечаток. Отпечатените фотографии со големина на поштенска картичка овозможуваат уникатност и ќе им го разубават денот на вашите сакани. Отпечатените фотографии со големина на кредитна картичка може да ги носите во чантата како мал потсетник на особено среќен момент. Отпечатените налепници може да се користат за декорирање на предметите, мебелот во спалната соба или уредите во кујната.

Има огромен број начини да го подобрите вашиот живот со отпечатените фотографии, а SELPHY CP1500 од Canon ви го олеснува печатењето секој ден.

Напишано од Matthew Bowen

  1. Фотоапарати компатибилни со PictBridge.
  2. Доколку се чуваат во албум. Врз основа на забрзано тестирање, земајќи предвид температура од 23° C / 73,4° F и влажност од 50%.

Слични производи

Слични статии

  • ПЕЧАТЕЊЕ

    Најдобри печатачи од Canon за фотографии

    Без разлика дали сакате да ги изложите вашите фотографии во рамка, во колаж со фотографии или на налепница, пронајдете го најдобриот печатач за вашите креативни потреби.

  • ОСНОВИ

    Фотографирање слики за печатење

    Седум одлични совети за овековечување на спомените преку печатење.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ БЕБИЊА

    Совети за фотографирање бебиња

    Забавувајте се при фотографирањето бебиња и добивајте одлични резултати.

  • ОПРЕМА

    Придобивки од вистински фотоапарат

    Дознајте како Canon EOS R100 може да ви помогне да ги овековечите скапоцените спомени.