Како дел од нашиот PIXMA-предизвик за изработување модели од хартија, им дадовме задача на изработувачите на модели и семејствата да создадат прекрасни модели од хартија за различни прилики во текот на годината.
Сега, предизвикот за дизајнерот Pippa Hiscock беше да создаде украси за нејзината роденденска забава наесен за да ги развесели облачните и дождливи денови со шаблони од Canon Creative Park, печатач Canon PIXMA и нејзините омилени фотографии.
Предизвик за изработување модели од хартија 3: роденден наесен
Роденденска забава е секогаш забавна прослава, без оглед на вашата возраст. Годишните времиња играат улога во планирањето на забавите - летен роденден најубаво се слави во градина или во парк, а наесен е подобро да се организира собир во домот бидејќи времето е малку постудено. Роденденските забави за возрасни не мораат да бидат здодевни. Дури и ако врне, можете да се забавувате и да уживате со вашите најмили. Разбудете го детето во вас и играјте си со моделите на Canon Creative Park.
Стотиците шаблони од кои можете да изберете, вклучувајќи и украси за торта, знамиња и забавни игри ви овозможуваат да изберете која било тема, сѐ додека ве исполнува со детска радост. Создавање свои украси за забава е достапен начин за украсување и уникатен начин за персонализирање на вашата забава. Потоа, можете да ги рециклирате хартиените шаблони или да ги задржите за идни настани.
Canon Creative Park нуди многу забавни шаблони за секое достигнување - без оглед на тоа дали славите 5, 25 или 60 години. „Многу беше лесно да се најдат роденденски хартиени модели“, вели Pippa. „Одлично е што ти вели колку е тежок секој шаблон и колку време може да потрае изработката, така што знаете што да очекувате.
„Многу ми е важно да не користам пластика, особено кога станува збор за забава. На тој начин, можете да се забавувате без отпадот да ви тежи на совеста. По забавата, ги подарив преостанатите украси на соседите за повторно да се искористат пред да бидат рециклирани“.
Pippa е уметник што изработува хартиени колажи и отсекогаш сакала да изработува нешта со своите раце. „Како дете, секогаш правев нешто од картон“, вели таа. „Нешто во врска со тоа навистина ме фокусира и ме опушта. Притоа, многу е исполнувачки да се има физички предмет што може да се користи кога ќе заврши процесот.
„Многу ми се допадна учествувањето во предизвикот бидејќи ги комбинираше моите омилени нешта - изработување, организирање и правење специјални моменти, а и торта - сето тоа без пластика“.
Видете како Pippa се справи со предизвикот додека таа ги споделува своите врвни совети за изработување свои роденденски украси од хартија.
Запознајте го креаторот
Што: Дизајнер и изработувач на домашни работи и подароци
Други учесници: кучето Rothko
Ќе ви треба
- Апликација или веб-сајт Creative Park
- Печатач Canon PIXMA, како што е серијата PIXMA TS5350a
- Мат фотохартија од Canon
- Фотохартија Plus Glossy II од Canon
- Ножици
- Линијар
- Лепило/пиштол за лепило/самолепливи точки
- Чепкалки за храна
- Самолеплива лента
- Вашите омилени фотографии
Избирање шаблони
За нејзината роденденска забава, Pippa реши да ги пребарува клучните зборови „роденден“ и „забава“ на Canon Creative Park, при што успеа да најде голем број впечатливи шаблони. „Сакав голем украс за ѕидот за да имаме убава заднина за многу смешни фотографии, па затоа украсот на кој пишува „среќен роденден“ и реквизитите за фотографирање беа очигледниот избор“, вели Pippa.
Откако ги реши поголемите елементи, Pippa се фокусираше на деталите, а што е роденден без торта? „Се разбира дека ќе има торта, поради што украсот за торта со мини знамиња беше совршен“, продолжува таа. „Овие само мораа да се исечат, превиткаат и залепат на конец, а потоа да се закачат на ѕид или да се врзат на дрвени стапчиња за тортата“.
Pippa ги советува тие што првпат започнуваат со ова да изберат неколку привлечни, но едноставни украси, како венец или транспарент со име, за почеток, како и да ја проверат оценката за тежина на секој шаблон. „Нешто како роденденски транспарент остава голем впечаток на вашата забава и е многу лесно за изработување“, вели таа.
Печатење на вашите шаблони
„Некои шаблони беа брзи и едноставни, а некои претставуваа поголем предизвик и бараа повеќе време и концентрација, но уживав да ги изработувам сите“, вели Pippa. „Ми беше прекрасно да изработувам и да пијам чај во исто време, а на крај имав многу разнобојни украси за забавата“.
Pippa го поврза нејзиниот печатач Canon PIXMA со нејзината домашна Wi-Fi-мрежа, а потоа се поврза со нејзиниот паметен телефон и апликацијата Canon Creative Park. На тој начин, таа можеше едноставно да ги пребарува шаблоните што сака да ги користи и да кликне на копчето за печатење.
Откако ги отпечати избраните шаблони, Pippa ги исече сите модели. Тогаш дојде време за клучната фаза на обележување пред превиткувањето на хартиените шаблони. Ова гарантира дека крајниот производ ќе биде силен и издржлив. Откако ќе ги обележите и превиткате шаблоните, залепете ги преостанатите делови, следејќи ги испорачаните инструкции, а потоа запомнете да ги оставите хартиените украси целосно да се исушат пред да ги користите како декорација.
Составување на украсите
Pippa искористи фотографии за да направи забавни и персонализирани чепкалки со знаменца што ги стави на колачиња. Ова е одличен начин да ја направите вашата забава уникатна. Исто така, тоа можете да го направите за свршувачка со фотографии од среќниот пар, или да ги користите вашите омилени фотографии од одмор или портрети од миленичиња. „И порано сум правела украси за колачи, но никогаш не сум користела фотографии“, вели таа. „Барањето фотографии за печатење од гостите беше многу забавно“. Таа дури и препорачува да ги изработите заедно со вашите пријатели за време на забавата за самите да изберат фотографија.
Pippa ги отпечати нејзините омилени фотографии врз фотохартија Plus Glossy II од Canon со печатач PIXMA, ги исече фигурите, а потоа едноставно ги залепи фотографиите на чепкалките за заби со биоразградлива самолеплива лента. Можете да ги направите двострани со тоа што ќе отпечатите две копии од вашите фотографии или ќе напишете интересна порака или име на задната страна.
Не заборавајте, лесно е да го додадете својот стил на постоечките шаблони на апликацијата Canon Creative Park со додавање цртежи или ленти, што и да посака вашето креативно срце. „Роденденските знамиња беа лесни за персонализирање со тоа што избрав прекрасно јаже со светли неонски бои на кое ги закачив“, вели Pippa.
Можете и да ги соберете пријателите и да создадете домашно направени подароци, или, ако сакате да се воздигнете на ново ниво, можете да се обидете да направите сложени хартиени модели од фина уметност.
Нека започне забавата!
Pippa и нејзините пријатели се забавуваа на роденденската забава. „Одлично си поминавме и снимивме неколку смешни фотографии со сите реквизити и маски за кабина за фотографирање“, вели таа.
Исто така, на сите им се допаднаа персонализираните чепкалки со знаменца со фотографии. Овие беа уникатни подароци за забава што може да се искористат повторно за други прослави. „Стапчињата со фотографии на колачињата ги насмеаја сите, а по забавата, сите добија парче торта за да си го однесат дома“, вели таа.
Pippa вели дека повторно би направила шаблони од Canon Creative Park. „Проектите за изработување беа забавни, а украсите беа понеобични, полични и поевтини отколку што би биле да ги купев готови“, вели таа. „Уште подобро е тоа што сѐ може да се рециклира потоа!“
Со Creative Park, планирањето и организирањето на роденденска забава може да биде забавна и креативна активност што можете да ја споделите со семејството и пријателите, без разлика на возраста. На крај, стари сме толку колку што се чувствуваме, па затоа, само напред - пребарувајте на Creative Park и ослободете го детето што живее во вас.
Ако ви се допаѓа идејата да комбинирате изработување со украси како алтернативна опција за пластика, тогаш внимавајте на нашиот последен предизвик за изработување модели од хартија што ќе биде фокусиран на празнични зимски прослави и видете што ќе можете да изработите годинава со шаблоните од Creative Park. Погледнете на нашата страница на Pinterest за инспирација и не заборавајте да ги споделите вашите креации со хаш-ознаката #MadeWithPixma!
CANON CLUB
Слични производи
-
Серија PIXMA TS5350a
Покажете ги вашите креативни дизајни со можноста за користење различни медиуми, одличните креативни апликации и опциите за беспрекорно поврзување со паметни телефони што ги нуди серијата PIXMA TS5350a
Слични статии
Најдобри совети за снимање одлични фотографии од забави
Доловете неверојатни фотографии од забави со овие лесни совети и техники.
Самите направете кабина за фотографирање Canon Zoemini
Со само Canon Zoemini S2 и апликацијата Mini Print, направете ја вашата следна забава позабавна со спомени во стил на кабина за фотографирање.
Зимски предизвик за изработување модели од хартија
Од украси што стојат на врвот на елката, до снегулки и лампиони, создајте празнични хартиени украси со печатач PIXMA и Creative Park.
Создајте приспособен празничен календар
Одбројувајте до Божиќ со свој празничен календар направен со помош на печатач од Canon и бесплатни шаблони од Creative Park од Canon.