Како дел од нашиот PIXMA-предизвик за изработување модели од хартија, им дадовме задача на изработувачите на модели и семејствата да создадат прекрасни модели од хартија за различни прилики во текот на годината.
Во последното издание од оваа серија што се состои од четири дела, го предизвикавме графичкиот дизајнер Chris Stenner и син му Eli да создаде празнични украси за Божиќ со шаблони од Canon Creative Park и печатач Canon PIXMA.
Предизвик за изработување модели од хартија 4: зимски украси
Предизвик 4: божиќни украси
Без оглед на тоа дали славите Божиќ или не, зимското украсување на вашиот дом може да ги развесели сите. Создавање сопствени украси е достапен начин да го обоите и развеселите вашиот дом како што деновите стануваат потемни. Потоа, можете да ги рециклирате хартиените шаблони - или да ги задржите за идни настани.
Без оглед на тоа дали ги избирате истите шаблони секоја година според семејните традиции, или сакате да создадете различна тема за вашата елка, Canon Creative Park нуди голем број празнични шаблони, од црвени и златни ѕвезди до минијатурни снешковци. На крајот на краиштата, во минатото, божиќните украси секогаш се правеле од достапни материјали, наместо да бидат купени од продавниците, а и целото семејство би се собрало во периодот пред Божиќ, заедно изработувајќи поединечни модели за елката.
Сите шаблони од Creative Park се достапни при различни нивоа на вештина, што значи дека има нешто за секого, без оглед на возраста или способностите.
Запознајте го креаторот
Што: графички дизајнер
Други учесници: Eli
Поради тоа што работи во креативна индустрија и има остро око за уметност и дизајн, Chris со задоволство го прифати предизвикот да направи нешто што претходно не го пробале со Eli. „Многу уживав во создавањето на оваа алтернатива на еднократна пластика“, вели тој. „Ми се допаѓа што знам дека можам да ги рециклирам откако ќе се скинат или откако ќе завршам со нив, наместо да создавам отпад. Ако сакам да ја сменам темата на елката, можам да ги задржам шаблоните и да направам повеќе украси со различни бои“.
Chris би го препорачал изработувањето модели од хартија секому, бидејќи смета дека многу исполнува. „Убаво е да се предизвикате самите себеси и да создадете нешто од почеток“, вели тој. „Eli обожава да бои и да црта ликови од цртани филмови, но сечењето и лепењето е убава промена од тоа што вообичаено го правиме“.
Ќе ви треба
- Апликацијата (или веб-сајтот) Creative Park
- Печатач Canon PIXMA, како што е PIXMA TS7650i
- Мат фотохартија од Canon или стандардна хартија за печатење (проверете во насоките за шаблонот)
- Ножици
- Линијар
- Лепило/пиштол за лепило/самолепливи точки
- Конец/лента
Избирање шаблони
Chris и Eli решија да изработат ѕвезди и снегулки како главните елементи во нивните украси за елката. За да најдете шаблони, пребарајте на Creative Park за „украси“ или проширете го пребарувањето со зборот „Божиќ“. Ако не ви се допаѓаат шаблоните од украсите, можете да изберете кој било дизајн што ви се допаѓа и да користите алатка за правење дупки за да протнете конец и да го закачите на елката. Можете да изберете нетрадиционална тема со пеперутки и да ги закачите со ленти. Нека ве води креативноста.
Шаблоните од Creative Park нудат забавна и трпелива активност во која може да се вклучат семејството и пријателите, а може и да биде креативна вечерна активност за време на училишните одмори за сите да го почувствуваат празничниот дух.
Печатење на вашите шаблони
Можете да се поврзете со вашиот печатач PIXMA преку вашиот паметен телефон и да ги отпечатите шаблоните откако ќе ги преземете, или од апликацијата Creative Park, или од веб-сајтот. Уверете се дека нема случајно да ги отпечатите двострано.
„Бев воодушевен од боите од печатачот PIXMA - излегоа многу живописно, а текстурата на светките на шаблоните од ѕвезди беше многу реална“, вели Chris.
Откако ќе изберете и отпечатите шаблони, време е за сечење - можете да употребите ножици или скалпел и подлога за сечење за посложените дизајни. Кога сите дизајни се исечени, уредно превиткајте ги долж линиите со онлајн упатствата за да видите какво превиткување е потребно. Обележете ги линиите на превиткувањата со линијар за шаблоните беспрекорно да се склопат кога ќе започнете со лепење. „Дефинитивно препорачувам да ги обележите превиткувањата“, вели Chris. „Формите ќе бидат многу поостри кога ќе завршите“.
Откако ќе ги обележите, можете да ги залепите шаблоните со помош на онлајн насоките. Можете да користите самолепливи точки, лепило, пиштол за лепило или еколошка алтернатива, но оставете ги моделите да се исушат пред да продолжите. Лепилото што го користите може да пресуди и дали ќе можете да ги рециклирате украсите. Ако изработувате со мали деца, пиштолите за лепило може да станат многу жешки, па можете да се префрлите на PVA за децата да можат да продолжат да работат со вас. Но, имајте предвид дека на дизајните ќе им треба подолго време да се исушат.
Составување на украсите
Откако ќе ги склопите украсите и истите ќе се исушат, можете да закачите конец или лента. Ова можете да го постигнете со алатка за правење дупки, или, ако има место, да го протнете конецот низ горниот дел на дизајнот. Можете да ги приспособите украсите уште повеќе ако ги украсите со пенкало, бои или налепници.
„Закачувањето лента на нашите украси беше многу едноставно“, вели Chris. „Мислев дека ќе биде сложено, но само направивме дупка и го врзавме конецот низ неа. Многу лесно се закачи на елката“. Chris и Eli користеа конец за изработување модели со пругаст дизајн, но вие можете да ги приспособите вашите украси со каков било материјал, од кафеав коноп до црвена лента или тенки украсни ленти.
Chris го опишува изработувањето на шаблоните како искуство што опушта. „Сечењето ѕвезди и снегулки предизвикува големо чувство на задоволство. Можете многу да се занесете - почнувајќи од сечењето, па сѐ до лепење на крајните креации“.
За Eli, ова беше една од најтешките етапи во процесот, но, со малку поддршка, тој успеа. „Некои делови беа тешки и малку сложени, како сечењето, но тато ми помогна“, вели тој.
Почнете да украсувате!
Откако вашите дизајни се завршени со додавање лента или конец, можете да ја украсите елката, знаејќи дека самите сте ги изработиле украсите. Гордо ставете го на место вашиот омилен украс - можете и да се обидете да направите украс што ќе стои врз елката за да го комплетирате изгледот.
„Мислам дека изгледаат одлично на елката“, вели Chris. „Украсите се многу разнобојни, а поради тоа што ги направив со син ми, ми значат многу повеќе од украси што можат да се купат од продавница. Мислам дека процесот многу исполнува, не само поради тоа што се користат материјали што може да се рециклираат за да ја украсите елката, туку бидејќи ги создавате од почеток со семејството. Не станува збор за обично ставање ѕвезда на елката, туку ја украсувате со љубов“.
CANON CLUB
Chris вели дека сега е зависен од изработување модели од хартија со неговото семејство. „Дефинитивно пак ќе го правиме ова“, вели тој. „Ми значеше тоа време со син ми, седевме на масата и изработувавме нешто наместо да се губиме во телефоните“. И на Eli многу му се допадна процесот и се надева дека ќе изработи повеќе дизајни од Creative Park со татко му.
Хартиените божиќни украси се забавни за целото семејство, а притоа, создаваат долготрајни спомени. Би можеле и да им дадете хартиени украси на вашето семејство и пријателите - на крајот на краиштата, домашно направените подароци се најзначајни.
Ако ви се допаѓа идејата да комбинирате изработување модели од хартија и украсување на домот, погледнете ги и другите изданија во оваа серија за да видите што сѐ е можно со шаблоните од Creative Park. Погледнете на нашата страница на Pinterest за инспирација и не заборавајте да ги споделите вашите креации со хаш-ознаката #MadeWithPixma!
Слични производи
-
PIXMA TS7650i
Брз, висококвалитетен печатач што беспрекорно се вклопува во вашиот дом благодарение на неговата компактна големина и едноставното користење. -
Matte Photo Paper MP-101D
Реализирајте ги вашите идеи со овој медиум со разновидна примена. Тој е идеален за луѓе со различни хобија и оние кои изработуваат модели од хартија и затоа претставува совршен избор за изработка на сопствени честитки, колажи или проекти со модели од хартија од Creative Park.
Слични статии
Декорации од хартија за маса
Направете прекрасни декорации за маса за сите пригоди со Creative Park.
Печатење божиќни честитки
Направете сопствена празнична фотосесија и отпечатете уникатни божиќни честитки.
Снимете подобри божиќни фотографии оваа година
Фотографот Lena Petrova дава совети за подобрување на вашите празнични фотографии.
Создајте приспособен празничен календар
Одбројувајте до Божиќ со свој празничен календар направен со помош на печатач од Canon и бесплатни шаблони од Creative Park од Canon.