Забавувајте ги децата со фиџети направени од хартија што можете лесно да ги преземете како шаблони и да ги изработите, а секако и да се забавувате со нив.
Paula Milner е ентузијаст за изработка на модели и дизајнерка за текстил која живее во Обединетото Кралство. Позната е под името The Crafty Lass на Instagram, каде што ги споделува своите инспирации за изработка на модели и моменти од животот во нејзиниот дом со повеќе од 6.000 следбеници. Freddie, најстариот син на Paula, има аутизам и чека дијагноза за АДХД, што значи дека му е потребна дополнителна помош - нешто за кое Paula разговара отворено и искрено на нејзините социјални канали.
Изработувањето модели отсекогаш било голем дел од детството на Freddie, и иако понекогаш му е тешко да се концентрира подолго време, Paula пронаоѓа начини да му го задржи вниманието. „Freddie е навистина заинтересиран за работата на мама и тато“ - вели Paula. „Татко му е инженер и многу е добар со броеви, па затоа и Freddie е заинтересиран за играчки и игри со броеви. Ако ме види како плетам или шијам, сака да научи како се прави тоа - веќе знае да зашие копче и има направено свој јорган. Многу е заинтересиран за секоја активност што веднаш му дава резултати“.
Paula неодамна дозна за Creative Park од Canon, со чија помош го забавува Freddie со безброј проекти за модели од хартија што се лесни за изработка. Фиџетите изработени од хартија се одлична алтернатива за пластичните опции, а целиот процес за Freddie делува многу смирувачки, почнувајќи од изработка на своите играчки до играње со нив. Фиџетите не се само за деца - тие нудат занимација за рацете и им помагаат на возрасните да се концентрираат доколку чувствуваат немир или нервоза.
Ако сакате да изработите свои фиџети, ова е сè што ќе ви биде потребно, плус малку инспирација од Freddie и Paula.