Персонализирајте го вашиот свет со налепници

Изразете ја вашата креативност и украсувајте ги телефоните, лаптопите и другите уреди со преносливите печатачи од Canon.
Жена облечена во виолетов џемпер држи паметен телефон за да сними автопортрет, а до неа се насмевнува жена облечена во темносин џемпер.

Не можете да најдете соодветна футрола за вашиот паметен телефон или лаптоп? Дизајнирајте сопствен изглед и веднаш отпечатете го со пренослив печатач од Canon, без да треба да правите компромиси со стилот или да чекате испорака.

Приспособувањето на вашите технолошки уреди е совршена можност да си го изразите карактерот. Користете ги омилените бои, спомени од патувањата, групни автопортрети или инспиративни цитати. Вака може да направите вашите нешта да бидат лесно препознатливи и да бидат добра прилика за започнување разговор.

Освен за персонализација на вашите уреди, налепниците се забавен и едноставен начин да го внесете вашиот карактер во сѐ и сешто. Не се само украсни, туку може да бидат и практични, за означување и организирање.

Палетата на компактни печатачи од Canon го олеснува директното печатење од паметен телефон, а изборот од хартии со самолеплива задна страна ви овозможува да создавате налепници и персонализирани етикети за само неколку секунди и потоа да ги користите за украсување на вашите нешта и секојдневни предмети.

Со Canon SELPHY QX20, печатењето налепници е едноставно и брзо. Можете да изберете меѓу две различни големини на фотохартија со самолеплива задна страна, квадратна или големина на картичка, кои се одликуваат со граница врз која може да се пишува, одлична за ознака или за вашето име, за да ги приспособите вашите налепници за секоја намена. Уште еден печатач од палетата на SELPHY – SELPHY CP1500, има и мини налепници покрај квадратните и налепниците со големина на картичка. Палетата Canon Zoemini има два вида на хартија за налепници - правоаголна и кружна, којашто е помала.

Жена облечена во виолетов џемпер користи апликација за печатење од Canon за да ги приспособува своите фотографии, а на масата се поставени Canon Zoemini S2 и паметен телефон.

Двете палети на преносливи печатачи од Canon се испорачуваат со придружна апликација што нуди голем број опции за да бидете креативни со вашите дизајни, без разлика дали се работи за колажи или аранжирање, цртежи или додавање филтри и рамки. Тоа е совршен начин да ги додадете завршните лични детали пред печатењето и лепењето.

1. Изберете и уредете ги вашите слики

Откако ќе се одлучите за дизајнот, има многу начини на кои може дополнително да го персонализирате. Благодарение на апликациите за фотографии и печатење од Canon, може да пробате различни опции на вашиот телефон пред да ги отпечатите.

Canon SELPHY QX20 и SELPHY CP1500 се компатибилни со бесплатната апликација Canon SELPHY Photo Layout, која ви овозможува да експериментирате со распоредите и завршните обработки, а потоа да печатите безжично, директно од апликацијата. Можете да додавате уметнички детали како печати, филтри, рабови и текст, како и да создавате колажи, рамки и приспособливи рабови. Може да ги користите и шаблоните за распоред на повеќе фотографии за да поставите неколку слики во една налепница, а потоа да ги исечете за да создадете помали дизајни.

Палетата Canon Zoemini е компатибилна со апликацијата Canon Mini Print, која ви овозможува креативна работа со филтри, рамки, налепници и цртежи, како и алатки за колажи и аранжирање.

Canon Zoemini S2 е инстант печатач, но и камера. Неговото вградено огледало за автопортрети и прстенестото светло би требало да ви понудат совршени фотографии, но сепак може да експериментирате со нив во апликацијата Canon Mini Print.

Две дланки држат мал лист со две кружни налепници и ја одлепуваат едната. Зад нив, на маса е поставен Canon Zoemini S2, опкружен со други отпечатени фотографии.

Може да го поврзете вашиот паметен телефон преку Bluetooth со печатач од палетата Canon Zoemini за да печатите дизајни веднаш, дури и во движење.

Приказ одозгора од два печатачи Canon SELPHY QX20 и два SELPHY CP1500 во различни бои опколени со отпечатени фотографии во различни бои, а во долниот десен агол има паметен телефон.

И Canon SELPHY QX20 и SELPHY CP1500 се поврзуваат со вашиот телефон преку Wi-Fi и можат да произведат издржливи и долготрајни отпечатени материјали и налепници во различни големини, поради што вашите слики можат да скокнат од вашиот профил на социјални медиуми до капакот на вашиот лаптоп за еден момент.

2. Изберете самолеплива фотохартија од Canon и печатете

Следно, треба да одлучите каква хартија или налепници сакате да користите и да ги ставите во преносливиот печатач. Палетата Canon Zoemini користи фотохартија Canon ZINK™, која нуди печатење материјали со самолеплива задна страна и без рабови и печатење материјали со самолеплива задна страна отпорни на вода и кинење, кои може да се исечат во секоја форма или големина. Или, пак, зошто да не ги пробате однапред исечените кружни налепници? Тоа е едноставен начин за печатење мини налепници, за да може да сликате автопортрет со најдобриот пријател и да го залепите споменот на футролата на вашиот телефон за само неколку секунди.

Canon SELPHY QX20 користи две големини за хартија за налепници со рабови, која се одликува со дебел раб во кој може да впишувате датуми, имиња или цитати за инспирација. За да имате уште повеќе избор, поголемиот печатач Canon SELPHY CP1500 може да печати во повеќе големини, вклучувајќи мини налепници и налепници со големина на кредитна картичка. SELPHY CP1500 се поврзува и преку USB ако сакате да печатите од друг уред. Вметнете ја хартијата и вашите фотографии ќе бидат отпечатени за неколку секунди.

Освен тоа, фотохартијата ZINK™ и палетата хартии за налепници SELPHY може да се отстранат без да остават траги, така што, ако ви здодеат вашите дизајни, едноставно може да ги одлепите и да почнете одново.

Жена облечена во виолетов џемпер се насмевнува додека на глава става слушалки украсени со кружни фото-налепници.

Украсените уреди може да го отсликуваат вашиот стил, па дури и да се усогласат со вашата омилена облека. Тие се начин да се изразите себеси и да се издвоите од останатите.

На маса има две тетратки, една помала и една поголема, а рака става квадратна налепница на помалата. На едната страна има шолја за чај, а на другата страна има печатач Canon SELPHY QX20.

Печатењето персонализирани налепници може да ви помогне да се организирате. Со Canon SELPHY QX20, можете да печатите врз фотохартија во квадратна форма или со големина на картичка, со самолеплива задна страна, за да соодветствува за тетратки, планери или предмети во домот.

3. Залепете и уживајте секаде

Сега треба да ја одлепите задната самолеплива страна и да го залепите отпечатениот материјал врз избраниот предмет. Може да биде корисно ако прво ја исчистите површината за да биде рамна и без остатоци. Внимателно одлепете ја задната самолеплива страна и залепете со еден бавен потег. Тука линијарот може да ви помогне да одлепувате и залепувате по права линија, движејќи го стабилно врз налепницата.

Кога уредите ќе изгледаат добро, можеби ќе забележите и други нешта на кои може добро да им дојде малку украсување. Ако сте му дале на паметниот телефон свеж и нов изглед, зошто да не ги украсите и слушалките во сличен стил? Следат уште некои креативни начини за користење приспособени налепници за да го персонализирате вашиот свет.

Корисник става налепница од разнобојна фотографија на тегла со џем од јагоди. На масата во заднина има шолја чај, ножици и пренослив печатач Canon SELPHY QX20.

Зошто би користеле досаден и обичен уред за етикети кога Canon SELPHY QX20 може да печати живописни и долготрајни слики во боја на налепници, разубавувајќи ги вашите полици покрај тоа што ги организира?

Слика снимена одозгора од разнобојни вежбанки, листови со налепници и Canon SELPHY CP1500 што печати слика од млада девојка која носи училишна униформа.

Освен за обележување на нивните книги и прибор, печатачот Canon SELPHY CP1500 може да се користи за печатење обележувачи за книги, распореди и други помагала за да им помогне на децата да се организираат за училиште.

1. Создајте уникатна опрема за играње игри

Персонализацијата е многу важна за гејмерите. Зошто да се ограничите на вашиот телефон, таблет и лаптоп? Без оглед на тоа дали се работи за вашата конзола за играње игри, контролерот или компјутерот за играње игри, приспособените налепници додаваат слој на уникатност на вашата опрема. Замислете ги вашите контролери, украсени со налепници со вашите омилени ликови или лого-ознаки од игри.

2. Украсете го вашиот простор и забавувајте се со семејството

Печатењето налепници нуди идеална можност заедно да бидете креативни. Отпечатете налепници од вашите семејни фотографии и користете ги за да го украсите фрижидерот или предмети како велосипеди и играчки, или создајте приспособени семејни календари. Canon SELPHY CP1500 може да печати во различни големини за да соодветствува на различни проекти. Овие издржливи и живописни налепници се совршени за децата да можат да го персонализираат својот училиштен прибор. (А нивното создавање е одлична семејна активност.)

Раката на корисник лепи налепница на горната фиока од мала група од три на биро со хартија за моделирање, украсени кутии, пенкала и моливи во тегла, како и печатач Canon SELPHY QX20.

Организирајте ја вашата домашна канцеларија или биро за моделирање со налепници отпечатени со пренослив печатач Canon SELPHY QX20.

Раце лепат кружни фото-налепници на светлосино шише за вода, а зад него има печатач Canon Zoemini.

Палетата Canon Zoemini се одлични придружници за фестивали – кружните налепници се совршени за обележување неопходни нешта како шишиња за вода, чизми за на дожд и столчиња на расклопување.

3. Организирајте со стил

Освен за украсување, налепниците се многу корисни за организација на вашиот дом, работното место и просторот за творење. Создајте приспособени ознаки за вашите тегли и шишиња, или за фиоките во вашиот дом. Наместо само ознака, додајте слика за веднаш да го најдете тоа што го сакате. За расипливи производи, можете да ги забележите датумите за поминување на рок на налепницата. Хартијата за налепници е лесна за сечење, поради што можете да создадете помали ознаки за сите ваши потреби.

4. Персонализирајте ги вашите предмети

Разубавете ги секојдневните предмети со забавни налепници кои се уникатни, исто како вас. Одите на фестивал, на патување, или на универзитет? Направете ги вашите шишиња за вода, кутии за храна и друга опрема лесно препознатливи со уникатна налепница. Тоа е едноставно решение и за семејни излети!

Кој печатач и да го изберете, печатењето свои налепници нуди нови можности кога станува збор за персонализација и креативност. Од украсување на вашите технолошки уреди до организирање на вашиот дом, лесно е да создадете приспособени налепници кои се и прекрасни, и корисни.

Напишано од Kat Halstead, Angela Nicholson и Sarah Kay Bland

Слични производи

Слични статии

Најдобрите преносливи печатачи од Canon

Истражете ја палетата на компактни печатачи од Canon за да дознаете кој е најсоодветен за вас.

Отпечатете си ваши етикети

Рачно изработените отпечатени етикети може да ви помогнат да го организирате вашиот живот, домот и хобијата.

Бидете креативни со компактните печатачи за фотографии

Пет начини да се забавувате со печатењето, од персонализирани картички до приспособени фотографии за моментално споделување.

Документирање проект

Документирајте 100 дена од личен проект со Canon Zoemini 2 и пакет со 100 листови фотохартија.