Патувајте со лесен багаж: фотографирајте ја природата со компактниот PowerShot SX740 HS LITE

Пет причини поради кои PowerShot SX740 HS LITE EDITION е совршен за фотографирање диви животни.
Стадо зебри на поило во Националниот парк Најроби во Кенија, снимени од Georgina Goodwin.

Верверичка што трча по гранка; елен што срамежливо ѕирка зад дрвјата; црвеногушка закачена на сад за хранење: за фотографирање диви животни ви се потребни брзи реакции и можност за доближување до случувањата без да ги исплашите субјектите. Без разлика дали се шетате, седите во градината или сте на сафари, џебниот Canon PowerShot SX740 HS LITE со оптички зум до 40x и 4K-резолуција може да ве доближи до случувањата и да ви помогне во снимањето на совршената слика.

Ќе ви кажеме пет причини поради кои овој лесен и компактен фотоапарат со зум е идеален за патување со малку багаж.

1. Доловувајте случувања во далечина со зум до 40x

Фотографија од гну на ливада во Националниот парк Најроби, Кенија.

Гну на ливада во Националниот парк Најроби, Кенија. Фотографирано со Canon PowerShot SX740 HS LITE со избрани 1/3200 сек., f/8 и ISO 400. © Georgina Goodwin

Слика одблиску од гну во Националниот парк Најроби во Кенија, снимена од Georgina Goodwin.

Благодарение на моќниот оптички зум до 40x и технологијата ZoomPlus, оваа слика од гну во Кенија е остра и во фокус и покрај тоа што е снимена со зум. Фотографирано со Canon PowerShot SX740 HS LITE со избрани 1/2000 сек., f/8 и ISO 400. © Georgina Goodwin

Благодарение на моќниот оптички зум до 40x на Canon PowerShot SX740 HS LITE, нема потреба да им се доближувате на животните и да ги исплашите, а со тоа ќе надминете една од најголемите пречки за фотографирање диви животни и ќе фотографирате од далечина. Функцијата за помош при обликување на кадарот ќе ви помогне да го ставите субјектот во кадарот, а технологијата ZoomPlus на фотоапаратот двојно го зголемува оптичкиот зум на дигитален начин за да добиете вкупен зум до 80x.

2. Џебна големина и преносливост

Со компактните фотоапарати нема да пропуштите ниту еден момент бидејќи може да ги носите насекаде со вас - од шума до ливада, од сафари до плажа. Со дебелина помала од 4 cm, лесниот фотоапарат Canon PowerShot SX740 HS LITE може лесно да се носи во џеб за да ви биде при рака кога ќе ви затреба, подготвен да ја долови птицата грабливка што ќе се спушти од небото или урбаната лисица што се крие во сенките. Можностите се бесконечни со овој компактен придружник: ќе ви овозможи да фотографирате диви животни со висока резолуција во секое време и на секое место.

3. Повеќе агли

LCD-екранот што се врти на Canon PowerShot SX740 HS LITE ви овозможува да снимите совршен автопортрет „во природа“, особено во комбинација со режимот за автопортрети на фотоапаратот. Можноста за вртење до 180 степени е неверојатно практична и ќе ви овозможи, на пример, да фотографирате од висина на колкот без да се наведнувате, а сепак да ја гледате фотографијата што ќе ја снимите.

4. Споделувајте ги вашите слики

Слика одблиску од носорог што пасе трева во Националниот парк Најроби.

Слика одблиску од еден од 60-те носорози во Националниот парк Најроби заедно со две птици (Oxpecker), позната под името птици што стојат на неговиот грб. Ваквите слики се совршени за споделување со пријателите на социјалните медиуми. Фотографирано со Canon PowerShot SX740 HS LITE со избрани 1/400 сек., f/6,9 и ISO 200. © Georgina Goodwin

Ако сакате да ги споделувате вашите слики со пријателите и семејството, тогаш опциите за поврзување преку Bluetooth и Wi-Fi ќе ви овозможат лесно да го поврзете Canon PowerShot SX740 HS LITE со вашиот паметен телефон. Активирајте ја функцијата за автоматско префрлување на апликацијата Canon Camera Connect и вашите слики ќе се префрлуваат за неколку секунди во вашиот телефон или таблет-уред за да ги објавите на социјалните медиуми или да ги испратите на саканите. Дури и ако фотографирате само поради тоа што уживате во тоа, оваа функција е многу практична - овозможува многу лесно правење резервни копии од најновите фотографии што сте ги снимиле во компјутер.

5. Снимајте 4K-видео

Не правете отстапки за квалитетот за видео доколку се одлучите за компактен модел. Малиот, но сепак моќен Canon PowerShot SX740 HS LITE EDITION снима неверојатни 4K-видеоснимки со кои може да го доловите дебелото животинско крзно или интересните шари на пердувите на птиците. Високата резолуција, заедно со оптичката стабилизација на сликата, ќе ви овозможи да снимате со ист квалитет дури и ако се движите. Достапни се и опции за снимање фотографии од снимените видеосодржини и режим за снимање видеозаписи со забрзани движења - идеално за доловување на прекрасно зајдисонце.

Напишано од Tamzin Wilks

Слични производи

Слични статии

Совети за фотографирање диви животни

Совети и техники со кои ќе го однесете фотографирањето диви животни на повисоко ниво и ќе извлечете максимум од вашиот фотоапарат и објективите од Canon.

Како да фотографирате птици

Совети и најдобрата опрема за почетници за фотографирање птици.

Уживајте во природата

Фотографот за диви животни Tolga Aktas говори како PowerShot ZOOM може да ви помогне да уживате во моментот.

Фотографирање птици со објективот RF 200-800mm F6.3-9 IS USM

Професионален фотограф и ентузијаст се здружуваат за да го тестираат објективот RF 200-800mm F6.3-9 IS USM на терен.