Не треба да патувате далеку од дома за да уживате во забавна авантура. Децата обожаваат да си играат - особено ако постои можност на крајот да добијат некаква награда. Со малку креативност и помош од моделите од хартија во Creative Park, вашиот печатач од Canon и двострана мат фотохартија, лесно може да создадете ваша сопствена мини-игра дома – без разлика дали се работи за мапа за богатство што води до скриени чоколадни златници или мапа за авантури што во себе крие предизвици.
Штом одлучите каде ќе биде локацијата на вашиот предизвик, може да отпечатите мапи за да ги споделувате со семејството и пријателите, а потоа да ги изработите ковчежињата со слатки богатства што ќе ги скриете во градината или во локалниот парк. Тоа е идеална опција за родендени или собири, но е и одличен начин да ги забавувате децата за време на летните празници. Освен тоа, се работи за забавен проект за печатење во кој може да се вклучи целото семејство, а може да се изведе во седум едноставни чекори.
Отпечатете ја вашата забавна семејна потрага по богатство
1. Дизајнирајте ја вашата мапа
Штом одлучите каде ќе се одржи вашата потера по богатство, ќе треба да создадете мапа на областа. Не грижете се дали изгледа премногу автентично, бидејќи ви треба нешто што вашите деца ќе може лесно да го користат. Обидете се да вметнете знаменитости што вашите деца лесно ќе ги препознаат – можеби некој објект во вашата градина или карактеристично дрво во локалниот парк. Не заборавајте да додадете многу бои за мапата да биде привлечна.
2. Копирајте и отпечатете
Веројатно ќе ви биде потребна повеќе од една мапа, особено ако изработувате мапи за група луѓе. Добрите вести се дека ако користите печатач од Canon како што е серијата PIXMA TS8350 од Canon, лесно може да ја копирате и да ја отпечатите мапата и да изработите толку примероци колку што ви требаат. Едноставно поставете ја мапата на скенерот, вметнете хартија, стиснете „Copy“ (Копирај) на екранот на допир и следете ги упатствата на екранот. Не заборавајте да го изберете точниот вид на медиум во поставките за печатење, ние во овој случај користевме мат фотохартија.
3. Користете ја апликацијата Creative Park
Откако ќе ги отпечатите мапите, време е да ги подготвите ковчежињата со богатство, а нема подобро место на кое ќе ги најдете отколку Creative Park од Canon. Можете да користите верзија за компјутери или, пак, ако сакате извонредна едноставност, наменската апликација Creative Park1 што е достапна во App Store и Google Play. Откако ќе ја преземете, ќе треба да создадете сметка доколку веќе немате, но таа е бесплатна и ви нуди пристап до стотици креативни шаблони и идеи што може да ги отпечатите со вашиот печатач од Canon. За да пронајдете соодветни ковчежиња со богатство, едноставно пребарајте „кутија“ и изберете! За да одговара на нашата избрана тема, користевме голем избор на кутии, вклучувајќи и коцка прошарана со листови и дизајн што одговара на ковчеже за богатство.
4. Отпечатете ги вашите модели од хартија
Благодарение на можноста за безжично поврзување на печатачите од Canon, како оние од серијата PIXMA TS8350, можете лесно да ги печатите избраните шаблони директно од апликацијата. Ќе видите икона со печатач во долниот лев агол на екранот, допрете ја и апликацијата Canon PRINT ќе ве води низ процесот на печатење, од изборот на големина на хартија до видот на медиум што ќе го користите. Откако ќе ги завршите чекорите, апликацијата Creative Park безжично ќе ги испрати информациите до печатачот и тој ќе почне да печати.
5. Изработете ги ковчежињата со богатство
Откако ќе ги отпечатите дизајните за ковчежињата со богатство, време е за малку забава при нивното составување. Прво треба да ги отсечете – нешто што треба да го направи родителот, но ако имате ножички соодветни за деца, слободно дајте им на вашите малечки да се обидат. Некои дизајни функционираат со едноставно преклопување, а за други ќе биде потребно да користите малку лепак, а за повеќето ќе бидат потребни само неколку преклопувања за да го добиете ковчежето. Запомнете дека апликацијата Creative Park нуди едноставни упатства „чекор по чекор“ што може да ги следите.
6. Додајте ги наградите и скријте ги ковчежињата со богатство
Ковчежињата со богатство се изработени, а вашите деца веројатно потскокнуваат од возбуда – време е да ги наполните и да ги сокриете во градината или во локалниот парк, па потрагата по богатство може да започне. Обидете се да го направите ова без малите очиња да ве следат низ градината и да видат каде ги поставувате. Откако сите ковчежиња ќе бидат на своето место, означете каде е скриено богатството на мапата.
7. Нека започне потрагата по богатство!
Земете ги мапите и помогнете им на децата при нивната потрага по ковчежињата и кутиите со богатство. Не заборавајте да го понесете вашиот фотоапарат од Canon за да снимите фотографии за паметење што подоцна може да ги споделувате!
Напишано од Phil Hall
- За повеќе информации за поддржаните инк-џет печатачи од Canon, погледнете на оваа веб-страница.
Слични производи
-
Печатачи за во домот | Серија PIXMA TS8350
PIXMA TS8350 (Black)
Бидете креативни со различни медиуми и добијте побогати и поживописни отпечатени фотографии благодарение на технологијата FINE и 6-те посебни мастила. -
Инк-џет печатачи
Matte Photo Paper MP-101D
Реализирајте ги вашите идеи со овој медиум со разновидна примена. Тој е идеален за луѓе со различни хобија и оние кои изработуваат модели од хартија и затоа претставува совршен избор за изработка на сопствени честитки, колажи или проекти со модели од хартија од Creative Park.
Слични статии
Забавувајте се со Creative Park
Украси и реквизити што може да ги отпечатите дома со помош на апликацијата Creative Park.
Направете украси од диносауруси со Creative Park
Украсете ја детската соба на вашето дете на достапен начин со праисториски модели од хартија.
Создајте своја книга со приказни
Ослободете ја вашата фантазија со рачно изработена книга со приказни создадена со Canon SELPHY CP1500.
Подобрете си го расположението со отпечатени материјали
Отпечатете ги вашите омилени моменти и украсете го домот со спомени.