Rafaella навистина ужива да биде креативна и постојано бара инспирација. „Ги сакам сите работи што може да се изработат“ - вели таа. „Најомилено ми е да правам колажи. Одамна не сум правела, се разбира заради бебето, но го обожувам тоа“.
Како што денот станува сè пократок и поминуваме повеќе време дома, тоа е совршена можност за да ги прегледате сликите што сте ги снимале годинава и да се подготвите за следните 12 месеца. Има ли подобар начин за да се организирате од создавање приспособен календар со сите ваши омилени семејни моменти?
Домашно направен календар што ќе го отпечатите со вашиот печатач PIXMA од Canon е одлична можност за да се присетите на драгоцените семејни моменти што сте ги снимиле со вашиот телефон или фотоапарат и да изберете совршени слики што ќе го одбележат секој месец. Или, пак, може да изберете слики од местата што сте ги посетиле, а притоа да ги усогласите расположението и локацијата со сезоната?
Фотографката, инфлуенсерка и нова мајка Rafaella Ponce од југозападниот дел на Обединетото Кралство придоби 19,6 илјади следбеници на Instagram преку споделување на нејзиниот живот со мажот и детето, како и други креативни содржини. Таа раководи и со апликација за маркетинг на инфлуенсери која им помага на брендовите и инфлуенсерите да се поврзат меѓусебно.
Тука ќе ни објасни за изработување модели и ќе ни покаже како создавањето сопствен календар исполнет со прекрасни спомени од целата година може да биде забавна и едноставна активност: сè што ви треба е печатач и малку креативност.