Праќањето персонализирана честитка за Божиќ е убав гест и многу позабавен отколку одењето во продавница. Лесно може да изработите честитка по ваша желба - сè што ви треба е фотографија што сакате да ја споделите, печатач Canon PIXMA (на пример, серијата Canon PIXMA TS5350a) и пакување двострана мат хартија од Canon.
Ако одлучите да користите ваша фотографија, тогаш треба да ја вчитате таа фотографија во апликацијата Easy-PhotoPrint Editor за да ја додадете во шаблон и да ја украсите со текст и графика. Ако сакате да снимите нова слика, зошто не ги опфатите пријателите и членовите од семејството кои носат празнични џемпери? Или, пак, следете го нашиот пример и направете фотосесија со портрети од домашното милениче за Божиќ. Без оглед која опција ќе ја изберете, овие седум едноставни чекори ќе ви помогнат полесно да создадете и отпечатите сопствена и уникатна божиќна честитка.
Отпечатете уникатни честитки што ќе ги праќате за Божиќ
Ќе ви треба
- Печатач Canon PIXMA (на пример, серијата Canon PIXMA TS5350a)
- Двострана мат хартија од Canon
- Празнични фотографии
- Апликација Easy-PhotoPrint Editor
1. Снимете стилска фотографија
Ако одлучите да снимите сопствена слика, зошто не се обидете да направите празнична заднина? Creative Park нуди шаблони за божиќни украси што може да се преземат - достапни се секакви дизајни, почнувајќи од венци и написи па сè до снегулки и украси со Дедо Мраз. Може да пронајдете и многу празнични идеи во апликацијата Creative Park која е достапна и за iOS и за Android - треба само да ја преземете од App Store или Google Play. За да печатите од апликацијата Creative Park ќе треба да поврзете компатибилен инк-џет печатач Canon PIXMA - погледнете ја листата на поддржани модели на печатачи*.
2. Изберете шаблон за честитката
Апликацијата Easy-PhotoPrint Editor нуди голем избор на шаблони за божиќни честитки. Треба само да ја отворите апликацијата и да изберете „Cards“ (Честитки) на почетниот екран за да ги погледнете достапните дизајни. Ако сакате да го ограничите изборот на шаблони што се специјално дизајнирани за однапред превиткана двострана мат хартија, допрете го копчето „Filter“ (Филтер) во горниот лев агол на екранот, а потоа изберете „Half-fold“ (Превиткани на половина) за опцијата „Card Format“ (Формат на честитка). Прелистајте надолу до честитките означени како „Christmas“ (Божиќ) или „Season's Greetings“ (Празнични честитки). Кога ќе пронајдете некоја што ви се допаѓа, допрете ја за да ја преземете и изберете ја опцијата 7"x10" во „Paper Size“ (Големина на хартија).
3. Увезете ја вашата слика
Апликацијата Easy-PhotoPrint Editor ќе ви овозможи да изберете слика од многу локации за складирање, вклучувајќи ја камерата на вашиот телефон, image.canon, Dropbox, Facebook, Google Drive, Instagram, OneDrive или Google Photos, што значи дека лесно ќе ги пронајдете омилените содржини. Ако за прв пат ја користите апликацијата за да се поврзете со некој систем за складирање на интернет, тогаш ќе треба да ги внесете вашите податоци за најавување. Разгледајте ги вашите слики и изберете една или повеќе слики што сакате да ги употребите, а потоа допрете „Next“ (Следно) за да ги пренесете во распоредот на честитката што сте ја избрале.
4. Уредете ја вашата честитка
Во долниот дел на екранот ќе видите група практични алатки со кои може да додавате други слики или да го промените шаблонот. Исто така, ќе може да додавате печати, како балончиња за говор и ѕвездички или, пак, снегулки или цветови согласно празничната тема. Достапна е и опција за додавање дополнителен текст што ќе ви овозможи да им напишете порака на пријателите и семејството по ваша желба.
5. Ставете хартија во печатачот
Откако ќе завршите со дизајнот на вашата честитка, време е да ставите двострана мат хартија во вашиот печатач. Ќе забележите дека листовите имаат фабрички превиткувања за да можете уредно да ги превиткате вашите честитки. Пакувањето хартија содржи и пликови за вашите конечни дизајни.
6. Отпечатете ја вашата честитка
Кога ќе бидете подготвени да ја отпечатите вашата креација, допрете „Next“ (Следно) во горниот десен агол на екранот. Ако за прв пат ја користите апликацијата Easy-PhotoPrint Editor со вашиот печатач од серијата Canon PIXMA TS5350a, тогаш следете ги инструкциите на екранот за да ја поврзете апликацијата со печатачот. Кога апликацијата ќе го пронајде вашиот печатач и ќе се поврзе со него, изберете „Print“ (Печати).
7. Превиткајте и пратете по пошта
Превиткајте ја честитката внимателно по рабовите, а потоа напишете ја вашата порака на внатрешната страна, ставете ја честитката во еден од испорачаните пликови и пратете ја по пошта. Сега може да се опуштите и да почнете да размислувате за вашиот следен празничен проект.
Напишано од Angela Nicholson
Слични производи
-
Matte Photo Paper MP-101D
Реализирајте ги вашите идеи со овој медиум со разновидна примена. Тој е идеален за луѓе со различни хобија и оние кои изработуваат модели од хартија и затоа претставува совршен избор за изработка на сопствени честитки, колажи или проекти со модели од хартија од Creative Park. -
Серија PIXMA TS5350a
Покажете ги вашите креативни дизајни со можноста за користење различни медиуми, одличните креативни апликации и опциите за беспрекорно поврзување со паметни телефони што ги нуди серијата PIXMA TS5350a