КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ
Бидете креативни при приготвувањето на храната
Забавувајте се додека фотографирате храна и создадете уникатни фотографии од мртва природа.
СОВЕТИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
Многумина од нас имаат специјални рецепти - можеби имате сопствена верзија на некој класичен рецепт или омилен семеен рецепт што бил предаван низ генерациите. Евидентирањето на тие уникатни јадења во ваша книга со рецепти е забавен и креативен проект за печатење што лесно може да го направите во вашиот дом.
Фотографот за храна и пијалаци Наташа Алипур-Фаридани (Natasha Alipour-Faridani) од Лондон е експерт кога станува збор за фотографирање слики од вкусни јадења и споделува практични совети за снимање слики од храна што оставаат одличен впечаток. А кога ќе дојде моментот за да ги отпечатите вашите слики и да ја составите вашата книга со фотографии, тогаш со печатач, како што се моделите од безжичната серија PIXMA TS3350 од Canon, ќе можете лесно да ги изберете сликите и да создадете висококвалитетни отпечатени материјали.
Наташа избра колаче за појадок за нејзината книга со рецепти бидејќи сакаше да сними неколку слики од состојките. „За да внесете разновидност и бои во вашата книга, не се ограничувајте само со фотографии од крајниот резултат“ - вели таа. „За рецептот за колачето за појадок се фокусирав на боровинките. Уживам кога снимам храна одблиску.“
Таа избра и рецепт за печена тиква и пита со урда гарнирана со рукола. „Сакав рецепти што имаат светли бои“ - објасни таа.
Наташа фотографираше со EOS 5D Mark IV од Canon и два објективи - EF 50mm f/1.8 STM од Canon и EF 100mm f/2.8L Macro IS USM од Canon. „Макро објективот е одличен за доближување до субјектот“ - објасни таа. EF 100mm f/2.8L Macro IS USM има максимално зголемување од 1:1 или 1x, што значи дека субјектите се снимаат во реална големина преку сензорот. Комбинацијата од фотографирање одблиску и широката решетка, како што е многу ниската вредност за f на објективот EF 50mm f/1.8 STM од Canon, ќе ви овозможи да добиете многу мала длабочина на полето. Како што објасни Наташа, „На тој начин можам да го доловам прекрасното заматување што постепено се спојува со заднината“.
Објективот EF 100mm f/2.8 Macro USM од Canon е многу подостапна алтернатива на EF 100mm f/2.8L Macro IS USM од Canon со која може да добиете неверојатно остри резултати.
Наташа користеше статив и го поврза својот фотоапарат со компјутер за да може веднаш да ги прегледува резултатите и да ја менува композицијата. Користеше решетка од f/8 или f/9 за повеќето слики, поради што можеше остро да го фокусира субјектот.
„Проверете ги состојките и истражете ги сите агли пред да започнете“ - вели таа. „Ако храната изгледа тенка, тогаш птичјата перспектива одозгора е одлична опција. Секогаш оставам нешто да излезе од кадарот на сликата - тоа може да биде само работ на чинијата, но тоа ја поткрепува идејата дека се одвива процес во сцената“.
Кога станува збор за осветлувањето, не ви треба специјална опрема за да добиете професионални резултати. „Овие слики ги снимив во домот, под светлина од голем прозорец, а користев и рефлектор за да осветлам неколку потемни сенки“ - вели таа. „Сакам да работам со природна светлина. Ако сончевите зраци што навлегуваат се забележливи, тогаш може да го доловите нивниот прекрасен отсјај. Ако сакате вашата слика да биде помека и амбиентална, тогаш треба да фотографирате наутро или навечер. Набљудувајте како и кога светлината навлегува во вашиот дом за да ги добиете саканите резултати“.
Наташа ги отпечати своите слики со серијата PIXMA TS3350 од Canon што овозможува безжично користење за брзо и ефикасно печатење. „Овој печатач е одличен“ - вели таа. „Брз е и лесно се поставува. Картриџите со мастило се инсталираат лесно и создаваат живописни и прецизни бои“.
Наташа одлучи да ја користи фотохартијата Plus Glossy II од Canon за да добие квалитетни резултати и експериментираше со различни големини на хартија. „Отпечатив неколку слики со големина од 13x18 cm, 10x15 cm и 13x13 cm, а функцијата за печатење без рабови ја елиминираше потребата од отсекување на рабовите“. Опцијата за печатење без рабови кај серијата PIXMA TS3350 од Canon е достапна за големини до 13x18 cm, а печатачот поддржува различни големини на хартија до A4-формат, што се внесуваат преку прилагодливиот заден фах за хартија.
Како и сите безжични печатачи PIXMA од Canon, така и серијата PIXMA TS3350 е компатибилна со различни апликации за печатење од Canon. Апликацијата Easy-PhotoPrint Editor од Canon нуди голем број креативни опции за распореди и шаблони што можат да се прилагодат за книга со рецепти, а нуди компатибилност и со паметни телефони и таблет-уреди. Исто така, достапна е верзија за Mac или компјутери.
„Печатењето преку апликацијата Easy-PhotoPrint Editor од Canon е брзо и лесно“ - вели Наташа. „Ја користев опцијата „Browse“ (Пребарај) за да ги поврзам сликите од храна во мојот компјутер“. Апликацијата може да се поврзе и со други платформи на Cloud и социјални медиуми, како Google Drive и Instagram.
Затоа, следниот пат кога ќе влезете во кујната, размислете кои специјални рецепти би сакале да ги зачувате и да ги предадете на вашето семејство и пријателите. Не само што ќе се забавувате додека фотографирате и ја изработувате вашата книга со рецепти, туку и ќе создадете уникатен спомен исполнет со вкусни оброци и прекрасни слики што ќе ги инспирираат идните генерации.
Напишано од Claire Gillo
Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.
Назад до сите совети и техникиКРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ
Забавувајте се додека фотографирате храна и создадете уникатни фотографии од мртва природа.
ФОТОГРАФИРАЊЕ ХРАНА
Снимајте прекрасни фотографии од храна со нашиот избор на објективи од Canon кои мора да ги имате.
ФОТОГРАФИРАЊЕ ХРАНА
Фотографот и блогер за храна, Lina Lomelino, ги открива нејзините најдобри совети за снимање најдобри фотографии од храна.