КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

Небото е границата кога станува збор за виножитни модели од хартија

Дознајте како да создадете виножитни модели од хартија со печатач Canon PIXMA и Canon Creative Park за да внесете прекрасни бои во вашиот дом.
Слика снимена одозгора од дрвено биро на кое има разнобојна ветерница и балон на топол воздух, како и пакување фотохартија од Canon.

Виножитото е моќен симбол на надеж, среќа и убавината што следи по бура, а е исто така и сеопфатна слика на љубов и разновидност. Кога гледате виножито во далечината, дали некогаш сте сакале да го ставите во шише и да го однесете дома? Сега можете.

Виножитнитемодели од хартија може да ги разубават сите соби и да бидат совршени украси за забава, идеални за претходно изработување со група пријатели. Не верувајте ни на збор, послушајте некого што ги обожува сите светли и разнобојни нешта - Helen Cooke, изработувач на модели и накит што живее во Обединетото Кралство и ги објавува своите дела на @CraftyCooke.

„Сакам бои. Отсекогаш сум била весела личност и се облекувам според својот карактер“, вели Helen. „Обожувам да видам што можам да направам со боите и да ги прекршувам правилата. Особено кога станува збор за изработување модели, каде што можете да експериментирате со различни бои и да видите како можете да го смените карактерот на некој предмет врз основа на тоа како ги комбинирате боите“.

За да започнете, ќе ви треба печатач Canon PIXMA, како и веб-страницата или апликацијата Canon Creative Park. Овде, Helen објаснува како употребила печатач од серијата Canon PIXMA TS5350a, Creative Park и алатки за изработување модели за да оживее ветерница и балон на топол воздух обоени со сите бои на виножитото.

Избирање и печатење на вашите шаблони

Рака држи паметен телефон, на екранот има шаблон од ветерница од Canon Creative Park. Во заднина, печатач Canon PIXMA стои на биро.

Со апликацијата Canon Creative Park и компатибилен печатач Canon PIXMA, можете да го отпечатите шаблонот директно од вашиот паметен телефон.

Лист хартија со шаблон од разнобојна ветерница излегува од печатач Canon PIXMA којшто е поставен на дрвено биро.

На Helen ѝ се допаѓа LED-лента за статус и OLED-екранот на серијата Canon PIXMA TS5350a. Опремен со картриџи FINE со мастило ChromaLife100, отпечатените бои се живописни, поради што овој печатач е идеален избор за модели од хартија.

Canon Creative Park е неверојатно лесна за користење. Можете да ја преземете апликацијата на вашиот уред со Android или iOS, или, пак, можете да ја прегледате широката палета на бесплатни шаблони на веб-страницата. Достапни се различни виножитни дизајни, како релјефна картичка и оригами. Helen избра виножитна ветерница и балон на топол воздух. Сите шаблони доаѓаат со сопствени упатства што може да се отпечатат и го наведуваат приближното време за составување, нивото на тежина, како и најдобриот тип на хартија.

На Helen ѝ се допаѓа колку е достапна веб-страницата. „Упатствата беа добри, а веб-страницата е многу едноставна за користење“, вели таа. „Убаво е тоа што сите преземени шаблони се на едно место“.

По избирање на шаблонот, можете да го отпечатите директно од паметниот телефон, сѐ додека имате компатибилен печатач Canon PIXMA. Helen ја користеше серијата Canon PIXMA TS5350a за да ги отпечати дизајните. „Беше многу лесно да се поврзе преку Wi-Fi“, вели таа. „Квалитетот на печатењето е прекрасен“.

Helen употреби мат фотохартија од Canon и забележа дека квалитетот е совршен за изработување модели од хартија. „Боите беа прекрасни и дебелината беше соодветна“, објаснува таа. „Не беше премногу тенко, ниту премногу наликуваше на картичка: беше совршено“.

Склопување на шаблоните

Човек се наведнува над биро за да исече детален шаблон со скалпел.

Изработувањето модели од хартија е достапен начин да се забавувате, опуштите и да ја изразите вашата креативност. „Не мора да купите отмени алатки, но запомнете дека ви треба остар скалпел“, вели Helen. „Не брзајте. Ако сакате нешто да изгледа убаво, не брзајте и уживајте“.

Насмеана жена облечена во разнобојна блуза на риги седи на биро и привршува со изработувањето на хартиен модел од ветерница обоена со сите бои на виножитото.

Можете и да ги подарите вашите виножитни модели од хартија на пријателите. Helen вели дека се гордее со тоа што го прави кога добива повратни информации од луѓето кои уживаат во нејзините изработки.

Helen употреби скалпел за да ги исече шаблоните. „ Балонот на топол воздух има многу детали, па затоа е најдобро да се употреби скалпел“, вели таа. „За ветерницата се подобри ножици“.

Важно е да ги обележите шаблоните пред да почнете да превиткувате. „Треба да ја обележите хартијата со метален линијар, или дизајните ќе ви бидат претешки за превиткување, особено кога користите подебела хартија“, објаснува таа. „Треба да направите уредни превиткувања. Не препорачувам да го прескокнете тој чекор“.

По обележување на хартијата, користете лепило за да го составите шаблонот. Балонот на топол воздух е сложен дизајн со многу мали делови, за кои е потребно многу трпение, но дел од забавата при изработување модели од хартија е заборавање на сѐ и фокусирање на проектот.

„Сметам дека изработувањето е алатка за опуштање на мозокот“, вели Helen. „Некои луѓе се опуштаат со книги или спортови, но јас се опуштам со изработување. Единствената опција ми е да се исклучам бидејќи ми треба концентрација. Во тој момент сте сами.

„Обожувам да гледам како нешто се спојува,“ продолжува таа. „Почнувате со мали делчиња и ги спојувате за да создадете емоција, нешто со кое луѓето може да се поврзат, или нешто во кое уживате“.

Изложување на виножитните модели

Насмеана жена облечена во разнобоен џемпер на риги закачува хартиен балон на топол воздух обоен во сите бои на виножитото на жолта инсталација за осветлување.

Освен тоа што може да го разубават вашиот дом, овие модели од хартија може да се користат и за прослава на Месецот на гордоста. „Важно е да ја поддржиме и прославиме квир заедницата“, вели Helen.

Слика снимена одозгора од дрвено биро на кое има разнобојна ветерница и балон на топол воздух изработени од хартија, како и неколку чинии полни со слатки и овошје.

Ветерницата се испорачува со различни централни делови - како цвет и ѕвезда - за да ја приспособите по желба.

Кога станува збор за изложување на виножитните модели од хартија - без оглед на тоа дали е на вашиот прозорец за да изразите поддршка за ЛГБТИ+ заедницата, или на виножитните слатки на масата - вашата фантазија е единствената граница. Helen го закачи балонот на топол воздух со жица и го закачи во спалната соба на син ѝ. „Тоа е весел мал украс и додава малку боја во секоја соба“, вели таа.

Виножитните модели од хартија не се ограничени само на една употреба. „Можете да ги ставите каде сакате, а можете и да си играте со нив; ветерницата навистина се врти!“ вели Helen.

„Боите не мора да се само за деца“, продолжува таа. „Не мора да ги намалите само бидејќи сте постари. Боите може да влијаат на вашето расположение, а доколку додадете бои на вашето опкружување, може да се чувствувате посреќни“.

Без оглед на тоа дали славите Гордост, организирате забава или настан или сакате да уживате во бои во вашиот дом, Creative Park може да ви понуди многу креации.

Ако барате инспирација, следете нѐ на Pinterest и не заборавајте да ги споделите вашите дела на социјалните медиуми со хаш-ознаката #MadeWithPIXMA.

Nikita Achanta

Слични производи

  • Печатачи за во домот

    Серија PIXMA TS5350a

    Покажете ги вашите креативни дизајни со можноста за користење различни медиуми, одличните креативни апликации и опциите за беспрекорно поврзување со паметни телефони што ги нуди серијата PIXMA TS5350a
  • Инк-џет печатачи

    Matte Photo Paper MP-101D

    Реализирајте ги вашите идеи со овој медиум со разновидна примена. Тој е идеален за луѓе со различни хобија и оние кои изработуваат модели од хартија и затоа претставува совршен избор за изработка на сопствени честитки, колажи или проекти со модели од хартија од Creative Park.

Слични написи

  • ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ

    Врвни совети за прекрасни хартиени подароци

    Откријте како да направите значајни подароци со Canon Creative Park и вашиот печатач PIXMA.

  • КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Хартиени модели од знаменитости

    Прикажете ги специјалните локации во најдобро светло со печатач Canon PIXMA и Creative Park.

  • КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Самите направете кабина за фотографирање Canon Zoemini

    Со само Canon Zoemini S2 и апликацијата Mini Print, направете ја вашата следна забава позабавна со спомени во стил на кабина за фотографирање.

  • КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Направете украси од диносауруси со Creative Park

    Украсете ја детската соба на вашето дете на достапен начин со праисториски модели од хартија.