Рачно изработените честитки не се само убаво осмислени подароци, туку се и одличен начин да стекнете креативни вештини. Без разлика дали се работи за јубилеен семеен роденден, свадба на пријател, новороденче или дипломирање, спомен со личен белег е совршениот додаток за секоја важна пригода. Не мора да сте професионални уметници за да изработувате прекрасни честитки. Доволно е да се обидете и да ја ослободите креативноста.
По доселувањето од Пакистан во Обединетото Кралство пред 13 години, креативната работа ѝ помогнала на Tania Ahmed во приспособувањето. „Во Пакистан нема толку материјали за креативни изработки како во Обединетото Кралство“, вели таа. „Креативната енергија ја насочував кон везење, правење накит, нижење мониста и шиење. Кога се доселив во Обединетото Кралство, го открив каналот YouTube, а со тоа и многубројните можности за изработка на картички и модели од хартија. Бев многу љубопитна, открив и продавничка во близина, а дел од материјалите ги купував на интернет. Може да се каже дека ова беше еден моите начини за приспособување на животот во земјата.“
Во продолжение, Tania, којашто е изработувач и сопственик на креативен бизнис за рачна изработка на картички, одржува часови на интернет за употребата на мешани медиуми, ги споделува своите најдобри совети и објаснува како да создавате картички со користење на печатачот од серијата PIXMA TS7450 на Canon.
Отпечатете и создадете прекрасни персонализирани честитки во шест едноставни чекори
1. Подгответе го приборот
Пред да се впуштите во новото хоби, проверете дали го имате потребниот прибор за изработка на картички. Ќе ви биде потребно:
- Мат фотохартија, како што е двостраната мат хартија од Canon
- Печатач PIXMA
- Ножици
- Молив
- Линијар
- Висококвалитетен лепак што не остава траги
Изборно:
- Налепници и украсни камчиња
- Налепници од пена
- Скалпел
2. Изберете го дизајнот
Откако ќе го набавите приборот, време е да изберете дизајн. Бесплатната апликација Creative Park на Canon е преполна со шаблони коишто можете да ги преземете и отпечатите: изберете си нешто од големиот избор на миникартички и релјефни картички, како и тематски пликоа за секоја пригода. Зошто да не си отпечатите ваши божиќни картички, па дури и релјефна картичка со снешко или санката на Дедо Мраз за празниците?
За уште покреативни дела, комбинирајте различни видови на дизајн и создадете целосно оригинална картичка или вклучете дизајн од делот за хартиени изработки на Creative Park. За ова се одлучи и Tania при изработката на нејзините картички. „Одбрав шаблон којшто беше наменет за изработка на цветен венец, но решив да го употребам за да направам картичка“, вели таа. „Го отпечатив на печатачот од серијата PIXMA TS7450 на Canon, ги исеков цвеќињата и ги искористив деловите што ми требаа.
„Размислувајте креативно и барајте работи што можете да ги искористите за изработка на картичката“, советува. „Искористете ја веб-страницата за инспирација, а потоа сменете го дизајнот како што сакате.“
3. Изберете ја најдобрата хартија
Совршената хартија за изработка на картички е цврста и издржлива и има мат завршна изработка за да може да долови живи бои и јасни слики.
За изработка на основата на картичките, Tania ја користеше двостраната мат хартија од Canon којашто е превиткана на средината и се доставува со плико, а за декорацијата користеше мат фотохартија. Бидејќи хартијата е лесна за сечење, Tania внесе дополнителна димензија во картичките. „Пред да ги залепам цвеќињата, ги извиткав ливчињата“, објаснува. „Хартијата беше цврста и цвеќињата немаше да се згмечат ако ја испратев картичката по пошта.“
4. Отпечатете ги елементите на вашата картичка
Штом ја одбравте хартијата, време е за печатење. Можете да ја користите веб-страницата Creative Park или апликацијата Creative Park и да се поврзете со вашиот печатач од Canon. Tania ги искористи практичните можности за безжично поврзување што ги нуди печатачот од серијата PIXMA TS7450 на Canon, коишто ви овозможуваат да печатите директно од вашиот компјутер или паметен телефон.
А сега, отпечатете ги шаблоните коишто ги одбравте од стотиците достапни можности. Немате некоја посебна пригода? Creative Park ви нуди голем број на идеи за картички што може да ги подарите без посебна пригода и коишто совршено ќе покажат некому дека ви значи.
5. Персонализирајте
Штом сте ги отпечатиле дизајните и внимателно сте го исекле секој елемент што сакате да го залепите на картичката, можете да започнете со лепење и персонализирање. Од светки и фолии до картички и налепници во боја, можете да користите безброј техники и материјали со коишто вашите рачно изработени шарени картички ќе станат навистина впечатливи.
„За центарот на цвеќињата употребив дополнителни налепници и картички со златна боја“, вели Tania. „Потоа ги споив и додадов бисерни камчиња одозгора.“
Tania вели не е тешко да се внесе дополнителна длабочина во картичката кога знаете како. „Ако сакате да внесете тродимензионалност во рамна картичка којашто има централен елемент што лесно може да се исече, отпечатете го истиот шаблон двапати“, објаснува. „Потоа, искористете ја основата, но отсечете го централниот украс и додадете налепници од пена за да внесете релјефност и да изгледа поинтересно.“
6. Нека биде друштвена активност
Бидејќи ви се потребни само печатач, хартија, лепак и ножици, изработката на картички е одличен начин за дружење со пријателите и семејството и учество во групна креативна активност.
Можете да организирате изработка на божиќни картички со грицки и пијалаци или да ги соберете пријателите и да изработувате честитки во пресрет на новото бебе.
Ако ви недостасува инспирација, Tania советува да побарате идеи и комбинации на бои на Pinterest. „Можете да погледнете и лесни видеоприкази за теорија на боите“, советува.
Побарајте инспирација на хаштагот #MadeWithPixma и споделете ги вашите изработки.
Напишано од Lorna Dockerill
Слични производи
-
Серија PIXMA TS7450
Стилски сè-во-еден уред за љубителите на модерна технологија со многубројни креативни опции за печатење, како и технологија ADF за полесно копирање и скенирање врз различни видови хартија. -
Matte Photo Paper MP-101D
Реализирајте ги вашите идеи со овој медиум со разновидна примена. Тој е идеален за луѓе со различни хобија и оние кои изработуваат модели од хартија и затоа претставува совршен избор за изработка на сопствени честитки, колажи или проекти со модели од хартија од Creative Park.