Печатење рачно изработени етикети

Од тегли за џем до картички за посвета, рачно изработените ознаки создадени со вашиот печатач од Canon може да ви помогнат да го организирате вашиот живот, домот и хобијата.
Отпечатени рачно изработени етикети на зелена даска за сечење, а до нив има ножици и пренослив печатач SELPHY Square QX10 од Canon.

Без разлика дали се работи за организирање гардеробери, комоди за храна, креативни изработки или за изработка на стилски прекривки за маса, брендирани деловни налепници или рачно изработени картички за посвета, рачно изработените етикети не само што се неверојатно корисни, туку и ви овозможуваат да ја изразите вашата креативност.

Прашавме двајца изработувачи и онлајн креатори како внесуваат стил и убавина во организирањето преку етикетите. Caroline Prudhon го води блогот за изработување Linea's Papers (@lineaspapers), а Laetitia Lazerges (@Vert_Cerise) е „направете сами“ блогерка, професионален изработувач и автор на 19 книги за самостојно изработување.

„Многу сакам да организирам сѐ, од документите до орманите, бидејќи тоа ми го олеснува животот и ми заштедува време,“ вели Laetitia, која го започнала својот блог во 2007 година. „Етикетирањето е најдобар начин да се комбинираат организацијата и креативноста.“

Каде да почнете да лепите и како тоа може да ви помогне да го организирате вашиот живот

Шише со детергент и тегла со сода бикарбона на кои се залепени рачно изработени етикети, поставени на мермерна работна маса до вазна со цвеќиња и чинија со рендан кашкавал.

Организирањето не мора секогаш да значи да ги криете нештата настрана. Зошто да не се обидете да направите рачно изработени етикети за теглите што стојат на полиците и работните маси во кујната? „Го обожавам трендот за декорирање домови со отворени полици,“ вели Laetitia. „Тој е прекрасен на социјалните медиуми и изгледа опуштено и едноставно.“ © Laetitia Lazerges

Црни фиоки во канцелариско опкружување, организирани со разнобојни, рачно изработени отпечатени етикети.

„Сакав да реорганизирам и да етикетирам едно парче мебел со моите сопствени дизајни,“ вели Caroline. „Организирањето може да биде здодевно, така што создавањето разнобојни етикети може да биде одличен начин да додадете радост и карактер во процесот.“ © Caroline Prudhon

Мирот што го нудат просторите ослободени од пречки и организираните предмети овозможуваат ентериерите да се претворат во среќни места во кои може да го разбистриме умот и да го подобриме нашето расположение. „Да се има организиран дом овозможува огромен душевен мир,“ вели Laetitia. „Не губите време барајќи изгубени предмети и не мора да помните каде се наоѓаат работите.“

Caroline, која е вешт изработувач на предмети уште од детството, е сопственик на мала компанија и работилница во Франција. Таа реши да додаде етикети на фиоките во нејзината канцеларија за да внесе карактер на своето работно место. „Сакам да биде организирано и функционално, но и убаво и инспиративно,“ објаснува таа. „Навистина сметам дека чистиот простор го разбиструва умот. Организирањето и чистењето на просторот ќе ви помогне појасно да ги гледате работите и да се чувствувате попродуктивно. Лично, секогаш сум под стрес и паничам поради моите секојдневни задачи кога домот ми е неуреден, но веднаш штом подредам сѐ на своето место, пред мене како да започнува нов ден.“

Организирајте го вашиот живот со рачно изработени етикети

Отпечатена рачно изработена етикета со мотиви од сончогледи и текст во закосен фонт излегува од пренослив печатач SELPHY Square QX10 од Canon.

Изберете доследен изглед на сите ваши рачно изработени етикети за да добиете креативен, но координиран изглед. „Закосениот фонт [што наликува на ракопис] е читлив, но и весел,“ објаснува Caroline. © Caroline Prudhon

Црвенокоса жена лепи рачно изработена етикета врз фиока од црн орман.

„Лепењето е забавниот дел, кога гледате како сето она што сте го планирале се остварува,“ вели Caroline. © Caroline Prudhon

Caroline сака прво да ги испланира основите на она што се обидува да го организира пред да почне да ги прави рачно изработените етикети. „Може да биде многу тешко да започнете со организирањето,“ објаснува таа. „Затоа, одлучете кои работи се важни, кои работи мора да бидат при рака и кои работи може да се складираат заедно. Така ќе знаете точно кои и колку етикети ќе ви требаат и може да уживате во процесот на нивно изработување без да се нервирате што и каде треба да се постави.

„Ќе ви бидат потребни издржливи етикети што ќе може да одолеат на сонцето, водата и времето,“ продолжува таа. „Нешто што нема да ви е страв да го допрете со валкани раце и што нема да мора често да го заменувате.“

Laetitia се согласува дека треба да си поставите одредени прашања пред да започнете со дизајнирањето. „Каков вид етикети ви требаат? Која би била совршената големина? Големината, формата и видот на садот ќе го одредат дизајнот на етикетите,“ вели таа.

Како да ги дизајнирате вашите рачно изработени етикети и налепници

Црвенокоса жена ја користи апликацијата SELPHY Photo Layout од Canon на нејзиниот телефон. На работната маса пред неа е поставен печатач SELPHY Square QX10 од Canon.

Caroline ги создава своите етикети со помош на апликацијата SELPHY Photo Layout од Canon, која одлично функционира со нејзиниот SELPHY Square QX10. „Опциите за прилагодување се совршени за создавање прекрасни етикети,“ вели таа. „Многу е лесно и причинува огромно задоволство.“ © Caroline Prudhon

Отпечатена рачно изработена етикета на која е напишано „Ти можеш“, залепена на канцелариски уред.

Caroline вели: „многу ми се допаднаа опциите за распоредување - може да печатите помали етикети без непотребно да трошите хартија. Направив уникатни етикети во апликацијата и поставив инспиративни цитати насекаде.“ © Caroline Prudhon

„Општо земено, не ни се потребни многу етикети, така што не треба да потрошиме премногу време во нивната изработка,“ вели Caroline.

Може да дизајнирате ваши рачно изработени етикети или да побарате готови шаблони за преземање и печатење во апликацијата Creative Park од Canon, која нуди бесплатни ресурси за изработка на хартиени модели за печатачи од Canon. Апликацијата е полна со проекти за модели од хартија што може да се прилагодуваат и персонализираат со текст и ваши слики, како што се налепниците со порака или дизајните во јапонски стил - пребарајте „Налепници“ за да видите дел од достапните опции.

Laetitia вели дека е забавно да се експериментира со контрастот и различните големини на фонт и тежини за да оставите ваш личен печат врз вашите предмети. „Погрижете се да ги вклучите клучните информации без да ја претрупате етикетата со премногу текст,“ вели таа. „Не плашете се од белиот простор. Играјте со контрастот. Користете различни фонтови - најмногу два или три - со различна големина и дебелина за да привлечете внимание. Забавувајте се и внесете креативност во вашиот дизајн со бои, цртежи и графики.“

Како да ги отпечатите вашите рачно изработени етикети

Лист со рачно изработени етикети излегува од печатач, покрај него има ножици и отсечени етикети и капак од сад за козметика со отпечатена етикета.

Печатачот од серијата PIXMA TS7450 од Canon е идеален безжичен печатач за во домот за уметнички проекти што ви овозможува да печатите на разни креативни медиуми. © Laetitia Lazerges

Пакување хартија за печатење на работна маса, покрај него има лист со отпечатени рачно изработени етикети и неколку мали садови за козметика со отпечатени етикети.

„Сакам да користам фотохартија,“ вели Laetitia. „Сјајната завршна обработка е прекрасна и изгледа професионално." © Laetitia Lazerges

Откако ќе ги создадете вашите етикети, забавниот дел е да ги отпечатите. Laetitia ја користеше серијата PIXMA TS7450 од Canon и ги отпечати етикетите директно од нејзиниот телефон со апликацијата Canon PRINT, која функционира со повеќето печатачи со Wi-Fi. „Сакам да можам да печатам безжично, а квалитетот на живописните бои е одличен,“ вели таа.

Серијата PIXMA TS7450 од Canon е компатибилна со голем број различни креативни медиуми и Laetitia користеше хартија за печатење Red Label Superior од Canon и фотохартија Plus Glossy II од Canon за нејзините картички за посвета и етикети за козметика, идеални за предмети како што се теглите.

Caroline го користеше преносливиот печатач SELPHY Square QX10 од Canon за нејзиниот проект за етикети, а резултатот беа богати, детални квадратни отпечатени материјали со леплива задна страна. „Го користев SELPHY Square QX10 од Canon и отпечатив четири етикети на лист хартија,“ објаснува таа. „Совршено беше - боите се живописни и богати, мастилото веднаш се суши и беше лесно да се исечат.“

SELPHY CP1300 од Canon е уште еден одличен печатач со Wi-Fi за печатење мини налепници за вашиот дом. Брз и пренослив, тој е идеален за печатење на голема палета на медиуми, од отпечатени материјали со лабораториски квалитет до рачно изработени налепници, а е компатибилен и со апликацијата SELPHY Photo Layout.

Може да создавате рачно изработени етикети и со Zoemini S2 од Canon, 2-во-1 печатач за фотографии со џебна големина, како и со инстант печатачот Zoemini од Canon. Двата се компатибилни со однапред исечената хартија за кружни налепници ZINK 1.3“ од Canon, така што може да дизајнирате, печатите и лепите веднаш. Користете ја апликацијата Canon Mini Print за да им додадете личен печат на вашите етикети отпечатени на Zoemini од Canon.

Создавање рачно изработени етикети за подароци и украсна хартија

Телефон што ја прикажува апликацијата SELPHY Photo Layout од Canon поставен на маса до пренослив печатач SELPHY Square QX10 од Canon и рачно изработена бразлетна.

Бесплатната апликација SELPHY Photo Layout од Canon ви нуди опции за додавање филтри, текст и графика, така што може да ги приспособите вашите етикети според проектот, без разлика дали се работи за етикети за тегли или картички со посвета, а потоа да печатите директно од вашиот телефон на SELPHY Square QX10 од Canon. © Caroline Prudhon

Печатач поставен на маса до повеќе отпечатени етикети и картички за посвета, завиткани со панделка.

Рачно изработените етикети се особено добар додаток на рачно изработените подароци. „Давањето подароци е начин да му покажете на семејството, пријателите и роднините дека ви се важни,“ вели Laetitia. „Одвојте време прекрасно да ги завиткате - најчесто таквите разубавувања е тоа што прво ви го привлекува вниманието.“ © Laetitia Lazerges

Вложувањето време и внимание во завиткувањето на подароците е сигурен начин да ги разведрите лицата на пријателите кога ќе им врачите подарок. Зошто да не додадете и рачно изработена етикета? Creative Park има одлични опции ако сте во потрага по идеи, вклучувајќи и картички за посвета и додатоци за украсна хартија.

„Завиткувањето на подароците е еден од моите омилени делови на подарувањето,“ вели Caroline. „За да го направам одвиткувањето дел од подарокот, обожавам да поставам украсни детали на пакувањето, како на пример убава панделка или ознака со име. Може да ја направите ознаката со етикета и да ја разубавите со фотографија или интересна информација за подарокот,“ додава таа.


Напишано од Lorna Dockerill

Слични производи

Слични статии

Совети за печатење за враќање на училиште

Најдете креативни начини да се организирате за учебната година со печатач од Canon.

Печатете листи, планови и цели

Бидете креативни со печатач Canon PIXMA и останете организирани и совесни низ целата година.

Бидете креативни со компактните печатачи за фотографии

Пет начини да се забавувате со печатењето, од персонализирани картички до приспособени фотографии за моментално споделување.

Персонализирајте ги вашите нешта

Печатете приспособени налепници за вашите нешта со пренослив печатач од Canon.