Косата и шминката се важни за создавање на изгледот што сакате да го добиете. Спојувањето инспиративни табли ќе ви помогне да смислите идеи и ќе ве инспирира за модерни реквизити. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1/160 сек., f/2,8 и ISO1250. © Nina Collins
Тиктокерката и самоуката фотографка Nina Collins мислела дека не може да има кариера во фотографирањето, но била одлучна да успее. „Немав пари како студентка, но и покрај тоа што учев нешто сосема поразлично, знаев дека сакам да работам како фотограф, па затоа морав да подготвам портфолио“ - објаснува таа. „Научив многу правејќи многу истражувања и многу експериментирање“.
Наместо да објавува на платформите што редовно ги користи, каде што веќе се има докажано, Nina одлучи да почне од почеток на TikTok. „Се плашев дека ќе добијам лоши повратни информации“ - објаснува таа. „Мислев дека луѓето ќе бидат премногу критични и ќе забележат несовршености во моите вештини за уредување или во поставките на фотоапаратот“.
Сепак, реакцијата на нејзините инспиративни видеозаписи на TikTok беше неверојатно позитивна и брзо привлече многу следбеници. „Во првите четири месеци достигнав 20 илјади. Коментарите од луѓето беа многу охрабрувачки иако немаа претстава која сум. Не мораа да кажуваат убави работи - тие коментираа бидејќи навистина им се допадна тоа што го видоа, а тоа ми ја даде потребната самодоверба“.
Фотосесиите за „Децении“ на Nina, каде што ја прикажува модата, стиловите на коса и стиловите на фотографирање низ годините, се покажаа многу популарни. Таа им даде пристап на гледачите и до нејзините подготовки зад сцената, покажувајќи како сите можат да се обидат и да создадат различни изгледи. Сега нејзината цел ѝ е да ги инспирира луѓето да земат фотоапарат и да фотографираат. „Видеозаписите за TikTok ги создавам за да споделувам идеи, методи и решенија, надевајќи се дека ќе им помогнат на други луѓе што сакаат да фотографираат“ - вели таа.
Тука Nina ќе ни објасни за едноставноста на нејзиниот процес, начинот на кој ги стилизира фотосесиите и ќе сподели совети за зголемување на самодовербата при позирање за сопствени и креативни автопортрети.