Фотографирањето диви животни е уникатен жанр – секој момент нуди можност да се долови неверојатното, но неговата вистинска убавина се состои во тоа што секој може да го проба. Поранешниот пожарникар и сегашен ентузијаст за фотографирање, Pete Lau, го докажа тоа при заедничкото фотографирање диви животни со професионалниот фотограф за природа и пејзажи Guy Edwardes во Hawk Conservancy Trust во Хемпшир, Обединетото Кралство.
Фотографирање диви животни: професионален фотограф и ентузијаст се здружуваат за да го тестираат објективот Canon RF 200-800mm F6.3-9 IS USM
Pete и Guy беа меѓу првите корисници на Canon RF 200-800mm F6.3-9 IS USM, лесен супер телефото објектив со фокусна должина до 800 mm, идеално за фотографирање животни и птици од секаква положба, без да се вознемируваат. Наменет за луѓето со сериозно хоби, тој се одликува со опсег на решетка од f/6,3-9, оптичка стабилизација на слика со 5,5 чекори и извонредно брзо автоматско фокусирање што овозможува јасност и острина, без разлика колку кратко траел моментот. RF 200-800mm F6.3-9 IS USM е дизајниран за да издржи променливи временски услови, со отпорност на прав и влага еднаква на професионалните објективи од серијата L на Canon. Тој се одликува и со бел рефлективен слој за стабилни оптички перформанси при фотографирање под топлото сонце.
„Воодушевувачкото кај овој објектив е неговиот опсег“, вели Pete, кој претходно користел Canon RF 100-500mm F4.5-7.1L IS USM и RF 800mm F11 IS STM за да ги снима субјектите во далечината. „Опсегот од 200 до 800 mm е неверојатен, така што можноста да се користи само еден објектив на субјект што би можел да е на оддалеченост од неколку метри во еден момент, но во следниот да биде на оддалеченост од 40 m ми овозможува многу поголема флексибилност отколку замената на објективи. RF 200-800mm F6.3-9 IS USM нуди извонредни резултати, исклучителни можности и одлична вредност за вашите пари“.
Pete Lau
„Малата тежина беше првото изненадување со RF 200-800mm F6.3-9 IS USM“, додава Guy. „Тој е релативно компактен и со неверојатно мала тежина за фокусната должина. Фактот што фотографира до f/9 е разумно добар компромис во смисла на типот на сликата што може да ја снимите со оглед на попрактичната тежина и големина“.
Guy избра да го користи RF 200-800mm F6.3-9 IS USM со својот Canon EOS R5, а Pete го користеше со својот EOS R7. Овде, Guy и Pete го споделуваат своето искуство при снимањето на чудата на дивите животни – но, иако тие го користеа RF 200-800mm F6.3-9 IS USM за да фотографираат грабливи птици, советите што ги споделуваат овде може да се применат за сите животни.
Guy Edwardes
1. Фотографирајте на ниво на очите на животните
Бидејќи Pete не може да стои, да клечи или да излегува од количката и да се враќа во неа, парот мораше да најде креативен начин за фотографирање на птиците како што е соколот, од земјата. Фотографирано со Canon EOS R7 и објектив Canon RF 200-800mm F6.3-9 IS USM со избрани 800 mm, 1/1600 сек., f/9 и ISO 1600. © Pete Lau
„Guy предложи да го завртам екранот на допир со променлив агол на Canon EOS R7 и да го вклучам прегледувањето во живо“, објаснува Pete. „Внимателно го спуштив фотоапаратот на земјата, а го контролирав со другата рака. Бидејќи екранот на допир беше свртен кон мене, можев да ја снимам фотографијата“.
Guy претпочита да ги фотографира животните на ниво на нивните очи. „Ако субјектот е на трева, песок или во вода, се обидувам да легнам на земјата или да фотографирам од најнискиот можен агол“, објаснува тој. „Добивате убава дифузија во преден план, а заднината уште побрзо излегува од фокусот. Дури и мало приспособување од 15-30 cm може да направи огромна разлика во изгледот на сликата. Исто така, кога фотографирате грабливи птици, тоа ви овозможува да ги скриете означувачите [прикачени на нозете на птиците]“.
Дури и со помош на Guy, легнувањето на земја не беше можно за Pete. За среќа, дуото најде решение – го искористи екранот на допир со променлив агол на Canon EOS R7. „Бидејќи можеше да го држи фотоапаратот покрај количката и да се служи со екранот, Pete можеше да фотографира од многу низок агол“, вели Guy. „Се приближи до 30 cm од земјата, а тоа целосно го промени изгледот на неговите слики“.
Pete, кој веќе неколку години со задоволство се занимава со ова хоби, вели дека тоа не е нешто што обично би го направил. „Генијално е бидејќи ми овозможи многу поголема флексибилност“, вели тој.
2. Променете ја перспективата за да најдете подобра заднина
Освен што е неверојатно разновиден, RF 200-800mm F6.3-9 IS USM е релативно компактен и лесен за објектив со ваков опсег на зумирање, со што е погоден не само за почетници и луѓе со хобија, туку и за корисниците со проблеми со подвижноста како Pete.
„За да добиете интересна заднина, не мора многу да се движите,“ вели Guy. „Pete ја помести инвалидската количка само по неколку сантиметри од едната на другата страна и тоа беше доволно за да се промени заднината и да се добие употреблива слика“. Снимено со Canon EOS R5 со објектив Canon RF 200-800mm F6.3-9 IS USM со избрани 600 mm, 1/640 сек., f/8 и ISO 3200. © Guy Edwardes
„Дури и кога имате навистина одличен субјект како што е бувот, тоа понекогаш не е доволно. Треба да размислувате и на заднината“, вели Guy, кој објаснува дека дури и малите движења може да направат голема разлика. „Опсегот од 800 mm на RF 200-800mm F6.3-9 IS USM нуди многу тесно видно поле, така што треба само малку да го поместите телото за целосно да ја промените заднината“.
Pete беше пријатно изненаден што мала промена во позицијата на неговата количка му овозможи значително да ја подобри композицијата на неговите фотографии. „Мислев дека ќе треба многу да се поместувам, но немаше потреба од тоа“, вели тој. „На почетокот добивав фотографии со пречки во заднината, гранки што штрчеа насекаде, но кога се помрднав само неколку сантиметри налево или надесно, разликата беше голема“.
3. Користете го најдолгиот можен опсег
„Колку е подолга фокусната должина, толку побрзо елементите во заднината и во преден план излегуваат од фокусот, а субјектот останува остар“, вели Guy. „Исто така, колку што сте подалеку од субјектите, толку е помала веројатноста дека ќе ги вознемирите“. Снимено со Canon EOS R5 со објектив Canon RF 200-800mm F6.3-9 IS USM со избрани 455 mm, 1/2500 сек., f/8 и ISO 1000. © Guy Edwardes
Благодарение на опсегот на фокусни должини од 200-800 mm, RF 200-800mm F6.3-9 IS USM е идеален за фотографите што бараат објектив за фотографирање диви животни „сè-во-едно“. „Како фотограф од хоби, не можам да ја оправдам цената за посебен објектив од 500 mm, 600 mm и 800“, вели Pete. „Но, RF 200-800mm F6.3-9 IS USM ми нуди флексибилен опсег и можност за снимање фотографии што претходно не биле можни“. Снимено со Canon EOS R7 со објектив Canon RF 200-800mm F6.3-9 IS USM со избрани 742 mm, 1/8000 сек., f/9 и ISO 1250. © Pete Lau
Guy често користи објектив Canon RF 600mm F4L IS USM со додаток за продолжување од Canon RF 1.4x за да ги фотографира дивите животни, но беше импресиониран од опсегот од 800 mm на RF 200-800mm F6.3-9 IS USM. „Кога станува збор за заклучувањето, RF 200-800mm F6.3-9 IS USM одлично ги следеше субјектите, дури и во услови на слаба осветленост“, вели тој. „Но, она што е одлично при снимањето од тоа растојание е побрзото автоматско фокусирање. Замислете да фотографирате птица која лета кон вас со објектив од 800 mm. Таа ќе биде далеку, а автоматското фокусирање треба само малку да се придвижува за да ја следи. За да добиете фотографија од птицата со иста големина со објектив од 300 mm, таа ќе мора да биде многу поблиску до вас. Тоа значи дека елементот на објективот мора да се движи подалеку и побрзо за да ја задржи во фокусот. Во суштина, колку е подолга фокусната должина, толку е полесно и поефективно фокусирањето“.
Фокусната должина од 800 mm на RF 200-800mm F6.3-9 IS USM му понудила и други предности на Pete. „Најтешко ми паѓа што не можам да им се приближам на субјектите“, вели тој. „Ако сум на некоја патека, физички сум ограничен на тој простор. Ако слезам од патеката, постои можност да паднам од количката, така што навистина е неверојатно што го имам тој фокусен опсег на располагање. Можам да се приближам поблиску од кога било претходно“.
Спојувањето на RF 200-800mm F6.3-9 IS USM со APS-C-фотоапарат како EOS R7 нуди особена предност, бидејќи помалиот сензор ефективно ја отсекува сликата и го зголемува дострелот на објективот. На крајот на опсегот на објективот од 800 mm, APS-C-сензорот овозможува исто видно поле како и фотографирањето со телефото објектив од 1280 mm на фотоапарат за целосна слика.
Guy додава дека уште една одлична особина на објективот е неговиот опсег на зумирање. „Ако се обидувате да пронајдете птица на небото и сте зумирале дури до 800 mm, ќе ви биде тешко да го насочувате објективот“, објаснува тој. „Почнете со објектив зумиран до 300 или 400 mm, така што ќе може да го пронајдете субјектот, а потоа зумирајте до 800 mm за да добиете слики со исполнет кадар“.
4. Фотографирајте рачно за флексибилност
Guy вели дека поставеноста на рацете е клучна при држење долг објектив како Canon RF 200-800mm F6.3-9 IS USM. За максимална флексибилност, тој предлага да го држите објективот колку што е можно подолу и да го придржувате со дланката одоздола, а со прстите може да го приспособувате прстенот за зумирање во предниот дел.
Guy и Pete беа пријатно изненадени од компактната големина на RF 200-800mm F6.3-9 IS USM. „Обично не би можел да подигнам објектив од 800 mm, бидејќи се многу големи и тешки, но RF 200-800mm F6.3-9 IS USM е неверојатно лесен“, вели Pete.
За фотографирање суштества кои брзо се движат, Guy препорачува да го оставите стативот дома. „Рачното фотографирање ви ја овозможува флексибилноста што може да ви биде потребна за да се движите брзо или на повеќе места“, објаснува тој. „Единствениот проблем е ако фотографирате со тежок телефото објектив – не можете да држите толкава тежина толку долго време“.
Вообичаениот избор за стабилизација на Pete е стативот со една ногарка, кој му помага и со тежината на неговата опрема, но Guy му покажа нова техника. „Ако ги свиткам лактите и ги потпрам на стомакот, добивам многу поголема флексибилност при следењето на субјектите кои се движат. Со стативот, ограничен сум на неговото ниво“, вели тој. „RF 200-800mm F6.3-9 IS USM е толку лесен, што можам да ракувам со него со една рака, а со некои други објективи, тоа повеќе може да наликува на кревање тегови.
„Дизајнот исто така е одлично замислен“, додава тој. „Можам да ги користам сите функции само со прстот и палецот, така што за супер телефото објектив, тој е одличен и компактен“.
5. Дознајте како да ги замрзнете брзите движења
Благодарение на големата брзина на блендата, Pete успеа да ја сними оваа фотографија од африкански був во лет. „Ова е единствениот був што има розови очни капаци“, вели тој. „Контурите на неговите крила му овозможуваат да ја менува позицијата и правецот на летање, што беше неверојатно да се види, но ме направи и особено благодарен за функцијата за AF со откривање на очи на животни на EOS R7, која функционира одлично“. Снимено на Canon EOS R7 со објектив Canon RF 200-800mm F6.3-9 IS USM со избрани 200 mm, 1/2700 сек., f/6,3 и ISO 100. © Pete Lau
Оптичката стабилизација на слика со 5,5 чекори на RF 200-800mm F6.3-9 IS USM соработува со вградената стабилизација на слика на EOS R7 за да испорача до 7,5 чекори за стабилизација, со што овозможува брзи реакции и рачно снимање фотографии од птици во лет без тресење на фотоапаратот. Фотографирано со Canon EOS R7 и објектив Canon RF 200-800mm F6.3-9 IS USM со избрани 481 mm, 1/4000 сек., f/8 и ISO 800. © Guy Edwardes
При фотографирањето диви животни, Guy препорачува да се користи голема брзина на бленда. „Фотографирајте со 1/2500 сек. или побрзо, дури и ако се работи за птица на гранка“, вели тој. „Ако ненадејно одлета, ќе бидете подготвени“.
Поголемата брзина на бленда ги замрзнува движењата на животните, но Pete објаснува дека таа исто така му помага да ги компензира неговите пречки во движењето. „Моето тело е прилично нестабилно“, објаснува тој. „Од градите надолу, немам никаква контрола врз моето тело, така што добивам големо тресење на фотоапаратот. Зголемувањето на брзината на бленда компензира и за птицата и за мене. Оптичката стабилизација на слика на RF 200-800mm F6.3-9 IS USM е феноменална; таа навистина нуди револуционерни можности за луѓето со попреченост како мене“.
За да постигне поголема брзина на бленда, Guy вели дека без проблеми работел со ISO 6400, особено во пределите под сенка во шумата, каде што осветлувањето е слабо. „Мислам дека луѓето премногу се грижат за високите ISO-вредности и шумот“, вели тој. „Многу повеќе би сакал да имам остра и јасна слика во која можеби ќе има малку шум, со кој можам да се справам подоцна со помош на софтвер, отколку целосно да пропуштам да ја снимам фотографијата“. Покрај тоа, перформансите при високи ISO-вредности и технологиите за намалување на шумот во модерните фотоапарати овозможуваат добивање почисти слики при повисоки ISO-вредности отколку што би можеле да очекувате.
„Еден огромен белоглав орел беше во неговиот кафез, но блиску до оградата, така што се решив за портрет за да видам до кој степен објективот ќе ги дефинира деталите“, објаснува Pete. „Резултатите зборуваат за себе, како и доловените бои“. Снимено со Canon EOS R7 со објектив Canon RF 200-800mm F6.3-9 IS USM со избрани 338 mm, 1/400 сек., f/8 и ISO 100. © Pete Lau
Без разлика дали фотографирате птици или животни, техниките на Guy, сведоштвото на Pete и објектив како Canon RF 200-800mm F6.3-9 IS USM, благодарение на неговиот разновиден опсег на зумирање и импресивните можности, ќе ви овозможат да се приближите чекор поблиску до доловувањето на нескротената убавина на природата. „Едноставно, обидете се“, вели Pete. „Ова го може секој. Излезете надвор и откријте ги вашите можности“.
Напишано од Natalie Denton
Слични производи
-
Фотоапарати без огледало
EOS R7
Истражете ја дивината со фотоапарат што нуди неверојатна брзина и квалитет на слика во преносливо APS-C-куќиште дизајнирано за иднината. -
Објективи RF
RF 200-800mm F6.3-9 IS USM
Моќен извонреден телефото објектив со зум и фокусна должина од 200-800 mm што е идеален за фотографирање спорт, диви животни и движења. -
Објективи RF
RF 600mm F11 IS STM
Револуционерен објектив со извонреден телефото опсег што е компактен, лесен и идеален за фотографирање диви животни, патувања и сафари или фотографирање возови.