Претворете ги вашите фотографии во празнични украси со Canon SELPHY Square QX10

Crafter Duygu Turgut Gokpinar го споделува својот водич во чекори за изработка на божиќни украси во втората серија на статии на Canon SELPHY Craft Club.
Рамна површина на која има неколку украсни божиќни фотографии и печатач Canon SELPHY Square QX10.

Изработката на сопствени божиќни украси може да биде забавна активност за зголемување на празничното расположение, одлична идеја за уникатен подарок, паметен начин за оддалечување од хаотичниот божиќен распоред и евтин начин за разубавување на вашиот дом за празниците. „Изработката на модели за време на празничната сезона е исто како создавање магија во мојот дом“ - вели изработувачот на модели од хартија, креаторот на содржини и авторот Duygu Turgut Gokpinar од Лондон. „Независно дали станува збор за правење украси за елката, исполнување простории со хартиени снегулки, градење украсни куќички или изработка на подароци за луѓето кои ги сакам, изработката на модели ми помага да уживам во празничното расположение“.

Duygu, која потекнува од Турција, започнала да изработува модели како дете и ја претворила нејзината страст во кариера. „Научив да плетам и везам на многу мала возраст благодарение на мајка ми, а потоа почнав да се интересирам за макраме, плетење кошници, боење со водени бои и многу други дисциплини“ - објаснува таа. „Изработувањето модели ме прави креативна, ми помага во решавањето на проблемите, да размислувам поинаку и да пронајдам радост во процесот за претворање едноставни материјали во нешто прекрасно. Процесот на работа ми овозможува да се дистанцирам од стресот на секојдневниот живот и да создадам чувство на смиреност и креативност“.

По осум години работа како учителка и креаторка на содржини, Duygu одлучи да ги следи своите сонови и да основа свое креативно студио, каде што досега одржала повеќе од 200 работилници за изработка на модели од хартија на други ентузијасти. Во септември 2023 година ја објави својата втора книга за везење со игла за дупчење, што има божиќна тема.

Во првата статија во серијата Canon SELPHY Craft Club откривме како да направиме експлодирачка кутија. Тука, Duygu ќе ни објасни како да претвораме фотографии во украси за божиќна елка со помош на печатачот Canon SELPHY Square QX10.

Водич во чекори за божиќни украси од фотографии

Две божиќни фотографии украсени со шљокици и отпечатени со Canon SELPHY Square QX10, висат на гранки покрај божиќна елка.

На оние кои сами сакаат да направат уникатни божиќни украси, Duygu им препорачува да започнат со едноставни модели: „На тој начин ќе добиете самодоверба за да експериментирате со различни дизајни“.

Следете ги 10-те едноставни чекори на Duygu за да создадете сопствени и уникатни божиќни украси:

  1. Изберете ги фотографиите што сакате да ги користите.
  2. Уредете ги со апликацијата SELPHY Photo Layout - во оваа фаза може да додавате текст, филтри, налепници и многу повеќе во вашите фотографии.
  3. Притиснете го копчето за печатење на вашиот паметен телефон или друг компатибилен уред и отпечатете ги вашите слики преку Wi-fi со Canon SELPHY Square QX10.
  4. Направете рамка со сечење две парчиња провидна фолија во саканата големина (малку поголеми од вашите фотографии).
  5. Ставете ги отпечатените фотографии измеѓу двете парчиња фолија.
  6. Испеглајте три рабови од фолијата околу фотографијата за да ги залепите.
  7. Почекајте 30 секунди за да се олади рамката.
  8. Ставете малку светки или шљокици внатре за да ја разубавите.
  9. Испеглајте го последниот раб и направете дупка во горниот дел.
  10. Протнете празничен конец низ дупката за да го закачите вашиот украс.

Ако не сакате да користите пластика, може да го направите украсот без рамка и да ги отпечатите сликите со рамка за отвор на горната страна, а потоа да залепите светки, златни листови или шљокици директно врз нивната површина.

„Тоа е сè што е потребно“ - вели Duygu, „за да добиете прекрасни и уникатни украси од фотографии што може да ги закачите на вашата елка!“

Duygu започна да ја споделува својата авантура за изработка на модели на интернет пред 10 години, а сега сними видео како дел од овој проект за да го продолжи процесот. „Кога е во прашање комуникацијата со следбениците, најмногу го сакам чувството на заедница. Огромно задоволство ми причинува да споделувам идеи, да инспирирам други и да бидам сведок на колективен ентузијазам за уметноста на изработување модели“ - вели таа.

Работење со Canon SELPHY Square QX10

Рамна површина на која има неколку отпечатени божиќни фотографии, печатач Canon SELPHY Square QX10 и празнични украси.

Canon SELPHY Square QX10 е практичен за користење и лесно се поврзува со вашите паметни уреди преку Wi-Fi. Тоа значи дека може да ги уредувате и печатите вашите фотографии за неколку минути, но и да создадете уникатни украси и да ги закачите на елката пред да заврши вашата листа со божиќни песни!

„Работењето со печатачот SELPHY постави нови стандарди за мене“ - вели Duygu. „Тоа што гледав како моите фотографии стануваат реалност со огромна острина и живописни бои ми причини огромно задоволство. Квалитетот на Canon SELPHY Square QX10 ги надмина моите очекувања и ги претвори моите проекти за изработка на модели во висококвалитетни резултати што со задоволство ги споделувам“.

SELPHY Square QX10 е практичен за користење - треба само да ја преземете бесплатната апликација SELPHY Photo Layout и да ја поврзете со печатачот за да печатите безжично, директно од вашиот паметен телефон. „Апликацијата е многу практична“ - објаснува Duygu. „Ја инсталирав од продавницата за апликации на мојот телефон и потоа избрав распоред што најмногу одговараше за мојот дизајн. Апликацијата нуди разновидни опции, како распореди за колажи или шаблони што се специфично дизајнирани за украси. Потоа ги увезов фотографиите од галеријата во мојот телефон и ги прилагодив големината, положбата и ориентацијата на оние што ми се допаднаа. Исто така, апликацијата нуди опции за додавање текст, налепници или други украсни елементи. Кога го добив саканиот распоред, ги отпечатив фотографиите со SELPHY Square QX10“.

Материјалите отпечатени со SELPHY Square QX10 може да траат до 100 години,1 па затоа е идеален за создавање украси што може да ги подарите и да ги користите за многу идни Божиќи. „Фотохартијата XS-20L нуди живописни, јасни и богати отпечатени материјали“ - вели Duygu. Специјалниот прекривен слој ги прави отпорни на вода, прав, масло и отпечатоци од прсти, што значи дека украсите ќе бидат цврсти и долготрајни дури и без рамката од провидна фолија.

Крајниот резултат

Рамна површина на која има неколку отпечатени божиќни фотографии, плус печатач Canon SELPHY Square QX10, шљокици и празнични украси.

„Вметнете елементи што ви значат многу на вам или на примателот на украсот“ - предлага Duygu. „Тоа може да биде омилена боја, омилен спомен или симбол од големо значење“.

Три божиќни фотографии украсени со шљокици и отпечатени со Canon SELPHY Square QX10, висат на гранки покрај модели од божиќна елка и куќа во празнична сезона.

„Се нарекувам авантурист за изработка на модели“- вели Duygu. „Уживам во можностите за непознати, а сепак возбудливи и нови искуства и модели“. Duygu ги охрабрува другите да почнат да се занимаваат со изработка на модели со слична страст, а притоа да се забавуваат и да уживаат во процесот подеднакво како и во резултатот. „Canon SELPHY Square QX10 ви овозможува да вметнете свои елементи во моделите“ - додава таа.

„Еден од најдобрите начини за подобро празнично украсување е да внесете свои елементи, а ништо не е поуникатно од среќните моменти“ - вели Duygu. „Ова е фантастичен начин за прославување на омилените божиќни спомени или успеси, како на пример, слика од вашето прво дете кога било бебе или слика од вашето предложување на брак. Божиќ е време и за присетување на драгоцените спомени и луѓето кои ги сакаме. Може да биде начин за оддавање почит на саканите кои не се со нас за празничната сезона или начин за одбележување специјални моменти споделени со семејството и пријателите“.

Duygu заклучи дека украсите се „брзи и лесни за изработка“ и верува дека ова е одлична активност за заедничко уживање и за зголемување на празничното расположение. „Божиќ е време кога традициите се предаваат низ генерациите“ - се присеќа таа. „Вметнувањето фотографии во украсите може да стане традиција само по себе, а притоа да создаде чувство на континуитет и визуелен приказ на семејната историја.

„Приспособените украси имаат специјално значење и сентиментална вредност“ - продолжува таа. „Ако ги надополните со имиња, фотографии или пораки, може да создадете подарок што ќе биде уникатен. Ваквите елементи покажуваат внимание и грижа и го зголемуваат значењето на подарокот“.

Други идеи за празнични украси од хартија

Duygu многу му се радува на празничниот дух што нè опкружува овој период од годината. „Топлината, добрината и чувството на заедништво резонираат во мене„ - вели таа. „Како што се доближуваме до Новата Година, јас сум полна со возбуда, ги прифаќам можностите за нови почетоци и уживам во позитивните моменти што ги нуди празничната сезона“.

Duygu секоја година изработува некаков вид на украси - везени украси за на елка, златни венци и разубавени предмети - за празничната сезона. „Користењето на печатачот Canon SELPHY отвора нов свет на можности за создавање уникатни и приспособени божиќни украси“ - додава таа. Во иднина, таа верува дека печатачот ќе биде одличен за создавање приспособени ознаки за подароци - со имиња, празнични дизајни и фотографии што ќе ги направат екстра специјални. Празничниот календар е уште една идеја што ѝ се допаѓа, особено ако ја излупи задната страна и ги претвори отпечатените материјали во налепници: „Може да отпечатите мали фотографии или броеви со кои ќе го означите секој ден што води до Божиќ и да ги прикачите со конец или на табла“.

Duygu ги охрабрува сите кои за прв пат ќе изработуваат божиќни украси да му се препуштат на креативниот процес и да се забавуваат. „Изработувањето украси може да биде одличен начин да го изразите сопствениот стил и да внесете свои елементи во вашите празнични украси“ - вели таа. „Не заборавајте дека радоста од изработувањето украси е во авантурата, не само во крајниот резултат. Прифатете ги сите несовршености и уживајте во задоволството што го нуди создавањето нешто уникатно“.

Напишано од Kat Halstead

  1. Доколку се чуваат во албум. Врз основа на забрзано тестирање, земајќи предвид температура од 23° C / 73,4° F и влажност од 50%.

Слични производи

Слични статии

Декорации од хартија за маса

Направете прекрасни декорации за маса за сите пригоди со Creative Park.

Печатење божиќни честитки

Направете сопствена празнична фотосесија и отпечатете уникатни божиќни честитки.

Најдобрите преносливи печатачи од Canon

Истражете ја палетата на компактни печатачи од Canon за да дознаете кој е најсоодветен за вас.

Направете експлодирачка кутија

Lini Trinh ја покажува својата „експлодирачка“ кутија направена со помош на Canon SELPHY CP1500.