Разбудете ја вашата креативност со „експлодирачка“ кутија од хартија полна со спомени

Во првата серија на Canon SELPHY Craft Club, уметникот за изработка на модели од хартија, Lini Trinh, го споделува својот водич за изработка на приспособени експлодирачки кутии со помош на печатачот Canon SELPHY CP1500.
Печатач Canon SELPHY покрај експлодирачка кутија од виолетов картон исполнета со модели од хартија во форма на ѕвезда и украсена со фотографии во форма на срце, а други фотографии и оригами закачени на конец висат над кутијата.

Изработката на модели од хартија е совршен начин да правите уметнички проекти без да трошите многу пари или да собирате сложени материјали, а може да биде и одличен начин да посветите малку време за вас, подалеку од хаосот на надворешниот свет. Исто така, може да биде и начин за изработка на подароци за вашите сакани, со уникатни елементи што ќе изнудат насмевка кај примателите. Ентузијастот за изработка на модели од хартија, Lini Trinh, изработува модели уште од детските години, а своите креации започна да ги споделува на интернет пред приближно една година. Таа е позната по нејзините убави проекти исполнети со разни бои, интрига и забава. Повеќе од 800.000 луѓе го следат нејзиниот профил на TikTok за да бидат во тек со нејзините инспиративни креации и видеозаписи со упатства за изработка на секакви модели од хартија, почнувајќи од роденденски торти па сè до цвеќиња, вентилатори и лампи.

Една од активностите во кои ужива најмногу е изработката на „експлодирачки кутии“. „Експлодирачка кутија е уникатен и интерактивен вид на честитка или кутија со подароци“ - објаснува таа. „Дизајнирана е на таков начин, што кога ќе ја отворите, нејзините страни се отвораат за да го откријат изненадувањето во центарот. Исто како да отворате кутија за да откриете некој скриен свет на креативност“.

Во првата серија на Canon SELPHY Craft Club, Lini ќе нè води низ изработката на нејзиниот најнов проект, од почеток до крај, споделувајќи го забавниот и уметнички пристап за изработка на сопствена експлодирачка кутија со помош на компактниот печатач за фотографии Canon SELPHY.

Концептот

Печатач Canon SELPHY покрај куп разнобојни картони, пакување хартија за печатење од Canon, ножици и лепак.

Почнете да правите експлодирачка кутија со основни материјали како хартија во боја, ножици, лепак и фотохартија од Canon, со помош на вашиот паметен уред и печатачот Canon SELPHY CP1500 за да ги отпечатите вашите креации и да ја приспособите вашата кутија.

Родена е во Ханој во Виетнам, а сега живее во Германија. Lini е моден дизајнер кој цел живот изработува модели и од прва рака ги знае радоста и изненадувањето што експлодирачките кутии можат да им го понудат на луѓето од сите возрасти. „Почнав да работам со хартија на многу мала возраст“ - вели таа. „Правев многу модели од хартија како дете бидејќи тогаш немавме видеоигри или мобилни телефони како што имаат децата сега. Затоа поминував многу време работејќи со хартија и други материјали за изработка на модели“.

За нејзиниот проект за Canon SELPHY Craft Club, Lini вели: „Ме инспирираше идејата за зачувување спомени и создавање уникатен подарок“. „Сакав да направам нешто специјално за роденденот на мојот син и си помислив дека експлодирачката кутија би била совршен начин за доловување на нашите заеднички среќни моменти“. Подарувањето експлодирачка кутија на својот син за неговиот роденден се покажа како совршена можност за да му ја пренесе својата љубов и да го сподели задоволството со него, а можеби и да инспирира нова генерација на уметници за изработка на модели од хартија.

Процесот

Ножици сечат форма на срце околу отпечатена фотографија од жена која држи мало дете. Во заднина има печатач Canon SELPHY и пакување фотохартија Canon.

Lini избра фотографии од специјални спомени со својот син, а потоа со помош на апликацијата Canon SELPHY Photo Layout ги уреди и ги отпечати безжично со нејзиниот печатач Canon SELPHY CP1500. Одлучи да ги отсече во форма на срце што асоцира на љубов.

Парче виолетов картон во форма на крст, ставен на работна маса, на картонот се залепени фотографии во форма на срце, а во средината има модел во вид на срце. Во близина има печатач Canon SELPHY.

Lini препорачува експериментирање со различни форми и слоеви, како моделот во вид на срце што го стави во центарот на експлодирачката кутија. Откако ги додаде моделите од хартија во форма на ѕвезда во кутијата, таа внесе нова димензија во „експлозијата“ и подготви поголема возбуда за примателот што ќе ја отвори кутијата.

Експлодирачките кутии може да изгледаат импресивно и да ги збогатат специјалните моменти со возбуда - изненадувањето и драмата кога саканата личност ја отвора кутијата и ужива во експлозија од спомени и уметност. Откако ќе ја совладате основата, може да ги изработувате колку што сакате поедноставни или посложени. Lini предложува да ги изработувате чекор по чекор и да ги следите овие фази:


  • Собирање материјали: соберете хартија во различни бои и текстури, фотографии, налепници и други украсни елементи. Сликите може да ги уредите со апликацијата Canon SELPHY Photo Layout во вашиот паметен уред, пред да ги испратите безжично за печатење во различни форми и големини - почнувајќи од поштенски картички па сè до мини налепници - со вашиот печатач Canon SELPHY CP1500.
  • Дизајн и распоред: испланирајте ја структурата и распоредот на вашата експлодирачка кутија, вклучувајќи го и бројот на слоеви и како ќе се отворат. Основната структура мора да има главен квадрат, со четири дополнителни квадрати - по еден на секоја страна - за основната кутија, плус капак. Lini има многубројни видеозаписи на нејзиниот профил на TiKTok каде што е прикажана изработката на кутиите, а вие може да се обидете прво со користена хартија, за да избегнете непотребно трошење на материјали.
  • Сечење и превиткување: отсечете ја хартијата во саканите форми и големини за секој слој. Превиткајте ги за да добиете ефект на експлозија.
  • Украсување: додајте фотографии, пораки и украсни елементи на секој слој. Тука можностите се бесконечни.
  • Составување: внимателно составете ги слоевите, а притоа погрижете се да ги вклопите совршено за да може кутијата да „експлодира“ без пречки. Ако сакате да ставите елементи што ќе висат под капакот на кутијата, ова е моментот кога треба да ги закачите со конец и да проверите дали ќе има доволно место за нив во кутијата кога ќе ја затворите.
  • Завршни елементи: додајте ги последните украси за да го разубавите конечниот изглед. Може да ставите светки и да нацртате нешто по желба, но и да залепите налепници и приспособени фотографии.

Печатачот

Печатач Canon SELPHY покрај паметен телефон што ја прикажува апликацијата Canon SELPHY Photo Layout, неколку картони во боја и пакување фотохартија од Canon.

Апликацијата Canon SELPHY Photo Layout нуди неограничени можности за внесување креативни и уникатни елементи во вашите проекти. Достапни се многубројни шаблони, а апликацијата ви овозможува и да ги приспособувате сликите со текст, рамки и печати со кои ќе создадете уникатни фотографии.

Парче виолетов картон на работна маса, покрај него има фотографии во форма на срце и модели од хартија во форма на ѕвезда. Во близина има печатач Canon SELPHY.

Печатачот Canon SELPHY CP1500 може да користи хартија за налепници во три различни големини - коцка, правоаголник и мини налепници. Ваквата хартија може да ја искористите за украсување на помалите делови од кутијата.

„Работењето со Canon SELPHY CP1500 беше одлично“ - вели Lini. „Квалитетот на отпечатените материјали беше одличен, со живописни бои и остри детали. Тоа придонесе за професионален изглед на мојот проект“.

Сликите отпечатени со SELPHY CP1500 се заштитени со специјален слој што ги прави отпорни на нечистотии, вода, масло и отпечатоци од прсти. Може да траат до 100 години1 доколку се чуваат во албум, што е одлично за зачувување на важните моменти. Тоа беше идеален избор за навистина уникатен подарок што ги отслика квалитетно поминатото време и специјалните моменти со синот на Lini.

Освен професионален квалитет за нејзиниот проект, Lini доби опции за лесно безжично поврзување на печатачот SELPHY CP1500 со нејзиниот паметен телефон и можност за уредување на своите дизајни пред да ги отпечати. „Ја искористив апликацијата SELPHY Photo Layout во мојот телефон за да ги изберам и распоредам моите слики пред да ги отпечатам“ - објаснува таа. „Таа е практична за користење и ми овозможи да го приспособам распоредот според потребите за мојот проект. Исто така, функцијата за безжично печатење многу го олесни процесот“.

Lini открива четири совети за крај со кои успешно ќе изработувате експлодирачки кутии:


  • Користете висококвалитетна хартија за поголема издржливост на кутијата.
  • Мерете и сечете прецизно за да добиете прецизни и еднакви слоеви.
  • Експериментирајте со различни техники на превиткување за да добиете интересни форми и агли.
  • Бидете трпеливи и не брзајте додека ја составувате за да избегнете грешки.

Резултатот

Експлодирачка кутија од виолетов картон исполнета со модели од хартија во форма на ѕвезда и украсена со фотографии во форма на срце, а над неа се закачени други фотографии и оригами кои висат на конец. Во близина има печатач Canon SELPHY.

Откако ќе ја преклопите основната форма на кутијата, може да додадете украси по ваша желба, како што се фотографиите на Lini во форма на срце, ставени на надворешните рабови, и нејзината колекција на модели од хартија во форма на ѕвезда, поставени во истата форма на срце во центарот.

Експлодирачка кутија од виолетов картон исполнета со модели од хартија во форма на ѕвезда и украсена со фотографии во форма на срце, а на капакот што стои над кутијата се закачени други фотографии и оригами кои висат на конец.

Еден од забавните аспекти кај експлодирачките кутии е прикачување модели од хартија на капакот на кутијата со конец, што ќе се придвижат нанадвор кога ќе се подигне капакот. Тука, Lini употреби оригами во вид на лебеди и месечина со ѕвезди во пастелни бои за да добие производ што ќе личи на играчка поставена над бебешко креветче.

„Пресреќна сум од крајниот резултат“ - вели Lini. „Ова е уникатен и приспособен подарок што сигурно ќе го израдува и усреќи мојот син“. Во минатото, Lini изработувала различни експлодирачки кутии, додавајќи елементи како страшни духови за Ноќта на вештерките, мини роденденска торта од хартија, срциња, ѕвезди и оригами во вид на лебеди. „Во споредба со другите експлодирачки кутии што сум ги направила, оваа ќе има специјално место во моето срце бидејќи е за моето дете“ - вели таа.

„Она во кое уживам најмногу при изработката на модели од хартија е слободата што ја нуди“ - продолжува таа. „Ми се допаѓа тоа што можам да ги претворам обичните листови хартија во прекрасни и креативни дизајни. На овој начин можам да ја изразам својата креативност и да ги остварам моите идеи“.

Повеќе креативни идеи

Canon SELPHY CP1500 може да печати слики во различни форми и големини за да ги приспособите сите креации што ќе ги замислите. „Можностите се неограничени“ - вели Lini, „и ова е одличен начин за создавање подароци за паметење и долго чување. Постојат многу други идеи за изработка на експлодирачки кутии и други модели што може да ги отпечатите со печатач SELPHY. Може да додавате мини налепници, квадратни отпечатени материјали или материјали со големина на поштенска картичка во експлодирачките кутии за да изгледаат поуникатно и повозбудливо“.

Инспирација може да добиете од секаде. Lini ги споделува своите креации на нејзините социјални медиуми, а воедно следи и на какви проекти работат другите. „Уживам да комуницирам со следбениците бидејќи така можам да ги инспирирам другите и да научам нешто ново од заедницата што изработува модели од хартија“ - вели таа. „Неверојатно е како луѓе од целиот свет можат да се обединат и да ја споделат својата љубов кон изработувањето модели“. Освен експлодирачки кутии, Lini има направено мини букети од хартија, сложувалки, честитки и мини фигури инспирирани од популарни ликови.

„На сите кои би сакале да направат експлодирачка кутија за прв пат, им препорачувам да се обидат во тоа“ - охрабрува Lini. „Тоа е забавен и креативен проект што ви овозможува да се изразите и да направите нешто навистина уникатно. Не плашете се да експериментирате со различни дизајни и техники и не заборавајте дека печатачите SELPHY може да го подобрат вашиот проект со висококвалитетни отпечатени материјали. Уживајте во процесот и крајниот резултат ќе биде извонреден!“

Напишано од Kat Halstead

  1. Доколку се чуваат во албум. Врз основа на забрзано тестирање, земајќи предвид температура од 23° C / 73,4° F и влажност од 50%.

Слични производи

Слични статии

Создајте своја книга со приказни

Ослободете ја вашата фантазија со рачно изработена книга со приказни создадена со Canon SELPHY CP1500.

Подобрете ја празничната атмосфера со украси од фотографии

Во вториот проект на SELPHY Craft Club, Duygu Turgut Gokpinar ги споделува своите искуства од користењето на Canon SELPHY Square QX10.

Создавајте во текот на целата година

Разгледајте ги инспиративните идеи на Jesus Sauvage за вашиот SELPHY Square QX10.

Идеи за мини уметнички слики со Canon SELPHY Square QX10

Направете мини уметничка галерија со советите и триковите од специјалистите за диорами Ole Friedrich и Esther Mora Chavarria.