Пресоздајте познати уметнички слики со мини хартиени модели

Направете своја минијатурна уметничка галерија со помош на Canon SELPHY Square QX10 и апликацијата SELPHY Photo Layout, следејќи ги советите од експертите за диорами Ole Friedrich и Esther Mora Chavarria.
Мини хартиен модел од уметничка галерија со две уметнички слики закачени на црвени ѕидови и мини силуета која стои во заднина и ги гледа уметничките дела.

Сте направиле ли некогаш диорама: модел од сцена со тридимензионални фигури? Диорамата може да има форма со минијатурен или огромен дизајн, и иако изгледа сложено да се направи, не е потребно да потрошите многу пари за да ја направите.

Малкумина имаат подобри уметнички вештини за правење минијатурни диорами од Ole Friedrich и Esther Mora Chavarria, кои веќе имаат приближно 114.000 следбеници на TikTok. Тие ја привлекоа публиката со изработка на историски прецизни и детални диорами, почнувајќи од праисториски дела со диносауруси, па сè до сцени од сафари со носорози и елени.

Во најновата епизода од серијата Canon SELPHY Craft Club, Ole и Esther направија минијатурна уметничка галерија со две од најпознатите уметнички слики и внесоа сопствени елементи во неа. За овој проект, тие ги избраа уметничките слики Girl with a Pearl Earring од Johannes Vermeer и The Kiss од Gustav Klimt.

Погледнете како ја правеа - користејќи го печатачот Canon SELPHY Square QX10 - додека ве водат низ процесот и откриваат совети што ќе ви помогнат да направите своја диорама.

Концептот

Отпечатени копии од делата Girl with a Pearl Earring од Johannes Vermeer и The Kiss од Gustav Klimt ставени на маса, пред печатач Canon SELPHY Square QX10 и други уметнички материјали.

Ole и Esther избраа уметнички слики од јавен карактер - The Kiss од Gustav Klimt и Girl with a Pearl Earring од Johannes Vermeer. Ова се важни информации што треба да ги проверите за да не се соочите со трошоци со авторски права доколку ги споделите вашите дела на интернет. Процесот може да трае многу долго, но може и да уживате во него бидејќи ќе научите забавни информации за уметноста што може да ги споделите со другите.

Ole и Esther, кои живеат во Барселона во Шпанија, се сретнале додека студирале археологија во Универзитетот во Барселона во 2019 година. Тие ја посетиле Минијатурната земја на чудата во Хамбург во Германија и толку биле импресионирани од моделите таму, што одлучиле да се обидат и сами да прават минијатурни сцени. „Ова е интересен начин за раскажување приказни, на пример, за црквата, на интерактивен и забавен начин, за да можат и децата и возрасните да ја научат историјата“ - вели Esther.

И двајцата имаат уметничко искуство, па затоа одлучија да ги спојат своите вештини за цртање и сликање со своите струки. Сега изработуваат диорами за да ги образуваат другите, но ова им беше прв обид да направат минијатурна уметничка галерија.

Процесот

Canon SELPHY Square QX10 ставен на работна маса, покрај него има парчиња стиропор, линијар и молив.

Вашата минијатурна уметничка галерија може да ја направите од основни материјали што може да ги најдете низ домот, како лепак, ножици, фотохартија од Canon и предмети што не може да ги искористите за друга намена. Најважно е да ги употребувате материјалите повторно и да рециклирате, за да не фрлате ништо во отпад.

Две дланки бојат две парчиња стиропор во црвена боја за да ги направат ѕидовите на галеријата.

Изработувањето мини модели од хартија може да ве опушти и да ви ги одвлече мислите од проблемите. Ole и Esther вообичаено слушаат podcast-содржини во заднина додека ги извршуваат своите задачи. „Лесно може да се задлабочите во процесот и нема да забележите колку време поминало“ - вели Ole.

Минијатурните уметнички галерии може да бидат едноставни или сложени по ваша желба, во зависност од тоа што сакате да постигнете. Може да направите галерија со многу слики и човечки фигури или може да се одлучите за мала галерија со една слика околу која се собрани неколку фигури. Не треба да трошите многу пари ниту на материјали. Ole и Esther разгледаа што имаат во својот дом и повторно искористија некои предмети од претходни проекти, како и други предмети што ги собирале низ годините.

  • Истражување: „првото што треба да го знаете е дали уметничката слика е од јавен карактер, за да може да ја користите за секакви активности“ - вели Esther. „Создаваме реалистични диорами, па затоа баравме познати слики на Google Art Project, но може да нацртате нешто и рачно“.
  • Собирање материјали: „за овој проект употребивме стиропор за да ги направиме ѕидовите и подот“ - вели Ole. „Подот е особено важен бидејќи треба да добиете одредена текстура, па затоа го обоивме со природно мастило за да изгледа како дрвен под од галерија“.
  • Дизајн и распоред: „размислете како сакате да изгледаат уметничките слики - дали ќе бидат во стандарден правоаголен формат или ќе експериментирате со нешто поинакво“ - вели Esther. "Апликацијата Canon SELPHY Photo Layout ви нуди многу опции со кои може да експериментирате - можностите се бесконечни. Потоа, размислете како ќе изгледа рамката. Апликацијата ви нуди опции за уредување, па затоа може да изберете традиционална рамка што може да биде незабележителна или може да изберете раскошна рамка со различни дизајни“.
  • Печатење: „една од најдобрите карактеристики на Canon SELPHY Square QX10 е тоа што можевме да го носиме со нас низ целиот работен простор, бидејќи има мали димензии“ - вели Esther. „Исто така, тој нуди голема брзина на печатење и затоа можевме да експериментираме“. Материјалите отпечатени со SELPHY Square QX10 имаат самолеплива задна страна, за полесно да ги искористите во вашата диорама.
  • Човечки елемент: „следен чекор е да најдете или да направите човечка фигура“ - вели Ole. „Фигурата треба да се постави како да има интеракција со просторот, за да прикаже одредено движење и да изгледа пореално“.
  • Скриени изненадувања: „во сите наши проекти додаваме предмети по случаен избор што гледачите можат да ги пронајдат и да се израдуваат“ - вели Esther. „Во овој проект ставивме скршен столб од друг проект и ставивме мала верверичка врз него. Тоа беше спонтана мисла и ова го правиме на крајот од проектите како забава. Внесувате уникатен елемент, но оваа идеја не ви доаѓа сè додека не го завршите проектот и не забележите некој празен простор“.
  • Лепење: „сите елементи ги правите посебно, а потоа од ништо создавате нешто навистина прекрасно“ - вели Esther. „Спојувањето на сите елементи го прави проектот да изгледа реален“.

Печатачот

Рака држи паметен телефон на чиј екран се гледа апликацијата Canon SELPHY Photo Layout што го прикажува делото The Kiss од Gustav Klimt, а на масата подолу има отпечатена копија од таа слика, отпечатена копија од делото Girl with a Pearl Earring од Johannes Vermeer, како и Canon SELPHY Square QX10.

Апликацијата Canon SELPHY Photo Layout е вашето сè-во-едно решение за вашите потреби за уредување и печатење. Изберете го саканиот распоред и додавајте текст, рамки и печати. Ова е практично доколку сакате, на пример, да додадете малку информации за уметникот на делото во вашата минијатурна слика.

На работна маса се ставени материјали за проекти, вклучувајќи и обоен тврд стиропор, печатач Canon SELPHY Square QX10, две мини отпечатени копии од уметнички слики, молив, линијар , џебен нож и дополнителен стиропор.

Canon SELPHY Square QX10 беше многу практичен бидејќи не секогаш сакаме да сликаме и да создаваме слики од почеток“ - вели Esther. „Користењето на овој печатач навистина нè инспирираше и мислам дека ќе го користиме за проекти во иднина“.

Во периодот додека работеле заедно, Ole и Esther никогаш не користеле печатач. Тие секогаш рачно ги цртале и боеле сите компоненти за сите нивни проекти. „Тоа може да трае многу долго“ - додава Ole. Работењето со Canon SELPHY Square QX10, на некој начин, го револуционеризираше нивниот работен процес. „SELPHY Square QX10 е потполно различен од стандардните печатачи што би ги користеле“ - вели Esther. „Досега никогаш не сме користеле печатачи за нашите модели бидејќи не гледавме потенцијал во нив, но овој печатач го промени сето тоа“.

Една од најдобрите карактеристики на печатачот, според Esther, е квалитетот на отпечатените материјали. „Многу е важно да направите минијатурен модел што изгледа реално, а отпечатените материјали беа висококвалитетни и боите изгледаа многу живописно“ - додава таа. Отпечатените материјали може да траат до 100 години1, па затоа овој компактен печатач е идеален партнер за ваков вид на проекти.

И двајцата уживаа во користењето на апликацијата Canon SELPHY Photo Layout. „Нашата примарна алатка за работа е телефонот бидејќи го користиме за снимање видеозаписи за социјалните медиуми“ - вели Esther. „Оваа апликација беше неверојатна бидејќи ни овозможи да печатиме во секое време, без да го вклучуваме компјутерот и да бараме апликација за печатење“. Апликацијата е компатибилна со iOS и Android и им овозможи на Ole и Esther брзо да ги уредуваат нивните фотографии и да го изберат распоредот, а на SELPHY Square QX10 му беа потребни приближно 43 секунди за да ги отпечати, што им ја олесни работата. „Исто така, апликацијата лесно се поврзува со печатачот - сè што требаше да направиме беше да го скенираме QR-кодот“ - вели Ole. „Не може да биде поедноставно!“

Љубителите на историјата нудат три совети за успешна изработка на вашата минијатурна уметничка галерија:

  • Пронајдете инспирација. Таа може да биде од некоја телевизиска емисија или објава на Pinterest - потребни ви се визуелни референтни материјали.
  • Експериментирајте со материјалите, немојте да го земете првото нешто што ќе го видите. Понекогаш може да најдете многу предмети во домот или во природата, па затоа експериментирајте и дознајте која комбинација е најдобра.
  • Употребувајте сè повторно. Повеќето материјали што ги користат Ole и Esther се рециклирани, како на пример, стари кутии за јајца. На овој начин може да се забавувате без да имате негативно влијание врз животната средина.

Резултатот

Мини диорама од уметничка галерија ставена на работна маса покрај печатачот Canon SELPHY Square QX10.

Canon SELPHY Square QX10 е одлична алатка во нашата работилница и сакаме да им го претставиме на сите кои учествуваат во нашите работилници“ - вели Esther. „Тој нуди нови можности, не само за нас, туку и за учесниците. Не може да потрошите два часа во цртање слика, што значи дека овој печатач може да им заштеди многу време, а можеби и да привлече повеќе луѓе да создаваат мини сцени“.

Слика одблиску од мала силуета завртена кон мини отпечатени копии од делата Girl with a Pearl Earring од Johannes Vermeer и The Kiss од Gustav Klimt закачени во мини диорама од галерија.

„Нашиот стандарден печатач е добар за многу работи, но не и за печатење материјали со висока резолуција во мал размер“ - вели Ole. „Досега не можевме да правиме многу работи, како на пример, рачно да насликаме мал уличен знак, бидејќи тоа е многу тешко. Canon SELPHY Square QX10 печати одлични материјали, дури и во мал размер, а тоа ќе го промени начинот на кој работиме“.

„Навикнати сме да изработуваме археолошки диорами, па затоа не се чувствуваме сигурно за минијатурната уметничка галерија“ - се навраќа Ole. „Но, беше многу забавно. Работењето со материјали што ни се познати и претворањето на тие материјали во нешто што не ни е познато се чувствуваше како големо достигнување“.

Ole и Esther поминуваат многу време заедно, па затоа велат дека е важно да ги поделите задачите за да не си пречите меѓусебно. „Кога го започнавме проектот, се препуштивме на работата, но брзо сфативме дека еден од нас знае повеќе за боите, а другиот знае повеќе за структурата, на пример“ - вели Ole. „Утврдете кои задачи ви се полесни за извршување. Добро е да има своја специјалност, а делењето на задачите ќе направи да се чувствувате како да работите заедно, а сепак посебно. Верувајте си меѓусебно и имајте верба дека резултатот ќе биде фантастичен“.

Сега кога ги имате потребните алатки и совети за создавање своја минијатурна уметничка галерија, зошто не се обидете да ја направите? Не само што е забавна, туку е и едукативна - којзнае какви интересни информации може да откриете за огромниот и прекрасен свет на уметноста. Или, пак, ако сакате, може да се одлучите за поуникатен проект, на пример, галерија во која ќе бидат изложени најдобрите уметнички дела на вашите деца, за да им покажете колку ви значат? Или, пак, зошто не создадете уникатен подарок со празнични фотографии? Можностите се бесконечни!

Напишано од Nikita Achanta

  1. Доколку се чуваат во албум. Врз основа на забрзано тестирање, земајќи предвид температура од 23°C/73,4°F и влажност од 50%.

Слични производи

Слични статии

Направете експлодирачка кутија

Lini Trinh ја покажува својата „експлодирачка“ кутија направена со помош на Canon SELPHY CP1500.

Хартиени модели од фина уметност

Уметникот Zack McLaughlin е инспириран од шаблон од рибарче од Canon Creative Park.

Создајте своја книга со приказни

Ослободете ја вашата фантазија со рачно изработена книга со приказни создадена со Canon SELPHY CP1500.

Најдобрите преносливи печатачи од Canon

Истражете ја палетата на компактни печатачи од Canon за да дознаете кој е најсоодветен за вас.