ТЕХНИКИ ЗА СНИМАЊЕ ВИДЕО

Како да снимате видео навечер

Како максимално да ја искористите достапната светлина за да снимате спомени во темнина.
Фотограф снима двајца во зимска облека кои се гушкаат и печат маршмело на отворен оган. Сцената е осветлена само од огнот и низа украсни светилки во заднина.

Штом научите како да ракувате со фотоапаратот, најважната лекција што треба да ја научите и за фотографирање и за видеографија е како да користите светлината. Навечер, изворите на светлина се ограничени, но сепак постојат многу моменти што ќе сакате да ги снимите, почнувајќи од прослави па сè до важни разговори покрај логорски оган. Видеозаписите се одличен начин за снимање на малите специјални моменти - начинот на кој луѓето се движат, разговараат и се смеат, што не може да се долови со фотографија - но снимањето може да биде отежнато ако нема доволно светлина.

Користењето повисока вредност за ISO ќе ја зголеми чувствителноста на светлина на фотоапаратот, а избирањето поширока решетка и помала брзина на блендата може да ја зголеми количината на светлина што ќе допре до сензорот, но ако не разбирате како да ги контролирате овие поставки во зависност од вашето опкружување, тогаш веројатноста е голема да добиете снимки со зрнеста текстура или заматени снимки. Доволно е мало познавање за да ги надминете овие пречки и да снимате видеозаписи на кои ќе се радувате со години, но и за да почнете да ги надградувате вашите вештини за снимање.

Тука, Ellis Reed, креатор на содржини и фотограф/видеограф кој живее во Бат во Обединетото Кралство, ги споделува своите најдобри совети за снимање видео навечер.

Контролирајте ги поставките

Две дланки што ги прилагодуваат поставките за ISO кај фотоапарат од Canon. Заднината е потполно темна, што укажува дека е ноќ.

Ако снимате видеозаписи навечер, рачниот режим ќе ви обезбеди најдобри резултати. Запознајте се со поставките на вашиот фотоапарат пред да појдете да снимате, а потоа експериментирајте со ISO, брзината на блендата и решетката за да го добиете саканиот изглед.

Кога избирате поставки за ноќно снимање во фотоапаратот, може да го активирате режимот за автоматско интелигентно откривање на сцени од Canon и тој ќе примени поставки што смета дека се најсоодветни. Меѓутоа, со рачниот режим ќе добиете поголема контрола.

Ако снимате со фотоапарат со Canon EOS R-систем како што е EOS R6 Mark II, електронскиот визир ќе ви покаже каков ефект ќе има промената на секоја од поставките врз експозицијата во реално време, што ќе ви помогне да ја зголемите вашата самодоверба кога ќе преминете во рачен режим.

Пожелно е да го промените и режимот за фокусирање во рачен режим. Системот Dual Pixel CMOS AF II кај EOS R6 Mark II и други фотоапарати, како Canon EOS R7 и Canon EOS R8, многу добро ги открива субјектите при слаба светлина, но ако работите во речиси потполна темнина, можеби ќе треба да фокусирате рачно. Користете рефлектор за да го осветлите субјектот што се обидувате да го фокусирате и зумирајте преку визирот додека го вртите прстенот за фокусирање на објективот сè додека не добиете остар фокус. Овој метод е практичен и за астрофотографија, кога работите во речиси потполна темнина, а сакате да фокусирате нешто во преден план и во исто време да го доловите небото во заднина.

Изберете широка решетка

При снимање во услови со слаба осветленост, треба да пропуштите колку што е можно повеќе светлина кон сензорот. Еден од начините да го постигнете ова е да ја отворите решетката максимално, што значи да ја поставите функцијата f на најмал можен f-број. Иако објективот со зум може да биде добар избор бидејќи е повеќенаменска опција за снимање добро осветлени сцени во текот на денот, подобро е да користите примарен објектив како Canon RF 24mm F1.8 MACRO IS STM или Canon RF 35mm F1.8 MACRO IS STM за да ги искористите придобивките што ги нуди широката бленда.

Изберете стапка на слики и брзина на блендата

Две дланки држат фотоапарат Canon EOS R6 Mark II, чиј екран на допир со променлив агол е отворен на страна и прикажува слика од дрвена куќа во шума.

Избирањето брзина на бленда што е двојно поголема од стапката на слики ќе ви помогне да снимите видеозаписи со природен изглед и задоволително ниво на заматување на движењата.

Прво, изберете стапка на слики. Стапката од 24 слики во секунда (fps) е стандард во филмската индустрија, бидејќи создава видеозаписи со најприроден изглед со минимално заматување на движењата. Поголемите стапки на слики, како 60 fps и 120 fps, се користат за снимање видеозаписи со забавени движења што намерно изгледаат неприродно.

Canon EOS R6 Mark II ви овозможува да снимате видеозаписи со 4K-резолуција и 60 fps и видеозаписи со 1080p-резолуција и 180 fps, во кои движењата ќе изгледаат уште побавни.

Откако ќе ја изберете стапката на слики, изберете двојно поголема вредност за брзината на блендата. На пример, снимањето со 25 fps значи дека треба да изберете брзина на бленда од 1/50 сек. за да спречите заматување на движењата. Ова се смета за најдобар пристап, но Ellis објаснува дека има ситуации во кои ќе треба да го промените тоа. „Ако сакате намерно да ги заматите движењата, на пример, ако пешачите низ некој панаѓур навечер и сакате да создадете хаотично и разиграно чувство со траги од светлина, тогаш треба да ја намалите брзината на блендата на вредност што е приближно двојно помала од стапката на слики за да го постигнете саканиот ефект“.

Широкоаголните објективи, како што е Canon RF 16mm F2.8 STM, ќе ви помогнат да опфатите колку што е можно повеќе од опкружувањето, што ќе го зголеми чувството на брзина. Овој лесен и извонредно компактен примарен објектив е идеален и за рачно снимање видеоблогови, но бидејќи нема вградена стабилизација на слика, не заборавајте да ја вклучите дигиталната стабилизација на слика за видео кога ќе снимате рачно. Ова функција, што е достапна кај сите фотоапарати со Canon EOS R-систем, електронски ја стабилизира сликата во самиот фотоапарат.

Проверете ја вредноста за ISO

Двајца разговараат додека седат и држат топли пијалаци, а притоа ги снима маж кој држи Canon EOS R6 Mark II.

Одликувајќи се со извонредни перформанси за ISO, Canon EOS R6 Mark II е одличен за снимање содржини при слаба осветленост, особено ако се користи во комбинација со брзи примарни објективи како Canon RF 85mm F2 MACRO IS STM или Canon RF 24mm F1.8 MACRO IS STM.

Поставката за ISO на фотоапаратот ви овозможува да ја контролирате чувствителноста на светлина. Кога снимате надвор на сончев ден, може да изберете дури ISO 100 за да ја намалите чувствителноста колку што е можно повеќе. Кога е облачно може да снимате со ISO 400, а ако снимате навечер може да експериментирате со ISO 800 или поголема вредност, дури до ISO 3200 (во зависност од перформансите на вашиот фотоапарат). Canon EOS R6 Mark II овозможува снимање со максимум ISO 102.400 (што може да се прошири до ISO 204.800), но колку поголема вредност ќе изберете, толку повеќе шум ќе има во снимените содржини.

Пронајдете светлина

Маж закачува низа украсни светилки на голема дрвена греда.

Барајте опции за внесување светлина во вашата сцена на начини на кои ќе соодветствуваат на атмосферата што ја снимате. Низата украсни светилки го зајакнува чувството на удобност во сцената со логорски оган, а овозможува и меко осветлување на заднината.

„Подобро е да ја замислите темнината како празен лист наместо како предизвик“ - вели Ellis. „Пронаоѓањето начини за искористување на достапната светлина или користењето вештачка светлина може да ви помогне да снимите возбудливи и филмски содржини“.

Кога снимате навечер, не обидувајте се да ја осветлите целата сцена. Побарајте извори на светлина што ќе го осветлат вашиот субјект и ќе раскажат приказна. Логорски огнови, прозорци на продавници, улични светилки и фарови на автомобили - искористете ги за да создадете извори на светлина со кои ќе го издвоите субјектот од заднината.

Друга опција е да користите вештачка светлина. Како и многу други креатори на содржини, така и Ellis носи пренослива кутија за осветлување со LED-светилка насекаде со себе. Малата кутија за осветлување има џебна големина, но е доволно моќна за да го осветли субјектот кога снимате одблиску и може да направи огромна разлика во квалитетот на содржините што ги снимате. Не заборавајте, ако снимате добро осветлен субјект навечер, тогаш треба да ја прилагодите експозицијата според субјектот, а не според заднината.

Поставете го балансот на белата боја

Маж се наведнува надолу со фотоапарат Canon EOS R6 Mark II за да снима од горната страна на логорскиот оган. Двајцата кои седат покрај огнот може да се видат на екранот на допир на фотоапаратот.

Субјектите кои седат покрај логорскиот оган се осветлени со топлата светлина што го менува интензитетот во зависност од треперењето на пламените. Избирањето приспособен баланс на белата боја од 6000K или повеќе, ќе ја зголеми топлината на огнот во вашите видеозаписи.

Кога користите вештачка светлина, секогаш проверувајте го балансот на белата боја за да добивате доследни резултати. Поставете приспособен баланс на белата боја со помош на картичка за баланс на белата боја или парче бела хартија. Снимете фотографија од картичката или хартијата во сцената во која сакате да снимате, а потоа изберете приспособен баланс на белата боја во менито на вашиот фотоапарат и изберете ја оваа слика како референтна. Така ќе го поставите балансот на белата боја, а боите што ќе ги снимате во сцената ќе бидат точни.

Приспособениот баланс на белата боја може да ви помогне да го добиете саканиот изглед. Ако сакате да создадете потопла сцена, на пример, кога снимате логорски оган, тогаш би требало да изберете баланс на белата боја од приближно 6000K. Ако сакате да ги нагласите сините и поладни тонови во сцената, тогаш изберете вредност од приближно 2000K. Не заборавајте, ако снимате во форматот RAW или со Canon Log, лесно ќе можете да го прилагодите балансот на белата боја со помош на софтвер за обработка по снимањето.

Снимајте со најголема можна резолуција

Фотограф клечи за да сними млад пар во зимска облека, додека седат и разговараат на дрвена подлога. Сцената е осветлена со мали лампи.

Кога внесувате светлина во вашите ноќни сцени, целта не треба да биде целосно осветлување. Треба да ја користите светлината селективно за да ги истакнете субјектите.

„Кога снимам содржини за социјалните медиуми, сакам да снимам во 4K-резолуција и да ги извезам датотеките во 1080p-резолуција“ - објаснува Ellis, „бидејќи така се намалува визуелниот шум во содржините снимени при слаба осветленост, а деталите се неверојатно остри“.

Canon EOS R6 Mark II снима 4K-видеозаписи со максимум 60 fps, вршејќи прекумерно семплирање на податоците со 6K-резолуција од сензорот за да создаде уште поостра слика со помалку шум во споредба со стандардната 4K-резолуција. Или на кратко, повисоките резолуции складираат повеќе податоци во секоја датотека, што резултира со поостри слики, подобра репродукција на бои и поголема флексибилност при обработката по снимањето. Кога работите во услови со слаба осветленост, колку повеќе податоци имате во секоја датотека, толку полесно ќе можете да ја исчистите од зрнеста текстура, доколку ја има.

Зачувајте го звукот

Маж приклучува микрофон во повеќефункционалниот приклучок на горната страна на фотоапаратот Canon EOS R6 Mark II.

Насочувачкиот стерео микрофон Canon DM-E1D се приклучува во повеќефункционалниот приклучок на горната страна на фотоапаратот и се напојува директно од фотоапаратот преку приклучокот - не се потребни кабли или полначи.

Една од карактеристиките на видеозаписите снимени во темнина што станува сè повеќе популарна е звукот, бидејќи нашето сетило за слух е почувствително кога нашето сетило за вид е намалено. Вашиот фотоапарат треба да има вграден микрофон, но за да можете да ги доловите сите тивки насмевки и звуци на логорскиот оган, треба да инвестирате во надворешен микрофон како што е насочувачкиот стерео микрофон Canon DM-E1D, што се прикачува на повеќефункционалниот приклучок на фотоапаратот.

Експериментирајте со различните режими за насочување на микрофонот за да снимате различни нивоа на говори и амбиентален шум, со цел да ја доловите атмосферата на настанот што го снимате. Исто така, може да го снимате амбиенталниот шум посебно од главната видеоснимка - на пример, во снимката од логорскиот оган што е прикажана тука, може да го снимате шумот на огнот и да го репродуцирате врз снимените сцени во далечина.

Бидете креативни

Во сцена со потполна темнина, еден извор на светлина ја осветлува силуетата на фотограф кој клечи долу.

Снимањето навечер нуди голема креативна слобода, особено ако ја гледате темнината како „празен лист на кој може да цртате“, како што вели Ellis.

Штом научите како да снимате видеозаписи со природен изглед, може да почнете да снимате креативно со голема самодоверба. Независно дали снимате ноќен видеоблог, музичко видео или краток филм, искористете ги сите фактори што можете околу вас. Уличните светилки се одлично место за почеток. Како што вели Ellis, „уличните светилки се одлични извори за предно осветлување [примарни извори на осветлување] и задно осветлување, во зависност од тоа каде ќе го позиционирате субјектот. Експериментирајте со силна светлина така што ќе го позиционирате субјектот блиску до уличната светилка, или замолете го субјектот да се оддалечи повеќе од светилката за да добиете придушено осветлување“.

Исто така, Ellis советува да ги користите фаровите на автомобилите како задно осветлување за вашиот субјект и да создадете интересна силуета, што потоа може да ги надополните со магла што ја распрскува светлината и овозможува понагласено издвојување на субјектот од заднината. Користете краток телефото објектив како Canon RF 85mm F2 MACRO IS STM за да го отсечете субјектот и да го изоставите автомобилот со цел да внесете мистерија во сцената или, пак, користете широкоаголен објектив како Canon RF 24mm F1.8 MACRO IS STM за да го опфатите автомобилот како дел од приказната.

Ако сте навикнати да снимате видеозаписи во текот на денот, потребни се само малку прилагодувања за да го усовршите снимањето видеозаписи навечер. А штом ги совладате основите, ќе можете да зачекорите во потполно нов свет на креативност.

Matthew Bowen

Слични производи

  • Фотоапарати без огледало

    EOS R6 Mark II

    Фотографии или видео, акција или портрет - комбинацијата од перформанси и квалитет на слика што ја нуди EOS R6 Mark II ви овозможува да бидете максимално креативни
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R8

    Преминете на фотографии и видеозаписи во формат за целосна слика и остварете ги вашите креативни амбиции.
  • Широкоаголен објектив

    RF 16mm F2.8 STM

    Компактен, достапен и извонредно широкоаголен објектив за целосна слика со фокусна должина од 16 mm што е наменет за серијата EOS R и дизајниран за видеоблогери и креатори на креативни содржини.
  • Широкоаголен примарен објектив

    RF 24mm F1.8 MACRO IS STM

    Компактен и лесен примарен објектив од 24 mm што е идеален за фотографирање пејзажи, снимање видеоблогови и ентериери, но и за снимање одлични макро слики.
  • Објективи RF

    RF 35mm F1.8 MACRO IS STM

    Макро објектив f/1,8 од 35 mm со брза решетка за широкоаголна перспектива, кратко растојание на фокусирање и хибридна стабилизација на слика.
  • Објективи RF

    RF 85mm F2 MACRO IS STM

    Објективот RF 85mm F2 MACRO IS STM нуди разновидни опции за фотографирање одблиску со дискретна телефото компресија и стабилизација на слика со 5 чекори, вградени во компактно и лесно куќиште.

Слични статии

  • НОЌНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Најдобра опрема од основна класа за ноќни снимки

    Фотоапарати и објективи за извонредно ноќно фотографирање.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ЗАБАВИ

    Најдобри совети за снимање одлични фотографии од забави

    Доловете неверојатни фотографии од забави со овие лесни совети и техники.

  • ТЕХНИКИ ЗА СНИМАЊЕ ВИДЕО

    Создавање видеоприказна

    10 совети што ќе ви помогнат да создадете прекрасни мини видеоснимки.

  • ТЕХНИКИ ЗА ОСВЕТЛУВАЊЕ

    7 совети за фотографирање при слаба осветленост

    Дознајте важни техники за снимање остри фотографии при слаба осветленост и дознајте која е најдобрата опрема од Canon за фотографирање при слаба осветленост.