Можеби си мислите дека колку што е пократок одморот, толку е полесно пакувањето, но тоа не е секогаш вистина. Кратко патување надвор од градот за време на викенд може да е исто толку предизвикувачко како и две недели во странство – дури и повеќе ако носите само рачен багаж. Бидејќи времето и просторот се ограничени, морате да бидете сигурни дека сте ги донеле правилните модни одлуки за да се чувствувате соодветно дотерани на вашето патување. Кога се чувствувате добро, можете целосно да се внесете во искуството на истражувањето ново место.
„Вашиот стил е одраз на вашето размислување“, вели Bo Brown, модна инфлуенсерка. „Сакам да се забавувам и да се облекувам за незаборавни моменти“. Заедницата на следбеници на Bo со нетрпение ги очекува нејзините секојдневни видеозаписи, а нејзините социјални канали се богат извор на стилистичка мудрост, нудејќи совети и трикови, почнувајќи од создавање совршена канцелариска гардероба, до сечење јакни и справување со фармерки кои се премногу широки.
Bo обожува да патува и неодамна помина викенд во Барселона – „живописен град што нуди многу“. Колку повеќе активности се достапни, толку може да е потешко да се поедностави пакувањето, но само е потребно да размислувате однапред. Инстантниот печатач Canon Zoemini 2 ѝ овозможи на Bo да создаде визуелни помагала за да го олесни изборот на облека. Овде, таа нѐ води низ секој чекор од процесот.
Покажете го вашиот стил: како да ја визуелизирате вашата гардероба за на одмор
Направете истражување
Не посегнувајте без размислување по омилениот фустан, размислете – навистина размислете – за активностите што се вклучени во вашиот одмор. „Пред да го спакувам куферот, размислувам за активностите што ќе ги правам и избирам дневна и вечерна облека“, вели Bo. Можеби не планирате за секој момент од вашиот викенд, но локацијата треба да ви даде претстава за тоа што ќе правите. Дали ќе се шетате по музеи? Дали ќе седите во кафулиња? Дали ќе ја истражувате ноќната сцена навечер? Bo сака да гледа видеозаписи на TikTok за да дознае што се случува и „веднаш да визуелизира што некоја активност може да содржи“, вели таа.
Направете избор
Социјалните медиуми на Bo претставуваат архива за нејзините претходни модни избори, така што ова е првото нешто што таа го гледа кога размислува што да облече. „Кога и да изберам добра облека, ја фотографирам за да ја инспирирам мојата заедница“, вели таа. Дури и ако не ги снимате вашите комбинации, размислете за тоа што функционирало претходно и погледнете ги инфлуенсерите за стил на коишто им се восхитувате. Bo исто така го препорачува Pinterest како одличен извор на инспирација и предлага да се користи Canon Zoemini 2 за создавање на инспиративна табла за одмор.
Размислете што изгледа добро и во што се чувствувате убаво. „Среќна сум кога ќе се облечам во некоја добра комбинација“, вели Bo. Откако ќе се реши за некој изглед, Bo ги става сите алишта кои сака да ги земе со себе на креветот – едната страна е за дневната облека, а другата за вечерната. „Ова ми дава јасен преглед. Тогаш правам класификација на облеката, така што знам точно што одговара за секоја прилика“.
Фотографирајте, печатете и менувајте
По фотографирање неколку од нејзините опции за облека и модни додатоци, Bo ги отпечати со Canon Zoemini 2 за да може да ги разгледа своите избори и да меша и комбинира одвоени делови. „Гледав кои парчиња облека одговараат со повеќе комбинации“, вели таа. „На пример, носам бодиња во текот на денот и навечер. Црни панталони се исто така повеќенаменски бидејќи може да се носат во речиси секоја прилика“. Можноста за печатење директно од нејзиниот паметен телефон е предност за Bo. „Со апликацијата Canon Mini Print, лесно можам да додадам текст или да зумирам во фотографиите“, додава таа. Ова значи дека можете да вметнете коментари на сликите, обележувајќи што мислите за тоа што функционира добро заедно. Дополнително, практичноста на апликацијата ѝ овозможува на Bo да го внесе својот стил во отпечатените материјали, поради што е персонализирана.
Финализирајте го вашиот избор
За патот во Барселона, Bo се реши за три комбинации – за шопинг, ручек и турнеја со велосипеди. Ја опиша комбинацијата за шопинг – широки панталони со краток розов мохер џемпер – лежерно шик. „Розова и сина си одговараат многу добро. Комбинацијата е дополнета со впечатливи големи очила за сонце и модерна чанта за рамнотежа. Идеална комбинација за шопинг бидејќи е удобна, но е и елегантна“. Изгледот за ручек е целосно црн, но содржи ткаенини што меѓусебно се надополнуваат. „Кога носам целосно црна облека, работам со различна ткаенина за да додадам повеќе димензии“, објаснува таа. Комбинацијата за турнејата со велосипеди содржи слоеви – неопходни за менувањето на телесната температура додека возите велосипед, бидејќи може да застанете да погледнете нешто и пак да тргнете. „Комбинирањето кул чизми со широки фармерки и големо сако создава практична и стилска комбинација“.
Стилско наследство
Canon Zoemini 2 не само што е одлична алатка што може да ви помогне да се спакувате, туку е и совршен придружник за патувањата. Елегантен, со џебна големина и издржливост на батеријата до 20 фотографии, може да го земете секаде со вас на патувањето. Но, сликите за планирање комбинации се совршени за да ве потсетат и да ви помогнат да ги визуелизирате целосните комбинации, што ќе ве спаси од тоа да спакувате премногу блузи и недоволен број на целосни опции.
Третирајте ги мини отпечатените фотографии како спомени и залепете ги во албум, стилски колаж со фотографии или дневник за да можете да ги разгледате кога правите планови за идни патувања – или уживајте во потсетниците за тоа колку убаво сте си поминале.
Напишано од Rachel Segal Hamilton
Слични производи
-
Canon Zoemini 2
Добијте инстант отпечатени материјали од вашиот паметен телефон во секое време и на секое место со џебниот печатач Zoemini 2 што се напојува преку батерија. -
Canon Zoemini S2
Снимајте подобри автопортрети со фотоапаратот и печатач со џебна големина, опремен со огледало, прстенесто светло, опција за далечинско активирање на блендата и прегледување во живо. -
SELPHY SQUARE QX10
Чувајте ги вашите специјални спомени како прекрасни отпечатени материјали што може безжично да ги отпечатите каде и да сте.
Слични статии
Модно блогирање со Canon Zoemini S2
Блогерката Izzy Manuel го користи Canon Zoemini S2 за да го истакне својот старомоден стил со инстант отпечатени фотографии.
Персонализирајте ги вашите нешта
Печатете приспособени налепници за вашите нешта со пренослив печатач од Canon.
Најдобри придружници на фестивалите
Зачувајте ги вашите спомени во движење со палетата на Canon Zoemini со џебна големина.
Бидете креативни со компактните печатачи за фотографии
Пет начини да се забавувате со печатењето, од персонализирани картички до приспособени фотографии за моментално споделување.