A wooden chopping board with balls of colourful clay spread along it.

ТЕХНИКИ ЗА СНИМАЊЕ ВИДЕО

Како да ја создадете вашата прва анимација со запирање на движењата

Создавањето видеозапис со анимација со запирање на движењата е забавен проект во кој може да учествува целото семејство. Ако снимите серија фотографии од некој предмет што ќе го поместувате во многу мали чекори помеѓу секоја фотографија, може да создадете низа слики што ќе се репродуцираат како видео, создавајќи илузија дека предметот се движи.

Поставувањето на вашиот EOS-фотоапарат за да добиете најдобри резултати е најлесниот дел - вистинската вештина е во оживувањето на предметот и обликувањето на неговиот карактер.

Професионалниот аниматор Ed Jackson ги споделува своите совети за како да започнете да создавате анимации со запирање на движењата. Откако заврши курс за анимации со запирање на движењата, Ed работеше за многубројни клиенти во индустријата - вклучувајќи ги Aardman Animations, каде што учествуваше во создавањето на серијата Shaun the Sheep, филмот Early Man на Nick Park и филмот Shaun the Sheep, Farmageddon.

Ed ќе ни покаже колку лесно може да започнете да создавате анимации со запирање на движењата користејќи едноставна опрема: EOS 250D од Canon, неколку светилки и топка од глина за моделирање.

Изберете субјект

Во домот и околу него има многубројни предмети што може да послужат како одлични субјекти за вашиот проект. На пример, може да прикажете цигли што ќе изградат структура, пакување бонбони што ќе се отвори само или автомобили-играчки што ќе се тркаат по работната површина на кујната. Сепак, Ed предлага да започнете со едноставни движења, исто како што започнал и тој со видеозаписот од топка што потскокнува.

„Моите омилени субјекти се пластелин или глина за моделирање, бидејќи се многу лесни за манипулирање. Во краткиот филм што го снимив, јас едноставно ја снимав топката одозгора и ја поместував по масата, притоа менувајќи ја нејзината форма за да создадам илузија дека топката потскокнува.

„Мој совет е да не претерате на почетокот со сцена што е многу сложена. Заднината треба да биде обична и треба да се фокусирате само на анимацијата. Ако сакате да раскажете приказна, таа треба да биде кратка и едноставна - и направете пробен проект за да проверите дали сè е во ред пред да се впуштите во некој голем проект“.

Поставете го вашиот фотоапарат

The back of an EOS camera showing the settings used for filming stop-motion.
Најдобриот начин да спречите поместување на фотоапаратот помеѓу снимањето на сликите и да добиете непроменет кадар е да го поставите вашиот фотоапарат на статив.

Стандардниот сооднос на слика за видеозаписи е 16:9, но според зададените поставки, вашиот фотоапарат е поставен да снима слики со сооднос на слика од 3:2. За да бидете сигурни дека вашиот видеозапис ќе се прикаже во формат за „широк екран“, променете го соодносот на слика во главното мени пред да започнете да фотографирате. Можно е да треба да го поставите вашиот EOS-фотоапарат во режим за прегледување во живо за да се прикаже оваа опција.

Ed препорачува рачно да го поставите фокусот, експозицијата и балансот на белата боја. На овој начин поставките нема да се променат во понатамошниот процес и секој кадар од вашиот конечен видеозапис ќе изгледа доследно. Користењето вештачка светлина ќе ви овозможи да добиете подоследни резултати.

„Може да фотографирате надвор или покрај прозорец, но природната светлина се менува постојано. Ако работите во темна просторија со неколку столни ламби ќе имате поголема контрола, но и тогаш може да се појави мало треперење во конечниот видеозапис, како што може да видите во мојот пример. Сето тоа придонесува за вкупниот ефект“.

Користете статив

An EOS camera on a tripod pointing down at a small ball of green clay on a tabletop.
За да се осигурите дека фотоапаратот нема да се помести, снимајте ги сликите со помош на уред за далечинско активирање на блендата или со вашиот паметен телефон и апликацијата Canon Camera Connect.

Користењето статив за стабилизирање на фотоапаратот ќе ви овозможи да добиете непроменет кадар од една до друга слика и сите слики што ќе ги снимите ќе бидат остри. EOS-фотоапаратите опремени со екран со променлив агол го олеснуваат обликувањето на кадарот на сликите, дури и кога фотографирате од невообичаен агол. „Проверете дали сè е прицврстено, бидејќи не сакате фотоапаратот да се помести во ниту еден момент“ - нагласува Ed.

Користењето статив ви нуди и слобода кога станува збор за експозицијата. Изберете мала вредност за ISO, како ISO 200, за да не се појави зрнеста текстура во сликата. Снимете неколку тест слики со различни решетки за да дознаете што ќе ви се допадне повеќе, а потоа прилагодете ја брзината на блендата за да овозможите доволно осветлување на сликата.

Професионалните аниматори користат напреден софтвер како Dragonframe за да го контролираат фотоапаратот, да снимаат и прегледуваат низи на слики, да програмираат светлосни ефекти и многу повеќе. Но, на почетокот не мора да го усложнувате процесот и треба да ги снимате фотографиите рачно.

Наместо да го притиснувате копчето за блендата за да ги снимате сликите, користете уред за далечинско активирање. На тој начин нема да го поместите фотоапаратот ненамерно за време на фотографирањето. Ако вашиот фотоапарат поддржува Wi-Fi, тогаш може да ја користите и апликацијата Canon Camera Connect за да ги снимите сите кадри и да ги репродуцирате сликите без да го допирате фотоапаратот.

Изберете времетраење

Слични статии
Filmmaker Matthew Vandeputte uses his camera from an elevated position among city buildings. © Pete Jobson

ФОТОГРАФИРАЊЕ ЗАБРЗАНИ ВИДЕОСНИМКИ

Доловување на движењата во видеоснимки со забрзани движења

Сигурни техники за снимање видеоснимки со забрзани движења, видеоснимки со хипер забрзани движења и видеоснимки со забавени движења.

Create and print a time-lapse time stack

ЗАБРЗАНИ ДВИЖЕЊА

Создавајте и печатете временски подредени фотографии што прикажуваат забрзани движења

Спојте ги фотографиите што прикажуваат забрзани движења во една слика со помош на овој водич за спојување серија слики снимени во различно време.

Ed Jackson rolling a ball of green clay in his hand below an EOS camera on a tripod.
За почеток, снимајте по два кадри пред секое поместување на предметот. На овој начин ќе ја преполовите работата и ќе добиете конечен видеозапис со изглед на цртан филм.

Времетраењето на вашиот проект со запирање на движењата ќе зависи од бројот на слики што ќе ги снимите и стапката на слики што ќе ја изберете за видеозаписот. На пример, ако ја репродуцирате низата слики со брзина од 25 fps (слики во секунда), тоа значи дека треба да снимите по 25 фотографии за секоја секунда од вашиот видеозапис. Може да фотографирате за репродукција од 24 fps за да добиете филмски изглед.

Поместете го предметот

Ed Jackson, by his camera on a tripod and a desk lamp, adjusting a ball of pink clay.
Експериментирајте за да дознаете колку треба да го поместувате предметот помеѓу кадрите - малите промени создаваат илузија на порамномерно движење, но можно е да ви треба поголем временски период за да ја раскажете вашата приказна.

Степенот на поместување на предметот во секоја слика ќе зависи од стапката на слики. „Ако фотографирате за репродукција од 25 fps, на пример, тогаш чекорите на промена треба да бидат релативно мали за да добиете подискретни анимирани движења, во спротивно, сè ќе се движи премногу брзо“ - објаснува Ed. „За 12 слики во секунда, пак, сите чекори на промена можат да бидат поголеми и не мора да се грижите дека ќе го преместите предметот премногу далеку. Сè зависи од тоа што се случува во кадарот и какво движење со обидувате да прикажете“.

Уредете го вашиот видеозапис

A Canon EOS camera on a tripod, pointing down at a chopping board covered with balls of brightly coloured clay.
Благодарение на многубројните практични апликации за уредување што се лесно достапни за мобилни уреди и компјутери, трансформирањето на вашите слики во видео е многу полесно отколку што мислите.

Ако сте ги снимиле фотографиите за вашиот видеозапис без да користите дополнителни апликации или софтвер, тогаш ќе треба да ги споите во видео. Ed долго време користи Adobe Premiere Pro, но вие може да користите каков било основен софтвер за уредување видеозаписи. Треба само да ги увезете фотографиите во временската линија, да додадете музика ако сакате, а потоа да го извезете видеозаписот во MP4-формат, MOV-формат или слична датотека за видео што е практична за споделување.

Постојат многубројни едноставни апликации за мобилни уреди и компјутери што можат да го автоматизираат процесот и да ви овозможат да ја прегледувате анимацијата додека работите, како и да го создадат конечниот видеозапис. Ed ви предлага да го користите софтверот Stop Motion Studio.

Анимацијата со запирање на движењата е форма на видео што технички е една од најлесните за создавање. Не ви треба многу опрема или простор, но ќе ви треба многу трпение! Може да го користите секој EOS-фотоапарат - поставете го во рачен режим и може да започнете веднаш.

Штом ги совладате основните правила, може да почнете да експериментирате со нови техники и да почнете да создавате сопствен стил. „Кај сериите како што е Shaun the Sheep, куклите вообичаено ги поместуваме 12 пати за секоја секунда од снимениот материјал“ - вели Ed. „Снимаме по две слики од секоја положба за да го добиеме точниот број на слики што се потребни за репродукцијата. Снимањето по две слики од секое движење ни заштедува време и ја забавува анимацијата кога се репродуцира, поради што добива изглед како цртан филм. Но, ако снимаме филм, тогаш ги поместуваме куклите во секој од 24-те или 25-те кадри, бидејќи така добиваме пореалистичен изглед“.

Најважно е да се забавувате, вели Ed охрабрувачки. „Бидете креативни, учете од сопствените грешки и забавувајте се“.

Напишано од Marcus Hawkins

Слични производи

Слични статии

Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.

Назад до сите совети и техники