Сѐ е можно во уличното фотографирање. Неверојатни фотографски моменти може да се појават од никаде и да исчезнат за миг. За фотограф, тоа е врвниот предизвик. Треба да бидете подготвени за сѐ и да имате опрема што постигнува резултати.
Andres McNeill од Глазгов, ОК, има импресивен број на следбеници на социјалните медиуми поради својот уникатен стил на улично фотографирање, во кој појдовната точка е раскошната и историска архитектура на неговиот град. „Отсекогаш сум уживал во набљудување луѓе“, вели тој, поради што е јасно зошто го привлекле улиците кога почнал сериозно да навлегува во фотографирањето во 2020 година.
Andres шета по тротоарот додека не пронајде одличен кадар, а потоа чека да се појави вистинската личност - конечен, но неопходен елемент што ја исполнува композицијата.
Како и многу други современи улични фотографи, Andres не е приврзан за класичната и фиксна фокусна должина од 35 mm што била претпочитана во зачетоците на жанрот, туку експериментира со работите што функционираат за темата. Вообичаено, тој тргнува со неговиот Canon EOS R5 или EOS R6, како и адаптер за монтирање објективи од Canon EF-EOS R за објективите EF.
За да види дали е можно да го копира својот уникатен стил со минимално поставување, тој го комбинираше фотоапаратот без огледало за целосна слика EOS R8 од Canon со само еден широкоаголен примарен објектив – извонредно компактниот Canon RF 28mm F2.8 STM. Овде, дознаваме дали комплетот го совлада предизвикот.
Предизвик за објектив за улично фотографирање
Вклопување во опкружувањето
Најдобрите објективи за улично фотографирање се тие што ви овозможуваат да бидете досетливи, за да можете брзо да се прилагодите и да следите брзи движења, а клучна карактеристика на Canon RF 28mm F2.8 STM е неговиот тенок дизајн во вид на „палачинка“.
Со тежина од само 120 g, RF 28mm F2.8 STM е лесен во споредба со објективите со зум или побрзите примарни објективи, што е идеално кога брзо пешачите низ град како што е Глазгов. „Неверојатно е мал“, вели Andres. „Во комбинација со Canon EOS R8, големината е едноставно неверојатна. Се чувствувам речиси невидлив“.
За Andres, кој е висок над 1,8 m, вклопувањето во опкружувањето е огромна предност. „Можете многу да се приближите до случувањата, а сепак да добиете искрени моменти - но, да се шетав со вообичаената опрема, ќе бев позабележлив“.
Поширока перспектива
Andres остана во центарот на Глазгов за фотографирањето „бидејќи таму се случува сѐ“, вели тој. „Поради неверојатната разновидност на луѓето, тоа е најдобрата локација за фотографирање“.
Широкоаголната фокусна должина од 28 mm беше ново доживување за Andres, кој ја искористи можноста да внесе поголем дел од архитектурата во кадарот. „Многу се приближив до луѓето поради малите димензии на фотоапаратот и објективот, но, имав и можност да ја доловам ширината на зградите“, вели тој.
Andres сними различни слики, прикажувајќи луѓе што се движат низ архитектонските скапоцености, во внатрешноста на џебови од светлина, фрлајќи долги сенки. „Направив и подолги експозиции, со автомобили што поминуваа и создаваа траги“, вели тој.
Брза решетка за фотографирање при слаба осветленост
Шкотска не е многу сончева земја, поради што објектив што може добро да совлада сиви и облачни временски услови е многу важен за Andres.
„Омилено време за фотографирање ми е „синиот час“, непосредно по зајдисонце, а сепак е доволно темно за да наликува на ноќ“, вели тој. „Решетката f/2,8 беше совршена за тие ситуации. Не морав премногу да ја зголемувам вредноста на ISO за да добијам фотографија со соодветна експозиција. Можете да се потпрете на малку помали брзини на бленда при f/2,8 за да добиете многу остра фотографија“.
Andres црпи инспирација од филмови за визуелниот изглед кон кој се стреми, што се однесува на впечатливите сино-виолетово-тиркизни тонови што се присутни во кинематографијата на филмот од 2016 година, „Moonlight“, како пример за тоа каква палета на бои сака во сопствените снимки.
Кога фотографира навечер, Andres ја користи достапната светлина од канцелариски прозорци и знаци за брза храна за да ги подобри сликите. Навечер, тој е особено импресиониран од ефектот на дефокусирање што го произведе Canon RF 28mm F2.8 STM.
„Колку повеќе сечила на решетката, толку е порамномерен ефектот на дефокусирање и изгледа покружно и посовршено“, вели тој. „Тоа беше важно, бидејќи во заднина имаше улични светилки и фарови на автомобили. Ефектот на дефокусирање, што е пријатен за очите, навистина ги подобрува сликите“.
Andres е и видеограф, покрај тоа што снима фотографии. RF 28mm F2.8 STM е идеален објектив за креатори на содржини што работат со движење и за снимање видеоснимки, бидејќи неговата корекција на промените во фокусот испорачува доследно обликување на кадарот кога се префрлувате меѓу фокусни точки.
Совршена опција за улично фотографирање
Andres сега го употреби Canon EOS R8 за прв пат и смета дека е одличен фотоапарат за улично фотографирање. Особено му се допадна интелигентниот автоматски фокус, што му овозможи да ги одржи субјектите во остар фокус. „Понекогаш, малку се чувствувам дека мамам. Речиси е како само да му велам што да направи со мислите, што потоа веднаш се случува“.
Успешна улична фотографија раскажува приказна во еден кадар. Andres се сеќава на особено моќен пример за ова - човек што седи облиен во светлина и прави пауза (горе десно). Поради незабележливата опрема, Andres можеше да ја сними фотографијата и да не го вознемири човекот. Субјектот сигурно сметал дека тој ден е само уште еден обичен ден, но истиот стана магичен низ објективот на Andres.
„Имам еден совет за уличните фотографи, а тоа е да излезат и да прават повеќе“, вели Andres. „Би можел да ви набројам техники, но суштината лежи во тоа да го обучите окото да ги види моментите што ги барате. Токму тоа ќе ве направи подобар уличен фотограф“.
Слични производи
-
EOS R8
Преминете на фотографии и видеозаписи во формат за целосна слика и остварете ги вашите креативни амбиции. -
EOS R10
Преземете ги следните чекори во фотографирањето и снимањето со фотоапаратот без огледало EOS R што е дизајниран со сензор со големина APS-C. -
RF 28mm F2.8 STM
Тенок и лесен објектив во вид на „палачинка“ за фотографирање при патувања и улично фотографирање, со повеќенаменска фокусна должина од 28 mm и брза максимална решетка f/2,8.