Ако експериментирате со времето и движењата во вашите видеоснимки, може да откриете скриен свет - забавете ги брзите движења или забрзајте ги долгите настани како што е изгрејсонцето или облаците што лебдат на небото. Специјалистот и режисер Matthew Vandeputte ги открива неговите техники за снимање со различни брзини, почнувајќи од видеоснимки со забавени движења па сè до видеоснимки со забрзани движења и хипер забрзани движења.
Најважниот фактор за сите овие техники е стапката на слики. Таа ја одредува брзината на снимање и репродукција на видеоснимките, а се изразува во слики во секунда (fps). Најкористените стандардни брзини за снимање и репродукција се 25 fps или 30 fps. Филмовите се снимаат со 24 fps, видеозаписите со 25 fps изгледаат „пофилмски“, а брзината од 30 fps придонесува за поостра слика и најчесто се користи за снимање динамички спортови и вести.
Навистина не е важно што ќе изберете, но стапката на слики на вашата снимка и стапката на слики за репродукција треба меѓусебно да си одговараат. За да снимите видеозапис со забавени движења треба да снимате со поголема стапка на слики - на пример, ако снимате со брзина од 50 fps и го репродуцирате видеото со 25 fps, тогаш движењата ќе се прикажуваат со половина брзина.
За да го забрзате текот на времето, треба да снимате со помала стапка на слики. Ако снимите 25 посебни кадри во подолг временски период, а потоа ги репродуцирате со брзина од 25 fps, тогаш ќе ги компресирате минутите, часовите, па дури и деновите во видеозапис што трае само една секунда. Ова е начинот на кој се создаваат видеоснимки со забрзани движења и хипер забрзани движења. Видеоснимките со хипер забрзани движења се тип на видеоснимки со забрзани движења во кои се поместува фотоапаратот. Видеоснимките со забрзани движења главно се снимаат со статив или лизгач со контрола на движењето со цел фотоапаратот секогаш да биде на истото место, но за да снимите видеоснимка со хипер забрзани движења треба да ја менувате положбата на фотоапаратот помеѓу секоја слика.
ФОТОГРАФИРАЊЕ ЗАБРЗАНИ ВИДЕОСНИМКИ
Контролирајте го времето - дознајте за видеоснимките со забавени движења, забрзани движења и хипер забрзани движења
„Видеоснимката со забрзани движења е одличен начин за создавање широк кадар или воведен кадар за нова сцена или нова локација, како широк пејзаж или градски пејзаж“ - објаснува Matthew. „Видеоснимката со хипер забрзани движења повеќе наликува на снимка со специјален ефект, каде што го носите гледачот на патување со вас. Како што ми кажа еден режисер, исто е како да летате низ просторот и времето“.
Matthew е режисер и уредник на видеоснимки кој специјализира во создавање инспиративни видеоматеријали што претставуваат спој од видеоснимки во реално време и видеоснимки со забавени движења, со препознатливи техники за снимање забрзани движења и хипер забрзани движења. Неговите дела се користат комерцијално и може да ги погледнете на Netflix, National Geographic и Discovery Channel.
„Погледнав видео со забрзани движења од областа на астрофотографијата на интернет, кога бев во филмско училиште пред приближно 11 години, и се воодушевив“ - открива тој. „Тогаш го користев фотоапаратот EOS 600D [сега е заменет со новиот EOS 850D од Canon] и сфатив дека ги имам потребните алатки за да снимам видеоснимки со забрзани движења. Таа вечер ја снимив мојата прва низа на фотографии и веќе никогаш не престанав да снимам“.
Техника за забрзани движења и хипер забрзани движења
За да добиете видеоснимка со забрзани движења или хипер забрзани движења треба да снимате фотографии на одредени интервали. За снимање видео со забрзани движења, Matthew ви препорачува да снимите минимум 300 фотографии, „бидејќи така ќе добиете видео што трае најмалку 10 секунди, независно дали ќе го репродуцирате со 25 fps или 30 fps“.
Повеќето фотоапарати EOS, меѓу кои и EOS R6 и EOS RP од Canon, имаат вграден тајмер за интервали што може да го автоматизира процесот, како и режим за снимање видеоснимки со забрзани движења кој создава видеозаписи што можете веднаш да ги споделите директно од фотоапаратот. Matthew сепак претпочита да зачувува посебни фотографии во RAW-формат, бидејќи така добива повеќе опции во обработката по снимањето. Откако ќе ги обработи RAW-сликите, тој применува дигитална стабилизација во софтверот Adobe After Effects*, а конечната обработка ја прави во софтверот Adobe Premiere Pro.* Меѓутоа, вие може да започнете да создавате видеоснимки со забрзани движења од низа JPEG-слики во голем избор на софтвери, меѓу кои и бесплатниот софтвер iMovie за Mac или MakeAVI за компјутери.
Ако сакате да снимите видео со хипер забрзани движења, Matthew вели дека не е практично да работите со толку многу слики. „Ако снимите 300 фотографии за видео со хипер забрзани движења, можно е да ви требаат повеќе часа за да го поместите стативот и да го обликувате кадарот за секоја фотографија. Исто така, за поголемиот дел видеоснимки со хипер забрзани движења не ви треба толку долга низа на слики. Затоа би ви препорачал да снимите најмалку 120 фотографии. Исто така, ви препорачувам рачно да ги снимите сите фотографии и да се обидете да бидете доследни со интервалот помеѓу секоја фотографија. Ако го препуштите процесот на режимот за автоматизирано фотографирање со интервали, а не успеете да го обликувате кадарот на сцената додека да се активира блендата за следната фотографија, тогаш ќе треба да почнете сè од почеток“.
Брзината на движењето што сакате да го доловите во видео со забрзани движења или хипер забрзани движења ќе го одреди интервалот што треба да го користите помеѓу снимањето на секоја фотографија. За брзите субјекти може да ви требаат кратки интервали од неколку секунди, а за субјектите кои се движат бавно, како цвеќе што расте или овошје што скапува, може да ви требаат интервали од неколку минути.
Како да снимате видеоснимки со забрзани движења или хипер забрзани движења
Ако фотографирате нешто одблиску во подолг временски период, тогаш ќе ви треба вештачко осветлување за да бидете сигурни дека условите за осветлување нема да се променат премногу. Но, кога станува збор за пејзажи или градски пејзажи, промената на осветлувањето со тек на времето ќе биде главен фактор од интерес во вашата видеоснимка. Во сите случаи, стативот е најважен дел од опремата бидејќи ако го поместите фотоапаратот помеѓу снимањето на сликите, тогаш неподвижните предмети ќе „треперат“ непријатно, а подвижните предмети ќе скокаат неприродно. За ефикасно снимање видеоснимки со хипер забрзани движења, фотоапаратот мора да се движи рамномерно, а не со прекини.
„За видеоснимки со хипер забрзани движења ви требаат три елементи“ - вели Matthew. „Се разбира, ви треба субјект и патека што ќе ја следите. Може да се движите кон субјектот, да се оддалечувате од него, да се движите странично или околу субјектот. Третата работа што ви треба е фиксна точка што ќе ја задржите на исто место во секоја фотографија“. Со избирање една точка во сцената што ќе ја задржите на исто место во сите кадри, движењето на фотоапаратот изгледа како да ротира околу таа точка и изгледа рамномерно наместо променливо. За да ја задржите фиксната точка во идентична положба, Matthew ви препорачува да ја означувате со истата AF-точка во секоја слика или да ја вклучите функцијата за приказ на решетка на фотоапаратот.
Видеоснимките со забрзани движења може да ги снимате одблиску (на пример, за да доловите како се отвора некој цвет) или на оддалеченост од повеќе километри (како панорамски приказ на облаци над природно пространство). Може да користите каков било објектив што ќе одговара на сцената, но Matthew сака да снима со објективот EF 24-70mm f/4L IS USM од Canon, а кога снима со фотоапарати EOS R, тогаш го користи објективот RF 24-70mm F2.8L IS USM од Canon или RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon, бидејќи опсегот на фокусни должини е идеален за различните субјекти кои ги снима. За снимање видеоснимки со хипер забрзани движења ви препорачува никогаш да не користите поширока решетка од 24 mm поради големиот ризик од изобличување на перспективата што можат да го предизвикаат извонредно широките објективи по рабовите на кадарот - „ако снимате со решетка од 16 mm, на пример, и го поместите кадарот за следната фотографија само неколку центиметри, тогаш во обработката по снимањето нема да можете да го коригирате поместувањето на перспективата по рабовите“.
Техника за забавени движења
„Видеоснимките со забрзани движења и видеоснимките со забавени движења се на спротивни краеви од временскиот опсег“ - вели Matthew. „Видеоснимките со забрзани движења го забрзуваат времето, а видеоснимките со забавени движења го забавуваат времето“. Затоа видеоснимките со забавени движења се идеални за гледање динамички движења што во реалноста минуваат премногу брзо за да можете да уживате во нив.
Видеоснимките со забавени движења се полесни за снимање отколку видеоснимките со забрзани движења од многу аспекти. Сите фотоапарати од тековните палети EOS и PowerShot на Canon (освен PowerShot ZOOM) можат да снимаат видео со поголеми стапки на слики. Најголемите брзини се достапни само ако снимате со помала резолуција за видео - на пример, EOS R6 нуди снимање во 4K со 50 fps и 60 fps или снимање во Full HD со 100 fps и 120 fps.
Нема потреба да снимате со точен множител од излезната стапка на слики - на пример, може да снимате со брзина од 120 fps доколку е достапна кај вашиот фотоапарат и да ја забавите до 25 fps при обработката по снимањето. Колку е поголема стапката на слики кога снимате, толку побавни ќе изгледаат движењата кога ќе го репродуцирате видеото со нормална брзина.
Користење на брзината на блендата
Брзината на блендата е еден од начините на кои може да ја контролирате експозицијата, но таа одредува и како ќе се прикажат подвижните објекти на сликата. Matthew предупредува дека користењето големи брзини на блендата при снимање видеоснимки со забрзани движења или видеоснимки со хипер забрзани движења ќе ги замрзнат сите движења, поради што сите слики ќе бидат неверојатно остри, а тоа ќе резултира со прекини во движењата кога ќе ги репродуцирате сликите како видеозапис. „Користењето помала брзина на блендата за да ги заматите подвижните елементи, како возила и луѓе што минуваат, ќе ви помогне да создадете импресивен ефект“.
Како избирате соодветна брзина на блендата? „Постои нешто што се нарекува правило за бленда од 180 степени“ - објаснува Matthew, „што вели дека брзината на блендата за видеозаписи треба да биде инверзна вредност од стапката на слики помножена со два. Затоа, ако снимате со брзина од 25 fps, тогаш вашата брзина на блендата треба да биде 1/50 сек. На овој начин ќе добиете видеозаписи со најубаво заматување на движењата и најдобар филмски изглед. Јас сè уште се придржувам до ова правило кога снимам видеоснимки со забавени движења со голема стапка на слики, односно користам брзина на бленда од 1/200 сек. кога снимам со стапка на слики од 100 fps“.
Дури и кога снима низа слики со многу помала стапка на слики за видеоснимки со забрзани движења или видеоснимки со хипер забрзани движења, Matthew во одредени случаи го почитува правилото за бленда од 180 степени. „Ако имате интервал од четири секунди помеѓу фотографиите, што е чест случај за облаци, тогаш за секоја слика треба да користите експозиција од две секунди. Ако го зголемите интервалот на повеќе секунди или минути, тогаш не треба да се грижите за ова правило, но дефинитивно ви препорачувам секогаш да користите побавни брзини на блендата и статив“.
Користењето побавни брзини на блендата ја елиминира потребата од други начини за контрола на експозицијата, па токму поради тоа Matthew користи ND-филтер за да го намали количеството на светлина што навлегува во објективот. „Ако снимате преку ден, тогаш ќе ви треба многу силен ND-филтер на објективот за да добиете одлична експозиција со помала брзина на блендата“ - вели тој.
Сега кога ги имате сите алатки на располагање за да ги доловите времето и движењата на нов и креативен начин, зошто не се обидете да снимите видеоснимка со забавени движења, забрзани движења или хипер забрзани движења?
Напишано од Marcus Hawkins
*Adobe, Adobe Premiere и After Effects се или регистрирани заштитни знаци или заштитни знаци на Adobe во Соединетите Американски Држави и/или во други земји.
Слични производи
-
Фотоапарати без огледало
EOS R6
Без разлика што фотографирате и како фотографирате, EOS R6 ќе ви овозможи да бидете креативни на начини што никогаш досега не сте знаеле дека постојат. -
Фотоапарати без огледало
EOS RP
Мал, лесен и интуитивен фотоапарат без огледало за целосна слика што е дизајниран за секојдневно фотографирање и фотографирање при патувања. -
Објективи RF
RF 24-105mm F4-7.1 IS STM
Идеален објектив за секојдневна употреба за фотоапарати за целосна слика без огледало наменет за ентузијасти. Практичниот објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM е лесен, компактен и подготвен да го однесе вашето фотографирање на повисоко ниво. -
Објективи RF
RF 24-70mm F2.8L IS USM
Внесете професионалност во вашето фотографирање со објектив без огледало за целосна слика со зумирање од 24-70 mm кој се одликува со брза решетка и стабилизација на слика со 5 чекори. -
Објективи за DSLR
EF 24-70mm f/4L IS USM
Компактен објектив за зумирање од серија L со решетка од f/4 и стабилизација на слика кој е одличен за патувања и општа употреба.