Ако при фотографирањето се присутни и деца, најдобро е друго возрасно лице да ги причува додека фотографирате. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1/160 сек., f/3,5 и ISO4000.
Огнот е прекрасен субјект за фотографирање и нуди бескрајни креативни можности. Покрај тоа што самите пламења се многу убави, тие исто така зрачат со прекрасна топла светлина во опкружувањето. Тоа значи дека огнот може да биде впечатлив субјект, но и амбиентален светлосен извор за снимање портрети.
Фотографирањето на огнот може да биде предизвик. Проблемот со кој се соочуваат фотографите е тоа што изворот е премногу светол, а опкружувањето најчесто е многу темно. Ваквото високо ниво на контраст може да го отежни снимањето на деталите во најсветлите и најтемните делови од сцената. Сепак, со помош на правилните поставки на фотоапаратот и неколку едноставни вештини, секој може да сними прекрасни фотографии покрај оган.
Иако фотографирањето пламења е одлична вештина што може да се усовршува низ цела година, таа е особено корисна ако сакате да бидете креативни за време на празничните месеци. Еве како да снимате прекрасни фотографии од оган оваа зимска празнична сезона.