КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

Лесна изработка на колажи со сликите од одмори

Зачувајте ги спомените од вашето патување документирајќи ги во патнички дневник. Авторката на креативни дневници Kia Marie Hunt објаснува како со Zoemini S2 од Canon и печатачите од Canon ги реализирала своите идеи за правење колажи.
Патнички дневник лежи отворен на маса од темно дрво, крај него има отпечатени фотографии, пенкало, лента од украсна хартија и печати. Страниците се преполни со разнобоен текст, цртежи и фотографии.

Одморите и бегствата од секојдневието носат искуства и спомени на кои со задоволство се присетуваме кога размислуваме за животот. Чувствата честопати почиваат на фотографии – семејни слики од деца што лижат сладолед на плажа, или групни автопортрети од друштво тинејџери што уживаат на своите први патувања без родителите. Кога авторката на дневници и илустраторка Kia Marie Hunt отиде со партнерот во Костарика на прослава на осумгодишницата, реши да го направи патувањето за паметење – правејќи посебен колаж од фотографии.

„Тоа беше вистинска авантура“, вели таа. „Сите мислиме дека засекогаш јасно ќе ги паметиме настаните, но вистината е дека лесно ќе ги изумев ситните детали доколку не ги додадов во својот патнички дневник. Многу ме радува кога се присетувам листајќи ги страниците и свесна сум дека вака никогаш нема да ги заборавам убавите моменти“.

Kia отсекогаш водела дневници. Авторката на серијата дневници за деца „My Awesome Year“, споделува идеи и совети за водење дневници со над 130 илјади следбеници на своите два профила на Instagram: @InspiringJournals и @KiaCreates. Исто така, снабдува месечни комплети за рачна изработка преку својот Journal Club и води Etsy-продавница каде продава канцелариски материјали, налепници и останати „украси за дневници“. Еве го нејзиниот водич за лесна и постапна изработка на колажи од сликите од патувања.

Жена со долга темна коса, облечена во џемпер со пастелни риги седи на биро и избира фотографии за патнички дневник. Дневникот е опкружен со фотографии, налепници, лента од украсна хартија, Zoemini S2 од Canon и SELPHY Square QX10 од Canon со фотографија што излегува од него.

„За мене водењето дневник е можност да комбинирам дневник, колаж и фотоалбум во едно“, вели Киа. „Почнав да водам креативни патнички дневници не само како вентил за уметничко изразување, туку и како можност да ги снимам и бележам деталите и спомените“.

1. Забележете ги незаборавните моменти

Раце лепат фотографии во отворен патнички дневник, наоколу има слики, селотејп и сувенири.

Во вашиот Zoemini S2 од Canon можете да ставите до 10 листа самолеплива фотохартија Zink™ и да ги печатите, лупите и лепите омилените снимки директно во патничкиот дневник. Доколку ви снема хартија, зачувајте ги омилените снимки на Micro SD-картичката и отпечатете ги подоцна.

Раце држат патнички дневник и ги прелистуваат страниците со разнобојни слики и потсетници прикачени за нив.

Страниците на вашиот дневник не мора да ги красат само зборови, фотографии и цртежи, туку и нешта како билети, менија или летоци. „Можете да ме видите во продавниците како им барам визит картички, пребарувам летоци во канцеларијата за туристички информации и барам мапи на железничка станица“, објаснува Kia. „Сѐ што има убава хартиена текстура, или забавен и интересен дизајн, или на некој начин ве потсетува на местото, својот дом може да си го најде во вашиот дневник“.

Колажите може да ги изработувате додека патувате или по патувањето, вие одлучувате. „Водењето патнички дневник додека патувате значи дека можете да го доловите моментот, водењето патнички дневник откога ќе се вратите значи дека повторно ќе го доживеете патувањето“, вели Kia. „Во добивка сте како и да решите да го сторите тоа“. Во секој случај, треба да прибележувате. „Секој ден водев белешки за сето она што го правевме во Костарика и секоја вечер одвојував околу 20 минути за водење дневник, ги лепев сите ставки што ги собирав и додавав фотографии, текстови и цртежи“, се сеќава таа.

„Сфаќам дека најспонтаните работи секогаш се случуваат додека патуваме – дали тоа е неочекуван пресврт на настаните, незгода што среќно завршува, откривање неверојатен поглед, па дури и пробување нов вид храна. Затоа, ми се допаѓа што можам да снимам фотографија со Zoemini S2 од Canon и веднаш да ја отпечатам. Бидејќи сликите се печатат на самолеплива хартија, можам директно да си ги додавам во дневникот каде моментот ќе биде зачуван засекогаш“. Постапката на Kia можете да ја следите во ова видео на TikTok.

2. Не размислувајте премногу за автопортретите

Zoemini S2 од Canon лежи на страница од атлас до тетратка и избор фотографии од одмори.

Поради огледалото и прстенестото светло на предната страна, Zoemini S2 од Canon е идеален за снимање спонтани автопортрети на одмор. Можете да поставите време на чекање до три секунди со помош на тајмерот на апликацијата Canon Mini Print за да имате време со пријателите да влезете во кадарот.

„Помина времето кога требаше да бараш од непознат да те фотографира. Благодарение на огледалото на Zoemini S2 од Canon, можам да ја видам рефлексијата од себе и своето друштво, а визирот ми дава насоки за она што е, а што не е во кадарот, за да се уверам дека сите нѐ собира на фотографијата“.

Ако патувате сами, можете да го користите вашиот паметен телефон и како далечински управувач за блендата преку апликацијата Canon Mini Print за да добиете автопортрет со позадина што го одзема здивот. Кога станува збор за автопортретите, Kia советува да бидете природни. „Понекогаш, фотографиите за кои сте мислеле дека се ‚најчудни‘ или ‚најлоши‘ всушност се најдобрите. Разгледувањето дневник или албум од автопортрети со позирање не е ни приближно забавно како оние искрените што вистински доловуваат како сте се чувствувале на тоа место или во тој момент“.

3. Приспособете ги вашите слики

Раце допираат екран на паметен телефон што покажува фотографија на која ѝ се додаваат графички елементи. Телефонот лежи врз отворен патнички дневник, а отстрана стои Zoemini S2 од Canon.

Дајте им свој белег на фотографиите, додајте ознаки за време, детали за локацијата со помош на рамките, налепниците, формите и опциите за распоредување во апликацијата Mini Print .

Апликацијата Canon Mini Print е идеална за додавање интересни проспособувања на сликите. Можете да ставите рамка, да активирате филтер или да додадете сопствен цртеж или текст. Можете дури и да ги комбинирате омилените слики во колаж со паметната алатка за колажи на апликацијата или, пак, да ја искористите функцијата за надоврзување за да направите интересен самолеплив постер од четири или девет помали слики.

„Ако не можам да одлучам кои фотографии сакам да ги отпечатам, правам колаж од повеќе фотографии и ги користам функциите за да додадам забавен разнобоен текст, што е особено корисно за назначување на локацијата на сликата пред да ја отпечатам“, вели Kia.

4. Печатете ги вашите фотографии - каде и да сте

Бел Canon SELPHY Square QX10 на површина од темно дрво, опкружен со отпечатени фотографии со бели рабови, пакување хартија за печатење за SELPHY Square и отворен патнички дневник.

За сликите на кои е особено горда, Kia го користи Canon SELPHY Square QX10 – и во движење и дома – за набрзина да ги отпечати поголемите слики што сака да ги истакне.

Жена надвор од кадарот стои покрај печатач PIXMA од Canon поставен на мала масичка и од него вади штотуку отпечатена фотографија.

Доколку сакате слободно да експериментирате со различни големини на хартија или софтвер за уредување како што е Digital Photo Professional (DPP) од Canon, едноставно изберете ги вашите омилени слики од одмори снимени со фотоапарат и употребете печатач како што е серијата PIXMA TS5350a од Canon.

Со Zoemini S2 од Canon може да печатите додека патувате и сликите да ги додавате директно во вашиот дневник, но има уште неколку опции за печатење на вашите спомени од одморите – и додека патувате и откако ќе се вратите дома.

Доколку сакате да ги додадете и сликите што ви ги споделиле пријателите од патувањето или, пак, снимките зачувани на вашиот телефон, можете паметниот телефон да го поврзете со џебниот печатач Zoemini од Canon за да добиете фотографии од 50 x 76 mm отпорни на размачкување, кинење и вода, каде и да сте. Zoemini од Canon е компатибилен и со апликацијата Canon Mini Print, па можете да додавате филтри, рамки и цртежи.

SELPHY Square QX10 од Canon произведува поголеми отпечатени материјали од 68 mm x 68 mm со богати и живописни бои, на подебела хартија со простор наменет за текст. „Поголемата димензија на сликата дава поголем визуелен впечаток, така што го користам SELPHY Square QX10 за она што го нарекувам‚ насловни слики‘“, објаснува Kia. „Тоа се главните моменти од страницата на дневникот, а наоколу би ставила помали фотографии од Zoemini S2 од Canon.

„Ако фотографијата ми се допаѓа толку многу што постојано би сакала да ја гледам, а не само кога ќе си го отворам дневникот, го користам мојот PIXMA TS5351 од Canon (сега е заменет со новата серија PIXMA TS5350a од Canon) за да печатам на фотохартија од 10 x 15 cm и сликата ја врамувам за да ја изложам во домот или да ја подарам некому што отишол на патување со мене“, додава таа.

5. Одберете си колаж

Патнички дневник отворен на задните страници. На левата страна има фотографија од одмор со цртежи во светла боја и искинати хартии наоколу, а на десната има залепен плик, со рака што од него вади фотографија.

Одвојувањето време за водење дневник значи да си изнајдете време за себе, време што можете да го потрошите за да размислите за вашите искуства и внимателно да изберете што ќе додадете на вашите страници. И покрај тоа што водите дневник за минатото за да ги зачувувате спомените за иднината, вие исто така живеете во сегашниот момент и се фокусирате на вашиот уметнички процес, што навистина може да биде терапевтски. Водењето дневник придонесува и кон благосостојбата, бидејќи ви дава простор да експериментирате со својата креативност.

„Водењето дневник е многу слободен медиум, нема правила и може да биде токму како што вам ви одговара“, нагласува Kia. „Секој вид на книга може да послужи за дневник. Со страници со тврд повез, мек повез, порабени или празни страници – сѐ зависи што претпочитате. Порано експериментирав со секакви дневници, дури правев и сопствени или преправав стари книги и ги претворав во дневници правејќи колажи по страниците“.

Kia препорачува да се користи дневник што е доволно цврст за да ги заштити страниците, но доволно мал за да го собере во торба. Исто така, претпочита од оние со џеб одзади, за да можете да ги чувате сите колекционерски предмети на безбедно – ако нема џеб, можете да залепите плик на страница од дневникот. „Во опремата за правење патнички дневници секогаш чувам неколку спојувалки, корисни се за прикачување на фотографиите на страниците каде планирате да ги додадете“, додава таа.

6. Ослободете ја имагинацијата

Рака лепи кружни отпечатени налепници на страница од дневник. До дневникот се наоѓа Zoemini S2 од Canon, печати лист со уште две кружни налепници, а на секоја од нив има цвет во светлоцрвена боја.

Kia сака да го користи пакувањето однапред исечена кружна самолеплива хартија од Canon за во дневникот да додава детали од места што ги посетила. „Во Костарика, фотографирав интересни цвеќиња и диви животни, ги отпечатив на кружни налепници и ги распоредив по страниците на дневникот, додавав и контрастни бои без да зафаќам простор колку цела фотографија – одлично за страници на кои имате многу за пишување“.

Две раце ги држат отворени страниците на патувачкиот дневник, прикажувајќи неколку печати, фотографии, текстови и цртежи, со многу зелени и сини нијанси.

Kia предлага забавна идеја како да изберете фотографии за дневникот – доколку одите во друштво, направете натпревар во фотографирање. „Поставете задача – да фотографирате нешто специфично или едноставно ‚да го зграпчите денот‘ – а потоа споделете си ги фотографиите“, објаснува таа. „Секој избира победничка фотографија од снимките од фотоапаратот на другите, победничките слики ги печатите и ги додавате во вашиот дневник“.

„Започнете да ги подредувате сликите и сувенирите на страниците, користете ги белешките за да вклучите некој текст и потоа поиграјте си и обојте ги празнините“, објаснува Kia.

Може да ја користите однапред исечената кружна самолеплива хартија од Canon да ви помогне при движењето по страниците, на пример, за нумерирани налепници за секој ден од вашето патување, за имињата на местата или насловите на поглавјата.

Доколку ви снема идеи или не ве привлекува секојдневно да снимате на патувањата, тематските страници може да ви дадат инспирација. „Дневникот можете да го водите по боја, па на секоја страница во одредена боја фотографиите, сувенирите или налепниците од патувањето да бидат во истата боја“, предлага Kia. „Зошто да не направите страница за храна и пијалаци, страница за смешни моменти и страница за активности што сте ги испробале?

„Има премногу можности, а водењето патнички дневник е многу лично – можете да го водите како што вие сакате“.



Напишано од Rachel Segal Hamilton

Слични производи

  • Камери за инстант слики и фотоапарати со џебен печатач

    Canon Zoemini S2

    Снимајте подобри автопортрети со фотоапаратот и печатач со џебна големина, опремен со огледало, прстенесто светло, опција за далечинско активирање на блендата и прегледување во живо.
  • Печатачи за во домот

    SELPHY SQUARE QX10

    Чувајте ги вашите специјални спомени како прекрасни отпечатени материјали што може безжично да ги отпечатите каде и да сте.
  • Печатачи за во домот

    Серија PIXMA TS5350a

    Покажете ги вашите креативни дизајни со можноста за користење различни медиуми, одличните креативни апликации и опциите за беспрекорно поврзување со паметни телефони што ги нуди серијата PIXMA TS5350a

Слични статии

  • КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Визуелизирајте го вашиот стил за на одмор

    Поедноставете го пакувањето и организирајте се со Canon Zoemini 2.

  • КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Најдобри придружници на фестивалите

    Зачувајте ги вашите спомени во движење со палетата на Canon Zoemini со џебна големина.

  • КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Создајте своја книга со приказни

    Ослободете ја вашата фантазија со рачно изработена книга со приказни создадена со Canon SELPHY CP1500.

  • ПЕЧАТЕЊЕ

    Најдобри печатачи за изработка на модели

    Од семејни проекти до професионална завршна обработка, Canon ќе ви понуди совршен печатач.