ФОТОГРАФИРАЊЕ СПОРТ
Фотографирање движење: совети од професионалец
Дознајте повеќе за фотографирањето акциони спортови од менторската сесија со професионалец во планински велосипедизам.
ФОТОГРАФИРАЊЕ СПОРТ
Сакате спорт, но не знаете како да го доловите на уникатен и забавен начин? Со малку вежбање може да научите да снимате креативни слики со кои ќе можете одново да ги доживеете најдобрите моменти од натпреварот.
Пет професионални спортски фотографи споделуваат креативни техники и совети што ги научиле низ годините додека фотографирале натпревари и турнири низ целиот свет. Без разлика дали фотографирате со EOS 90D од Canon или со EOS-1D X Mark II од Canon, правилата за фотографирање се исти. Научете како совршено да замрзнете удар со нокаут, како да ја пренесете емоцијата на публиката и како да го користите зумот и да го обликувате кадарот за да доловите нешто сосема поинакво во овој водич за почетници што објаснува како да снимите победнички спортски фотографии.
Mark Kolbe, фотограф во Getty Images, кој ја долови оваа слика со пинг-понг топче што изгледа дека лебди врз главата на натпреварувачот, ја објаснува приказната што се крие зад неговата слика: „Сликава ја снимив за Getty Images кога за прв пат фотографирав пинг-понг. Знаев дека сликите од натпреварувачите кои сервираат секогаш привлекуваат внимание, па затоа барав натпреварувачи со невообичаен или поинаков стил на сервирање.
„Во делот од салата со црвен ѕид, натпреварувачот Rhikesh Taucoory од Mauritius ми го привлече вниманието - не само поради неговиот стил на сервирање, туку и поради начинот на кој силните светилки на таванот ја осветлуваа неговата глава. Натпреварот беше при крај, па затоа немав многу време да ја снимам сликата што ја замислив. Користев објектив со фиксна фокусна должина од 400 mm бидејќи знаев дека ако успеам да опфатам сè како што сум замислил, зумот ќе ми овозможи да го доловам сервирањето на топката и неговата силна концентрација. Фотографирав кога топката му беше точно над главата, со двете очи насочени кон неа за да се добие чувство на лебдење. Тоа беше уште една причина поради која сакав да снимам мал кадар со објективот од 400 mm: сакав да ги изолирам неговата глава и топката наспроти црвената заднина. Просторот за грешка е минимален кога фотографирате толку мал кадар, но јас не се откажав и, на неговото осмо и последно сервирање, топката, очите и сервирањето се усогласија за да можам да ја снимам сликата“.
Советот на Mark за симулирање на неговото интересно обликување на кадарот е: „кога зумирате да ги фокусирате движењата, обидете се однапред да испланирате каде би можеле да ја снимите најдобрата слика и обидете се да ја снимите штом се усогласи сè што сте замислиле! Кога користите објективи со зум, често се јавува желба за зумирање, потоа одзумирање, а потоа повторно зумирање… што може да предизвика да го изгубите фокусот. Ако сте трпеливи ќе имате поголема шанса за да го доловите моментот: изберете некоја фокусна должина и почекајте за да ја снимите сликата што сте ја замислиле“.
Ако сакате да добиете слични резултати со EOS 90D од Canon, тогаш користете го во комбинација со објективот EF 70-300mm f/4-5.6 IS II USM од Canon. Со максималниот зум ќе можете да стоите покрај теренот и да снимате неверојатни детали, а APS-C-сензорот со 32,5 милиони точки на EOS 90D од Canon ќе ви овозможи да се доближите уште повеќе до случувањата преку зголемување на ефикасниот телефото опсег.
Спортската фоторепортерка Elizabeth Kreutz што фотографира за Canon, која сними слика од боксери за време на борбата од висока перспектива, вели дека замрзнувањето на случувањата во вистински момент е многу практична вештина што треба да се знае. „За оваа слика од Manny Pacquiao и Timothy Bradley Jr. го користев објективот EF 70-200mm f/2.8L IS III USM од Canon за да се доближам и да ја доловам акцијата и моќта на силните удари. Ми се допадна темпирањето на сликата: врската со ударот, гримасата на лицето на Manny, контракциите на мускулите и потта што излета од двата боксери, како и рефлекторот насочен надолу што светеше помеѓу нив“.
За да успеете да замрзнете вакви движења, Elizabeth вели дека е важно да „бидете подготвени во секое време“. Таа објаснува дека и подготовката на фотоапаратот да сними континуирана серија на слики може да ви помогне: „изберете режим за брзина на блендата и изберете брзина на блендата поголема од 1/1000 секунди. Исто така, треба да го поставите фотоапаратот во режим за континуирано фотографирање за да добиете максимум слики во секунда“. EOS 90D од Canon може да фотографира со 10 слики во секунда (fps) што значи дека веројатноста е голема да ја доловите саканата слика.
Кога станува збор за фокусирање, Elizabeth претпочита да има целосна контрола: „користам автоматски фокус со една точка и ја менувам рачно за време на борбата за да добијам сопствена фокусна точка и композиција. Потребно е малку вежбање, особено за побрзи боксери“ - вели таа. Доколку не сакате да користите само една точка за автоматско фокусирање, тогаш автоматското фокусирање (AF) со следење - достапно кај многу фотоапарати од Canon, вклучувајќи го и EOS 90D од Canon - ќе ви овозможи да ги фокусирате и следите субјектите независно каде ќе се поместат во кадарот, а тоа помага многу при фотографирање спортски случувања.
Tom Jenkins е фотограф за спорт за националните весници The Guardian и The Observer во Обединетото Кралство, но и поранешен амбасадор на Canon. Тој препорачува да експериментираме со заматувањето на движењата за да пренесеме чувство на брзина и возбуда, како што тоа е направено во фотографијата погоре. „Оваа слика ја снимив за The Guardian од трките на 1.500 m за мажи“ - вели тој. „Оваа трка не беше од висок калибар, па затоа одлучив да експериментирам со мали брзини на блендата и комбинација од различни експозиции. Се обидував да го доловам движењето на атлетичарите и да бидам креативен со боите на нивните маици, шорцеви и патики, но и со таблата со резултати на стадионот. Саканата слика ја добив по неколку обиди од различни локации и со различни брзини на блендата, а исто така, го движев фотоапаратот заедно со атлетичарите кога протрчаа покрај мене. Сликата всушност содржи два кадри што самиот фотоапарат ги спои, а јас брзо одзумирав помеѓу снимањето на двете експозиции.
„Кога ќе ми се укаже прилика да експериментирам вака, секогаш извлекувам поука од тоа што сум го научил: што успеало, што не успеало. Се обидувам да го зачувам тоа знаење, надевајќи се дека еден ден ќе има и друг спорт во кој ќе можам да ја применам истата техника“.
Совет од Tom за вас: „експериментирајте со брзините на блендата, зумот и поместувањето на фотоапаратот. Користам PowerShot G7 X Mark II од Canon што е одличен за поместување при фотографирање со мали брзини на блендата. Мислам дека сликите снимени со поместување изгледаат најдобро ако се движите паралелно со случувањата, па затоа размислете за локацијата каде што се наоѓате и погледнете дали има подобро место за фотографирање“.
Фотографот Marc Aspland е главен спортски фотограф во еден од најголемите дневни весници во Обединетото Кралство, The Times. Тој е и амбасадор на Canon кој сака да ја позиционира својата опрема од Canon на стратешки места за да сними поинакви слики, како што е оваа слика од трка со коњи. „Оваа слика ја снимив со далечински контролиран фотоапарат на оддалеченост од приближно 18 метри. Го поставив фотоапаратот со прикачен предавател под оградата за да го доловам победникот во кадарот. Кога видов дека коњот ја поминува целта, снимив серија од 12 слики во секунда (fps) за да може далечински поставениот фотоапарат да го долови моментот. За среќа, победничкиот коњ беше од внатрешната страна, па затоа изгледа поголем во кадарот, а второпласираниот коњ во средината изгледа многу помал.
„Тоа што ја прави сликата специјална е коњот што е во расчекор; светлината е одлична, па затоа се гледаат сите детали од неговата форма, мускулите на коњот и лицето на џокејот; освен тоа, победничкиот џокеј носи портокалова облека - ако носеше црно, сликата можеби немаше да изгледа толку добро. И, се разбира, така ја добив сликата од победникот“.
За да го симулирате пристапот на Marc, може да го позиционирате вашиот фотоапарат и да го контролирате далечински преку апликацијата Canon Camera Connect во вашиот паметен телефон (доколку вашиот фотоапарат има Wi-Fi) или преку безжичен далечински управувач. Или, пак, користете го екранот што се закосува (доколку го има) на вашиот фотоапарат за да фотографирате од невообичаени места или агли. „Избегнете го вообичаеното“ - вели Marc. „Избегнете ги вообичаените фотографии; не стојте таму каде што сметате дека „треба“ да стојат сите фотографи.
„Ако фотографирате деца кои играат фудбал, застанете зад калливиот дел покрај голот каде што голманот го очекува противничкиот напаѓач - најважно е да го најдете невообичаеното во секоја ситуација“.
Амбасадорот на Canon и спортскиот фотограф Andrey Golovanov вели дека опкружувањето на некои спортски настани може да внесе поголема привлечност во вашите фотографии. „Одлучив да го фотографирам маратонот во Москва во 2014 година, откако пред две години бев најмен да снимам портрети од атлетичарите кои ја завршуваат трката“ - вели тој. „Затоа веќе ги знаев сите детали и најдобри места за фотографирање долж рутата: брегот на Moscow Kremlin и Moscow City. Првото место што го избрав беше Moscow City, со повеќекатници во заднина. Таму пронајдов совршен вир на асфалтот што рефлектираше една од кулите на Кремљ, а воедно и нозете на еден атлетичар. Мислам дека сликата е спектакуларна и затоа освои прво место во категоријата „Невообичаено“ на Sportfolio Festival во Франција.
„Мојот совет за фотографите почетници е да ги развиваат своите вештини преку снимање интересни композиции на локални настани на кои лесно можат да присуствуваат, наместо да патуваат на светски првенства. Маратоните се одличен спорт за фотографирање бидејќи се отворени за сите. Во многу места се одржуваат некакви трки на големи далечини во текот на годината, а имате и доволно време и прилики за да експериментирате со вашите техники и да ги усовршите.
„Разгледајте го опкружувањето во кое фотографирате и замислете си креативен начин на кој можете да ја раскажете приказната визуелно. На пример, ако можете да го закосувате екранот, обидете се да фотографирате од невообичаени места, како над толпата луѓе, низ толпата луѓе или легнете на асфалтот. Користењето рефлексии, како што е овој вир, е уште еден одличен трик. Побарајте мирна вода или прозорци, може да бидат од автомобили или згради - дури и од очила за сонце. Потоа важи правилото, колку повеќе вежбате, толку подобри фотографии ќе снимате“.
Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.
Назад до сите совети и техникиФОТОГРАФИРАЊЕ СПОРТ
Дознајте повеќе за фотографирањето акциони спортови од менторската сесија со професионалец во планински велосипедизам.
ФОТОГРАФИРАЊЕ СПОРТ
Најдобриот спортски фотограф Dave Rogers ги открива неговите 10 најдобри совети и техники за подобрување на вашите спортски фотографии.
ФОТОГРАФИРАЊЕ СПОРТ
Пет професионални фотографи за спорт нудат совети за снимање одлични слики од спорт.