Разбудете ја вашата креативност со печатење

Одлични идеи за изработување модели со семејството за на децата да им е забавно и за да останат ангажирани, со печатачи и хартија од Canon, како и бесплатни шаблони кои може да се преземат.
Печатач од Canon врз дрвено биро печати разнобоен шаблон за изработување модели. Бирото е полно со прибор за изработување, вклучувајќи и теглички со помпоми и маркери, а врз печатачот се раштркани оригами фигури. На ѕидот во заднина виси мапа од Европа.

Не морате да потрошите многу пари или да правите нешто многу сложено за да ги забавувате децата. Со домашно изработените проекти за целото семејство, отпечатени со печатачи од Canon, можете да ја преобразите обичната хартија во неверојатни хартиени модели - од разиграни маски со животински лица и детални 3D-модели до персонализирани честитки и едукативни активности. Изработувањето модели може да им е достапно на сите и може да означува помалку време поминато пред екран, помалку скапи излегувања и повеќе поврзување со семејството преку забавни активности. Постојат безброј начини за поттикнување креативност и елиминирање на досадата за само неколку минути, преку моќта на фантазијата и овие одлични идеи за семејно изработување модели. Со печатачи од Canon, различни опции за хартија, апликации и шаблони од Creative Park кои може бесплатно да се преземат, можете да ги инспирирате децата да истражат секакви можности, негувајќи им ја креативноста на економичен начин.

Игри кои се изработуваат и играат во домот

Паметен телефон на кој се прикажани шаблони за изработување модели со фудбалска тематика од Canon Creative Park покрај печатач Canon PIXMA на подлога за сечење

Испланирајте го следниот проект за изработување со Canon Creative Park и печатачи Canon PIXMA. Изберете од големата библиотека на шаблони кои може да се отпечатат на Creative Park за деца, а потоа вдахнете им живот на дизајните со висококвалитетни отпечатени материјали.

Раце склопуваат хартиена топка за фудбал изработена од отпечатен шаблон од Canon Creative Park на подлога за сечење.

Добијте премија на креативноста. Отпечатете и склопете своја хартиена топка за фудбал за спортски проект за изработување модели од хартија во кој ќе ужива целото семејство.

Изработување фудбалски натпревар

Со шаблони кои можете да ги отпечатите од Creative Park, можете да ја пренесете возбудата на теренот во вашата дневна соба. Со печатач Canon PIXMA, како што е PIXMA TS7650i, можете да отпечатите играчи, стадион, па дури и публика.

Можете да додадете и свои детали со тоа што ќе залепите мали фотографии на играчите. Со печатење на подебела мат фотохартија од Canon, вашите хартиени модели ќе можат да стојат и ќе останат издржливи во секој натпревар, поради што ќе бидат уште повозбудливи за целото семејство. Овој проект нуди прекрасен начин за мешање на креативноста и играњето.

Жена и младо момче заедно изработуваат модели на дрвена маса. Момчето носи очила и држи завршен хартиен инсект. На масата има разнобојни хартиени фиџети кои се во процес на изработување, ножици и други материјали за изработување модели.

Изработувањето модели може да биде забавно за сите возрасти! Работете заедно за да создадете интересни креации и понудете им насоки на најмалите.

Отпечатете свои фиџети

Забавни, смирувачки и терапевтски, хартиените фиџети нудат многу позитивни придобивки. Да повториме, со Canon Creative Park, семејствата може да уживаат во изработување на свои приспособени верзии. Достапни се шаблони кои може да се отпечатат за вртимушки и фиџети.

Отпечатете ги на двострана мат фотохартија од Canon со печатач Canon PIXMA. За уште поголема креативност, можете да ги украсите со светки или налепници, со што ќе им овозможите на децата да создадат играчки кои совршено се совпаѓаат со нивните поединечни вкусови и ќе им помогнат да ги развијат фините моторни вештини.

Семеен лов на богатство

Посета на игралиште за авантури е популарна активност за семејството. Меѓутоа, има денови кога надвор е мокро и дождливо, но сепак некако морате да ги забавувате децата на активен начин. Со Canon, можете да го создадете истото чувство на авантура, преобразувајќи го вашиот дом со создавање на ваш сопствен семеен лов на богатство.

Canon Creative Park нуди бесплатни шаблони за мапи, траги, па дури и ковчези за богатство, со што на семејствата им се нуди фантастична можност да се поврзат и заедно да создадат спомени. Можете да ги персонализирате креациите со забавни детали, како познати знаменитости и живописни теми за да се зголеми чувството на возбуда.

Со апликацијата Canon PRINT, можете да уредите дизајни директно на вашиот паметен телефон и да ги отпечатите врз мат фотохартија од Canon со печатач Canon PIXMA, како што е PIXMA TS7650i или серијата PIXMA G3570.

И споделувањето на забавата е едноставно - интеграцијата со Cloud Link ви овозможува да печатите директно од платформи како што е Google Drive™1, со што поставувањето е брзо и лесно. Оваа споделена активност е одличен начин за поминување на квалитетно време заедно и за градење долготрајни семејни спомени.

Возвишете го изработувањето модели од хартија

Отворена е виолетова картичка од експлодирачка кутија, откривајќи повеќе страни со отпечатени фотографии во срцевидни рамки. Мали оригами ѕвезди и жерави ја украсуваат кутијата. Делумно се гледа пренослив печатач за фотографии од Canon во заднина.

Персонализирана експлодирачка кутија може да биде значаен и креативен подарок за да изненадите специјално лице во вашиот живот. Можете да вклучите и отпечатени фотографии во различни рамки кои можете да ги украсите со оригами ѕвезди и други додатоци.

Направете експлодирачка кутија

Сте слушнале ли за експлодирачка кутија? Овие интересни креации откриваат скриени содржини при отворање и може да додадат елемент на изненадување кон родендените, годишнините и другите прослави.

Со печатачот Canon SELPHY CP1500 и апликацијата SELPHY Photo Layout, можете лесно да печатите и прилагодувате фотографии за овој забавен проект.

Превиткувајте и ставајте слоеви од картички за да ја создадете експлодирачката кутија, а потоа, ставете ги вашите фотографии, налепници и други детали, со што секој слој ќе биде уникатен и личен за вас и вашето семејство. Кутијата се отвора за да се откријат содржините на драматичен начин, со што таа самата станува значаен сувенир.

Со висококвалитетна хартија, како двостраната мат фотохартија од Canon, ќе ги постигнете најдобрите резултати. Canon SELPHY CP1500 е идеален за произведување висококвалитетни и персонализирани отпечатени материјали за вакви креативни проекти.

Црвен пренослив печатач од Canon на дрвена маса печати мал отпечатен материјал без рабови од жена која дува свеќи на роденденска торта. Корисникот држи паметен телефон на кој е прикажана апликацијата Canon Mini Print, а на масата стојат многу мали отпечатени фотографии.

Печатете фотографии од преносливиот печатач од Canon и креативно распоредете ги во семеен споменар со сите забавни нешта кои сте ги правеле - патување до плажа, семејни излети и многу повеќе.

Создајте своја книга со приказни

Ако вашето семејство сака да пишува и ужива во фасцинантна приказна, создавање персонализирана книга со приказни може да биде забавна заедничка активност.

Започнете со тоа што ќе ја создадете идејата за приказната заедно - фантастична авантура, прераскажување на омилен семеен одмор или пак, можеби, смешна приказна за вашите домашни миленици. Потоа, користете ја апликацијата SELPHY Photo Layout за да дизајнирате и печатите фотографии директно од вашиот телефон или таблет-уред.

Апликацијата нуди различни распореди и креативни опции, со што е лесно да се додаде текст, рабови и забавни детали на вашите слики. Отпечатете ги овие фотографии врз хартија за налепници со задна страна што се лупи од Canon со печатач Canon SELPHY, како што е SELPHY QX20, со големини на печатење до 4x6, а потоа залепете ги и нека започне магијата!

Можете да создадете ценет сувенир кој ќе го чувате со години. Дополнително, моменталното чувство на задоволство што ќе го добиете со печатењето фотографии со Canon SELPHY QX20 одржува високо ниво на возбуда, како и проток на креативност. Тоа е одличен начин да се доловат спомени, да се поттикне раскажувањето приказни и најважно од сѐ, да се забавувате како семејство.

Планирајте, забавувајте се и печатете

Палетата компактни печатачи од Canon и апликацијата SELPHY Photo Layout се ваши верни придружници кога станува збор за семејни идеи за изработување модели и правење драгоцени креации.

Можете да правите многу активности, а со печатач и апликација од Canon, можете да се инспирирате, да ги уредувате вашите идеи, да ги печатите идеите и да ги продлабочите сопствените проекти за изработување.

Овие проекти претставуваат многу повеќе од обично изработување модели; тие се прекрасно искуство за поврзување, работење заедно за да се смислат, создадат, дизајнираат елементи со кои можете и да експериментирате, како и да се гордеете со нив, а исто така, тие се и забавни игри.

Подгответе се за училиште

Мало девојче лупи налепници со бројки од лист хартија за време на активност за учење. Пред неа на масата има работна тетратка со разнобојни форми и слики. Во заднина се гледа возрасен човек

Учењето е забавно! Вклучете ги вашите деца во активности со кои ќе размислуваат и ќе се забавуваат. Разигран начин за учење и растење.

Без оглед на тоа дали се подготвувате за нова учебна година или дали ги забавувате децата во текот на полугодието, печатач за во домот од Canon може да е бесценет за создавање практични потсетници, календари и многу повеќе. Организацијата е клучна за да се преживее динамичниот семеен живот.

Пробајте да отпечатите распореди за целото семејство да знае што се случува и што треба да запомнат - од уметничкиот клуб во вторник до карате во петок.

Печатачите Canon PIXMA се компатибилни со магнетната фотохартија од Canon, со што ви се овозможува да создадете забавни ознаки за имиња за детските соби, кои може да се менуваат, или, пак, магнетен неделен планер за целото семејство да биде во тек.

Canon Zoemini 2 може да печати налепници со големина на картичка, со што можете да создадете мини ознаки за тетратки, шишиња, кутии за јадење и многу повеќе, со што децата можат лесно да препознаат што е нивно и помалку да си ги губат работите - што претставува победа за родителите!

Развеселување на вашиот дом

Раката на корисник лепи налепница на горната фиока од мала група од три на биро со хартија за моделирање, украсени кутии, пенкала и моливи во тегла, како и печатач Canon SELPHY QX20.

Украсете ја и организирајте ја вашата домашна канцеларија или биро за моделирање со налепници отпечатени со пренослив печатач Canon SELPHY QX20.

Со печатач Canon PIXMA и магнетната фотохартија од Canon, можете и да ја користите апликацијата Easy-PhotoPrint Editor на вашиот таблет-уред или паметен телефон за дизајнирање на приспособени магнети за фрижидер кои прикажуваат драгоцени семејни спомени или интересни уметнички дела.

Со компактен печатач од Canon и избор од хартија со самолеплива задна страна, можете и да ги персонализирате вашите лични работи со налепници. Canon SELPHY QX20, меѓу другите компактни печатачи, ви овозможува да бирате меѓу две различни големини на фотохартија со самолеплива задна страна, квадратна или со големина на картичка, со рабови врз кои може да се пишува. SELPHY CP1500 има и мини налепници од кои можете да изберете, а палетата Canon Zoemini има два вида на хартија за налепници - правоаголна и кружна, којашто е помала.

Можностите се бесконечни, со што ви се овозможува персонализирање на вашиот простор и додавање забава и функционалност на секоја просторија. И Canon Photo Cube може да е одличен начин да ги складирате и изложувате вашите прекрасни уметнички креации во вашиот дом.

Забавни украси со Creative Park

Мајка и ќерка седат на маса и се занимаваат со изработување модели. Ќерката превиткува розов и бел модел од хартија, а мајката држи бела картичка. На масата се гледа печатач од Canon, маркери и кутија картриџи за мастило од Canon.

Со Canon се оживуваат разнобојни креации со печатачи и бескрајна инспирација. Од хартиени модели кои може да се отпечатат, до листови со активности кои можете да ги обоите со живописни маркери, Canon Creative Park ви ветува забава за целото семејство, со што фантазијата ќе стане реалност.

Canon Creative Park е доверлив ресурс за сѐ што е поврзано со дизајн, домашно изработени уметнички проекти и забавни материјали за печатење за деца. Опремен со шаблони кои може да се отпечатат за секакви прекрасни украси, совршен е за вдахнување живот на вашите идеи со вашиот печатач Canon PIXMA - а притоа, бесплатен е!

На помалите деца ќе им се допадне изработувањето на слатки животни и разнобојни минијатурни светови за хартиено сафари или украсување на нивниот простор со украси-диносауруси, а поголемите деца (и возрасните!) може да се справат со посложени проекти, како правење хартиен модел од позната зграда, правење детално вселенско возило, создавање 3D-модел од соларниот систем или, пак, создавање цел минијатурен свет.

Изберете бесплатен шаблон за печатење за деца од Creative Park, преземете го и отпечатете со печатач Canon PIXMA и издржлива мат фотохартија од Canon – идеално е за прикажување на живописни бои и детали од шаблоните.

Потоа, со малку сечење, превиткување и лепење, можете да ја преобразите вашата дневна соба во живописна галерија од рачно изработени креации! има контекстно мени

Време е за истражување

Ако нешто е сигурно, тоа е дека сите алатки ви се на располагање - од Canon Creative Park до палетата на печатачи од Canon за сите потреби, голем избор на апликации за печатење од Canon за да бидете креативни, како и голем избор на видови на хартија за различни проекти.

Изработувањето модели дома со овие домашно изработени проекти за печатачи од Canon е креативно и интерактивно и претставува драгоцено време за поврзување со целото семејство, без оглед на тоа што создавате. Со високиот квалитет и економичните и креативни активности за печатење, семејствата можат да им вдахнат живот на нивните креативни визии во секое време.

  1. Google и Google Drive се заштитни знаци на Google LLC и оваа веб-страница не е поддржана од или поврзана со Google на каков било начин.
Mabinty Taylor-Kamara

Слични производи

  • Печатачи за во домот

    PIXMA TS7650i

    Брз, висококвалитетен печатач што беспрекорно се вклопува во вашиот дом благодарение на неговата компактна големина и едноставното користење.
  • Печатачи за во домот | SELPHY CP1500

    SELPHY CP1500 (White)

    Печатете материјали со извонредни бои и голема издржливост за само неколку секунди со овој практичен и компактен печатач за фотографии.

    Печатачи за во домот | SELPHY QX20

    SELPHY QX20 (темно-сива боја) [Темно-сива]

    Бидете креативни со неповторливите моменти во животот со прекрасни материјали отпечатени во движење со две големини од вашиот паметен уред
  • Хартија за фина уметност | Мат фотохартија (MP-101)

    Мат фотохартија (MP-101) [Серија]

    Мат фотохартија
  • Инк-џет печатачи

    Magnetic Photo Paper MG-101

    Внесете поголема креативност и интерактивност во вашите отпечатени фотографии со магнетната фотохартија MG-101 од Canon.

Слични статии

Бидете креативни со компактните печатачи за фотографии

Пет начини да се забавувате со печатењето, од персонализирани картички до приспособени фотографии за моментално споделување.

Кој печатач е соодветен за вас?

Пронајдете го најдобриот печатач од Canon за вашите потреби, почнувајќи од семејства и студенти па сè до работници во домашни канцеларии.

Најсоодветната апликација за печатење од Canon за вас

Бидете креативни и организирани со апликациите за печатење од Canon – има апликација што соодветствува на секој проект.

Објаснување на видовите на хартија

Истражете ги различните видови на хартии од Canon со овој практичен водич за купување.