Snow-covered trees reflected in the clear water of a lake in Banff National Park. Photograph by Vladimir Medvedev.

ЗИМСКО ФОТОГРАФИРАЊЕ

Замрзнете го кадарот: како да снимате подобри зимски фотографии

Прекрасни небесни пејзажи, придушена светлина од залезот на сонцето, остри рабови што се заоблени со дебел слој на снег - можностите за снимање неверојатни и амбиентални фотографии во овој период од годината се неограничени.

Поранешниот амбасадор на Canon, Владимир Медведев, е еден од најдобрите фотографи за диви животни и пејзажи во Русија и тој е навикнат да работи во ладни услови. Инспириран од старите нордиски фотографии, неговата 14-годишна кариера опфаќа огромен простор, почнувајќи од Исланд во Норвешка, потоа низ северна Русија, па сè до полуостровот Кола. Речиси целата површина на полуостровот припаѓа во Северниот поларен круг и тој е едно од најсеверните места во светот што е достапен со автомобил.

„Толку е на север што сонцето многу малку се искачува на небото и создава многу специјална и страшна атмосфера“ - вели Владимир. „Воздухот е малку влажен, па на дрвјата се формира мраз. Многу е убаво да фотографирате таму, иако тешко се стигнува.“

Сепак, не треба да одите на поларна експедиција за да го извлечете најдоброто од ова магично време во годината. Тука Владимир ги споделува своите најдобри совети за фотографирање зимски пејзажи, независно каде се наоѓате.

1. Фотографирајте во сите услови
што ги нуди годишното време

Ниското сонце создава помека светлина во овој период од годината. „Внесува пријатна атмосфера во сликите“ - вели Владимир. „Снегот рефлектира дел од светлината, па затоа кога сонцето е повисоко на небото отколку што би сакал, сенките не се толку нагласени како во лето.“
© Vladimir Medvedev

„За зимските фотографии, а особено снежните фотографии, не постои лошо време“ - вели Владимир. „Сите услови на кои ќе наидете се оптимални на некој начин, па дури и ако врне многу снег и мислите дека сонцето никогаш нема да се појави, почекајте да видите што ќе се случи. Така се случуваат чудата.“

Модерната опрема е добро подготвена за смрзнувачките услови. „Денешните фотоапарати создаваат одлични резултати кога времето е ладно - единствениот услов е тоа што треба да носите повеќе батерии бидејќи многу побрзо се празнат при ладно време. Квалитетот што денес го нудат врвните компактни фотоапарати, како што е PowerShot G7 X Mark III од Canon, е апсолутно неверојатен. Но, не е само опремата таа што ја снима сликата, туку и фотографот.“

2. Внимавајте на експозицијата кога сликате снег при силна сончева светлина

„Целиот динамички опсег на зимските фотографии изгледа компресиран во однос на летните фотографии“ - вели Владимир, па затоа препорачува користење малку поголема експозиција за да се добие слика што ќе наликува на тоа што го гледа човечкото око. „Моите поставки за ISO зависат од тоа каков е денот - ако фотографирам во самрак, тогаш ја зголемувам вредноста, но ако има доволно светлина, тогаш ја поставувам вредноста 100.“
© Vladimir Medvedev

Од светлина со снежни честички па сè до наталожен снег, снегот има важна улога во зимската фотографија. Затоа треба да користите соодветна експозиција за светлите бели тонови при слаба осветленост и наспроти сивото небо. „Најмногу треба да внимавате на сликите со многу бела површина на нив“ - вели Владимир. „Не смеете да изгубите детали и светли тонови, а притоа сликата треба да биде колку што е можно посветла.“

Ако изберете да фотографирате со приоритет на решетка или во режимот Av (да поставите одредена решетка, а фотоапаратот да избира соодветна брзина на блендата), Владимир ве советува добро да внимавате на експозицијата. „Јас би употребил малку поголема експозиција, инаку предметите може да изгледаат посиви отколку што е потребно, особено кога има снег" -вели тој, бидејќи фотоапаратот може да се збуни поради отсјајот на снегот и да ја намали експозицијата.

3. Користете снежни сцени за да експериментирате со кадарот

Ако има доволно светлина, Владимир сака да фотографира рачно наместо да користи статив. „На тој начин можам да експериментирам повеќе и да се движам наоколу за да пронајдам и невообичаени агли“ - објаснува тој.
© Vladimir Medvedev

„Зимата воглавно е најдобро време за експериментирање“ - вели Владимир. „Ви препорачувам да експериментирате со поставките и со различни експозиции. Понекогаш кога луѓето фотографираат зимски слики за прв пат, на сликите може да им недостасува експозиција и возбуда. Можеби треба намерно да користите прекумерна експозиција за да видите како се губат непотребните детали - ќе забележите како некои контури стануваат понагласени, како што се дрвјата или планините.“

Кога пејзажот е скриен под длабок снег, „кадарот е минимален и попривлечен за гледање“ - вели тој. „Понекогаш има толку многу снег што тешко може да забележите каде е хоризонтот, а тоа ви дава уште поголема креативна слобода за да го обликувате кадарот на сликата по ваша желба.“

Ако има доволно светлина, Владимир претпочита да фотографира рачно. „На тој начин можам да се движам наоколу за да пронајдам различни агли“ - објаснува тој. „Честопати сум подготвен да го жртвувам квалитетот што го нуди долгата бленда при користење на статив отколку креативната слобода.“

4. Користете широкоаголни објективи за доловување на зимското небо

Зимата нуди прекрасни небесни пејзажи што можат да внесат динамика во снежните фотографии. „Објективите со широк или извонредно широк агол го истакнуваат прекрасниот ефект на зимското небо“ - вели Владимир.
© Vladimir Medvedev

За да долови повеќе детали од небото и неговите живописни бои, Владимир користи широкоаголни објективи. Кога фотографира со својот EOS 5D Mark III од Canon или EOS R од Canon, најмногу сака да ги користи објективите EF 16-35mm f/2.8L III USM од Canon и EF 11-24mm f/4L USM од Canon. Исто така, го препорачува објективот EF 16-35mm f/4L IS USM од Canon.

„Сакам да фотографирам и со објектив со ефект на „рибино око“, како што е EF 8-15mm f/4L Fisheye USM од Canon - не толку заради ефектот на „рибино око“, туку за перспективата што ја нуди„ - вели Владимир. „Ако го поставите фотоапаратот за хоризонтот да биде прав и во средина, тогаш можете малку да ја отсечете сликата за да го избегнете изобличувањето од ефектот на рибино око и да остане само новата перспектива, а тоа изгледа импресивно.“

Објективот со извонредно широк агол EF-S 10-22mm f/3.5-4.5 USM од Canon е исклучително мал и лесен, но и одличен за снимање пејзажи кога се користи во комбинација со лесен и пренослив фотоапарат со сензор со APS-C-големина, како што е EOS 250D од Canon.

Компактните фотоапарати нудат уште поголема преносливост и практичност. PowerShot G7 X Mark III од Canon има компактно куќиште со вграден широкоаголен објектив од 24 mm со зум од 4,2x што можете да го носите насекаде во џебот од јакната.

5. Зимското фотографирање започнува блиску до вас

Нема потреба да барате извонредни зимски пејзажи. Има прекрасни сезонски сцени во близина на вашиот дом.
© Vladimir Medvedev

Нема потреба да одите на далечниот север за да снимате зимски фотографии. Можеби во близина немате ирваси или кучиња што влечат санки или, пак, поларната светлина, но можно е да снимате зимски фотографии блиску до вашиот дом. Ако тргнете на прошетка во близина на вашиот дом или кога сте на одмор, ќе имате одлична можност да вежбате, знаејќи дека во секој момент може да се вратите во топла просторија ако премногу ви застуди. „Најлогично е да започнете да истражувате во вашето непосредно опкружување, бидејќи нема долго да бидете изложени на ладното време“ - вели Владимир. „Ќе осознаете какво ќе биде опкружувањето пред да тргнете на подолга авантура.“

Ова е нешто што го практикува Владимир за Snow Storm - The Story of One Day - серија што ја реализираше со целодневно фотографирање во снегот околу неговиот дом. „Сакав да покажам колку различни пејзажи може да видите во само еден ден фотографирање. А кога гледачите ќе го разберат предизвикот за фотографирање од само еден ден, тогаш тие ќе се чувствуваат како да се таму со мене.“

Затоа, без разлика дали надвор врне многу снег или има малку мраз што изгледа интересно, без разлика каков фотоапарат имате, облечете зимска јакна и излезете надвор за да уживате и да ја доловите прекрасната зима околу вас!

Напишано од Lucy Fulford

Слични написи
The inside of a bright blue ice cave.

ЗИМСКО ФОТОГРАФИРАЊЕ

Како да фотографирате на ладно време

Температурите под нулата може да предизвикаат многу проблеми на вашиот фотоапарат, па затоа следете ги овие професионални совети за фотографирање на снег и мраз.

Shooting the seasons

ФОТОГРАФИРАЊЕ ПЕЈЗАЖИ

Фотографирање на годишните времиња

Истакнете ја уникатната атмосфера на секое годишно време со советите на Benjamin Hegyi.

A woman dressed in a bright red winter jacket walks towards the Skógafoss waterfall in Iceland, as heavy snow falls around her.

ФОТОГРАФИРАЊЕ ПЕЈЗАЖИ

Впечатливо фотографирање пејзажи

Како да снимате совршени автопортрети во природа со фотографот на пејзажи и инфлуенсер Ása Steinars.

Слични производи

Слични статии

Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.

Назад до сите совети и техники