A bride and groom sat in a church, the bride is wiping her eyes.

ФОТОГРАФИРАЊЕ СВАДБИ

Етикеција за фотографирање свадби: што треба и што не треба да прават гостите

Паѓање на патеката, попречување на влегувањето на невестата, притиснување на блендата во емоционален момент и расипување на расположението... гостите на свадби не секогаш фотографираат на правилен начин - но не мора да биде така.

Гостите може да снимат исто толку моќни фотографии како и професионалците ако следат неколку едноставни чекори. Професионалниот свадбен фотограф Markus Morawetz започнал со снимање фотографии на свадбите на неговите пријатели. „Ќе го оставев фотоапаратот во автомобил, но двојката ме праша дали сакам да снимам неколку фотографии“, вели тој. „Најважно беше да не му пречам на професионалниот фотограф, но како гостин немате голем притисок и можете да експериментирате со техниката и стилот“.

За да ви помогнеме да фотографирате правилно на големиот ден, еве ги петте најдобри совети на Markus за тоа што треба и што не треба да правите - заедно со слики фотографирани од гости на свадби.

Не пречете му на професионалниот фотограф. Фотографирајте од интересни агли.

„Обидете се да доловите што е можно повеќе детали, без да му пречите на професионалниот фотограф“, вели Markus. Тој предлага да најдете различна гледна точка или агол. Фотографирано од гостинот на свадбата Matthew Bowen. © Matthew Bowen

Stellan Jara, хуманистички свадбен целебрант (лице кое предводи нерелигиозни свадбени церемонии) со живеалиште во Англија, вели дека на повеќето церемонии што ги предводи обично на почетокот се кажува дека е забрането да се фотографира за време на церемонијата. „Двојката сака пријателите и семејството да уживаат во моментот, оставајќи му на професионалниот фотограф да ги сними фотографиите“, објаснува тој.

Според Markus, тоа не спречува некои луѓе да го расипат свечениот момент. „Ќе се изненадите колку гости стануваат за време на церемонијата за да фотографираат од патеката. Луѓе ми влегувале во кадарот при влегувањето на невестата, за време на размената на прстените и при бакнувањето на двојката“, се сеќава тој.

Markus препорачува да фотографирате од невообичаени агли. Големиот екран на допир од 7,5 cm со променлив агол и AF со допирање и повлекување на EOS M50 од Canon овозможува лесно фотографирање од секоја гледна точка и над или околу група луѓе. „Користете го опкружувањето за да го обликувате кадарот на вашата слика и за да добиете добра заднина“, советува Markus. „Ако сè уште немате добар поглед кон невестата и младоженецот, концентрирајте се на емоциите на гостите“.

Не пренасочувајте го вниманието. Доловете ја емоцијата.

Снимањето фотографии за време на говорите, приемот или секогаш кога среќната двојка не обрнува внимание на фотографот претставува одличен начин за снимање природни и спонтани слики со вистинска емоција. © Markus Morawetz

„Преголемиот број на фотоапарати може да биде вознемирувачки, најчесто затоа што субјектот не знае каде да гледа“, вели Markus. Препуштете му ги формалните групни фотографии на професионалниот фотограф и фокусирајте се на доловување опуштени фотографии од групи гости кои се однесуваат природно. „Двојките обожаваат фотографии од искрени моменти и емоции: смеа, солзи, веселење - што и да носи денот. Бидете дел од забавата, препуштете им се на емоциите и ќе можете подобро да ги доловите“, додава тој.

Stellan се согласува: „Луѓето се најсреќни во близина на храната и пијалакот, затоа фокусирајте се таму за да снимите неочекувани групни фотографии од гости кои добро се забавуваат“.

„EOS M50 од Canon има одличен автоматски фокус и функции како што е откривањето лица“, вели Markus. Исто така може брзо да се поврзе со паметни уреди и друштвени медиуми за да можете веднаш да ги гледате, споделувате и објавувате фотографиите.

Не следете го фотографот. Снимајте интимни неочекувани фотографии.

„Без разлика дали станува збор за солзи или срдечна смеа, доловувањето вистинска емоција е клучно за создавање незаборавна фотографија“, вели Markus. Тој препорачува да ги замените формалните групни фотографии со опуштени и природни спонтани слики од младенците и нивните гости. Фотографирано од гостинот на свадбата Jonathan Tait. © Jonathan Tait

„Ако ја познавате двојката доволно добро, можете да се извлечете со доловување на нешто помалку од ласкави - но незаборавни - моменти и изрази, кои професионалниот фотограф не би ги фотографирал“, вели Stellan. Гостите имаат посебна предност во однос на професионалните фотографи кога станува збор за препознавање на уникатни манири и однесувања, што овозможува фотографирање на незаборавни неочекувани и интимни портрети. Брзиот секвенцијален режим, како фотографирањето со брзина до 10 fps на EOS M50 од Canon, е совршен за овие краткотрајни моменти: можете да доловите последователни кадри и да го изберете најдобриот подоцна.

„Внимавајте на заднината и пронајдете го најубавиот агол на светлината, потоа користете светлина и сенка за да ја направите вашата фотографија уште поизвонредна“, вели Markus. „Ако останете релативно блиску до двојката, ќе имате многу одлични моменти за фотографирање“.

Меѓутоа...

Не пречете и на среќната двојка. Користете објектив со зум или телефото објектив.

Слични написи
A phone with the Creative Park app visible on the screen.

ФОТОГРАФИРАЊЕ СВАДБИ

Приспособете го вашиот ден со печатач од Canon

Креативни свадбени идеи за да го изразите вашиот карактер со печатење.

A before and after shot of a couple on their wedding day next to a lake, dark and unedited on the left, showing the lighter version on the right, edited in DPP.

ОСНОВИ НА УРЕДУВАЊЕ

Како да уредувате битни фотографии

Подобрете ги вашите фотографии од посебни прилики со овие едноставни совети за уредување фотографии.

Black and white prints of children and families arranged in a grid style on the floor.

КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

Најдобри совети за изложување отпечатени фотографии

Дознајте како да го разубавите вашиот дом со прекрасни отпечатени семејни фотографии како во галерија.

„Секогаш обидувајте се да создадете опуштена атмосфера кога фотографирате свадби“, вели Markus. „Двојката треба да се чувствува удобно пред вас, што ќе ви овозможи да снимите прекрасни и природни спонтани фотографии“. Фотографирано од гостинот на свадбата Jonathan Tait. © Jonathan Tait

„Сите го познаваат - чичкото кој не престанува да фотографира“, се смее Markus. „Тој е прилично безопасен, но може брзо да стане пречка. Телефото објективот ви дава можност да се доближите до случувањата од далечина, без да им пречите на невестата и младоженецот. Исто така ви овозможува да се концентрирате на специфични детали и да создадете меко заматување [заматувањето на површините што не се во фокус] кое убаво ги изолира вашите субјекти“.

За да додадете контекст или чувство на драматичност, обидете се да користите широкоаголен објектив за да ја доловите двојката во пејзажно опкружување. EOS M50 од Canon е компатибилен со палетата на компактни објективи EF-M, како и со објективите EF и EF-S од Canon преку адаптерот за монтирање објективи EF-EOS M од Canon. Неговиот голем CMOS-сензор со 24,1 MP и APS-C-големина ви овозможува да ги отсекувате сликите подоцна и да ги отфрлите несаканите елементи без да се намали високиот квалитет на слика. „Ако сте почетници, ви препорачувам објектив од 50 mm“, вели Markus. „Има пристапна цена, но сепак нуди исклучителни резултати со фантастично заматување, а на фотоапарат како EOS M50 од Canon ќе добиете и мал телефото ефект“.

Не треба да користите иста опрема како професионалните фотографи. Но затоа бидете креативни откако ќе си замине професионалниот фотограф.

„Обидете се да го доловите расположението за време на вечерта откако ќе си замине професионалниот фотограф“, вели Markus. Тој ги советува гостите-фотографи да го искористат нивниот поблизок однос со парот и нивните гости за да снимат поинтимни и неформални групни фотографии. Фотографирано од гостинот на свадбата Faye Leppard. © Faye Leppard

„За мене, фотографирањето на забавата на крајот од денот претставува најтежок аспект на фотографирањето свадби: темно, брзо движење и грдо диџејско осветлување“, вели Markus. Иако надворешниот блиц е едно решение, тој не е секогаш најдобрата опција за интимни и романтични атмосфери како што се свадбите. „Мојот совет е да користите што е можно повеќе достапна светлина“, вели тој.

На корисниците ќе им биде потребен фотоапарат што може да понуди висока вредност на ISO без да го намали квалитетот на сликата. Фотоапаратот 90D од Canon нуди ISO 100-25600 и може да се прошири до ISO 51200, доколку се укаже прилика. Со користење повисока вредност на ISO и фотографирање со објектив со широка решетка, како што е EF 50mm f/1.8 STM од Canon, фотографите може да фотографираат рачно со помали брзини на блендата за да создадат разновидни интересни и прекрасни ефекти.

Напишано од Natalie Denton

Слични производи

Слични статии

Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.

Назад до сите совети и техники