Незаборавните фотографии настануваат од случајните мигови на радост за време на свадбениот ден. Различни генерации прославуваат заедно низ смеа, солзи и здравици, а најмладите трчаат наоколу со лица намачкани со торта. Понекогаш професионалните фотографи може да ги пропуштат помалите моменти од големиот ден додека се обидуваат да ги снимат совршените свадбени фотографии. А што ако гостите ги снимат овие скриени моменти?
Снимањето инстант фотографии и автопортрети со џебниот фотоапарат и печатач на фотографии Zoemini S2 од Canon е исклучително лесно. Во продолжение споделуваме неколку креативни предлози за тоа како вие и вашите гости можете да ги користите Zoemini S2 од Canon и инстант печатачот Zoemini од Canon за да ги откриете и споделите овие скапоцени моменти.
Долготрајни спомени: создадете минифотографии за вашиот свадбен албум
Совршениот начин за запознавање нови луѓе
Без разлика дали свадбата е на некоја тропска плажа, во величествена отмена куќа или во свечената сала над локалниот бар или ресторан, на свадбите се запознаваат нови луѓе. Иако секогаш можете да испланирате неколку игри по свадбената церемонија за да ги поттикнете гостите да се дружат, снимањето заеднички фотографии може да биде природен и евтин начин да им помогнете да се запознаат.
Инстант фотоапарат поставен на посебна маса на влезот на којашто исто така се поставени кула од шампањ, неколку забавни реквизити или книга за коментари од гостите може да создадат совршена прилика за фотографирање и започнување разговор.
Совршени места за поставување минипечатачи
Ако го поставите фотоапаратот и печатачот на фотографии Zoemini S2 од Canon до свадбената торта или книгата за гостите, ќе ги поттикнете гостите да снимаат и печатат фотографии. Ако, пак, некој од гостите веќе ја зачувал совршената фотографија на својот паметен телефон, печатачот Zoemini од Canon се поврзува преку Bluetooth и печати за вас со помош на апликацијата Canon Mini Print. Потоа, гостите можат да ја залепат избраната слика до рачно напишана порака во книгата за гости и со тоа да ви остават уште еден спомен.
Употребата на однапред исечената, кружна, самолеплива фотохартија ZINK 1,3" од Canon во комбинација со Zoemini од Canon ви овозможува да печатите инстант налепници од вашиот телефон преку апликацијата Canon Mini Print. Пријателите и семејството слободно можат да ги снимат, отпечатат, одлепат и залепат нивните свадбени фотографии во книгата за гости или свадбениот албум.
Импровизирана кабина за фотографии
Кабините за фотографии се забавен и неформален начин да се поттикнат повозрасните свадбени гости да се опуштат, да ја покажат својата забавна страна и да го пронајдат детето во себе. Забавни се и за деца, особено ако поставите кутија со костими и смешни играчки на надувување, хартиени реквизити, откачени перики, големи очила и смешни капи.
Можете да создадете најразлични кабини за фотографирање, од цветни заднини до огромни рамки зад коишто може да позираат гостите. Zoemini S2 од Canon, во комбинација со апликацијата Canon Mini Print, овозможува снимање групни фотографии со користење на практичен самостоен тајмер и далечинско активирање на блендата, со што вашите гости ќе можат да снимаат и печатат сентиментални спомени на коишто со радост ќе се присетувате.
Соберете ги отпечатените фотографии по свадбата и создадете колаж којшто ја доловува атмосферата од прославата, а потоа врамете го. Ќе ви го разведри домот и ќе биде интересна промена од традиционалните свадбени фотографии.
Никогаш не пропуштајте го моментот
Иако свадбениот прием е еден од најубавите моменти од свадбата, како што прославата се приближува кон подоцните часови, гостите се отпуштаат и можете да очекувате да ги покажат своите танчерски способности коишто ги чуваат баш за вакви настани. Дотогаш, официјалниот фотограф или снимател веќе ќе си замине, па останува на вашите пријатели и роднини да ги снимат овие спонтани моменти.
Зошто да не ја поставите вашата станица за снимање автопортрети во близина на подиумот за да можат гостите набрзина да ги снимат, отпечатат и споделат омилените фотографии? Печатачот на фотографии Canon Zoemini S2 е одличен за оваа намена и е достапен во зелено-сина, бела и розово-златна боја за да се вклопи со избраната тема.
Гостите коишто не се измориле од танцувањето можат да ги персонализираат фотографиите со ефекти и рамки со помош на апликацијата Canon Mini Print. Доколку ви снема хартија, фотоапаратот ќе ги зачува фотографиите на микро SD-картичката за да можете да ги отпечатите подоцна.
Совршен за секоја прилика
Бидејќи има безброј перспективи од коишто може да се снимат прекрасни свадбени фотографии, доколку поставите свој хаштаг за свадбата, подоцна ќе можете да ги разгледувате сликите што ги снимиле гостите на вашиот посебен ден и да ги изберете оние што ви се допаѓаат. Ако сте уметнички расположени, изберете ги омилените слики од паметниот телефон и отпечатете ги на фотохартија ZINKTM од Canon со димензии од 2x3 инчи со помош на печатачот Zoemini од Canon или употребете ги за да создадете картички за благодарност. Бидејќи се целосно отпорни на размачкување, вода и кинење, можете да ги залепите омилените отпечатени фотографии на огледала, футроли за телефони или лаптопи, или во фотоалбуми и дневници.
Освен за свадби, Zoemini од Canon и Zoemini S2 од Canon се совршени за сите останати важни животни настани како родендени, дипломски, религиозни церемонии и секогаш кога сакате да снимите и отпечатите миг за паметење којшто потоа можете да го прикачите или споделите со другите. Можете да отпечатите дури и неколку примероци од истата слика за да споделите групен автопортрет со сите гости од сликата.
Бидете креативни со апликацијата Canon Mini Print
Ако креативните гости сакаат да создадат поинтересни инстант фотографии, апликацијата Canon Mini Print нуди бројни можности, вклучувајќи и забавни фонтови, разни видови на рамки, па дури и ефекти на проширена реалност.
Апликацијата нуди и паметна опција за создавање колажи којашто ви овозможува да изберете три, четири или девет омилени слики и да ги прикажете на неколку креативни начини. Бидејќи е целосно компатибилна со Zoemini од Canon и Canon Zoemini S2 преку Bluetooth, гостите можат да снимаат, уредуваат и печатат фотографии со димензии од 2x3 и да состават колаж од сите оние коишто го разубавиле вашиот посебен ден.
Напишано од Lorna Dockerill
Слични производи
-
Canon Zoemini 2
Добијте инстант отпечатени материјали од вашиот паметен телефон во секое време и на секое место со џебниот печатач Zoemini 2 што се напојува преку батерија. -
Canon Zoemini S2
Снимајте подобри автопортрети со фотоапаратот и печатач со џебна големина, опремен со огледало, прстенесто светло, опција за далечинско активирање на блендата и прегледување во живо. -
Canon Zoemini
Снимајте, прилагодувајте и печатете каде и да сте, со овој совршен додаток со џебна големина наменет за мобилни уреди.
Слични написи
Како да фотографирате свадби на отворено
Свадбениот фотограф Стеф Закас ги споделува своите совети за доловување на големиот ден.
Самите направете кабина за фотографирање Canon Zoemini
Со само Canon Zoemini S2 и апликацијата Mini Print, направете ја вашата следна забава позабавна со спомени во стил на кабина за фотографирање.
Фотографирајте правилно на големиот ден
Направете незаборавни фотографии од среќната двојка на правилен начин: водич за етикеција за фотографирање свадби.
Создадете го вашиот свадбен албум
Создавањето свој свадбен албум може да биде многу пријатно искуство. Дознајте како со нашите стручни совети.