КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

Светот на дланка: предизвик за модели од хартија

Тестирајте ги вашите креативни вештини и прикажете ги градовите со специјално значење во најдобро светло со печатач PIXMA од Canon и Creative Park.
Изработувачот на модели Paula Milner и нејзиниот сопруг Dan држат хартиени модели од јапонски замок и Биг Бен изработени од шаблони од Canon Creative Park.

Кои неповторливи моменти од вашите патувања ве исполниле со радост? Почнувајќи од работа во странство и културни авантури со пријателите, па сè до забавни одмори со семејството и патување сами надвор од градот, спомените што се создаваат кога посетувате прекрасни делови од светот се дел од забавата. Но, најдобрите искуства не запираат штом се вратите дома.

Можеби сте мислеле дека изработувањето модели од хартија е активност наменета само за деца, но Canon Creative Park се одликува со голем избор дизајни што ќе ве предизвикаат, вклучувајќи и шаблони од најпознатите знаменитости на светот.

Овие хартиени модели од згради би биле идеални за забава чијашто тема е некоја локација или за прослава за која се потребни уникатни украси, а тие исто така би можеле да станат дел од тематски излог во домот што ќе одбележи значајно патување. Вложувањето време во сечење и изработување модели исто така претставува одлична активност за опуштање. Комбинирајте го тоа со традиционална селска гозба и локална музика за активноста да оживее на потполно нов начин.

Креативен предизвик за двојки

Изработувачот на модели Paula Milner и нејзиниот сопруг Dan изработуваат хартиени модели од шаблони од Canon Creative Park.

Изработувачот на модели Paula Milner и нејзиниот сопруг Dan открија дека изработувањето модели од хартија заедно е прекрасен начин за опуштање.

Професионалниот изработувач на модели Paula Milner, позната како The Crafty Lass, заедно со нејзиниот сопруг Dan, инженер на Формула еден, го прифатија предизвикот да ги изработат своите омилени познати знаменитости со печатач од серијата PIXMA TS7450a од Canon. Paula била заинтересирана за изработување модели уште како девојче, но нивната свадба навистина ја зголеми нејзината страст за создавањето. Таа потроши една година рачно изработувајќи сè за настанот, почнувајќи од држачите за салфети и украсите, па сè до стотици цвеќиња од ткаенина наменети за украси за патеката кон олтарот и за масите. Сега, таа дизајнира ткаенина и одржува работилници и настани за изработување модели.

„И Dan e многу креативен, ако му дадете проект, навистина ќе ужива во него“ - вели Paula.

„Животот е понекогаш премногу динамичен“ - додава Dan. „Може да биде тешко да се најде време да се исклучите, посебно со две деца. Оваа креативна активност ни го овозможи токму тоа“.

Ако сакате да се предизвикате и да изградите свои архитектонски чуда, еве што ви е потребно, како и совети од Paula и Dan.

Монитор што ги покажува упатствата за изработување на шаблон од јапонски замок од Canon Creative Park.

Не само што Canon Creative Park се одликува со проекти за модели од хартија, туку таму може да најдете и релјефни картички, честитки, календари и ѕидни украси. Секој шаблон, од едноставните до напредните, има посебни упатства за ви овозможи да создадете нешто прекрасно, без оглед на вашето ниво на вештина.

Изберете го вашиот омилен момент за време на патување

Екран од лаптоп што прикажува шаблон од холандска ветерница што може да се преземе од веб-сајтот на Canon Creative Park.

Покрај Биг Бен, Paula реши да изработи и холандска ветерница како спомен од нејзините патувања. „Кратко време живеев во Амстердам, но беше доволно долго за да има значително влијание“ - вели таа. „Ја обожавам културата. Мајка ми живееше во Амстердам кога беше помлада, па многу ми значеше што ја изработив ветерницата“.

Човек држи и се восхитува на составен шаблон од замокот Нагоја во Јапонија од Canon Creative Park.

Dan го избра историскиот замок Нагоја за овој предизвик, но има избор и од други јапонски споменици, вклучувајќи ги и замокот Мацујама, замокот Мацумото, замокот Шури и дури и минијатурна верзија од Националниот музеј за западна уметност.

Paula и Dan одлучија одново да создадат познати знаменитости со кои се лично поврзани. Paula го одбра Биг Бен во Лондон и ветерница како симбол на Холандија бидејќи порано живеела во Амстердам. „Биг Бен е многу познат поим за Британија, а неодамна и го однесов нашиот син Freddie да го види, со што моментот на споделување на глетката на толку прекрасен објект стана уште поспецијален. Кога го изработив, тој знаеше што е тоа и се потсети на нашето забавно еднодневно патување во Лондон“ - вели Paula.

Dan избра јапонски замок бидејќи порано работел во Јапонија, случајно во исто време додека Paula живеела во Амстердам. „Јапонија има посебно место во моето срце“ - објаснува тој. „Во раната фаза од мојата кариера, имав среќа таму да имам две упатувања за работа и се вљубив во културата и амбиентот“ - вели тој. „Шетањето по парковите за време на сезоната на цветањето на црешите и посетувањето на историски места, како што е Нико, се спомени кои доживотно ќе ги чувам“.

Изберете позната знаменитост

Шаблон од Биг Бен од Canon Creative Park излегува од печатач PIXMA од Canon.

Биг Бен не е единствената знаменитост од Лондон на Creative Park – има шаблон и за Мостот-кула. За да ја ѝ вдахнете живот на вашата избрана земја со поедноставни дизајни, зошто да не изберете цвеќиња или животни што ја претставуваат таа област?

Сигурно ќе најдете знаменитост што нешто ви значи од огромниот избор на шаблони. Од Колосеумот во Рим и Ајфеловата кула во Париз, до Саграда Фамилија во Барселона и Кривата кула во Пиза, има голем избор на проекти за модели од хартија.

Paula предлага да го поврзете вашиот избор на дизајн на шаблон со идеи за роденденски забави, спомени од свадби, момински вечери итн. „Ова е одлична идеја за забави. Дури и за свадба, можете да изработите различни значајни места кои ќе служат како централни украси за на маса или да вметнете дестинација за меден месец. Тоа би било навистина убава активност за двојки во која можат да се вклучат и пријателите за да ви помогнат“ - вели таа.

Хартиените модели од знаменитости исто така би можеле да бидат одлична опција за проштална забава, за прослава на крстарење за годишнина или за некому да му посакате добредојде од пат.

Исечете, превиткајте и составете

Раце кои користат линијар и ножици за да исечат дел од шаблон од Canon Creative Park.

Paula и Dan уживаа во предизвикот со кој се соочија при изработување на знаменитостите. За да ги изработите овие поинтересни дизајни, може да ви се потребни неколку часа, а концентрирањето на оваа задача може да ве расположи и да го намали стресот и анксиозноста.

Раце кои со ножици сечат делови од шаблон од Биг Бен од Canon Creative Park, отпечатен врз мат фотохартија од Canon.

Мат фотохартијата од Canon ја воодушеви Paula. „Квалитетот на отпечатениот материјал беше одличен“ - вели таа. „Нивото на детали беше неверојатно. Ако се обидете да го изработите овој проект за модел од хартија на хартија за фотокопирање, истата не би можела да ја одржи структурата“.

Кога ќе го симнете шаблонот, погрижете се дека го користите правилниот медиум, како што е препорачаната мат фотохартија од Canon, којашто навистина прави разлика во конечната структура.

„Срдечно препорачувам користење на мат фотохартија од Canon бидејќи многу полесно се превиткува и мошне добро ја одржува структурата“ - додава Paula. „Исто така, предлагам да обрнете внимание на превиткувањето и да се погрижите за тоа рабовите да бидат остри и уредни, за кога ќе се спојува, самото да сака да ја заземе таа форма, наместо вие да мора да го присилувате“.

Dan се согласува дека извршувањето на задачата ќе биде попријатно доколку располагате со доволно време, особено кога изработувате модели со семејството и пријателите. „Одвојте повеќе време од препорачаното“ - вели тој. „Така, нема да чувствувате притисок да завршите и нема да брзате или направите грешка. Не брзајте и ќе се воодушевите од крајниот резултат“.

Отпечатете ги упатствата и правете го проектот неколку дена – предизвикувајќи се да ја изработите најдобрата зграда што можете, а кога ќе го видите сето тоа споено, ќе се чувствувате навистина исполнето.

Пофалете се со вашата творба

Хартиен модел од ветерница изработен од шаблон од Creative Park изложен до знамето на Холандија, мал велосипед и пар дрвени кломпи.

Вашиот модел од хартија може да стане дел од тематски излог, покрај останатите сувенири и спомени од вашата посета.

Хартиен модел од Биг Бен поставен на британското знаме.

Paula мисли дека изработувањето модели од хартија може да претставува одличен начин да се научат децата за различни држави и култури. „Мислам дека училиштата би имале придобивки од нешто вакво“ - вели таа. „Минатото полугодие, одделението на син ми изработи проект со наслов ’Сакајте го вашето место‘. Стануваше збор за Британија, Лондон и нашето село. Модел од Биг Бен би бил прекрасен едукативен предмет за деца“.

Откако ќе завршите со напорната работа и ќе ја составите вашата отпечатена знаменитост од патувањата, време е да се восхитувате на вашата творба. Без разлика на тоа дали планирате да го закачите вашето архитектонско ремек-дело, да го залепите на ѕидот или да го користите како украс за на маса, има многу начини за изложување на вашиот модел од хартија.

„Имаме витрина полна со книги и спомени, па планираме таму да ставиме некои од работите што Dan ги чува од Јапонија за да создадеме тема“ - вели Paula.

Dan и Paula мислат дека оваа активност е прекрасен начин за учење за други култури, како и забавно креативно бегство. „Можеме многу да научиме од другите луѓе“, вели Dan. „Можеме да пронајдеме изобилство од прекрасни глетки и звуци кои секогаш го засилуваат чувството дека заедно живееме на многу специјално место коешто треба да го почитуваме и заштитиме“.

Добивте инспирација сами да пробате? Разгледајте ја хаш-ознаката #MadeWithPixma за да откриете повеќе креативни идеи, а потоа, споделете ги вашите рачно изработени светски чуда и означете ги со @canonemea.

Напишано од Lorna Dockerill

Слични производи

  • Печатачи за во домот

    PIXMA TS7450a Series

    Стилски сè-во-еден уред за љубителите на модерна технологија со многубројни креативни опции за печатење, како и технологија ADF за полесно копирање и скенирање врз различни видови хартија.
  • Инк-џет печатачи

    Matte Photo Paper MP-101D

    Реализирајте ги вашите идеи со овој медиум со разновидна примена. Тој е идеален за луѓе со различни хобија и оние кои изработуваат модели од хартија и затоа претставува совршен избор за изработка на сопствени честитки, колажи или проекти со модели од хартија од Creative Park.

Слични статии

  • КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Изработување на сончевиот систем

    Одвојте време повторно да се поврзете, да учите и да играте со збирката на хартиени модели со вселенски мотиви на Creative Park.

  • КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Патнички дневник како на професионалец

    Претворете ги сликите од одморите направени со Canon Zoemini S2 во уникатен креативен дневник.

  • ПЕЧАТЕЊЕ

    Најдобрите печатачи за дизајнери

    Печатачите се основни алатки за дизајнерите - ние ќе ви помогнеме да го изберете вистинскиот модел за вашите потреби.

  • ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ

    Врвни совети за прекрасни хартиени подароци

    Откријте како да направите значајни подароци со Canon Creative Park и вашиот печатач PIXMA.