CANON WATER CHALLENGE ОДРЕДБИ И УСЛОВИ

1. ПРОМОТОР И УЧЕСНИЦИ

1.1. Промоторот е Canon CEE GmbH, со седиште на Oberlaaer Straße 233, 1100 Виена, Австрија („Canon“). Секоја компанија, филијала, партнерство или друг субјект, коишто повремено се контролирани или се под општа контрола од Canon, ќе се нарекуваат „Подружници на Canon“, а Canon и подружниците на Canon заедно, ќе се нарекуваат „Групација Canon".

1.2. Сите учесници („Учесници“) мора да бидат аматерски фотографи, жители на:

Група 1: Романија, Бугарија, Израел
Група 2: Хрватска, Грција, Словенија, Србија, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина
Група 3: Узбекистан, Азербејџан, Грузија, Молдавија, Ерменија, Кипар, Малта и да бидат на возраст од 18 години или постари.

1.3. Професионални фотографи или лица коишто заработуваат над 20 % од годишниот приход од фотографирање и вработените на Групацијата Canon, нивните семејства, агентите и други страни коишто се директно вклучени во натпреварот, како и спонзорите, немаат право на учество.

1.4. Со учеството во натпреварот, сите учесници се смета дека се согласуваат со одредбите и условите, освен ако не бидат поинаку известени по писмен пат.

2. НАТПРЕВАРОТ

2.1. Промотивен период: Пријавете се во перидот од 00:01 (CET),1 ноември 2022 година до 23:59 (CET), 12 декември 2022 година, вклучително.

2.2. Посетете ја веб-страницата canon.com.mk/water-challenge, пополнете го онлајн формуларот со вашите податоци (име, адреса на е-пошта, држава на живеење) и завршете ја анкетата. Потоа прикачете фотографија којашто ги исполнува критериумите наведени подолу во клаузула 3, за да се вклучите во натпреварот.

2.3. Нема потреба да купите нешто. Учеството во овој натпревар е бесплатно и не е задолжително фотографиите да бидат сликани со уред на Canon.

2.4. За учество се потребни пристап до интернет и важечка адреса на е-пошта.

2.5. Дозволено е максимално едно (1) учество по особа за време на промотивниот период.

2.6. Нецелосни, неважечки или несоодветни фотографии, или фотографии добиени по крајниот датум за учество, 12 декември 2022 година, 23:59 (CET), нема да ги исполнуваат условите за објавување или каква било награда.

2.7. Со поднесувањето на фотографија, секој учесник на групацијата Canon ѝ дава дозвола којашто е неотповиклива, светска, без авторски надоместок, бесплатна подлиценцирачка дозвола за објавување, одново објавување, прикажување и користење на фотографијата за сите цели поврзани со натпреварот, вклучувајќи го тука, без ограничување, нејзиното прикажување на веб-страниците на групацијата Canon, сметките и/или каналите на социјалните медиуми на групацијата Canon, други веб-страници на групацијата Canon или нејзините агенти/изведувачи, како и употребата во рекламни материјали (вклучувајќи и изложби) поврзани со натпреварот во период до една година по завршувањето на натпреварот. Секој учесник ѝ дава дозвола на групацијата Canon и нејзините агенти/изведувачи да ја провери, измени или отстрани фотографијата доколку смета дека таа е целосно или делумно несоодветна за прикажување на веб-страницата за натпреварот или во какви било други материјали коишто се поврзани со натпреварот. Учесниците на натпреварот се согласуваат да бидат признаени и/или наведени како автори или создавачи на фотографијата којашто ја испратиле за учество во натпреварот.

3. КРИТЕРИУМИ ЗА ФОТОГРАФИИТЕ

3.1. Испратената фотографија мора да ги исполнува следните критериуми:

а) Да го исполнува предизвикот „Водена сензација “, тоа значи да долови вода во која било форма, со или без човечки субјект на фотографијата. Може да трае една секунда, може да биде момент на силни човечки чувства, бавен приказ на вода во природа. Се работи за споделување приказна поврзана со вода.
б) Креативност – Дали фотографијата е свежа и оригинална?
в) Влијание – Какви емоции или реакции побудува фотографијата? Дали фотографијата е забавна, потикнува емоции или размислување?
г) Композициска умешност – Дали сликата е доловена на начин кој дава значење и перспектива на вашата фотографија?

3.2. Големината на фотографијата треба да биде 150DPI, 2000 px долж најдолгата страна. Учесниците не смеат да испраќаат фотографии кои веќе освоиле награда преку промоции организирани од промоторот или друг субјект.

3.3. Поднесената фотографија не смее да биде уредувана во голема мера или изменета, како на пример: додавање или отстранување објекти од сликата, спојување на слики и водени печати (повеќе детали погледнете во клаузулата 4.2 vi). Имајте предвид дека ова не е детален список со примери.

4. УСЛОВИ НА НАТПРЕВАРОТ

4.1. Фотографијата мора да биде оригинална и доловена од страна на учесникот.

4.2. Поднесената фотографија од учесникот не смее да содржи:

i) препознатливи личности, освен ако учесникот може да докаже дека лицата ја дале потребната писмена согласност за поднесување на фотографијата, како и за нејзино користење и објавување од страна на групацијата Canon согласно клаузулата 2.7 од одредбите и условите (имајте предвид дека учесникот има обврска да ја обезбеди соодветната дозвола, како и уредно пополнетите обрасци за согласност за користење на фотографијата); или
ii) уметнички дела, освен ако учесникот може да докаже дека обезбедил дозвола за користење и објавување на уметничките дела од страна на групацијата Canon согласно клаузулата 2.7 од одредбите и условите; или
iii) логоа или имиња на брендови, освен ако учесникот докаже дека има дозвола за користење и објавување на логоата или имињата на брендови од страна на групацијата Canon согласно клаузулата 2.7 од одредбите и условите; или
iv) сцени што се навредливи, непристојни, сексуални, потценувачки, погрдни, насилни, прикажуваат злоупотреба, се вознемирувачки, заканувачки, навредливи во поглед на раса, религија, потекло или пол, или сцени што може негативно да се одразат на името, репутацијата или добрата волја на групацијата Canon или стратешките партнери, или, пак, се несоодветни да се објават поради некоја друга причина; или
v) ништо што може да ги прекрши правата на која било трета страна, вклучувајќи ја и интелектуалната сопственост, моралните права или правата на приватност или, пак, да се однесува на бренд на трета страна или да наведува имиња, логоа и/или заштитни знаци на трети страни; или
vi) воден печат, известување за авторски права или други информации што може да го идентификуваат учесникот (забелешка, дозволено е известување за авторски права вметнато во метаподатоците на сликата). За да постапката на оценување биде што е можно поправедна, на жирито не му е дозволено да ги гледа имињата на учесниците при оценувањето. Секоја испратена фотографија што содржи име на учесник, воден печат, известување за авторски права или други информации што може да го идентификуваат учесникот, ќе биде дисквалификувана и нема да му биде презентирана на жирито.

4.3. Исто така се согласувате и дека Canon може да ве контактира за цели поврзани со спроведување на натпреварот или ако групацијата Canon сака да разговара за друга употреба на поднесената фотографија за натпреварот.

5. ГАРАНЦИИ

Со поднесување на фотографијата, учесникот гарантира дека:

5.1. Учесникот е единствениот автор на фотографијата;

5.2. Учесникот е носител на сопственичките права на фотографијата;

5.3. Фотографијата и елементите коишто се појавуваат на фотографијата не прекршуваат никакви права (вклучувајќи и интелектуална сопственост, морални права или права на приватност) на трета страна;

5.4. Доколку во фотографијата се појавува лице или е фотографија од некое лице, учесникот обезбедил писмена дозвола од лицето за користење на фотографијата од страна на групацијата Canon како што е опишано во овие одредби и услови; и

5.5. Доколку фотографијата е снимена во друга земја, а не во земјата во која живее учесникот, учесникот постапил во согласност со важечките закони во земјата, вклучувајќи ги тука, без ограничување, правните услови за интелектуална сопственост, морални права, како и права на приватност и сопственост.

Canon гарантира дека:

5.7. Ќе дејствува во рамките на правата доделени со и/или во согласност со овие одредби и услови.

6. НАГРАДАТА

6.1. Севкупниот победник од секоја група на земји (ве молиме погледнете ја клаузулата 1.2), ќе добие EOS R10 + RF-S 18-45mm 4.5/6.3 IS STM комплет од Canon во вредност од 1.099 €.

Исто така, севкупниот победник како што е дефинирано погоре и двајца (2) второпласирани од секоја група на земји, ќе добијат шанса да учествуваат во офлајн фотоработилница од Canon под менторство на Canon амбасадорот Lorenz Holder, која ќе се одржи во февруари/март 2023 година, за време на дводневно патување во Истанбул, Турција.

6.2. Canon ќе ги извести победниците преку адресата за е-пошта доставена при пријавувањето во рок од 5 работни дена од избирањето на победниците и ќе биде потребно да одговорат за да ја потврдат достапноста и дека ја прифаќааат наградата, во рок од 14 календарски дена од првичниот контакт. Ако победникот/-ците не одговори/-ат во рок од 14 календарски дена од првичниот контакт, Canon го задржува правото да го/-ги дисквалификува победникот/-ците. Ако победникот/-ците е/-се дисквалификуван/-и, Canon го задржува правото да ја додели наградата на резервниот кандидат којшто е избран на истиот начин. Резервните победници може да имаат помалку време да одговорат.

6.3. Canon го задржува правото да го објави името, градот и државата на победникот/-ците или да објави некаква презентација за наградата по датумот на натпреварот. Ако победникот/-ците не сака/-ат да бидат објавени такви информации, мора да го извести/-ат Canon во моментот кога ќе биде/-ат известен/-и дека победил/-е.

6.4. Наградата не може да се пренесе на друго лице, ниту да се замени за готовина или друг алтернативен начин на исплата. Ако понудената награда не може да се додели поради околности надвор од нашата контрола, Canon го задржува правото да понуди алтернативна награда со иста или поголема вредност.

6.5. Наградата ќе биде испратена до победникот/-ците во рок од 30 календарски дена од објавувањето на победникот/-ците. Во неверојатни околности, доколку наградата не пристигне во рок од 30 календарски дена од објавувањето на победникот/-ците, истиот/-те ќе имаат уште 28 календарски дена да го известат Canon за тоа преку испраќање на е-пошта на адресата katarina.vuckovic@canon.rs. Ако победникот/-ците не го информира/-ат Canon во овој временски рок, Canon ќе го задржи правото да не ја додели одново наградата или да ја ограничи нејзината вредност по своја сопствена желба.

6.6. Секоја одбиена или неподигната награда, може да биде доделена на други учесници по апсолутна и единствена дискреција на Canon.

6.7. Ако натпреварот не може да се одржи како што било планирано од причини коишто вклучуваат, но не се ограничени на лажирање, неовластено интервенирање, измама, нечесност, технички дефекти или од други причини коишто се надвор од контролата на Canon, а коишто ги нарушуваат или влијаат врз административните работи, безбедноста, праведноста, интегритетот или соодветното спроведување на натпреварот, Canon го задржува правото да го дисквалификува секое лице коешто манипулира со процесот на пријавување или коешто не се придржува до одредбите и правилата, како и да го откаже, измени или одложи натпреварот или, пак, да ги поништи спорните пријавени фотографии.

6.8. Нема да се преземе одговорност за фотографиите коишто ќе се загубат, задоцнат, оштетат, ќе пристигнат на погрешна локација, ќе бидат нецелосни или коишто нема да можат да се достават поради технички причини, причини поврзани со доставата или други причини. Доказ дека фотографиите биле испратени нема да се смета како доказ дека фотографиите се примени. Групацијата Canon не гарантира постојан и безбеден пристап до страницата за пријавување за натпреварот.

7. ИЗБОР НА ПОБЕДНИКОТ

7.1. Сите важечки фотографии коишто ќе пристигнат за време на промотивниот период (којшто може да подлежи на промени), ќе бидат независно оценувани од жири од судии. Ќе се одржат три (3) круга на селекција во коишто ќе се изберат десет (10) финалисти врз основа на критериумите наведени во клаузула 3. Од десетте (10) финалисти, жирито од судии ќе избере еден (1) победник и два (2) второпласирани по група на земји.

7.2. Победниците ќе бидат избрани помеѓу 14 декември и 23 декември.

8. ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

8.1. Canon CEE GmbH, Oberlaaer Straße 233, 1100 Vienna, Austria, е контролорот на податоци во поглед на личните податоци коишто ги доставуваат учесниците. Доставените лични податоци се безбедни и може да се префрлат на безбеден сервер надвор од државата на живеење на лицето носител на податоците. Личните податоци на учесниците подлежат на Политиката за приватност на корисници на Canon https://myid.canon/canonid/#/policy.

8.2. Личните податоци доставени со цел одвивање на натпреварот ќе се користат единствено во врска со натпреварот, и доколку е потребно, за рекламни цели од страна на групацијата Canon и/или агентите назначени да помогнат со одржувањето на натпреварот во име на промоторот и нема да му се откриваат на трето лице за друга цел без ваша согласност.

9. ОДРЕКУВАЊА ОД ОДГОВОРНОСТ

9.1. Canon го задржува правото да одбие да го почитува секое учество или да ја надомести целосната вредност за наградата ако смета дека дошло до злоупотреба или прекршување на одредбите и условите на натпреварот.

9.2. Canon и поврзаните агенции и компании нема да сносат одговорност за каква било загуба (вклучувајќи ги тука, без ограничување, индиректните, посебните или последователните загуби или загубата на заработка), трошок или штета претрпени или нанесени (без разлика дали биле предизвикани поради нечија небрежност) во врска со натпреварот или прифаќање или користење на наградата, освен одговорност којашто законот не ја исклучува. Ништо нема да ја поништи одговорноста на групацијата Canon за смртни случаи или повреди предизвикани поради нејзина небрежност.

9.3. Во случај на расправа околу толкувањето или примената на правилата во врска со какво било прашање поврзано со натпреварот, одлуката на директорите на Canon ќе се смета за конечна и нема да се разменува коресподенција.

9.4. Ако некој дел од овие услови се утврди дека е неважечки, незаконски или неспроведлив од страна на надлежен суд или друго надлежно тело, делот ќе биде отстранет од условите коишто ќе продолжат да важат до максималниот степен што го дозволува законот.

9.5. Пријавите мора да ги поднесе лично лицето коешто се пријавува за учество во натпреварот. Нема да се прифаќа групно пријавување од страна на трговски групи, групи на потрошувачи или трети страни. Нецелосните или неразбирливите пријави, пријавите испратени со користење на макро-код или други автоматизирани начини, како и пријавите коишто не ги исполнуваат во целост условите од овие одредби и услови, ќе се дисквалификуваат и нема да се земат предвид. Доколку е очигледно дека учесникот користи компјутер за да го заобиколи овој услов, како на пример, преку користење на „скрипта“, „сирова сила“, затскривање на идентитетот преку манипулирање со IP-адресата, користење на туѓ идентитет или други автоматизирани начини за го зголеми своето учество на начин којшто не е во согласност со правилата на натпреварот, фотографиите на учесникот ќе бидат дисквалификувани и доделената награда ќе се поништи. Учесниците не смеат да се пријавуваат со користење на анонимни сервиси за е-пошта коишто ги вклучуваат, но не се ограничени на GuerillaMail, Dispostable или Mailinator.

9.6. Во случај на неусогласеност помеѓу одредбите и условите и информациите во промотивните материјали, ќе преовладуваат информациите од одредбите и условите.

10. НАДЛЕЖНОСТ

Бидејќи учествувате како корисник, за натпреварот ќе важат законите од вашата земја на живеење и може да имате право да покренете судска постапка на вашиот јазик во локалниот суд. Ќе ви биде дозволено локална организација за кориснички совети да ве советува за вашите права. Овие одредби не ги ограничуваат вашите законски права коишто може да важат во овие случаи.