ПОТРОШНИ МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПЕЧАТАЧИ

Оригинални потрошни материјали од Canon

Доследен квалитет и беспрекорни перформанси со вашиот печатач од Canon, со рамномерни бои и детални црни тонови.
Работна маса со печатач, фотохартија, слики и пакувања на мастило на неа и табла со различни отпечатени материјали над неа.

Беспрекорна доследност

Некои работи функционираат подобро кога се заедно. Употребата на вашиот печатач од Canon во комбинација со оригинални мастила и фотохартија од Canon овозможува оптимални перформанси и врвен квалитет при секое печатење.

Оригинални мастила, тонер и хартија од Canon

  • МАСТИЛО ЗА ПЕЧАТАЧИ

    Мастилo

    Квалитетни мастила за врвни отпечатени материјали

  • ТОНЕР ЗА ПЕЧАТЕЊЕ

    Тонер

    Брзи перформанси и висококвалитетни отпечатени материјали

  • ХАРТИЈА ЗА ПЕЧАТЕЊЕ

    Хартија

    Пронајдете ја хартијата од Canon што најмногу ви одговара

Зошто оригинални потрошни материјали?

  • ДОЛГОТРАЈНОСТ

    Печатете повеќе

    Со оригиналното мастило од Canon добивате 35% повеќе висококвалитетни отпечатени материјали во просек отколку со фалсификуваните картриџи*.

  • ИЗДРЖЛИВОСТ

    Посигурно печатење

    Оригиналното мастило од Canon нуди сигурност од 100% за да печатите безгрижно*.

  • НЕНАДМИНАТ КВАЛИТЕТ

    Подоследно печатење

    Оригиналните мастила од Canon овозможуваат печатење со доследен квалитет во 100% од времето*.

  • КОРИСТЕТЕ МАТЕРИЈАЛИ ОД CANON

    Врвен квалитет на печатење

    Кога ќе го замените картриџот „сè-во-едно“ со оригинален картриџ од Canon, вашиот уред ќе биде речиси како нов.

Произведени подобро

Оригиналните мастило, тонер и хартија од Canon се создадени да се користат во совршена хармонија со вашиот печатач од Canon за да добиете доследен висок квалитет, сигурни перформанси и одлична вредност при секое печатење.
Различни видови мастила и фотохартии поставени на полица.

Дали ви треба помош да пронајдете мастило?

Пронајдете ги најдобрите мастила, тонер или хартија за вашиот печатач од Canon.

Тонер

Оригиналниот тонер за печатење работи беспрекорно со печатачите i-SENSYS за да обезбеди брзи перформанси и висококвалитетни отпечатени материјали.

Ласерски печатач од Canon со отворен страничен отвор зад кој се гледаат картриџите за тонер.

Програма за рециклирање картриџи на Canon

Дали знаете дека Canon е првата компанија што започна програма за рециклирање картриџи со тонер во 1990 година?
Зелени планини се рефлектираат во водна површина.

Програмата за рециклирање картриџи на Canon ви овозможува бесплатен, лесен и еколошки одговорен начин за рециклирање на празните картриџи од Canon.

Canon е посветен на политиката за нула отпад на депониите. Сите елементи од сите вратени картриџи се искористуваат повторно или се рециклираат. Ниту еден дел од картриџот не се фрла на депонија.

Слика одблиску од иглички од дрво со капки вода.

Како да препознаете оригинални мастила?

Пронајдете го холограмот. На пакувањето на сите оригинални картриџи за мастило од Canon има уникатен холограм од Canon што менува бои. Холограмот добива златна боја што се прелева кога се гледа однапред, но ако го навалите хоризонтално тогаш добива темна зелена боја што се прелева.
Хартиено пакување за мастило со цијан боја.

Хартиено пакување за мастило

Лажните холограми не ја менуваат својата боја или, пак, минимално ја менуваат, кога ги гледате од различни агли. Најчесто се поставуваат неправилно на пакувањето и имаат погрешна боја или големина, а може да изгледаат и оштетени или заматени.

Картонско пакување за мастило

Европските картонски пакувања со инк-џет мастило може да немаат уникатен холограм. Затоа треба да внимавате на лого ознаки од Canon што се заматени или имаат погрешна боја, фонт или големина за да ги препознаете фалсификуваните производи. На пакувањето може да има и печатни грешки или може да изгледа како да е препакувано, користено претходно или отворено.

580 581 Multi Value Pack Cardboard Pack FSR
Пластично пакување за мастило за FINE картриџи во црна боја и други бои.

Пластично пакување за мастило

Европските пластични инк-џет пакувања или проѕирните пакувања на мултикомплетите може да немаат уникатен холограм. Затоа треба да внимавате на лого ознаки од Canon што се заматени или имаат погрешна боја, фонт или големина за да ги препознаете фалсификуваните производи. На пакувањето може да има и печатни грешки или може да изгледа како да е препакувано, користено претходно или отворено.

Пакување на картриџот со тонер

Кога купувате картриџ од Canon, секогаш барајте го холограмот, со неговата технологија за промена на бојата и „оригиналното“ лого на Canon на надворешната страна од пакувањето. Фразата „за употреба во производи од Canon“ не значи дека станува збор за оригинален картриџ од Canon.

Хартиено пакување за цијан тонер.

ТЕСТИРАЊЕ

Тестирање од Buyers Lab

Прочитајте го целосниот извештај од тестот на Buyers Lab за да ги дознаете предностите што произлегуваат од користење оригинални мастила од Canon (достапен само на англиски јазик).
*Врз основа на 2018 Keypoint Intelligence - студија на Buyers Lab овластена од Canon за споредба на картриџи од Canon со комплет картриџи од трети страни.

Може да ве интересира и…

  • XL/XXL мастила

  • Картриџи за мастило за MAXIFY