Canon RF 100mm F2.8L Macro IS USM

RF 100mm F2.8L Macro IS USM е професионален макро објектив со зголемување од 1,4x, што е водечко во неговата класа, како и променлива контрола на сферичната аберација што овозможува прилагодување на ефектите на дефокусирање.

Зголемете ги малите детали

Погледнете како Oliver Wright го користи објективот RF 100mm F2.8L Macro IS USM за фотографирање инсекти, влекачи, портрети и многу повеќе.

Извонредно зголемување од 1,4x

Објективот овозможува доближување како никогаш досега и е идеален за рачно снимање макро фотографии.

Зголемување од 0,5x

Зголемување од 1,0x

Зголемување од 1,4x

Прилагодување на мекиот фокус и заматувањето

Прстенот за промена на контролата за сферична аберација може да се користи за прилагодување на изгледот на заматувањето и за примена на прекрасен ефект на мек фокус.

Прстен за контрола на сферичната аберација: положба -VE

Прстен за контрола на сферичната аберација: положба 0

Прстен за контрола на сферичната аберација: положба +VE

Исклучителен квалитет на сликата

Ирисот со 9 сечила и брзата максимална решетка од f/2,8 нудат извонредни креативни можности и неверојатен квалитет на слика, дури и при слаба осветленост.
Слика снимена со RF 100mm F2.8L Macro IS USM

Напредна стабилизација на сликата

Дизајнирана за стабилно рачно фотографирање, хибридната стабилизација на слика нуди голема сигурност со 5 чекори2 на компензација.
Слика на Oliver Wright снимена со RF 100mm F2.8L Macro IS USM

Брз, бесшумен и прецизен AF

Двата Nano USM-мотори нудат нови нивоа на брзо и бесшумно фокусирање и се совршени за фотографии и за видеозаписи. Дизајнот на објективот ги намалува промените на фокусот, што овозможува подоследно фотографирање.
Слика на Oliver Wright снимена со RF 100mm F2.8L Macro IS USM

Конструкција без компромиси

Овој објектив од серијата L има заштита од лоши временски услови и слој од флуор на надворешната страна за заштита од прав и вода.
Амбиентална слика од објективот RF 100mm F2.8L Macro IS USM со капки вода на надворешниот дел

Објектив за секоја прилика

RF 100mm F2.8L Macro IS USM е извонреден објектив од серијата L за фокусирање одблиску и снимање портрети, што ќе ја поттикне вашата креативност.

Приближете се поблиску како никогаш досега

Открива детали што другите макро објективи не можат да ги откријат со зголемување од 1,4x.

Квалитет на L серијата

Објективот RF 100mm F2.8L Macro IS USM е идеален за портрети поради одличната фокусна должина од 100 mm.

Врвен квалитет на слика

Максималната решетка од f/2,8 нуди одлични перформанси во секоја прилика

Спецификации

  • Макро зголемување од 1,4x1

    Открива скриени детали

  • Контрола за сферичната аберација

    За врвна контрола на заматувањето и мекиот фокус

  • F2,8

    За одлични перформанси во секоја прилика

  • Два Nano USM-мотори

    За рамномерно, брзо и речиси бесшумно фокусирање

  • Оптичка хибридна стабилизација на слика2 со максимум 5 чекори

    Извонредна стабилност при слаба осветленост

  • Контролен прстен за објективот

    Менувајте ги поставките додека го гледате субјектот

Регистрирајте ја вашата заинтересираност за RF 100mm F2.8L Macro IS USM

Не пропуштајте ги никогаш најновите понуди од Canon, совети и водичи, вести и покани за настани.
Слика од пакувањето на RF 100mm F2.8L Macro IS USM

Што содржи кутијата

  • RF 100mm F2.8L Macro IS USM

  • Капаче за објектив E-67 II

  • Сенило на објектив ET-73C

  • Капаче за заштита од прав за објективи RF

  • Мека футрола LP1222

Раце кои држат фотоапарат EOS R од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon.

Можеме ли да ви помогнеме да го изберете вашиот следен објектив?

Нашата алатка за избирање објективи ќе ви ја прикаже целата наша палета на објективи и ќе ви помогне да го пронајдете објективот кој совршено ќе ви одговара вам и на вашиот фотоапарат EOS.

Споредба

RF 100mm F2.8L Macro IS USM

RF 100mm F2.8L Macro IS USM

EF 100mm f/2.8L Macro IS USM

EF 100mm f/2.8L Macro IS USM

RF 85mm F2 MACRO IS STM

RF 85mm F2 MACRO IS STM

Стабилизација на слика

5 чекори
4 чекори
5 чекори

Вид на мотор за фокусирање

Два Nano USM-мотори
Прстенест USM
STM

Мин. фокусно растојание

0,26m
0,30 m
0,35m

Максимално зголемување на сликата

1,4x
1,0x
0,5x

Конструкција на објективот

17/13
17/13
12/11

Специјална оптика

Функција за контрола на сферичната аберација
1 UD
1 UD

Големина на филтерот (mm)

67mm
67 mm
67

Сечило на решетката

9
9
9

Отпорност на лоши временски услови

Да
Да
Не

Вкупна должина (mm)

148
123
90,5

Макс. дијаметар (mm)

81,5
77,7
78

Тежина (g)

685
625
500

Слични статии

Каква опрема за макро фотографирање користи Oliver Wright

Професионалецот за макро фотографирање говори за транзицијата кон систем без огледало, вклучувајќи го и револуционерниот RF 100mm F2.8L Macro IS USM од Canon

Најдобри објективи од Canon за макро фотографирање

Професионален совет од четири фотографи за најдобрите објективи од Canon за макро фотографирање, вклучувајќи го и неверојатниот RF 100mm F2.8L Macro IS USM од Canon

Подобрете го вашето фотографирање одблиску со блиц за макро фотографирање

Макро фотографот Christian Ziegler и експертот Mark Fensome од Canon говорат за придобивките од користењето специјален блиц за макро фотографирање наменет за фотографирање одблиску.

Ситни детали, но голем впечаток: 3 совети за макро фотографирање диви животни

Макро фотографот Pierre Anquet открива како да создадете неверојатни слики од инсекти со или без макро објектив.

Дополнителна опрема за објективи

  • Macro Twin Lite MT-26EX-RT

    Осветлете ги вашите макро слики со овој моќен двоен блиц што нуди целосна контрола и потполна компатибилност со вашиот EOS систем.
  • Macrolite Adapter 67

    Ви овозможува да ги користите блицовите Macro Twin Lite и Macro Ring Lite од Canon со објективи чиј дијаметар на навојот на филтерот изнесува 67 mm
  • Tripod Mount Ring D Black

    Компатибилен е со објективот RF 100mm F2.8L Macro IS USM и има една завртка од 1/4 инчи.

Слични производи

  1. Го овозможува првото* максимално зголемување од 1,4x во светот (за заменлив објектив со автоматски фокус, за фотоапарати без огледало за целосна слика. Истражување на Canon од 13 април 2021 година)
  2. При кратки фокусни растојанија, ефектот за стабилизација на слика се намалува.