Canon EF 17-40mm f/4L USM
Лесен објектив за зумирање од серија L со извонредно широк агол, кој е идеален придружник за патување.
EF 17-40mm f/4L USM
EF17-40mm f/4L USM е Canon EF објектив со зумирање, со ултра-широк агол и со мала тежина. Тој е особено погоден за користење со дигитални EOS SLR фотоапарати, со фактор на конверзија на фокална должина поголем од 1.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
Величествени оптички перформанси ширум целиот опсег на зумирање.
-
Најголема брзина на AF во својата класа (исто како EF16-35 f/2.8L USM)*
-
Висока отпорност на прав и влажност
-
28cm минимално растојание на фокусирање во сите фокални должини
Детални карактеристики
-
Ултра-широк објектив за аналогни EOS SLR фотоапарати
EF17-40mm f/4L USM е Canon EF објектив со зумирање, со широк агол, наменет за професионални и високо аматерски корисници на SLR EOS фотоапарати.
-
Стандарден објектив за дигитални EOS SLR фотоапарати
Покрај тоа што е одличен објектив кога се користи со аналоген SLR фотоапарат, EF17-40mm f/4L USM е особено погоден за дигитални SLR фотоапарати, со сензор за работа со слики помал од 35mm формат. Секако, на такви дигитални SLR фотоапарати овие фокални должини можат да дадат агол на гледање од приближно еквивалентен на оној на 28-70mm објектив на 35mm фотоапарат, што го прави идеален стандарден објектив со зумирање.
-
Супериорни оптички перформанси
EF17-40mm f/4L USM има 12 елементи на објективот, аранжирани во 9 групи. Облогата на елементите Super Spectra овозможува одличен баланс на бојата и ги минимизира ефектот на двојна слика и блескањето. За да обезбеди величествен квалитет на сликата преку опсег на зумирање од 17-40mm, објективот користи три асферични елементи од два различни типа, додека стаклото со Super UD (ултра-ниска дисперзија) е користено за да спречи хроматски аберации, кои често можат да го намалат квалитетот на работ напредметот.
-
Голем избор на најсовремени опции
Минимално растојание на фокусирање од 28mm ширум целиот опсег на зумирање.Автоматското фокусирање работи тивко и брзо, благодарение на брзата централна единица за обработка, со подобрен алгоритам на AF. Доколку сакате, режимот на AF можете да го замените со рачно фокусирање.Контролирана со помош на електромагнетна дијафрагма, циркуларната бленда на EF17-40mm f/4L USM може да постигне поатрактивен изглед на подрачјата од позадината, кои се надвор од фокусот.Предниот дел на објективот не ротира кога фокусирате. Тоа значи дека, на пример, поларизирачките филтри се уште функционираат ефикасно додека зумирате кон или од објектот. На задниот дел од објективот се наоѓа држач за желатински филтер за вметнување.Високо отпорен на влажност и на прав, EF17-40mm f/4L USM е идеално погоден за користење непријатни средини. Во целата негова конструкција е користено еколошки подносливото безоловно стакло.