Canon EF 180mm f/3.5L Macro USM

Макро USM објектив од серија L од врвна класа со телефото опсег кој овозможува снимање крупни кадри од далечина.

Придобивки

  • Макро објектив со високи перформанси од серија L од Canon

  • Фокусна должина за телефото

  • Репродукција на слика со реална големина (1:1)

  • 3 UD елементи на објектив

  • Ограничувач на растојание со 2 позиции

  • Прстенест USM AF мотор

  • Испорачан прстен за статив

Детални карактеристики

  • Телефото макро објектив

    Макро USM објективот EF 180mm f/3,5L е телефото макро објектив кој нуди максимално зголемување од 1,0x. Снимките одблиску со реална големина можат да се снимаат од подалеку и со помал ризик од вознемирување на објектот (идеално за инсекти и други животни во дивината). Внатрешниот лебдечки систем за фокусирање ги минимизира промените во аберациите предизвикани од промени на растојанието на фокусирање. Тоа му овозможува на објективот да обезбеди извонредна острина од 1,0x до бесконечност.

  • Квалитет на L серијата

    Се одликува со највисоките стандарди за прецизна изработка и оптичко совршенство на Canon. Серијата L е врвна и професионална палета на објективи од Canon, која нуди комбинација од исклучителна резолуција на слика и врвни перформанси со конструкција која е отпорна на сите временски услови и спречува навлегување на прав и влага.

  • Автоматско фокусирање со прстенест USM и преминување преку параметрите

    Системот за автоматско фокусирање со прстенест USM на Canon користи вибрации со ултразвучна фреквенција за да овозможи брзо, прецизно и речиси бесшумно функционирање. Преминувањето преку параметрите на постојаниот рачен фокус, преку голем прстен кој не се движи за време на автоматското фокусирање, им овозможува на фотографите веднаш да го прилагодат фокусот со голема прецизност.

  • Super Spectra слој

    Слоевите Super Spectra придонесуваат за прецизно балансирање на боите и добивање на висок контраст, а истовремено ги отстрануваат одблесоците и привидните облици преку апсорбирање на залутаната светлина која се рефлектира од внатрешните елементи од објективот и сензорот за слика.

  • Дополнителна опрема

    Објективот се испорачува со сенило за објектив и мека торбичка.

Широкоаголни објективи

Добијте пошироко видно поле и опфатете повеќе во кадарот со нашата палета на широкоаголни објективи.