Canon EF 24mm f/1.4L II USM

Широкоаголен објектив за професионалци со оптика од серијата L и брза решетка од f/1.4, кој е идеален за фотографирање при слаба осветленост.

Придобивки

  • Широка 24mm должина на фокус

  • Брза f/1,4 бленда

  • Асферични и UD елементи на објектив

  • Структура на обвивка под бранова должина

  • USM мотор на фокус со целосен рачен фокус

  • Пловечки внатрешен механизам за фокусирање

  • Херметички затворен како заштита од временски услови и прашина

  • Робусно граден квалитет

Детални карактеристики

  • Врвни леќи со широкоаголна бленда

    EF 24mm f/1,4L II USM има голем максимум на бленда од f/1,4, со што нуди шанса да се прават фотографии при слабо светло, а циркуларната бленда и тесната длабочина на полето даваат пријатно засенчена позадина. Должината на фокусот од 24mm е идеална за широкоаголна фотографија: леќи направени според потребите на фоторепортерите, на фотографите на пејзажи и оние кои уживаат да фотографираат од поширока перспектива.

  • Асферични и UD елементи

    Квалитетот на сликата е значително подобрен со EF 24mm f/1,4L II USM благодарение на додадените две високо прецизни асферични леќи за да ги коригираат отстапувањата вклучително и искривувањето на полето и нарушувањето. Хроматското отстапување кое е вообичаено при широкоаголно сликање е исто така решено со вклучувањето на две UD леќи, со што се обезбедува оптимален квалитет на сликата и детали од едниот до другиот агол.

  • Обвивка на структурата на леќите под бранова должина.

    Дизајниран за употреба кај дигитална фотографија, патентираниот елемент на обвивката на леќите на Canon помага да се сведе на минимум двојната слика и одблесокот предизвикани од внатрешни рефлексии. Со елиминирање на причината, обвивката ги намалува рефлексиите и помага да се направат остри, јасни слики.

  • USM мотор на фокус

    Скоро беззвучниот Ултра соничен мотор на EF 24mm f/1,4L II USM (USM) овозможува супер-брзо автоматско фокусирање со целосно прескокнување на рачниот режим. Пловечкиот систем на внатрешниот фокус исто така помага да се одржи високиот квалитет на сликата преку опсег на фокусот.

  • Робусно граден квалитет

    Леќите на Canon се изработени на начин со кој се постигнува тие да бидат издржливи при редовна употреба во најразлични околини. Леќите се херметички затворени за да бидат заштитени од временски услови и прашина и тоа обезбедува дополнителна заштита, а исто така во пакетот се вклучени и поколопец и торба.

  • Безоловна оптика

    При изработувањето на EF 24mm f/1,4L II USM се користи еколошко безоловно стакло.

Галерија со примероци

Слична дополнителна опрема

  • Продолжителна цевка EF 12 II

    Кога се користи со одредени објективи, оваа продолжителна цевка од 12 mm овозможува фокусирање на многу помало растојание.
  • Сенило за објектив EW-83K

    Спречете ја залутаната светлина да навлезе во објективот, за да не ги уништите фотографиите со несакани одблесоци.
  • Капаче за објектив E-77II

    Заштитете го вашиот објектив од Canon кога не го користите.
  • Капаче за објектив за заштита од прав E

    Заштитете го вашиот објектив од Canon кога не го користите.
  • Заштитен филтер за објектив од 77 mm

    Ги заштитува предните елементи на објективите од нечистотии и оштетувања. Одговара на објективи со навој на филтри од 77 mm.
  • Филтер за кружно поларизирање PL-C B од 77 mm

    Филтер за поларизација за објективи со дијаметар на навојот на филтерот од 77 mm.
  • Футрола за објектив LP1319

    Заштитна мека торбичка за одредени EF објективи.

Широкоаголни објективи

Добијте пошироко видно поле и опфатете повеќе во кадарот со нашата палета на широкоаголни објективи.