Canon EF 50mm f/1.8 STM
STM објектив со достапна цена, брза решетка од f/1.8 за општо фотографирање, фотографирање при слаба осветленост и портрети.
Достапен и висококвалитетен објектив кој е совршен за креативни портрети и фотографирање при слаба осветленост. Заматете ја заднината за да го истакнете вашиот објект и уживајте во рамномерно и речиси бесшумно фокусирање со STM при снимање видеоснимки.
Погледнете ги сите спецификацииОбјектив со широк отвор на бленда за висококвалитетни портрети и фотографии снимени при слаба осветленост
Со објективот EF 50mm f/1.8 STM можете лесно да создавате поуметнички и подобри фотографии, благодарение на широката решетка од f/1.8 која овозможува остро фокусирање на вашиот објект и поубава заматена заднина.
EF 50mm f/1.8 STM објективот е одличен за:
Портрет
Совршен за снимање изрази на лицата на пријателите и семејството, идеален за свадби, свечени настани и забави
Слаба осветленост
Совршено во ситуации кога снимате ноќни пејзажи, огномент или ентериери во темни услови
Секој ден
Снимајте го животот што се одвива пред вас, почнувајќи од улиците на вашиот град па сè до емотивни настани.
Уметничко и детално фотографирање
Пропуштете повеќе светлина
Широката решетка од f/1.8 пропушта 8x повеќе количина на светлина во споредба со стандардниот објектив за зумирање кој се испорачува со вашиот EOS*. Ова резултира со поостри слики со помало заматување на движењата и намалена потреба да се користи блиц во услови на затемнетост, така што ќе можете лесно да ја доловите атмосферата во опкружување со слаба осветленост.
За портрети и за секојдневна употреба
Фокусното растојание од 50mm ви овозможува да ја исполните рамката со вашиот објект од доволна оддалеченост, што го прави одличен објектив за портрети. Сличната перспектива како и човечкото око и компактната големина го прават EF 50mm f/1.8 STM одличен објектив за секојдневна употреба кој можете да го носите во секое време со вашиот EOS фотоапарат.
Остар фокус за фотографии и видео записи
Технологијата за бесшумен STM (чекорен мотор) овозможува неверојатно брзо фокусирање при фотографирањето, така што можете брзо да реагирате за да ги доловите краткотрајните елементи. Создавањето висококвалитетни видео записи е полесно со STM бидејќи нуди стабилно и бесшумно континуирано фокусирање, така што вашите видео записи ќе бидат јасни и ќе ги слушате само звуците во опкружувањето, а не шумот предизвикан при фокусирање на моторот.
Возобновување на класичноста
Може да ви се допадне и следното...
Четири алтернативни објективи за EF 50mm f/1.8 STM избрани од нашите експерти за објективи.
-
EF 40mm f/2.8 STM
Компактен објектив во вид на „палачинка“ со брза решетка кој е одличен за фотографирање за време на патувањата и општо фотографирање. -
EF 50mm f/1.4 USM
USM објектив со високи перформанси и решетка од f/1.4 за општо фотографирање, фотографирање при слаба осветленост и портрети.