Canon EF 50mm f/2.5 Compact Macro
Лесен и компактен, со голема и брза решетка од f/2.5 - совршен за користење како макро објектив за општа намена.
Стандарден објектив со можност за совршено макро
Лесен и компактен, совршен за користење како макро објектив за општа намена или како флексибилен стандарден објектив.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
Стандарден агол на видливост од 46°
-
Најмало растојание на фокусирање од 23cm
-
Репродукција на слика со 1/2 од реалната големина
-
AFD систем за фокусирање
-
Големина на филтер од 52mm
-
Слоевите Super Spectra ги намалуваат привидните облици и одблесоците
Детални карактеристики
-
Повеќенаменски макро објектив
Лесен и компактен макро објектив за снимки одблиску со големина до 0,5x (половина големина). Оптичкиот систем користи лебдечка конструкција за добивање на врвни перформанси при сите фокусни должини. Благодарение на големата решетка со f/2,5, можете да добиете прекрасно заматени заднини. Овој повеќенаменски објектив, покрај макро фотографирање, е идеален и за портрети и други намени.
-
Голема решетка со f/2,5
Брзата максимална решетка со f/2,5 овозможува брзо фотографирање без блиц со подесувања за слаба осветленост, како и извонредна контрола за длабочина на полето.
-
Приклучок за целосно електронски објектив
Како дел од препознатливата палета на EF објективи, овој објектив се одликува со вграден AF мотор кој овозможува брзо и директно автоматско фокусирање со високи перформанси. Исто така, објективот се одликува со електромагнетна дијафрагма (EMD) која нуди неверојатно прецизна контрола на решетката, овозможувајќи избраната вредност на решетката да остане прецизна и непроменета при секое фотографирање.
-
Super Spectra слој
Слоевите Super Spectra придонесуваат за прецизно балансирање на боите и добивање на висок контраст, а истовремено ги отстрануваат одблесоците и привидните облици преку апсорбирање на светлината која се рефлектира од внатрешните елементи од објективот и сензорите кај дигиталните EOS фотоапарати.