Canon EF 70-200mm f/2.8L IS II USM

Професионален објектив за зумирање од серија L со среден телефото опсег, моќна стабилизација на слика и решетка од f/2.8.

Придобивки

  • Телефото објектив за зумирање со високи перформанси од серија L

  • Непроменлива максимална решетка f/2.8

  • Стабилизатор на слика со четири чекори

  • UD елементи на објектив со флуорит

  • Подобрена издржливост

  • Минимално фокусирање од 1,2m

  • Отпорен на вода и прав

  • Прстенест USM AF мотор

Детални карактеристики

  • Квалитет на L серијата

    Серијата L е врвна и професионална палета на објективи од Canon, претставувајќи ја најдобрата прецизно дизајнирана EF оптика. Објективите од серијата L комбинираат врвни перформанси со неверојатно ракување и се отпорни на прав и влага.

  • Брза и непроменлива максимална решетка

    Рачното фотографирање во услови со слаба осветленост е можно благодарение на брзата максимална решетка со f/2.8, која останува непроменета низ целиот опсег на зумирање. Таквата решетка на фотографот му нуди и контрола врз длабочината на полето.

  • Стабилизатор на слика

    Стабилизацијата на слика (IS) со четири чекори на Canon го прави објективот EF 70-200mm f/2.8 IS II USM идеален за фотографирање во услови на слаба осветленост, кога не може да се користи статив. IS системот овозможува употреба на брзини на блендата кои се побавни од нормалните до четири чекори, без предизвикување заматеност на сликата.

  • Елементи на објектив со флуорит и извонредно ниска дисперзија (UD)

    Објективот се одликува со елементи направени од флуорит, кои ја намалуваат хроматската аберација. Се користат пет UD (извонредно ниска дисперзија) елементи за да се обезбеди висок контраст и природна репродукција на боите низ целиот опсег на зумирање.

  • Рамномерно заматување на позадината

    Дијафрагмата на блендата со приближно кружен отвор внесува помеко и порамномерно чувство во областите кои не се во фокус. Острофокусираните објекти во предниот дел од сликата се истакнуваат наспроти рамномерно заматената заднина.

  • Ултразвучно фокусирање

    Прстенестиот ултразвучен мотор го придвижува автоматскиот фокус со извонредна брзина и речиси бесшумно. Одличното намалување на вртежниот момент овозможува прецизно утврдување на фокусната точка, без пречекорувања. Покрај тоа, достапно е постојано рачно контролирање на фокусот, со што се овозможува прилагодување на фокусот без исклучување на режимот за автоматско фокусирање.

  • Дополнителна опрема

    Со објективот стандардно се испорачува ET-87 сенило за објектив за да се спречи влијанието на одблесокот врз сликите, како и отстранливо лежиште за статив и мека торбичка.

Слична дополнителна опрема

  • Додаток за продолжување EF 1,4x III

    Додаток за продолжување од професионална класа што ја зголемува фокусната должина на објективите од серијата L за 1,4x.
  • Додаток за продолжување EF 2x III

    Додаток за продолжување од професионална класа што ја зголемува фокусната должина на објективите од серијата L за 2x.
  • Продолжителна цевка EF 12 II

    Кога се користи со одредени објективи, оваа продолжителна цевка од 12 mm овозможува фокусирање на многу помало растојание.

  • Продолжителна цевка EF 25 II

    Кога се користи со одредени објективи, оваа продолжителна цевка од 25 mm овозможува фокусирање на многу помало растојание.

  • Сенило за објектив ET-67

    Спречете ја залутаната светлина да навлезе во објективот, за да не ги уништите фотографиите со несакани одблесоци.
  • Капаче за објектив E-77II

    Заштитете го вашиот објектив од Canon кога не го користите.
  • Капаче за објектив за заштита од прав E

    Заштитете го вашиот објектив од Canon кога не го користите.
  • Филтер за кружно поларизирање PL-C B од 77 mm

    Филтер за поларизација за објективи со дијаметар на навојот на филтерот од 77 mm.
  • Заштитен филтер за објектив од 77 mm

    Ги заштитува предните елементи на објективите од нечистотии и оштетувања. Одговара на објективи со навој на филтри од 77 mm.
  • Филтер за објективи за снимање одблиску 500D од 77 mm

    Се прикачува на објективот на вашиот фотоапарат, овозможувајќи ви да се доближите поблиску до малите предмети. Одговара на објективи со навој на филтри од 77 mm.
  • Торбичка за објектив со патент LZ1326

    Заштитна мека торбичка за одредени EF објективи.
  • Заштита од дожд за фотоапарати ERC-E4S

    Ги заштитува фотоапаратот и објективот од лоши временски услови за да продолжите со фотографирањето. Мали димензии.

Галерија со примероци