Canon EF 70-300mm f/4.5-5.6 DO IS USM
Уникатен телефото објектив за зумирање со оптика за дисперзија поради која димензиите на објективот се значително намалени, што е одлично за патувања.
Уникатен пристап во дизајнирањето телефото објективи за зумирање.
Уникатен дизајн во групата на телефото објективи за зумирање. EF 70-300mm f/4.5-5.6 DO IS USM содржи елемент со оптика за дисперзија (DO) кој се одликува со компактна големина, мала тежина и извонреден квалитет на сликата
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
Оптички елемент со три слоја за дисперзија (DO)
-
Должина од само 9,99cm
-
Стабилизатор на слика
-
AF со голема брзина и преминување преку параметрите на рачниот фокус
-
Кружна дијафрагма за прекрасно дефокусирање
-
Заклучување на прстенот за зумирање
Детални карактеристики
-
Опремен со голем број технологии
Со технологиите за оптички елемент (DO) со повеќе слоеви за дисперзија, стабилизација на слика (IS) и ултразвучен мотор (USM), EF 70-300mm f/4.5-5.6 DO IS USM го нуди најдоброто од областа на прецизно дизајнирање на објективите.
-
Оптика за дисперзија (DO)
EF 70-300mm f/4.5-5.6 DO IS USM содржи елемент со оптика за дисперзија (DO) кој ја намалува физичката големина на објективот, но го задржува квалитетот на сликата. DO елементот ги комбинира карактеристиките на UD елементите со флуорит во едно стаклено парче. Како резултат се добива висок контраст и острина, како и врвна контрола над хроматската аберација.
-
Стабилизатор на слика
EF 70-300mm f/4.5-5.6 DO IS USM се одликува со технологија за стабилизација на сликата (IS) во три чекори, поради што овој објектив е идеален за рачно фотографирање. Брзината на блендата, која може да биде до три пати побавна од стандардната, може да се користи без видливо зголемување на заматеноста на сликата. Поголемите движења во одредена насока автоматски се интерпретираат како поместување, а стабилизацијата на сликата се исклучува во оваа област.
-
Ултразвучно фокусирање
Прстенестиот ултразвучен мотор го придвижува автоматскиот фокус со извонредна брзина и речиси бесшумно. Одличното намалување на вртежниот момент овозможува прецизно утврдување на фокусната точка, без пречекорувања.
-
Прекрасно замаглување на позадината
Дијафрагмата на блендата со приближно кружен отвор и електромагнетска контрола внесува помеко и порамномерно чувство во областите кои не се во фокус и овозможува истакнување на објектите кои се во фокус наспроти заматената заднина.
-
Интегриран во системот EOS
Шаблонот на погонот за AF на објективот е специјално дизајниран за да одговара на оној на најновата палета EOS, вадејќи го максимумот од брзината на објективот. Објективот овозможува оптимално мерење на блицот така што ги проследува информациите за оддалеченост назад до системот за блиц E-TTL II на EOS фотоапаратот.
-
Во хармонија со животната средина
Во согласност со строгата политика за животната средина на Canon, во оптиката на објективот се користи само стакло кое не содржи олово.