Canon EF 70-300mm f/4-5.6 IS USM

USM објектив со високи перформанси и стабилизација на слика за доближување до случувањата, спортските потези и животот во дивината.

Придобивки

  • Моќно, а сепак достапно зголемување

  • Стабилизација на слика со три чекори

  • UD елемент на објектив и Super Spectra облоги

  • Блендата со кружен отвор овозможува прекрасно заматување на позадината

  • Брз, тивок автоматски фокус

Детални карактеристики

  • Достапно и огромно зголемување

    Моќниот EF 70-300mm f/4-5,6 IS USM, кој има разумна цена, ќе ги привлече фотографите кои се занимаваат со природата и спортот и сакаат да добијат поостри слики при рачно фотографирање. Кога ќе го поставите на EOS фотоапарат кој има сензор со APS-C големина, објективот нуди агол на видливост кој е приближно еднаков на објектив од 112-480mm поставен на DSLR фотоапарат за целосни слики.

  • Стабилизатор на слика

    EF 70-300mm f/5-5,6 IS USM се одликува со стабилизација на сликата (IS) со три чекори, со што овој објектив е идеален за рачно фотографирање. Брзината на блендата, која може да биде до три пати побавна од стандардната, може да се користи без видливо зголемување на заматеноста на сликата. При хоризонтално поместување, можете да го поставите системот за стабилизација на сликата да го коригира само несаканото вертикално тресење, а системот се исклучува кога ќе го ставите фотоапаратот на статив.

  • UD елемент на објектив

    Елементот на објективот од UD (ултра ниска дисперзија) стакло врши корекција на хроматската аберација и нуди висока резолуција и контраст низ целиот опсег на зумирање. При изработката на објективот се користи само еколошко безоловно стакло.

  • Облога Super Spectra

    Облогите Super Spectra обезбедуваат прецизно балансирање на боите и зголемен контраст. Исто така, ги намалуваат одблесоците и имагинарните облици – проблем кој често се јавува поради светлината која се одбива од сензорот на фотоапаратот.

  • Прекрасно замаглување на позадината

    Виртуелната дијафрагма на бленда со кружен отвор и електромагнетска контрола внесува помеко и порамномерно чувство во областите кои не се во фокус и овозможува истакнување на објектите кои се во фокус наспроти заматената позадина.

  • Ултразвучно фокусирање

    Ултразвучен мотор го придвижува автоматскиот фокус со извонредна брзина и речиси бесчујно. Одличното намалување на вртежниот момент овозможува прецизно утврдување на фокусната точка, без пречекорувања.

Слична дополнителна опрема

  • Продолжителна цевка EF 12 II

    Кога се користи со одредени објективи, оваа продолжителна цевка од 12 mm овозможува фокусирање на многу помало растојание.
  • Продолжителна цевка EF 25 II

    Оваа продолжителна цевка од 25 mm се поставува помеѓу куќиштето на фотоапаратот и објективот, при што објективот добива опции за макро и за фокусирање на помало растојание, преку електронски контакт со куќиштето на фотоапаратот.
  • Сенило за објектив ET-65 III

    Спречете ја залутаната светлина да навлезе во објективот, за да не ги уништите фотографиите со несакани одблесоци.
  • Капаче за објектив E-58II

    Заштитете го вашиот објектив од Canon кога не го користите.
  • Капаче за објектив за заштита од прав E

    Заштитете го вашиот објектив од Canon кога не го користите.
  • Филтер за кружно поларизирање PL-C B од 58 mm

    Филтер за поларизација за објективи со дијаметар на навојот на филтерот од 58 mm.
  • Заштитен филтер за објектив од 58 mm

    Ги заштитува предните елементи на објективите од нечистотии и оштетувања. Одговара на објективи со навој на филтри од 58 mm.
  • ND4-L 58mm

    Кога ќе го прикачите овој филтер на завршетокот на објективот на фотоапаратот, тој ќе го намали количеството на светлина што навлегува во фотоапаратот за 2 чекори. За објективи со навој на филтри од 58 mm.
  • ND8-L 58mm

    Кога ќе го прикачите овој филтер на завршетокот на објективот на фотоапаратот, тој ќе го намали количеството на светлина што навлегува во фотоапаратот за 3 чекори. За објективи со навој на филтри од 58 mm.
  • Филтер за објективи за снимање одблиску 500D од 58 mm

    Се прикачува на објективот на вашиот фотоапарат, овозможувајќи ви да се доближите поблиску до малите предмети. Одговара на објективи со навој на филтри од 58 mm.
  • Футрола за објектив LP1222

    Заштитна мека торбичка за одредени EF објективи.
  • Адаптер за Macrolite 58C

    Ви овозможува да ги користите блицовите Macro Twin Lite и Macro Ring Lite од Canon со објективи чиј дијаметар на навојот на филтерот изнесува 58 mm.